Автор |
Тема Пребарувај Опции за темата
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 14.Април.2014 во 20:17 |
РАВИОЛИ СО СИРЕЊЕСтавете го сирењето во една чинија и со вилушка изгмечете го. Во него измешајте ги јајцата, пармезанот, и посолете со сол и бибер. Покријте ја чинијата и оставете нека одстои. Со овој фил полнете ги равиолитеи сварете ги. Ставете ги во чинија за послужување, полијте ги со растопениот путер и ставете повеќе рендан пармезан. Потребни состојки 500 гр тесто за равиоли 200 гр бело сирење 100 гр пармезан 2 јајца 70 гр путер сол и бибер
Изменето од Valerija - 28.Април.2018 во 10:24
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 14.Април.2014 во 20:15 |
ВКУСНИ МАКАРОНИСварете ги макароните и измијте ги со ладна вода. Пропржете ги исецканите домати и обарениот морков, па во нив додадете ги исцедените макарони и се заедно нека се пропржи. Во друг сад растопете го маргаринот, па додадете му 2 лажици брашно и добро измешајте. Додека се вари додадете го млекото и мешајте без престан. Додадете сол, бибер и други зачини по желба, и варете додека не се згусне. Подмачкајте ја тавата и ставете еден ред од макароните со зеленчук. Потоа ставете од бешамел сосот, па коцките шунка, малку кашкавал и повторете ја постапката уште два пати. Изматете ги јајцата и прелијте ги макароните. Одозгора ставете кашкавал и посолете со сусам. Тавата ставете ја во ререна да се пече 15 минути. Потребни состојки: 300 гр макарони 200 гр шунка 100 гр кашкавал 100 гр маргарин 1 домат 1 варен морков 2 јајца 2 шољи млеко 2 лажици брашно сусам сол и бибер
Изменето од Valerija - 28.Април.2018 во 10:24
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 13.Април.2014 во 20:07 |
ЊОКИ ВО КРЕМ СОС СО ПИЛЕШКО И ТИКВИЦИПодготовка: Њоките сварете ги во посолена вода, а потоа исплакнете ги. Пилешкото исецкајте го на коцки и пропржете го на загреано масло. Кога месото ќе потемни, додадете ги тиквичките исецкани на коцки и оставете ги 3-4 минути. Додадете павлака, зачини и претходно сварените њоки. Промешајте на тивок оган неколку минути. Пред да послужите декорирајте со сецкан магдонос. Состојки: - 600гр њоки (замрзнати)
- 1 лажица масло
- 400гр пилешко бело месо
- 2 тиквици (400гр)
- 200гр павлака
- Сол, бибер
- магдонос
Изменето од Valerija - 28.Април.2018 во 10:23
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
емил
Сениор
зависник идивидовски
Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 08.Април.2014 во 07:09 |
1. Ставете ги доматите во зовриена вода за 2-3 минути. 2. Излупете ги и исечете ги на мали коцки. 3. Ставете ги макароните во зовриена и посолена вода за 10 минути. 4. Во меѓувреме, во тава загрејте го маслиновото масло и додајте го исецканиот лук (внимавајте да не изгори) и лутото пиперче. 5. Додајте ги доматите и магданосот во тавата и оставете ги да се пржат 5 минути. Посолете по вкус. 6. Потоа сервирајте ги макароните и ставете го сосот од домати. Позолете со пармезан.
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 28.Март.2014 во 16:32 |
ЊОКИ СО ЧЕТИРИ ВИДОВИ СИРЕЊЕ. | | Њоките се тестенини во кои главната состојка е компирот, а може да се комбинираат со стотици различни сосови. Денес ви предлагаме да направите њоки во сос од четири видови сирења. Потребно: ● 50 мл.слатка павлака ● 70 г.пармезан ● 30 г.горгонзола ● 70 г.моцарела ● 70 г.тврдо сирење ● 1/2 лажица брашно ● 1 кг.смрзнати њоки ● 2 лажици презла ● малку сецкан магдонос ● сол, бибер ● 2 јајца Подготовка: ● Сварете ги њоките според упатството дадено на пакувањето, а потоа почнете со подготовка на сосот. ● Во широко и плитко тенџере, на тивок оган, ставете ја павлаката и сирењата. Мешајте додека сирењата да се стопат. Додајте го брашното, зачинете со сол и бибер, па тргнете од огнот. ● Измешајте ги јајцата и додајте малку магдонос. Њоките ставете ги во голем огноотпорен сад. Прелијте ги со подготвениот сос и посипете со малку презла. ● Печете на загреана рерна од 200 степени околу десетина минути. Добар апетит!
|
Изменето од Valerija - 28.Април.2018 во 10:21
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 22.Март.2014 во 18:31 |
Вкусни тестенини со пилешко и зеленчук
Едноставен оброк кој ќе си поигра со вашите сетила.
Потребни состојки за 4 порции: - 300/400 гр. тестенини
- 4 парчиња пилешки гради (стек)
- 2 моркови
- 1 или 2 црвени пиперки
- 8 шери домати (или пак 2 до 3 нормални)
- Неколку листа магдонос
- 2 лажички сусам
- 1 лажица густин
- Соја сос, сол, бибер, маслиново масло
Подготовка:
Пилешки гради исечете ги на ленти, зачинете ги со сол, свежо мелен бибер и посипете ги со густин.
Сварете ги тестенините според упатството на пакувањето. Морковот и пиперките исечете ги на тенки парчиња, а шери доматите исечете ги на половина.
Во вок тава на маслиновото масло испржете ги лентите од пилешките гради и тргнете ги на страна. Доколку е потребно, додадете масло и пржете ги морковите и пиперката, а потоа тргнете ги на страна.
На преостанато масло на силен оган попржете ги доматите.
Вратете ги сите состојки во вок тавата, измешајте ги тестенините и грубо исецканиот магдонос, зачинете потоа со соја сос, сусамот и биберот. Можете да ја употребите својата фантазија и над секоја порција да изрендате малку кашкавал или сирење. Пријатен апетит!
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 14.Март.2014 во 08:16 |
Канелонииталијанската кујна е една од најпопуларните кујни во светот, па ако во некое место постои ресторан со странски специјалитети, сигурно е италијански. За денеска одбравме канелони – автентичен италијански рецепт кој нема да ве остави рамнодушни.
Состојки:За канелони 100г брашно 3 јајца сол За фил Маслиново масло 200г мешано мелено месо 250г спанаќ оригано магдонос 3 јајца 2 лажици презла сол доматен сос путер рендан кашкавал ПодготовкаОд брашното, јајцата, солот и 1/8 вода измешајте тесто како за палачинки. Оставете го два часа, а потоа на врел зејтин во тавче испечете тенки палачинки. Меленото месо, магдоносот, спанаќот и зачините испржете ги на масло, оставете ги да се оладат, а потоа измешајте јајца, презла и доматен сос. Кога ќе се олади филот нанесете го врз секоја палачинка, свиткајте и ставете во огноотпорен сад за печење. Одозгора врз свитканите палачинки ставете путер и рендан кашкавал. Печете во рерна на 200 степени, 15 минути. Добар апетит
Изменето од Valerija - 28.Април.2018 во 10:22
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 06.Март.2014 во 14:29 |
Паста „Arrabbiata”
Згответе си една поинаква паста. Ви даваме предлог за италијанска „аrrabbiata” , во превод – лута паста. За да ја приготвите ќе ви биде потребно:
Состојки:
2 лажици маслиново масло
3 лукчиња, ситно сечкани
3/4 лажички лут црвен пипер
1 конзерва домати
300 гр сос од домати
1/2 чаша бело вино
500гр лингвини
пармезан по вкус
Начин на подготовка:
Ставете ја пастата да се вари. Во меѓувреме, во тава, загрејте го
маслото, додадете го лукот и црвениот пипер. Додадете ги доматите,
сосот од домати и виното. Мешајте го сосот околу 8-10 минути, додека да
почне да се згуснува. Сварените тестенини исцедете ги и додадете ги во
тавата каде што го подготвувавте сосот. Послужете со пармезан и лут
црвен пипер.
Изменето од Valerija - 28.Април.2018 во 10:21
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 06.Март.2014 во 13:36 |
Крем тестенини со спанаќ, сирење и печени печурки
Наш предлог за лесен и вкусен неделен ручек.
За да го приготвите овој рецепт ќе ви бидат потребни:
Состојки:
300 гр свежи печурки, може да користите шампињони или буковка, по ваш вкус
2 лажици маслиново масло
1 лажица оцет
1 лажица мелен лук во прав
сол и црн бибер, по вкус
1 пакетче тестенини „ротини“
1 шолја сирење
4 шолји млад спанаќ, лесно обарен
1/3 чаша свежо сецкани босилек
Начин на подготовка:
1. Загрејте ја рерната на 200 степени. Ставете ги печурките во тава и
прелијте ги со маслиновото масло и оцетот, зачинете ги со мелениот
лук, сол и бибер. Печете ги околу 15-20 минути, додека печурките да
омекнат.
2. Сварете ги тестенините и откако ќе бидат готови, сочувајте една чаша вода, од водата во која што се вареа.
3. Сварените тестенини измешајте ги со потпечените печурки, спанаќот
и додадете го сирењето. Малку по малку додавајте од топлата вода во
која се вареа тестенините, како би го растопиле сирењето, за да
добиете кремаста структура. Додадете го свежиот босилек и малку сол и
бибер.
Послужете ги тестенините додека се уште топли.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 06.Март.2014 во 13:12 |
Лазањи какви што не сте пробале!
Еден од најпознатите италијански специјалитети можете да го направите
на многу различни начини, бидејќи основата е кора, а филот може да биде
што ќе посакате. Класичните лазањи се
филуваат со мелено месо о бешамел сос, но нема да погрешите и доколку ги
направите со шунка, печурки или мешан зеленчук.
Лазања со шунка и печурки
Потребно е:
Плочки за лазањи, 7 јајца, 500 гр. шампињони, 350 гр. буковка, 50 гр.
шунка, 4 дл павлака, малку мелено мускатно оревче, 50 гр. рендан
кашкавал, магдонос, масло, сол, бибер
Начин на приготвување:
Изматете ги јајцата со павлаката, посолете, ставете малку бибер, мелено мускатно оревче и ренданиот кашкавал.
Посебно исецкајте ги шампињоните и буковката, малку посолете, додадете
бибер и исецкан магдонос, пропржете и додадете ја шунката.
Тавата подмачкајте ја со масло, ставете 3 лазања-плочки и намачкајте ги
со малку од крем-смесата. Потоа пола од смесата со шампињоните прелијте
го врз лазањите.
Загрејте ја рерната на 180 степени и печете околу 45 минути. Петнаесет
минути пред крајот истопете малку путер, додадете му магдонос и посипете
одозгора.
Лазањи за сладокусци
Потребно е:
340 гр. брашно, 300 гр. спанаќ, 3 јајца
За филот: 1 дл болоњезе сос, 40 гр. путер, малку црн тартуф, супа од зелечнук
Начин на приготвување:
Замесете го зеленото тесто со 300 гр. брашно, јајца и спанаќ и оставете
го да отстои половина час. Растопете го путерот во сад и мешајќи
додадете го остатокот од брашното и супата. Згуснете го белиот сос на
тивок оган. Расукајте го тестото и исечете го на правоаголници од 8 х 14
сантиметри. Варете ги 6 минути во посолена вода со неколку капки масло,
извадете ги и ставете ги на сува крпа.
Премачкајте го калапот со масло и споете го тестото, прелијте го со
болоњезе сосот, белиот сос и ренданиот тартуф, и повторувајте ја
постапката додека има продукти. Завршете со белиот сос. Печете во рерна
10 минути на 200 степени. Може да се посипе со пармезан.
Лазањи со зеленчук
Потребно е:
500 гр. тесто за лазањи, 1кг домати, 250 гр. пиперки, 250 гр. брокули,
500 гр. рендано сирење, 1 главица лук, 4 сварени јајца, 1 кришка леб,
0.8 дл маслиново масло, сол, бибер
Начин на приготвување:
Издинстајте го лукот, доматот и пиперката на малку масло. Кога
зеленчукот ќе биде готов, додадете ги цветовите брокула и внимателно
промешајте. Посолете по вкус, Обарете го тестото за лазањи во солена
вода, исцедете ги и измијте ги со ладна вода. Во тава премачкана со
путер, посипете малку сос од зеленчукот, ставете ред тесто, па повторно
посипете уште малку сос, сирење, и така се додека не го потрошите целиот
материјал. На крај целото наросете го со ренданото сирење и исецкајте
коцки путер над сирењето. Испечете во загрена рерна на умерена
температура околу 20 минути.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
емил
Сениор
зависник идивидовски
Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 27.Февруари.2014 во 07:51 |
Канелоните се варат во голем сад додека не омекнат.Во меѓувреме,печурките се пржат на маслиново масло.После 15 мин пржење,се додава младиот кромид исецкан на ситни парчиња,се додава и вегетата,босилекот и на крај маслинките.Целата смеса се меша па се додава павлаката.Канелоните се полнат со смесата и се редат во тава премачкана со путер или масло.Се наросуваат рендан кашкавал,а врз кашкавалот се налива доматното пире.На крај се наросува пармезанот.Канелоните се печат на 200 С околу 25 мин.
|
|
емил
Сениор
зависник идивидовски
Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 26.Февруари.2014 во 17:07 |
Чекор 1: Макароните се варат во посолена вода со малку масло. Додека се варат, може да се спрема филот. Се загрева масло и се запржува прво ситно сецканиот кромид. Потоа се додаваат печурките (претходно сецкани) со постојано месање. Пред да поцне да потемнува кромидот, се посолува, се додава пола лажичка црвен пипер и се трга на страна. Чекор 2: Сирењето и кашкавалот се рендаат. Јајцето се разматува со пола павлака, се додава малку сос од домати, 5 супени лажици млеко и 5 супени лажици од водата во која се вареа макароните Тавчето, по желба, може да е округлесто или правоаголно. Чекор 3: Се премачкува тавчето со масло и одозгора се реди еден ред од сварените макарони (половина од макароните). Се нанесува одозгора половина од филот со печурките, се става одозгора половина од ренданото сирење и малку од ренданиот кашкавал. Одозгора се става малку сос од домати. Повторно се реди останатиот дел од макароните, па останатиот фил со печурки, ренданото сирење и кашкавал. Повторно се става одозгора уште малку сос од домати. Се налеваат неколку супени лажици од водата во која се вареа макароните и спремно е за печење. Рерната се загрева на 200С, па пред да ги ставиме макароните да се печат, рерната се намалува на 170. Се печат околу 15-20 минути, се вадат од рерна, се полеваат со смесата од матено јајце и павлаката, се наросува одозгора малку босилек за вкус (по желба, вкусно е и со оригано) и се враќа во рерна да се потпече уште 10 до 15 минути. Вкусно е за јадење и топло и ладно :)))
|
|
емил
Сениор
зависник идивидовски
Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 26.Февруари.2014 во 15:04 |
PreparationНа загреано масло се растопуваат 150 гр.сечкано овчо сирење. Кога ќе се растопи се додаваат 400 грама, на коцки сечкан пилешки стек (може и саламурен). По 5-6 минути пржење, се додаваат 400 грама сечкани свежи печурки-шампињони, малку босилек и сечкан свеж магдонос. Откако ќе испари водата од печурките, во ова се вмешува 200 мл кисела павлака. Овој сос, вака топол, се додава на варени шпагети-таљатели-макарони. Совет: 1. Никако да не се соли 2. Поубави се изладени :-)
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 19.Февруари.2014 во 08:36 |
Прсти да излижеш: Неверојатно вкусни лазањиЛазањите
на многумина им се омилено италијанско јадење, но со време знаат да ни
досадат, па можеби е време да пробате малку поинаков вкус и рецепт.
Зеленчукот е закон!
Да, знаеме дека
зеленчукот е многу корисен и здрав, но не секогаш сакаме да го јадеме
сиров. Поради тоа сигурно секој од нас би го јадел доколку е подготвен
со некое вкусно јадење. Поради тоа пробајте ги овие вегетеријански
лазањи со тиквата како главна состојка.
Потребни состојки:
- 6 супени лажици путер
- 6 чешниња лук, мелен
- 400 грама пире од тиква
- 1/3 чаша кафеав шеќер
- 2 лажици јаворов сируп
- една ипол лажица цимет
- 1 лажичка морско оревче
- 1 лажичка ѓумбир
- 1/4 лажичка црн пипер
- 1 лажичка сол
- 400 грама моцарела
Подготовка:
Стопете го путерот, додадете го
лукот и мешајте околу минута. Додадете ја тиквата, шеќерот, јаворовиот
сируп, зачините, солта и биберот и оставете ги на оган додека целосно не
се загрее. Потоа додадете дел од сирењето, а дел оставете на страна. Во
сад за печење ставете малку од подготвениот сос на дното па потоа
ставете го првиот лист од тестенините за лазањи. Потоа додадете малку
сирење и сос, па потоа повторете ја постапката додека имате материјал.
Завршете со слој на сирење на врвот.
По желба можете во подготовката да додадете и друг вид на зеленчук,
како краставички, домати и слично. Разработете ја фантазијата и
уживајте.
Покријте со фолија и печете на 190 степени околу 45
минути па тргнете ја фолијата и печете уште 12 минути додека сирењето не
се запече.
Пријатен апетит!
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|