Автор |
Тема Пребарувај Опции за темата
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 13.Април.2014 во 19:39 |
Пилешки копани со пиво
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:- малку мала лажица Црн пипер
- 30 милилитри Сос од соја
- малку Сол
- 100 грама Сирење
- 70 грама Путер
- 100 милилитри Масло
- 500 грама Пилешко
- 300 милилитри Пиво
- Време за подготовка: 20 мин.
- Време за готвење: 40 мин.
КРАТОК ТЕКСТ:Пилешки копани со пиво ПОДГОТОВКА:На копаните им го отсекуваме долниот дел од коската, ги наросуваме со мелен црн пипер и сол.
Зачинетите копани ги ставаме во тавата, па ги преливаме со соја сосот.
Во друг сад го ставаме медот и пиво и промешуваме. Потоа со размешаниот мед ги преливаме копаните во тавата.
Сирењето го сецкаме на коцки и го додаваме во тавата. Преливајте со преостанатото пиво.
Путерот го сечкаме на парчиња, кои ги распоредуваме во тавата.
Тавата ја ставаме во рерна и печеме 30 минути на температура од 200 степени.
Изменето од Valerija - 12.Февруари.2018 во 16:35
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 13.Април.2014 во 19:33 |
Варено пилешко во сос од соја и мед
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:- 1 мала лажица Ѓумбир во прав
- 2 лажица/ци Лимонов сок
- 1 чешниња Лук
- 2 лажица/ци Мед
- 500 милилитри Пилешка супа
- 400 грама Пилешки гради
- 75 милилитри Сос од соја
- 200 милилитри Топла Вода
- малку Чили во прав
- Време за подготовка: 10 мин.
- Време за готвење: 20 мин.
КРАТОК ТЕКСТ:Варено пилешко во сос од соја и мед ПОДГОТОВКА: Во средно голема тава додадете ги сите состојки освен пилешкото. Почекајте се да почне да врие, па намалете ја температурата. Оставете го да врие 10тина минути. Исклучете го оганот и оставете го пилешкото да поприми од течноста уште 10 минути. Извадете го пилешкото и исечете го на еднакви парчиња. Сервирајте го со обарен бел ориз.
Изменето од Valerija - 12.Февруари.2018 во 16:38
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
pajser
Сениор
kloshar
Регистриран: 04.Март.2011
Локација: Lao People's Dem. Rep.
Статус: Офлајн
Поени: 13975
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 12.Април.2014 во 15:56 |
 ,,,od blago pominaa na soleno,,,
|
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 12.Април.2014 во 08:45 |
КЕНТАКИ ПИЛЕШКОПодготовка: Излупете го компирот, исечете го на коцки и почекајте да се спреми месото. Во еден сад помешајте ја презлата, изренданиот кашкавал, сусам и една лажичка мешавина од зачини. Маргаринот целосно да се стопи. Парче месо да се натопи во растопениот маргарин, а потоа ставете го во со смесата со презла. Месото го редите во средината на плехот за печење и кога тоа ке го завршите околу него ставете го компирот. Преостанатата смеса со презлата рамномерно истурете ја врз компирот и прелијтеја со маргаринот. Ставете го плехот во загреана рерна на 200 степени и печете околу 40-45 минути. Не го вртете месото за време на печењето. Подготовката трае околу 30 минути. Состојки: - 4 парчиња пилешко бело месо
- 1 маргарин
- 100гр презла
- Сусам по желба
- 250гр кашкавал (може и пармезан)
- 500гр компир
- Мешавина од зачини
Изменето од Valerija - 12.Февруари.2018 во 16:39
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
емил
Сениор
зависник идивидовски
Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 03.Април.2014 во 18:18 |
Најпрвин го сечеме стекот на колку парчиња ни одговара,и ги премачкуваме со сенф од двете страни.Компирите и кромидот ги сецкаме на кругчиња.Топчињата соја ги вариме 15 до 20 минути со сол и вегета додека да омекнат.Ги цедиме во цедилка. Диеталниот сад го загреваме.и го додаваме зејтинот . Спремените намирници ги ставаме во диеталниот сад ,посолуваме, додаваме од зачините.Полеваме со водата.Повремено промешуваме.Ми беа потребни околу 40 минути, на послаба температура уклучен шпоретот и ручекот беше готов. Пријатен ручек.
|
 |
емил
Сениор
зависник идивидовски
Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 29.Март.2014 во 04:45 |
Џигерчињата се чистат од жиличките. Во едно помало тавче се загрева 40 гр путер и се пржат џигерчињата од сите страни, но да не се пресушат, да бидат сеуште малку розови во средината. Се вадат на страна. Во тавчето се додаваат двете лажици коњак и се загрева мешајки да се растопи тоа што се залепило за дното. Се истура врз џигерчината, се додава 100 гр омекнат путер и се блендира со рачен блендер да стане мазно. Се додава сол и бибер по вкус, протиснатото чешне лук, жалфијата и павлаката за готвење, па уште кратко се блендира да се измеша добро. Се распоредува паштетата во мали теглички или во други погодни садови. Одозгора украсно по желба се ставаат по 1 - 2 ливчина ловор. Се топат преостанатите 30 гр путер и се прелева преку паштетата. Се остава во фрижидер да се стврдни.
|
 |
емил
Сениор
зависник идивидовски
Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 29.Март.2014 во 04:44 |
Кромидот се пропжува во маслиново масло. Се додава лукот и зелените пиперки, предходно насечкани на мали коцки. Се додава стекот, исто така насечкан на коцки со средна големина. Се наросува карито и уште малку се продолжува со пржење. Се додава и половина лажичка црвена пипер. Во меѓувреме коцката за супа се раствора во половина филџан топла вода и се додава. Се прелива со неутралната хопла и убаво се промешува. Се додава и доматниот сос и на крај се зачинува. Се остава на тивок оган околу половина час, со повремено промешување. На маслиново масло убаво се пропржува предходно измиениот и исцеден ориз. Се прелива со топла вода и се додава коцката за супа. Се покрива со капак и се остава на тивко да врие.
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 23.Март.2014 во 19:02 |
ДИНСТАНИ КОПАНИ Потребно:
н 4 копани н сол н бибер н 2 моркова н 1 страк праз н 250 г шампињони н 1 главица кромид н 2 лажици масло н 2 лажици путер н 4 гранчиња мајчина душица н 2 лажички брашно н 500 мл инстант супа (од коцка) н 125 мл слатка павлака Приготвување: месото убаво зачинете го со сол и бибер. Морковите излупете ги и исечете ги на коцкички. Празот исечете го на тркалца, печурките на ливчиња, а кромидот на мали коцкички. Месото пропржете го во загреаните мало и путер, па додадете го исечканиот зеленчук и сето тоа пржете го уште малку. Измијте ја мајчината душица, ливчињата ситно исечкајте ги и додадете ги во јадењето. Сето тоа посипете го со брашно, прелијте го со супата и динстајте го 40-тина минути. Извадете го месото, а во зеленчукот додадете ја павлаката, па сето тоа зачинете го со сол и бибер. Сервирајте го месото со зеленчукот во сос. 
Изменето од Valerija - 12.Февруари.2018 во 16:48
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
емил
Сениор
зависник идивидовски
Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 17.Март.2014 во 04:43 |
1. Модриот патлиџан се сече на дебели 4 кришки,со салфета се подсушува, се посолува, побиберува, му се става од зачинската билка (јас користам оригано и грчка детелина)/ 2.Црвениот патлиџан се сече на кругови и се реди врз модриот патлиџан. 3. Стекот се посолува со сол и вегета, се побиберува и се става врз црвениот патлицан. 4.Се премачкува со маслинов зејтин. 5. Се става во загреана рерна да се пече околу 15 минути, се вади од рерната и обилно се посипува со ренданиот кашкавал или се преклопува со тенко исечени парчиња кашкавал. Се врака назад во рерната да се пече додека да се испече добро стекот и не порумени. Уживајте во ручекот додека е топло, а ладно ништо не му фали. Совет- доколку стекот е голем, исечете го на парчиња колку што е големината и на кришката од модриот патлиџан. Кога пишувам за еден модар патлиџан се подразбира ако е поголем, ако е помал тогаш сигурно ке ви требаат повеке - сигурни два патлиџана. Бидејки го обозавам растопениот и подпечен кашкавал, јас ставам повеке внимавајки притоа на осолувањето, да не се пресоли стекот.
|
 |
емил
Сениор
зависник идивидовски
Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 17.Март.2014 во 04:41 |
Се мешаат сите состојки за маринадата. Се додаваат крилцата од кои претходно се отстранети крајните делови. Се меша добро и се остава да отстои во фрижидер најмалку 1 час. Се загрева рерната на 175 Ц. Во плиток сад за печење се става хартија за печење. Се редат крилцата во еден ред со кожата надолу. Се покрива со фолија и се печи 30 мин. За тоа време маринадата се проврива малку да се згусти, скоро како мед. . Се вади фолијата, се превртуваат крилцата, се печат уште 30 - 45 мин два пати премачкувајки ги со згустената маринада на секои 15 мин. На крај треба да бидат карамелизирани, лепливи, неодоливи.... Сервирајте ги жешки, со ладно пиво, нормално!
|
 |
емил
Сениор
зависник идивидовски
Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 15.Март.2014 во 05:23 |
Пилешкиот стек ситно го сецкаме, го свалкуваме во крем супата и го пржиме. Откако ќе се испржи ги додаваме печурките, пржиме и го додаваме виното. Го оставаме стекот настана на шпоретот да се динста. Кога убаво ќе извари виното го претураме стекот во тавче за печење и одгоре го рендаме кашкавалот и печиме
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 14.Март.2014 во 08:18 |
Роловано бело месо Секогаш со нетрпение очекувате да видите што има во ролатот од месо на трпезата? А, кога во чинијата ќе се растече сочниот фил сите сетила се будат уживаат. Пробајте го овој ролат од бело пилешко месо и нема да погрешите.
Состојки: поголемо парче пилешко месо, 100г ориз, 1 главица лук, 50г сланина, сол, бибер, мускатно оревче, сенф, брашно, зејтин Подготовка: Исчистете го месото и истенчете го со чекан за месо така што ќе може да обликувате ролат. Посолете го месото, а одвнатре премачајте го со сенф, наросете бибер и мускатно оревче. На загреан зејтин испржете ги ситно исечканите лук и сланината исчена на коцки. Додајте го оризот и пржете со постојано мешање. Кога течноста ќе се впие, налевајте по малку вода додека оризот не омекне. Готовата смеса нанесете ја на едната половина на месото, поклопете и добро притиснете од двете страни за да не истече филот. Врзете го месото со кујнски конец, извалкајте го во брашно и пржете додека не зарумени. Намалете го оганот и пржете уште 15 минути. Може да го послужите со пире од компир. Добар апетит!
Изменето од Valerija - 12.Февруари.2018 во 16:48
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 14.Март.2014 во 08:13 |
Пилешко во сос од крем сирење,Пилешкото речиси сите го обожаваат, а кога е дополнет со сос никој не може да му одолее. За денеска ви предлагаме да го подготвите со сос од крем сирење.
Состојки:500г пилешки шницли 100г солени крекери 2 лажици пармезан 100 мл супа 200г крем сирење 3 чешниња лук 1 лажичка сецкан магдонос сол бибер Подготовка:Во кеса за замрзнување ставете ги крекерите и скршете ги на ситни парчиња. Измештајте со пармезанот. Пилешкото посолете го, наросете бибер, па извалкајте го во крекерите и пармезанот. Испржете ги во мешавина од зејтин и путер, извадете ги и држете ги на топло. Во истата маснотија додајте ја супата, крем сирењето, истолчениот лук и магдоносот, гответе неколку минути додека сосот згусне, а потоа со него прелијте го месото. Совет:Може да користите и готово крем сирење со разни зачини.
Изменето од Valerija - 12.Февруари.2018 во 16:47
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
емил
Сениор
зависник идивидовски
Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 14.Март.2014 во 07:05 |
Го ставаме пилето да се вари. Кромидот и морковите ги рендаме и ги ставаме во тавче со загреано масло да се пржат. Кога ќе се испржат ги додаваме доматно пире и печурките. Кога пилето убаво ќе се свари го чистиме убаво од коските, го киниме на ситни парчиња, го додаваме во тавата на оган и го пржиме. Ја тргаме тавата од оган и ја претураме во тава за печење. Одгоре рендаме пола од кашкавалот и тураме 3 црпалки од водата што се вареше пилето. Павлаката ја разматуваме со малку вода и го прекриваме месото. Најгоре го рендаме преостанатиот кашкавал и го ставаме пилето да се печи. Сервираме со претходно варени компири.
|
 |