IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Политика и вести
  Активни теми Активни теми RSS - Нов закон за пресадување органи
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Нов закон за пресадување органи

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 456
Автор
Порака Обратен редослед
BellaGrandma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Game over

Регистриран: 10.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 20029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BellaGrandma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јули.2010 во 00:56
     
Нов закон, старо решение за донирање органи

Органи за пресадување ќе може да се земат од пациент кој е во клиничка смрт доколку лицето во текот на својот живот не оставил белешка кај матичниот лекар дека по неговата смрт не сака да ги донира сопствените органи и ако никој од неговото семејство не се противи на донаторскиот чин. Ова е старото законско решение за донирање органи од починато лице, а кое се предлага и во новиот закон во работна верзија, што го изготви Националната фондација за трансплантација на органи и кој ќе му биде понуден на Министерството за здравство идната недела.

А, за заживување на трансплантацијата на органи од починато лице, или кадавер трансплантација, за што се бараа и нови законски решенија, фондацијата предлага кампања за подигање на јавната свеста. Граѓаните, пак, ќе треба да имаат картичка дека се за таквата иницијатива, а картичката, најверојатно, ќе можат да ја подигнат кај матичните лекари со што тие стануваат потенцијални донатори. Овој модел се спроведува и во Хрватска каде што дава добри резултати за зголемување на бројот на потенцијални донатори на органи.

„Го задржавме старото решение кое се спроведува во 90 отсто од законите во Европа и во светот. Но, новиот закон се разликува од стариот по тоа што не е општ и целата постапка за трансплантација ќе биде институционализирана. Покрај клинички координатори, ново е и тоа што за првпат ќе има национален координатор кој ќе ја преземе целата организациона структура и контрола на трансплантацијата. Тој ќе знае кое лице се противи да донира органи, прв ќе дознава дека има лица од кое може да се земат органи, како и да ја контролира етичко-правната комисија која ја носи главната одлука, се' со цел да нема притисоци кога се одлучува меѓу двајца пациенти на кого да му се даде предност во донирање на органите“, објасни д-р Владимир Чадиковски, претседател на Националната фондација за трансплантација. Според Чадиковски, направени се многу работи, како концепциски, така и функционални, и затоа комплетно се менува законот кој е во согласност со сите европски конвенции и стандарди за трансплантација на органи и од жив донор и од кадавер.

Со новиот закон ќе има и регистар за донори, со што ќе се реши и проблемот за трансплантација на коскена срцевина.

Оваа работна верзија на законот ќе му биде дадена на разгледување и на евентуална корекција во Министерството за здравство, по што треба да влезе во процедура за донесување. Доколку биде се' во ред, до крајот на годинава треба да биде донесен новиот закон. До есен, д-р Чадиковски очекува да се опреми и Одделот за интензивна нега на Клиниката за детска хирургија, по што од почетокот на идната година се подготвени да почнат со првата трансплантација на црн дроб кај децата.

Засега кај нас се работи само трансплантација на бубрези и тоа од жив донор, како и трансплантација на коскена срцевина и тоа, пред се', кај возрасни.
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јули.2010 во 00:42
Vlad Tepesh да дадеш поконкретни објаснувања за темава, некој линк, текст од закон или предлог закон, било што?
Кон врв
BellaGrandma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Game over

Регистриран: 10.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 20029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BellaGrandma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јули.2010 во 00:36
Ај некој да даде линк од тој предлог...закон
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
Кон врв
gonzo Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Мачкозил

Регистриран: 04.Декември.2008
Локација: У дневну
Статус: Офлајн
Поени: 3137
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај gonzo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јули.2010 во 00:29
Sto tocno vika zakonot....daj nekoj izvor....збунетост
You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.
Кон врв
Vlad Tepesh Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Април.2008
Локација: Romania
Статус: Офлајн
Поени: 540
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Vlad Tepesh Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јули.2010 во 00:10
<< ovaa e neviden kriminal so ljudski organi i prilika za zbogatuvanje na poedinci ,nema nigde u svet>>

Pazite bez vashe odobruvanje mozhat da vi zemat organi ako konstatira doktorot klnichka smrt i da gi doniraat nekomu!!!

HAHAHA ... abe za 300 000 eura nema doktor koj ce ostane ramnoushen... zhivi ludje ce proglasuvaat mrtvi samo za kesh!!!    

ovaa e nevideno!!!

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 456
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,125 секунди.