1.Во поголем длабок сад го ставаме брашното, додаваме квасецот и посолуваме. Во истиот садот ги додаваме исечканата шунка, киселата вода, млекото и маслото.Месиме се додека не добиеме фино тесто.
2.Тестото го оставаме да нарасне и да се одмори барем половина час.
3.На набрашнета работна маса го размесуваме тестото и го сечеме на 10 еднакви дела.
4.Од секое парче тесто формираме топче. Од секое топче, со сукало, развлекуваме кора. Кората ја премачкуваме со растопен маргарин.
5.Врз кората нанесуваме дробено сирење. Врз сирењето ја ставаме втората кора.
6.Постапката ја повторуваме со сите топчиња тесто, а последната кора ја мачкаме само со маргарин.
7.Целото филувано тесто, со сукало, го развлекуваме во една поголема кора.
8.Тркалезната тава ја попрскуваме со растопен маргарин и ја ставаме питата во тавата. По желба, наросуваме со сусам и ким.
9.Печеме 30 минути на температура од 200 степени. Ја вадиме тавата од рерна, ја сечеме и сервираме. Добар апетит.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Есента е годишно доба кое на масата ни сервира овошје од кое може да се направат вкусни пити и слатки. За денес, на мени ви ја нудиме питата од јаболко и еден од најдобрите рецепти за вкусно парче пита за вашите гости. Питата е комбинацијa од свежи јаболки, цимет и солен карамел. Тесто: Измешајте 400 грама брашно,
пола лажичка сол,
220 грама путер (исечкан на коцки од 1 см),
2 жолчки (белките чувајте ги за премачкување на питата) и
3 лажици ладна вода. За подготовка на карамелот ви се потребни: 200 грама шеќер,
3 лажици вода,
200 гр. слатка павлака,
6 лажици сок од портокал,
1 ванила,
четвртина лажичка сол,
6 јаболки,
сок од еден лимон,
1 лажица меко брашно,
2 лажици цимет,
50 грама путер и
4 лажици шеќер
плус две лажици цимет за посолување. Начин на подготовка: 1. Измешајте го брашното со солта, набрзина додајте го путерот и измесете со прсти додека не добиете тесто со ронки. Изматете ги жолчките и додајте ги во брашното. Месете додека смесата не се собере во тесто, а ако тестото е суво, тогаш додајте ги трите лажици вода. Изработете две топчиња од тесто, замотајте ги со пластична фолија и ставете во фрижидер најмалку еден час. 2. За карамелот, ставете шеќер, 3 лажици вода и ставете на млак огин. Варете додека шеќерот не се претвори во карамел (10 минути), не мешајте и по потреба, протресете ја посадата. Кога карамелот е готов, тргнете од огин и внимателно вмешајте ја слатката павлака, сокот од портокал, ванилата и солта. Вратете на огин и кратко мешајте додека смесата не стане мека. Оставете ја смесата да се лади на собна температура. 3. Јаболките измијте ги, излупете ги и извадете ги семките. Ставете ги во посада со ладна вода во која претходно ќе додадете сок од лимон за да не потемнат. Исцедете, насечкајте ги на тенки кришки и додајте им една лажица бражно и 2 лажици цимет. Измешајте. 4. Загрејте ја печката на 200 степени. Измесете го првото топче тесто, а тавчето во кое ќе ја печете питата премачкајте го со путер и посолете со брашно. На тестото, наредете еден слој јаболка и потоа ставете слој карамела и повторувајте така додека имате доволно смеса. На последниот слој јаболка распоредете неколку парчиња путер, а рабовите на тестото измачкајте ги со белките кои претходно ги сочувавте. Со второто топче тесто, покријте ја питата, и одделете ги рабовите со стискање со прстите. Отстранете го вишокот тесто. Питата покријте ја со алуминиумска фолија и ставете во топла печка. Печите на 200 степени првите 25 минути. Извадете ја питата, тргнете ја фолијата, премачкајте ја питата со белки и посолете со мешавина од шеќер и циет. Вратете во печка уште 25 минути. Откако питата ќе биде готова, оставете ја да се лади барем еден час.
Изменето од Valerija - 23.Декември.2017 во 13:46
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Потребни состојки за падишпан: 1 ½ чаша мелени непечени бадеми ¼ лажица сол ¼ лажица цимет ¼ лажица сода бикарбона ¼ чаша мелен сончоглед 1 лажица вода 1 лажица масло
Потребни состојки за фил: Шлаг 2 зрели банани
Подготовка на пандишпанот: Во сад измешајте ги мелените бадеми, сода бикарбона, мелениот сончоглед, сол и цимет. Додадете малку масло и вода и замесете го тестото. Месете додека не се изедначи. Потоа ставете го тестото во тава број 9 и притискајте го тестото додека не се покрие еднакво целата површина на тавата. Ставете го да се пече во претходно загреана рерна. Кога ќе се испече, оставете го убаво да се олади.
Подготовка на филот: Во сад испасирајте ја зрелата банана. Потоа направете шлаг и со лажица измешајте го заедно со бананата. За подобар вкус може да додадете и лажичка цимет.
Филот нанесете го на претходно изладениот пандишпан. Врз филот исецкајте ја другата банана на кругови. Така подготвената пита ставете ја во фрижидер убаво да се олади.
Изменето од Valerija - 23.Декември.2017 во 13:45
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Подготовка: Загрејте ја рерната на 175 степени Целзиусови. Ставете ги јаболката во тава за печење. Во сад измешајте го стопениот путер, брашното, шеќерот, овесот и 1 лажица цимет да формираат ронкаста смеса. Потоа сипете ја смесата врз јаболката и наросете со преостанатата лажица цимет. Печете 50тина минути во загреана рерна, се додека смесата не стане кафена и јаболката не омекне. Уживајте…
Изменето од Valerija - 23.Декември.2017 во 13:45
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Сочен залак: Карамел пита со јаболки ала крем-бруле
Вкусот на оваа пита е најсличен на вкусот на крем-брулето.
Потребни состојки:
125 гр. путер
100 гр. шеќер
Jајце
250 гр. брашно
1-2 лажици кисела павлака
Малку прашок за пециво
За подлогата:
700 гр. јаболка
200 гр. шеќер
Кесичка ванилин-шеќер
Цимет
Сок од 1 лимон
Подготовка:
1. Изматете го путерот пенесто, постепено додадете шеќер, цело време матејќи со миксерот, па додадете го јајцето и павлаката, и на крај со лажица сето тоа соединете го во еднолична смеса со брашното и прашокот за пециво. Тестото треба само да се одвојува од садот. Обликувајте кугла, замотајте ја во проѕирна фолија и ставете во фрижидер додека не го подготвите останатото.
2. Излупете ги јаболката и исечете ги на тенки кришки. Во тепсијата во која ќе ја печете питата ставете шеќер и рамномерно распоредете го на дното, потоа распоредете ги јаболката и нив посипете ги со цимет, ванилин-шеќер и испрскајте ги со сок од лимон. Ставете ги на загреана рингла и загревајте додека шеќерот не се стопи и карамелизира. Тргнете од оган и малку оставете да се излади.
3. Извадете го тестото од фрижидер, развлечете го по димензија на тепсијата, со него прекријте ги јаболката, а краевите стиснете го со ивицата на тепсијата. Питата печете ја на 180 степени околу 20-25 минути. Извадете од рерна и неколку минути држете ја прекриена со кујнска крпа, потоа питата свртете ја на чинија за служење.
Напомена: Питата сечете ја како торта и секое парче послужете го украсено со шеќер во прав.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Питите се омилено слатко или солено задоволство, најчесто подготвено од нашите мајки и баби. Мирисот на пита секогаш нè потсетува на дом, топлина, детство и семејство. Зависно од годишното доба и плодовите кои ги имате, може да подготвите вкусен фил.
Пред крајот на зимата во подрумот сигурно ви се наоѓа уште некоја тиква, која совршено ќе ја надополни вашата пита. Брз и лесен рецепт со кој ќе ги изненадите најблиските.
Потребни состојки за тесто:
2 шолји брашно (од кои 1-2 лажици пченкарно, а останатото сенаменско или мешано интегрално и сенаменско)
1 лажица шеќер
120 g путер, исечен на коцки
4-5 лажици ладна вода
Состојки за фил:
¾ шолја шеќер
1 лажиче мелен цимет
½ лажиче мелен ѓумбир
¼ лажиче мелено каранфилче или морско оревче
2 јајца
600 g пире од тиква
½ шолја оризово млеко во прав, нерастворено
Подготовка:
Измешајте ги брашното и шеќерот, па додајте ги коцките путер и мешајте со прсти или со блендер.
Додавајте по една лажица ладна вода и мешајте го тестото сè додека не успеете да ја споите смесата во топка тесто.
Ставете го тестото во фрижидер додека го подготвувате филот.
Тестото може да се направи и неколку дена однапред и да стои во фрижидер додека не ви притреба или да се замрзне.
За подготовка на филот, добро измешајте ги сите состојки во пластичен сад.
Развлечете го со сукало и ставете го на дното и на страните од тавче со пречник од 20-25 cm, премачкано со путер.
Истурете го филот врз тестото. Ставете ја питата да се пече на 250°C околу 15 минути, а за тоа време од остатоците од тестото може да направите украсни форми и да ги наредите врз филот.
Намалете ја температурата на 200°C и печете ја питата уште половина час или додека филот не се стврдне.
Послужете ја со кафе или чај.
Изменето од Valerija - 23.Декември.2017 во 13:45
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Изматете ги јајцата со миксер, додајте омекнат маргарин, сирење, павлака и сол и добро измешајте. Корите и смесата поделете ги на половина. На првата кора ставете две лажици од смесата и премачкајте ја. На неа ставете ја другата кора и исто така премачкајте ја со смесата. Продолжете така сè додека не ја истрошите половината од корите и смесата, па замотајте ја во ролат. Направете уште еден таков ролат, па со нож исечете ги на кружни парчиња со ширина на два прста. Поставете ги питите на мрсна хартија во тава и печете во рерна на 200 степени, околу 20 минути.
Изменето од Valerija - 23.Декември.2017 во 13:44
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Изматете ги јајцата, киселото млеко и маслото и додадете сол. Во претходно намачкана тава, ставете 3 кори, па потоа намачкајте со изматената смеса. Врз тоа ставете 2 кори и повторувајте ја постапката сѐ додека не ви се потрошат корите. Одозгора премачкајте со масло. Ставете ги во рерна и печете на 200 степени.
Изменето од evangeline - 02.Септември.2014 во 23:51
Внимавај кому му веруваш. И ѓаволот еднаш беше ангел.
Измешајте го јогурот и сода бикарбоната и оставете ги да отстојат 5 минути. Потоа додадете ги останатите состојки (за тестото) и убаво измешајте ги. Намачкајте го плехот со масло (или маст) и попрскајте го со малку брашно. За оваа количина не е потрено да користите голем плех. Во плехот ставете половина од тестотот, додадете од филот и врз него ставете ја втората половина од тестото.
Изменето од Valerija - 23.Декември.2017 во 13:43
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Замесете го тестото. Покријте го и оставете го да нарасне. Премесете го уште еднаш и повторно оставете да нарасне.
Премесете и поделете го тестото на два дела па фино обликувајте го.
Оставете го тестото и подгответе го филот.
Измијте го спанаќот и исечкајте го. Додадете го сирењето, малу сол и маслото па измешајте.
Размесете го тестото колку големината на плехот во кој ќе ја печете питата.
Префрлете го тестото во намрсениот плех за печење па преку него нанесете го филот. (филот можете да го ставите на средина а околу рабовите да распоредите само еден дел . Делот помеѓу оставете го празен )
Развлечете го вториот дел од тестото и покријте го со филот. Доколку филот сте го распоредиле во средината, кога ќе го прекриете тестото со второто тесто, на средината ставете сад.
Стиснете ги врвовите да не излегува филот и засечете со нож, па секој отсечен дел свтрете го нагоре.
Премачкајте со изматената жолчка и маслото и ставете го да се пече.
Откако е испечена погачата премачкајте ја со путер и покријте ја со влажна крпа.
Изменето од Valerija - 23.Декември.2017 во 13:43
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Истолчете го квасецот и измешајте го со 1 децилитар млеко, во кое ќе додадете малку шеќер. Оставете го малку да се подигне, а потоа додадете брашно, остатокот од млекото и малку сол за да можете да направите тесто.
Чекор 2
Оставете го тестото да се подигне додека волуменот се се зголеми барем за 2-3 пати. Потоа тенко одвојувајте го и редете го на лим за печење. За внатре измеѓу тестата измешајте сирење и јајца.
Чекор 3
Рударската пита може да ја полните само со сирење, но можете да го помешате и со ораси или ситно исецкан спанаќ. Откако сте го додале сето тоа, тестото го преклопувате за премазот од сирење да биде затворен.
Чекор 4
Пред да го ставите во рерна, премачкајте го тестото со кисело млеко и направете неколку дупки на самото тесто. Печете го на температура од 200 степени околу 20 минути.
Изменето од Valerija - 13.Јули.2014 во 23:16
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
4 шолји брашно, плус количина потребна за месење на тестото
2 лажици крупна сол
3 парчиња путер, исецкани ситно
¾ шолја ладна вода
Потребни состојки за фил
7 шолји капини (околу 1 килограм)
1 лажичка свеж сок од лимон
¾ шолја гранулиран шеќер
1 лажица ситно исецкано оригно
¼ шолја пченкарно брашно
1 големо јајце, лесно матено
Шеќер за попрскување
½ лажичка сол
Шлаг пена, за послужување
Чекор 1
Подготовка на тестото: Измешајте ги со миксер брашното, солта и додавајте од путерот додека не добиете смеса од груби трошки си неколку поголеми парчиња.Додадете ја ладната вода, измешајте. Поделте го тестото на три дела, сместете го во пластичен сад и оставете ги делчињата во фрижидер, најмалку 1 час, доколку сте во можност и цела ноќ.
Чекор 2
Пред да ги измесите оставете да постои тестото на собна температура, по што на површина со брашно исучете го 1 дел од тестото во тенки и кружни делчиња. Поставете во 22 см кружен сад за печење. Обликувајте го тестото по рабовите од садот подеднакво и оставете го го фрижидер 30 минути.
Чекор 3
Во меѓувреме исучете го и другите два дела и третиот (предвиден за горе дел), оформете го по желба. Вратете ги во фрижидер околу 30 минути.
Чекор 4
Фил: Прелејте ги капините со сок од лимон, шеќер, оригано, пченкарното брашно, посолете. Премачкајте го долното тесто, во садот за печење со јајцето (исто и крајчињата што се офоремни околу садот). Филот истурете го врз тоа, поставете ги другите две теста да го прекриете филот. Оставете во фрижидер на 1 саат.
Чекор 5
Загрејте ја рерната на 200 степни. Премачкајте ја целата пита со јајце и посипете со шеќер. Печете 30 минути. Намалете на 180 степени и продолжете да печете уште еден саат. Оставете да се олади комплетно и послужете со шлаг пена.
Изменето од Valerija - 23.Декември.2017 во 13:43
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот