|
Екстерно тестирање |
Внеси реплика | страница <1 4567> |
Автор | ||
Schatzii7
Сениор Unglaublich Регистриран: 19.Октомври.2011 Локација: Lost somewhere Статус: Офлајн Поени: 7061 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
И така и министерот крена раце си поднел оставка
ајде сега Спиро на помош да го спаси македонското образование. |
||
»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)
|
||
LiDivio
Модератор Регистриран: 19.Мај.2010 Статус: Офлајн Поени: 7265 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ако не се исполнети сите технички услови и јас сум против ова тестирање. Што се однесува до самата идеја ја поддржувам.
|
||
Blue Scarlet
Модератор Амазонка Регистриран: 03.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 9011 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Новото фијаско започна утрово, на многу места се пријавени технички неправилности. Сликите од тестовите не се отварале а професорите и наставниците кои биле поставени како тестатори не можеле да добијат одговор од никого затоа што на телефоните за пријавување на проблеми никој не се јавувал.
Со задоцнување од половина час, тестирањето започнало а проблемот бил „решен“ иако на неколку прашања повторно се појавил истиот проблем ..... Учениците од средното занаетлиско училиште се пожалиле дека материјата која била поставена на тестовите содржела само мал дел од онаа што тие го изучувале во текот на школската година, што е веројатно точно ако се земе во обзир дека тие имаат различна програма по математика од гимназијалците. Сега останува да слушаме на СИТЕЛ како тестирањето било успешно и поминало без никакви проблеми!
Изменето од Blue Scarlet - 27.Мај.2013 во 15:46 |
||
Lupus non mordet lupum.
Vulneratus non victus! |
||
kadela
Нов член Регистриран: 21.Декември.2012 Статус: Офлајн Поени: 7 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Јас сум ЗА.
|
||
љубовта со љубов се разгорува
|
||
yuiop
Сениор Регистриран: 15.Мај.2013 Статус: Офлајн Поени: 234 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ма добро е и што си успеал сам да прочиташ..... |
||
LiDivio
Модератор Регистриран: 19.Мај.2010 Статус: Офлајн Поени: 7265 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Претпоставувам дека сега ти е јасно зошто треба да има екстерно тестирање. Па овој ,,автор,, не е во состојба да напише САМОСТОЕН текст, после министерството му е криво...
Уште напишал:
Tекстот не е превземен/копиран и сите авторски права ги задржува -ПаппасПресс-
Изменето од LiDivio - 23.Мај.2013 во 09:18 |
||
LiDivio
Модератор Регистриран: 19.Мај.2010 Статус: Офлајн Поени: 7265 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
и јас да се пофалам и од мене украле... Изменето од LiDivio - 23.Мај.2013 во 08:53 |
||
LiDivio
Модератор Регистриран: 19.Мај.2010 Статус: Офлајн Поени: 7265 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ако ова е твој текст, а не е копиран од некаде, господ нека им е на помош и на твоите деца и на твоите ученици со такви родители и професори. Сега сум уште поубеден дека треба да има тестирање (по можност и бонус психотестирање за професорите). И ќе има.
ПС: Добро е, пишувало стаорец, во прв момент ми се прочита старец...
|
||
gonzo
Сениор Мачкозил Регистриран: 04.Декември.2008 Локација: У дневну Статус: Офлајн Поени: 3137 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ма битно дека:
Tекстот не е превземен/копиран и сите авторски права ги задржува -ПаппасПресс-
|
||
You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.
|
||
Blue Scarlet
Модератор Амазонка Регистриран: 03.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 9011 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Екстремно понижување e резултатoт на екстерното тестирањеОткако се’ во животот се сведе на казнување и експериментирање, на ред дојде сегашните генерации во средните училишта да послужат и како лабораториски глувци. Е па, добредојдовте во мојата чудесна земја Черн… Ова де, Македонија. После години и години најавување, од оваа година, кога конечно се „отстранија“ сите пречки за (не)реализација на екстерното оценување, сега можеме да спиеме мирно, затоа што ќе бидеме оценети на „европски“ начин, со екстремно оценување.. Упс, екстерно! Само видете, во главата ми бодат неколку дилеми! Ајде, се’ со ред.. Не сум против, туку најпротив за реализирање на овој (не)успешен проект на Министерството за образование и наука.. Си направија – ПОПАРА! Зошто во еден момент не се консултираа со професори, наставници, ученици? Можеби ќе ги поучеа и ќе се најдеше друг начин за „проверката“ на објективноста на овие загрозени видови во овој процес на тестирање. Драг министере и сите вие околу него, кажете ми дали знаете ли како еден ученик добива оцена и што се’ ја сочинува оцената? -Очигледно не. Оцената која ја добиваме сите ние е всушност збир од повеќе активности на ученикот во текот на една наставна година.. Тука спаѓаат: тестовите, активностите од часот, проектите, усните одговори, додатната настава, редовноста, дисциплината итн. Има потреба да набројам повеќе? -Јас мислам не. Ќе ви предложам да ги отворите критериумите за оценување и ќе осознаете. Втора работа, ако ние учениците во средните училишта, а и тие во основните, мислевме дека сме толку напредни немаше да учиме во средно или основно, туку ќе учевме на факултет! Точно е тоа дека не се сите луѓе за во училишна клупа, некој мора и овци да пасе.. Но, ако ние мислиме дека можеме со еден тест да положиме цел материјал од една учебна година, кој инаку го одговараме тема по тема, тогаш ние ќе се запишевме вонредно и ќе го затворевме овој проблем. Но, во никој случај немаше секој ден да се малтретираме и да одиме во училиште, да учиме и да се малтретираме, просто кажано. Уште еден доказ дека скиците за вашиот проект не се компатибилни за да бидат реалност. Од кои учебници ние да учиме?! Извинете, но вашиот проект за бесплатни учебници не успеа, па така ние по некои предмети немаме учебници, по некои предмети учиме од учебници за на факултет, а се случува и на некои предмети да се чувствуваме како да сме во среден век па пишуваме во тетратки, како под казна да сме. П.с. ако ви треба тетратка за да ги извадите прашањата, кажете.. Да не биде после „држ, не дај“! Кои се стандардите за оценување на екстерните тестови?! Т.е. има ли стандарди? Охоо. Ајде да ве поучам драг министере.. Ако сакате реално да ги оцените сите ученици, тогаш дефинитивно тоа не можете да го направите со прашања на заокружување. За да оцените еден ученик важно е да видите како тој се изразува па така, тука треба да се вметнат самостојни одговори, опис на некоја личност, појава, процес, реакција, задачи со дополнување и така натаму. Тестот за екстерно оценување не исполнува ниту еден единствен услов од горенаведените. Јас се уште се чудам како ли ќе се реализира ова тестирање, која е техничката подготвеност?! Дефинитивно тука не би ги сместил искршените компјутери, софтверските проблеми, нефункционирање на системот итн. Направивме пробно тестирање и така ги утврдивме овие „мали“ недостатоци. Како ли ова ќе функционира.. Или пак, воопшто нема да функционира?! Зошто не воведат вакви тестови во текот на целата учебна година, нека се тестираат учениците по секој предмет но, нека се тестираат континуирано,па на крај нека вадат конечни оценки, вака веќе би било прифатливо. Инаку вака не ја бива работава! Треба да се земе предвид обемот на материјалот кој го учат сите ученици денес. Обемот на материјалот, кој професорите и наставниците имаат за задача да ни го предадат, за ние да го научиме бара многу труд, така што освен што се расправаат со деца кои се уште се развииваат како и со илјадници карактери, тие даваат се’ од себе да го мотивираат ученикот да прифати и да научи нешто.. Дефинитивно не се сите од тој тип, но има и вакви кои јас ги познавам. Секој може да „киксне“ на овие екстерни тестови, најпрво поради стресот! Но, има ли некој кој го разбира ова? Некој да не сфати нас учениците? Почнувам да размислувам и се’ мислам дека и овие протести кои се организираат, се всушност дело на некој друг, а вклучени се учениците, затоа што се свесни за неуспехот на проектот, па кога ќе паднат сите вложени средства да се вадат на нас, учениците, на професорите, родителите итн. Проектот ќе се реализира, но НЕУСПЕШНО, тоа го докажуваат и овие горенаведените факти, кои ако почнам да ги набројувам ќе ги има уште многу, затоа што не сум стигнал ни до пола.. Бедните објаснувања на Министерството за образование и наука, за тоа дека со екстерното тестирање ќе се доведат „во ред“ наставниците и учениците се толку многу банални како и континуираното менување на одлуките кои ги донесуваат овие институции, односно се’ се прави преку ноќ, додека да трепнеш. Наместо екстерни тестирања, нека посветат поголемо внимание на книгите (кои или ги нема или се хаос), обемот на наставата, потребите на учениците и професорите.. Прво нека ги поправат грешките од веќе пропаднатите експерименти, а не континуирано да се прават нови, оставајќи големи дупки во образованието.
Ccccc.... pa kradat i od forumskive repliki, koga gi napisav koga gi prekroija .... |
||
Lupus non mordet lupum.
Vulneratus non victus! |
||
yuiop
Сениор Регистриран: 15.Мај.2013 Статус: Офлајн Поени: 234 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
|
Абе укинат си ти од поодамна, ама сеуште не ти кажале.....Кој ти кажал дека не се одржало....пребарај си таму...... Дај ми ја женати/женска ти на една година, па ако не ја бива ќе ти ја вратам..... Проблемот со тебе е што ти си станал стаорец...... Ти жив си, ама здрав не си...... |
||
Alekxandar
Сениор Регистриран: 10.Јули.2012 Статус: Офлајн Поени: 1029 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Со првиот пост целосно се сложувам само можам да надополнам уште неколку работи како педагошко лице ,иако со таа дејност не се занимавам поради глупавоста во нашиот воспитно образовен систем.
Адаптацијата е фактор кој влијае на резултатот од тестирањето. Тестовите мораат да го оценуваат објективното знаење,да бидат валидни ,добро подготвени по сите дидактички принципи и да го диверзифицираат степенот на знаењето кај испитаниците. Со еден тест не можи да се анулираат негативните појави кој влијаат на закоченост кај испитаниците ( нус појавата која се јавува кај голем број испитаници )а тоа директно влијае на оцената како краен резултат од тестирањето. Битен фактор е и лицето кое тестира. Оној кој ке биди присутен во просторијата за тестирање треба да биди лице со кредибилитет ,одличен педагог и психолог бидејки неговото присуство директно влијае на субјектите врз кои се врши тестирањето. Треба да направи опуштена атмосвера со цел што е можно повеке да се намали степенот на стрес и напнатост кој го чуствуваат испитаниците при процесот на тестирање. Кај нас за жал ова не важи зошто господата кој тестираат се или некој исфрустрирани манијаци кој лечат комплекси во погрешно време и погрешно место или оние кој го подготвуваат тестот се типови со коефициент на интелегенција од 156 по Македонски стандард а по Светски не се стигнати ни до 55 бидејки факултетите ги зедоа по принципот индекс на рака. За да се подготви еден тест треба долго време на подготовка со ангажирање на стручни лиица и експерти од областа која е поле на тестирање со цел да се направи валиден,објективен,релевантен не двосмислен тест без можност за случајно нагаѓање на одговорот. |
||
Феникс
Сениор http://www.youtube.com/watch?v=mTCmVSp46 Регистриран: 12.Март.2010 Статус: Офлајн Поени: 8143 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
можеме да коментираме до бескрај.....да поддржуваме или напаѓаме.......нема да смениме ништо бидејќи кај нас генерално не се знае како треба да се избориш за нешто.....лично сум против ова тестирање.....вака било онака било со заокружување било..не било тешко...демек ако си учел ќе знаеш....кај е паниката која се ствара кај некои деца кога се пред писмен тест....настрана сегашниве книги од кои учат нашите деца имаат многу мани..грешки..нелогичности....деца од 9 години се тестираат за целокупен материјал по два предмети......што се они....компјутери .....па чуваат се у фолдери.....од преголема желба да направиме генерации кои ке имаат знаење....се греши...но штета е што грешките ке ги согледуваме многу касно.....
|
||
LiDivio
Модератор Регистриран: 19.Мај.2010 Статус: Офлајн Поени: 7265 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Затоа е форумов, да ги артикулираме различните мислења...
|
||
Внеси реплика | страница <1 4567> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |