|
ВИСТИНСКИОТ Пастир и броевите |
Внеси реплика | страница <1 456 |
Автор | |
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Пред два дена в понеделникот 22.2. (Библиски вториот ден на неделата), мојата жена ми се јави и нарача да купам половина леб и 2 лепчиња за сендвич.
На утринска пауза (9 часот) на втората страна во дневниот весник - со име 20 минути - читам дека Симон Амманн на олимпијадата во венкувер ја освоил и втората златна медалја (исто како и пред 8 години). 2 Олимпијади по 2 златни ... навистина нее лоша работа! Бидејќи јас работам двократно а дента имав време за подолга пауза на пладне, се решив на пладне да купам леб. Кога како по обичај влегов во продавницата - кадешто сите каси се сензорски - приметив дека (таканаречените) “пастирските“ лебчиња за сендвич се намалени на 59 стотинки. Во корпата во која сигурно има место за повеќе десетици лепчиња, имаше останато само 4 лепчиња. Две (во групација) беа на левата страна (од моја перспектива гледано) а две исто така многу блиску едно до друго беа до аголот (ќошот). Ги зедов оние две што беа поблиску до аголот и си појдов да платам. Касиерката лебот го повлече над сензорот а тој “пипсна“ со својот меѓувреме добро препознатлив тон. Но, пастирските лепчиња мораше да ги “впише“ рачно. Тоа ме израдува и јас ја прашав касиерката дали би било можно кога јас би сакал сите продукти кои јас ги купувам таму да - како во добрите стари времиња - бидат рачно “искуцани“(?). - Не! ... беше нејзиниот одговор. Пола кило леб 1.09 + 2 пастирски лебчиња по 0.59 = 2.27 (касата автоматски ги заокружи на 2.25) Пријатен ручек! Така јас си размислувам и си велам: пред цели 2 недели и цели 2 дена, баш на местото кадешто 2 пати имав сообраќајка, кадешто во втората сообраќајка 2 (невнимателни) возачи те лупнаа одзади, јас првпат запознав пастир кој изгледаше навистина среќен и покрај фактот дека тој баш најладните и најтемните месеци во годината ги проведува потполно надвор (само спие во шатор). Тој пастир на 15ти март се “раздужува“ со овците и враќа дома (мојот син Давид е роден баш на 15 март ) После ручекот одам на работа да помагам во друго одделение, бидејќи кај нас дента немаше работа. Почнувам да полнам на првата машина ... се расипува нешто и морам да одам на втората. Таму работата си тече убаво, така да јас си имам време да се чудам и да Го Фалам БОГА. Додека така си работам и полнам “слатки“ погледнувам дали во околината има некои бројки. Машината ... ништо посебно, моторот ... ништо посебно, тогаш велам дај да погледам баш на амбалажата од продуктот кој што го држам во раце ... што ќе видам Вторникот (вториот ден после неделниот ден на кој што воскресна Исус) иста песма. Телефон ... лебчиња. Одам да земам “пастирски“ ... само 2 останати Пола кило леб 1.09 + 2 пастирски лебчиња по 0.59 = 2.27 (касата автоматски ги заокружи на 2.25) Пријатен ручек! ... Изменето од spiros - 24.Февруари.2010 во 23:56 |
|
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
|
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Дали ВИСТИНСКИОТ Пастир ги знае своите овци по број? Или можеби мисли некој одвас, дека незнае да брои Тој? Јас сум уверен дека Тој ги знае дури и длабоките значења на сите бројки, кои без Него никогаш точно не ќе можат да ги научат силните (самоуверените) дечки и девојки! Никогаш досега - во човековата историја - небиле толку многу бројки употребувани како во нашиве денови. Дали би сте можеле да го замислите и организирате вашиот секојдневен живот без бројки, симболи и нивното значење? Дали има можеби и некоја друга - сокриена - симболика која никој друг освен БОГ не ја познава? Ме интересира вашето мислење спирос |
|
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
|
Внеси реплика | страница <1 456 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |