IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - За македонцките работи
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

За македонцките работи

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 456
Автор
Порака Обратен редослед
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Септември.2010 во 20:23
Пат дали имало некој проект како санстефанскиот за Србите???Значи ако имало такво нешто и Македонија била припоена кон србија сигурно ќе била и поинаква песната.
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
Pat Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 1334
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pat Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Септември.2010 во 19:06
Originally posted by mungos80 mungos80 напиша:

Да де дава алтернативи,ама вас и за партнери човек ако ве смета ода шовинизмот проработува во вас па наместо македонци и бугари вие тргнавте да асимилирате и да правите само бугари.
Мисирков убаво напишал ма некој слепец читал


А зошто тој цело време зборува за сепаратизам или присоединување кон Бугарија, а не кон Србија? Тој дава можности и за кон Србија, ама вели, ако се случило тоа и тоа во историјата,арно ама тоа и тоа не се случило, додека за Бугарите вели дека тоа се случило, но дошло време разделно. Зошто е тоа така?
Zero Tolerance For Silence
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Септември.2010 во 18:12
Да де дава алтернативи,ама вас и за партнери човек ако ве смета ода шовинизмот проработува во вас па наместо македонци и бугари вие тргнавте да асимилирате и да правите само бугари.
Мисирков убаво напишал ма некој слепец читал
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Септември.2010 во 19:05
Originally posted by Pat Pat напиша:

Често пак од
                      iеден народ историiцките прилики требаат или корени изменуаiн'е
                      на народните идеали, коренен обрат на идеалите во друг праец,
                      или угрожаваат нему со полно унишчожааiн'е.


Na str.105 mislam Misirkov kazhuva na shto misli za obratot na idealite.

Цитирај Македониiа напраи опит наi напред да се ослободит от Турцко, но за сожал'уаiн'е
излезе опитот неудачен. Можит по ослободуаiн'ето ке се мислеше и за соединуаiн'е
со Бугариiа. Но таiа година ни покажа, оти историiцките. прилики никоi пат не ке
дозвол'ат да се соiединит цела Македониiа со Бугариiа; сега за македонците и
бугарите, остаат iедно од двете: или делеiн'е на Македониiа мег'у Балканцките
држаици и со тоа изгубуаiн'е за бугарите и македонците 2/3 од Македониiа, или
полно пресечуаiн'е врските со бугарите и постауаiн/е на македонцкото прашаiн'е
на совршено неутрална, чисто македонцка осноа. Кога така го постауат
необходноста прашаiн'ето, то iасно iет, оти секоi пат и от секого ке бидит
предпочетено второто.


Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Септември.2010 во 17:35
Како Кемал Ататурк ја создаде модерна Турција???Нешто слично на овој принцип

Изменето од mungos80 - 26.Септември.2010 во 17:36
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
Pat Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 1334
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pat Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Септември.2010 во 14:57
Најнапред, уште на самиот почеток Мисирков го изложува своето видување за поимот (пон'атiето) народ:

Цитирај
Предгоор

Секоi чоек како член на некоiа обшчина или некоiе другарство, имат извесен долг и извесни праа кон и од ниф. Народот не iет нишчо друго, осим едно големо другарство, основано на крвно сродство, на обшч произлез, на обчши интереси. Паметуан'то на тоа родство, тоiа произлез и тиiе интереси, заставуат секоi член од некоi народ, да се одречит од некоiи своiи праа и интереси, за да посветит част од своите сили на обшчата арнотиiа. Тоа iет долгот кон народните интереси, за што членот од народноста добиiат зашчита на своiте лични интереси тамо, каде не сет доста само негоiте сили. Долгот кон народот iет тесно врѕан со долгот кон таткоината, зашто пон'атiето народ iет тесно врѕано со пон'атiето таткоина. Долгот кон народот и таткоината зависит од приликите историiцки, коiи преживуат iеден народ и iедна страна. Тоi се применуат кон приликите. Долгот кон таткоината и народот, до негоото осашчествуаiн'е, се велит народен идеал и кон негоото осашчествуаiн'е требит да се стремит секоi свесен чоек. Народниiот идеал се применуат кон историiцките прилики и тоа , шчо денеска било народен идеал , утре по негоото осашчествуаiн'е ке отстапит место на друг, за коi по напред мало се мислило. Често пак од iеден народ историiцките прилики требаат или корени изменуаiн'е на народните идеали, коренен обрат на идеалите во друг праец, или угрожаваат нему со полно унишчожааiн'е.



Како да се толкуваат редовите кои што се истакнати?
Zero Tolerance For Silence
Кон врв
Pat Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 1334
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pat Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Септември.2010 во 14:07
Оваа мала книга за некои претставува идеологија, за некои симбол на македонштината, за некои збир небулози, но за мене е збиено и многу прецизно пренесување на историско - политичките прилики на тоа време, и е навистина штета секој кој што го интересира историјата на Македонија и регионот да не ја прочита. Според мене книгата е генијална, и еве само еден мал пример за тоа; Мисирков во 1903 точно ја предвидува војната која што ќе се случи дури десет години подоцна, во 1913, помеѓу балканските држави, и тоа прецизно погодувајќи кој против кого ќе војува и зошто. Исто така многу точно ја оценува политиката на големите сили, нивните интереси кај малите балкански народи, и интересите и начинот на дејствување токму на малите народи, па оттука се обидува да извлече заклучок кој е најдобриот пат кој што треба да го изберат Македонците за да го спречат распарчувањето на Македонија,  и во Македонија да почне да се живее нормален и достоинствен, цивилизиран живот.

Како одекнала таа книга во минатото? Ристовски вели дека била уништувана во Софија токму од припадници на ВМОРО, додека пак за македонските кругови во дваесеттите и триесеттите години во Софија таа била почитувана книга. Како големо влијание врз неговото мислење ја спомнува и Венко Марковски.

Во модерно време таа се смета како еден од најзначајните документи за македонската историја, меѓутоа преголема тежест се дава на делот каде што Мисирков зборува за формирање на македонски литературен јазик, а се занемарува делот каде што тој изнесува некои доста длабоки размисли и за балканската политика, но и за балканската историја. Ниче кажал дека ако човек сака најдобро да ги согледа своите проблеми, најдобро ќе го направи ако си замисли дека тие не се негови. Така сторил и Мисирков, се издигнал над чувствата и размислувал со студена глава, барем мене така ми се чини. Дали Мисирков бил повлијаен од српската пропаганда? Несомнено, тој тоа и самиот го кажува. Но тој има едно многу интересно мислење за ефектите кои што ги постигнала српската пропаганда. Но за сето тоа во соодветниот дел....


Замислата со оваа тема ми е детално да ја препрочитаме и анализираме, во рамките на нашите можности, книгата За македонцките работи дел по дел. Темата ќе биде само за македонцките работи и затоа би замолил да не се повторуваат работи од останатите теми. Да внимаваме таа да не се уништува со глупости. Исто така, со Македон се договоривме дека во темава нема да има потреба да се прават скриншотови, туку ќе може да се копира директно од книгата, со таков правопис каков што употребил Мисирков. Јас како извор ја употребувам книгата од следниот линк:

http://damj.manu.edu.mk/pdf/0005%20Za%20makedonckite%20raboti.pdf

Доколку некој смета дека има нешто да додаде како вовед, нека повели....




Изменето од Pat - 26.Септември.2010 во 14:13
Zero Tolerance For Silence
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 456
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,156 секунди.