|
Само за грешници! Новиот Почеток |
Внеси реплика | страница <1 45678 10> |
Автор | ||||||
Marinceska
Група Регистриран: 07.Август.2011 Статус: Офлајн Поени: 89 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Не, еве повторно пораката која претходно ја имав напишано.
Значењето на зборот „крштевање“ е „баптизмо“ на грчки (посто Новиот тестамент беше напишан на грчки) значи „да се потопи, да се измие, да се очисти.“ Во Стариот Тестамент за да биде грешникот спасен од неговите/нејзините гревови тој/таа според Законот и жртвениот систем мораше пред Шаторот на средбата да донесе жртва без недостаток и да ги положи обете свои раце врз главата на жртвата и да ги исповеда гревовите над неа за да на таков начин своите гревови ги положи врз главата на жртвата. Левит 4:2-4 „Кажи им на Израелевите синови вака: ‘Ако некој и згреши од незнаење на која и да е Господова заповед и стори нешто што е забрането да се прави; ако помазаниот свештеник согреши и навлече вина врз народот, тогаш за гревот што го сторил нека Му принесе на Господа едно грло крупен добиток, еден јунец без недостаток, како жртва за грев. Нека го доведе јунецот пред Господа до влезот во Шаторот на средбата; нека ги положи своите раце на главата на јунецот и нека го заколе пред Господа. Вториот дел од заповедта е да се заколе жртвата и крвта да ја земе свештеникот и да го помазе со крвта жртвеникот, роговите од жртвеникот и.тн. (јас го зедов овој стих но во Левит 1 е објасното рацеполагањето како пренесување на грев) Ова е заповдта за секој еден грешник да прими опростение од гревови. Откако Израелците сфатија според Законот Божји дека не можат друго освен да постојано грешат и не беа способни да принесуваат толку жртви колку што гревови правеа, тие се пожалија кон Бога и Бог им дозволи да принесуваат жртва за очистување на сите целогодишни гревови еднаш годишно. Левит 16:34 вели: Така, ова нека биде за вас вечен закон: еднаш годишно да бидат очистувани Израелевите синови од сите нивни гревови.” Тој направи како што Господ му нареди на Мојсеја. Начинот како требаше да биде извршено е запишан во Левит 16:21-22: Арон нека ги стави своите раце на главата на живиот јарец и нека ги исповеда над него сите беззаконија на Израелците, сите нивни престапи и сите нивни гревови. Откако ќе ги положи така на главата на јарецот, нека го испрати во пустината преку раката на определениот човек за тоа. 22 Така јарецот ќе ги однесе со себе сите нивни беззаконија во непроодна земја и тој нека го пушти јарецот во пустина.” Види сега: Во евангелието според Лука глава 1 запишано е дека Захарија беше свештеник од редот Авијанов, кој беше од осмиот ред според поделбата која ја направи царод Давид затоа што беа многу потомци на Арон. 1 Летописи 24:10 осмата на Авиј, Од овде ние знаеме дека Јован Крстителот е навистина потомец на Арон Првиот Високо Свештеник. Последната жртва за очистување на гревовите од целиот свет е Исус Христос, според сведоштвото на Јован Крстителот во Јован 1:29: Еве Го Божјото Јагне кое ги зеде гревовите на светот врз себе! Во Стариот Завет беше рацеполагањето а во Новиот Завет беше крштевањето затоа што Исус рече во Матеја 3:13-17, Зошто така ни прилега да ја исполниме сета правда.“ Зборот овде “така“ значи на овој начин, не постои друг начин освен вака. Во многу слики од порано ако видите ќе забележите дека крштевањето на Исус е нацртано како Јован Крстителот ги има исто така неговите раце положено на главата на Исус. Во согласност со Стариот Тестамент, жртвата Божја која беше без никаков недостаток која го бараше законот, Исус Христос, и Последниот Високо Свештеник Јован Крстителот се сретнаа кај реката Јордан да го извршат жртвениот систем и да ја исполнат Божјата правда. Овде со крштевањето на Исус, Јован Крстителот како најголем човек роден од жена, претставникот на целото човештво, ги положи неговите раце на главата на Исус (жртвата) и ги положи сите гревови од Адам до крајот на светот, врз главата на Исус. После ова Исус беше одведен во пустината. После три години на јавна служба и проповедуување на оригиналното евангелие на водата и Духот Исус беше распнат на Крстот за да ја пролее крвта Негова за исплата на сите гревови зошто законот вели платата за гревот е смрт и без крвопролевање не станува проштевање. На Крстот Исус рече: Се сврши. (Јован 19:30) Жртвениот систем на ваков начин беше исполнат и на ваков начин ние примивме еднаш засекош искупение и опростение од сите наши целоживотни гревови. Исус не направи грев и целото ова како Исус ќе ги земе гревовите и ќе ја пролее крвта е исто така запишано во Исаија глава 53. Многу повеќе од тоа, самите бои на врата на Шаторот на средбата го откриваат истото: - сина - исусовото крштевање - црвената- исусовата крв - темноцрвената - Исусовата Божественост Исус Христос еднаш засекогаш пострада и ни даде нас совршено икупение и опростение од гревови. Ние сите сме еднаш засекогаш искупени и опростени од сите наши гревови. Затоа ви велам дека правилна вера е онаа според Писмото, зошто Законот и Пророците сведочат за истово. Свеченото човечко крштевање само од себе нема никакво значење ако не веруваше дека Исус беше за мене/тебе крстен. Човекот кој верува правилно во Исус се крштева во вода за да јавно потврди дека верува во Исусовото крштевање и укажува на чиста совест пред Бога. 1 Петар 3:21 вели: „Образот на таа вода – крштевањето, но не отстранувањето на телесната нечистотија, туку ветување на Бога- добра совест- не спасува сега и нас преку воскресението на Исуса Христа(МК Библија 1976 год.) Господ не бара од нас јавно исповедување на нашите гревови за да целиот свет слушне какви грешници сме ние. Тоа Бог Самиот го знае. Тој од нас бара да ние признаеме според Законот дека сме грешници родени заради Адамовиот грев и не можеме друго освен да грешиме целиот наш живот заради телото. После ова ние мораме да го научиме евангелието и да веруваме во него и преку верата во евангелието на Исус Бог ни го праќа во нашите срца Светиот Дух и не прави нас еднаш засекогаш праведни. Зашто во Словото Бог вели: За нивните гревови и беззаконија нема повеќе да си спомнувам. Значи што Бог опростил тоа Бог и заборавил. Гревот кој е опростен е заборавен (тој е мртов не постои,нема власт) Во Апостолските дела глава 2:38 вели: “Покајте се! И секој од вас нека се крсти во името на Исус Христос за на проштавањето на вашите гревови, и ќе го примите дарот на Светиот Дух. Овде спомнатото покаение е вака: Според законот човекот не може да престане да греши и не може да го чува законот. Кога човекот ова ќе го сфати евангелието на Исус тој ќе биде крстен. Крштевањето овде е верување дека Јован Крстителот ги пренесе вашите гревови врз Исус кога тој него го крсти во реката Јордан. Кога човекот ќе поверува во ова тој е крстен во Исус и заедно со Исус е распнат. Откако ова се случи духовно преку вера, Бог му го дава на човекот Светиот Дух и тој човек постанал праведен пред Бога еднаш засекогаш. Знам дека поракава е долга, но се надевам дека ќе ви разјаснит многу работи. Актот на крштевањето не е ништо без правилната вера. Но исто така крштевањето во вода откако човек ќе поверуваше не е приморно. Правилната вера е онаа која спасува. Кога човекот павилно верува тој/таа е крстен од Бога со Светиот Дух. Тоа е тоа крштевање кое доаѓа од правилна вера како што е во поракава опишано. Ак актот на крштевањето го донесуваше Светиот Дух , што ќе речеме тогаш , дека сите бебиња кои се крстени во некои земји (исто и јас) го примија Светиот Дух?! Тоа не може , не е Библиски зошто бебето нити знае да верува нити се знае себе си за да може да оддаде некаква чиста совест кон Бога. Вера во Бога е лична. Секој еден човек ќе даде пред Бога одговор што тој/таа направил со верата. Ако поверувал , награда, ако не поверувал , казна. Така бебињата кои се крстени не им помогнува тоа ништо во нивното идно верување или не. Тоа таквото крштевање е само молзење на пари. |
||||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
So drugi zborovi velish deka koga so aktot na krshtevanjeto vo nas kje se vseli Svetiot Duh togash kje pochneme da mislime kako Boga i taka kje ja razbereme Biblijata ? |
||||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
E sega te izgubiv, bidejkji porano reche oti:
Kako mozhe da najdesh bezgreshen pravednik koga tvrdish deka takov ne postoi ? |
||||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||||||
Marinceska
Група Регистриран: 07.Август.2011 Статус: Офлајн Поени: 89 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Дополнување:
Човекот секогаш може да ја чита Библијата но без Духот Божји во него/неа самиот човек ќе најде многу спротивности кои не може да ги разбере со својот човеков памет или логика. Мислата Божја не е иста како и човечката. Затоа нам ние е потребен Духот Свети за да бидеме спасени и да можеме преку истиот Дух да сведочиме за Христа и да спасиме и други. |
||||||
Marinceska
Група Регистриран: 07.Август.2011 Статус: Офлајн Поени: 89 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Не, самото крштевање не го донесува Христовиот Дух во срцето на верникот.
Кога човекот се познае себе си кој е (т.е. роден како грешник поради гревот на Адам и Ева) тој/таа треба да се сретне со праведник (кој е без грев преку правилна вера) и да го научи од тој човек евангелието за Исус. Откако ќе поверува во сведоштвото на праведникот (а да знаете дека сведоштвата на паведниците се исти, нема разлика зошто сите тие ќе ви сведочат дека се без грев преку вера во Божјата правда која е исполнета од крштевањето на Исус кај реката Јордан од Јован Крстителот и Неговата крв на Крстот), тој/таа во истиот момент ќе го прими Светиот Дух од Бога како дар за неговата/нејзината вера и веднаш доаѓа до разбирање на сето Слово Божјо. Заповедта Господова до апостолите е: И им рече: „Одете по целиот свет и проповедајте го Евангелието на секое создание! 16 Кој ќе поверува и се крсти, ќе биде спасен; а кој не поверува, ќе биде осуден. Марко глава 16. Кој може да се крсти во Исус ако не оној кој верува дека Исус беше крстен од Јован за да ги земе сите гревови на светот! Исус нема да дојде на земјава за да биде крстен кога секој еден ќе поверува или пак да ја пролева крвта кога некој кој не верува погрешил и бара секој ден опростение на гревовите. Бог рече дека СЕ СВРШИ. Искупението и опростението на сите човечки гревови од Адам до крајот на светот беше пред 2000 години исполнето со крштевањето и крвопролевањето на Исус Христос Бог Самиот. |
||||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Odamna na forumov ne sme imale vakvi originalni misli i sogleduvanja... |
||||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Velish deka dodeka chovek ne go ima Duhot Hristov (nastrana shto ne sum siguren dali chovek mozhe da go ima Hristoviot Duh) vo nego ne mozhe da ja razbere Biblijata. A kako kje go dobie Duhot Hristov ako na pochetokot na svoeto srekjavanje so Biblijata ne go ima za da mozhe pravilno da ja protolkuva Biblijata? Dali toa znachi deka chovek se zdobiva so Duhot Hristov pri samoto krshtevanje, pa potoa mozhe da ja chita i tolkuva Biblijata ? Изменето од Messenger - 11.Август.2011 во 20:48 |
||||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||||||
Majkl
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Библијата ја составиле луѓе кои одбрале од купче списи кои ќе влезат во таа компилација кои нема. Тие луѓе живееле неколку века после апостолите и Исус. |
||||||
Marinceska
Група Регистриран: 07.Август.2011 Статус: Офлајн Поени: 89 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Originally posted by Marinceska
На вистина е дека Библијата се содржи од 66 книги. А бројот е важен зашт во книгата откровение се покажува бројот на Сатаната во врска со ова. . Јас не би се врзувал за тоа која книга колку поглавија има. но според ова кое самата го велиш испаѓа дека Библијата е книга на Сатаната Да ти објаснам дека јас не реков дека Библијата е Сатанска книга туку реков дека бројот на книгите од кои е содржана Библија се важни затоа што се во врска со бројот на Сатаната за кој се зборува во книгата Откровение. Во Откровени глава 13:18 велиТука е мудроста. Кој има ум нека го пресмета бројот на Ѕверот, зашто е број на човек. а неговиот број е: шестотини шеесет и шест. Објаснување: Библијата се состои од 66 книги , а човекот е создаден во 6 ден. Споено добивата 666. Незаборавај те дека Сатаната прво беше Ангел. Тој многу добро ја знае Библијата(Словото Божјо) . Тој го знае тоа дури и подобро од некои така наречени Христијани. Но ова значи дека: Оној човек кој не е поново роден од вода и Дух и не го има Духот Христов во него/неа не може да ја разбере Библијата ниту пак може да ја протолкува. Тој/таа ја толкува Библијата според човечка логика и размислување и го злоупотребува Словото за свој телесен корист е Сатански пророк/ученик/следбеник/Ѕвер и бројот му е 666. Ова што јас саква да кажам со тоа. Се надевам дека сега вие е појасно. |
||||||
Marinceska
Група Регистриран: 07.Август.2011 Статус: Офлајн Поени: 89 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Originally posted by Marinceska
А за писателот на Римјаните уверено можам да ви речам дека беше праведник избраник Божји и тешко ќе ви биде на вас ако вие него го правите лажго или нешто друго зошто Библијата е напишана под раководство на Светиот Дух. Тогаш ние имаме сосема сосема различни уверувања. Библијата не е напишана под раководство на Светиот Дух,иако содржи и такви делови кои навистина Бог ги објавил. (ова е вашиот одговор) Додека подолу каде ве прашав од колку книги се состои Библијата велите: За мене не е спорно дека таа се состои од одреден број на книги - стариот 39,(во преводот на МПЦ мислам има некоја плус) новиот 27 вкупно 66. Тоа не е само по себе спорно, туку верувањето дека тие книги во секоја реченица верно ја пренесуваат вистината и дека секоја од тие книги била објавена и/или запишана според Божја волја. Значи овде говорите за две спорни нешта. Ако според вас Библијата (книгите од Библијата) не е напишана под раководство на Светиот Дух, Кој е тогаш извршител/исполнител на Божјата Волја. Но исто да надополнам на претходниот одговор за Исусовата Божественост, во евангелието според Јован глава 1 вели: Во почеток беше Словото, и Словото беше во Бога, и Словото беше Бог. Јован 1:14 вели: И Словото стана тело и се настани меѓу нас и ја видовме Неговата слава, славата што ја има како Единороден од Таткото - полн со благодат и вистина. Овде Словото , Кое е Бог, кое стана тело (манифестацијата Божја во обличие човечко) е Исус Христос. |
||||||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Ако ги споредуваш сами со себе можеби и немаат, но тогаш слободно можеме да заклучиме дека марксизмот е постар од тие објави. Ако пак ги споредуваме сите тие движења, тогаш можеме да заклучиме дека се е противречно. Би сакал да ми ги посочиш противречностите во Новиот Завет секако.
Јас консеквентноста и контунуитетот ги држам за мошне важни. А континуитетот не го признавам само јас, туку и историјата. Зарем нема континуитет меѓу Стариот и Новиот Завет? Зарем учењата на св.Апостоли се спротивни со оние на нивните ученици? Изменето од Македон - 11.Август.2011 во 00:38 |
||||||
Majkl
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
|
||||||
Majkl
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Изменето од Majkl - 11.Август.2011 во 00:14 |
||||||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Majkl, ако Светото Писмо е составено од некои луѓе кои се воделе по своите претстави, тогаш што ли останува да кажеме за вашата света книга? Кога е таа составена? Koга таа е објавена? Те молам, само немој да ми кажеш дека е објавувана консеквентно на сите тие движења за кои веруваш дека се христијански, затоа што за тоа нема никаков доказ. А кога веќе говориме за разликите, подобро да не почнам да набројувам во што се разликуваат и противречат платонистите, оригенистите, богомилите, манихејците, павликјаните и сите слични на нив од кои црпите некакво влијание. Тие сами се побиваат дури и другите да не говорат ништо. А да не говорам дека Новиот Завет, како што и самиот велиш, има континуитет од Стариот Завет, а вашата света книга не... |
||||||
Внеси реплика | страница <1 45678 10> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |