IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Спорт и Вера
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Спорт и Вера

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 45678 12>
Автор
Порака Обратен редослед
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јуни.2013 во 13:33



Originally posted by KINGDAVID KINGDAVID напиша:

Личната вера во БОГ секако дека има влијание во спортот, исто како и во сите други работи во животот. Овде пред се мислам дека БОГ ги услишува молитвите на верниците да ги чува од повреди, или да им даде концентрација и слично.   



Така е брате КингДавиде!   


Originally posted by KINGDAVID KINGDAVID напиша:

И во библиски времиња имало спортски игри, апостол Павле ги спомнува атлетските трки , спомнува дека вежбањето на телото е корисно, но најкорисно е да ја трчаме "трката на животот."

Никаде не можеме да најдеме пример во Светото Писмо дека БОГ му помогнал на некој натпреварувач да победи .



Да, исто така во Светото Писмо никаде не гледаме дека чедата БОЖЈИ комуницираат преку интернет (кој што всушност е само една бледа сенка од Духовната комуникација), што незначи дека денес тоа нее така.   




Originally posted by KINGDAVID KINGDAVID напиша:

Но, смешно е и да се помисли дека БОГ се меша во самата игра и го определува победникот.

Сепак, спортот е само игра, забава и рекреација .   



Ниеден сегмент од нашиот живот - а тука припаѓа и рекреацијата, и забавата, и спортот, ... - не е сокриен од лицето БОЖЈЕ (Христос), нити пак може да се надбљудува како потполно одделен од Неговото (директно или индиректно) влијание!

Јас БОГА не го ограничувам. Ако Тој сака некому да му ја додели победата, Тој засигурно тоа може да го направи како што Тој сака, (на пример) праќајќи ветер во еден даден момент, праќајќи еден Ангел или дури директно преку Неговиот Дух!

(Незнам дали си знаел дека во Исусовиот мајчин јазик, зборот Руах истовремено значи ветер, ангел и Дух!? )

Сега ама треба да се сфати дека некогаш и загубата во животот, спортот, рекреацијата, ... има големо влијание и значение во однос на најважната победа!

Да, оние кои што веруваат на Евангелието за Милоста БОЖЈА, некогаш нивната загуба ги води во најголемата победа,   
додека неверниците на Евангелието за Милоста БОЖЈА, нивната победа ги води (подлабоко) во најголемата загуба!    


Поздрав и најдобри желби, до сите


п.с. Како што (од погоре) веќе ние познато, Панчев и Пандев се најуспешните македонски фудбалски интернационалци, кои (и двајцата) го имаат освоено “шампионслиг“, исто како што и двајцата имаат играно за Интер Милано.

Дали знае некој како (во Милано, во својата 33 година) кон верата Христова беше обрнат Св. Августин, што значи зборот интердепенденција и што значи зборот Пантократор!?    







Подолу на сликата: австрискиот регионален фудбалски клуб “Пашинг“, кој што годинава ги смачка сите конкуренти, а во финалето го победи и австрискиот шампион - Аустриа Виена!
Ако ова не беше (фудбалскиот) Давид против Голијат, тогаш незнам што?

    

    


Изменето од spiros - 09.Јуни.2013 во 13:41
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
Zlatnik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 23.Август.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 2605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zlatnik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јуни.2013 во 12:33
Originally posted by KINGDAVID KINGDAVID напиша:

 
П.С. Поздрав до брат Спирос, Месинџер , Златник, Ли Дивио, Орка, Викторија, Клара големо гушкање

Екипа, а!намигнување
   +      =   

големо гушкање
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
Кон врв
Zlatnik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 23.Август.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 2605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zlatnik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јуни.2013 во 12:27
Конечно еден одговор во кој не се наведува некој цитат од библијата:
Originally posted by spiros spiros напиша:

... Еден вистински Христијанин засигурно не го велича својот БОГ со тоа што пролива туѓа крв и му нанесува бол на својот ближен, во животот но и во спортови како што е на пример боксот!

Да не сака да нанесува болка или пролива крв, тој нема да се бави со бокс! Ама сепак, во исто време се декларира и како верник - христијанин. И другите мора да ја почитуваат таа негова определба.
Е сега, дали е вистински?!
Значи ти, освен што ги делиш луѓето на кривоверници и правоверници во однос на другите вероисповеди, сега вршиш поделба на луѓето на вистински и невистински верници во рамките на една религија! Нели е тоа  малку ... како да речам, а да не те навредам, егоистички пристап, малку нарцисоидно? Значи се што не се совпаѓа со твоето гледање на работите, за тебе е лажно, кривоверно ... само тоа твоето е она вистинското! Ако одиме по таа твоја логика на размислување (дека некои верници не се вистински христијани по однос на изборот на спортот), тогаш што да речеме за другите области од човековото живеење?
Што ако некои не се вистински верници по однос на воспитувањето на децата! Или ако некои не се вистински верници по однос на (зошто да не спомнеме) сексуалниот живот! Имањето повеќе девојки или момчиња пред брак или секс пред брак или во брак ... Еве, да речеме за последново. По сфаќањето на некои христијани, тие иако се во брак, освен за создавање деца, не треба да имаат секс со сопствената сопруга. И секој кој тоа го прави, за нив е богонеугодно т.е. тој кој тоа го практикува не е вистински христијанин.
И?
Колкумина од христијаните ќе останат вистински, ако почнеме да ги „стандардизираме“ луѓето по разни критериуми?

Originally posted by spiros spiros напиша:

... конкретно за случајот во “спортот“ на телеграфијата (која што е само бледа сенка од Духовната комуникација), во кого што ти си победил еден христијанин (кој јавно се молел пред да почнете со надпреварот), јас како прво незнам дали тој христијанин е вистински Христијанин, или дали се молел само од сујетни побуди за исто таква победа. ...

Што има врска телеграфијата и „Духовната комуникација“? Јас телеграфијата ја спомнав само во контекст како еден вид спорт, односно како поле за измерување на способностите на луѓето, а не како некаква мистична, духовна поврзаност! Мојата победа (сега зборувам конкретно само за мене) ја постигнав со неколкугодишно секојдневно вежбање, по 13-14 саати на ден. Затоа не ми беше потребна поддршка од никој друг, па ни од бог.
Истото е и со другите спортисти. Ако имаат талент, ако упорно вежбаат, ако се целосно внесени во соодветниот спорт (или било што друго) мора да постигнат успех и, тој успех нема да биде заслуга на божјата помош, туку исклучиво нивна.
Ајде, ти како вистински верник, кој без никаква суетност со сигурност ќе ја посветиш победата на твојот вистински бог, играј шах со Карпов! Што мислиш, бог ќе ти помогне?
Но, еве
и овој, телеграфистов, не бил вистински!
Ама сега оправдувањето ќе го бараме во суетноста. Значи ако победи, тогаш е вистинки верник, демек сакал сопствената победа да ја прикаже како победа на бог, а ако изгуби, тогаш не е вистински верник оти бил суетен ...! Но ако подобро размислиш ќе сфатиш дека тој со самото тоа што јавно се крсти и моли, јасно дава до знаење на другите дека бара помош од бог и јасен е заклучокот дека заслугата за победа ќе биде негова (на бог).
Originally posted by spiros spiros напиша:

...Што се работи пак за лажниот “бог“ кого ти го спомена ...
Да, навистина тој е лажниот “бог“ кој што го негира Евангелието на Милоста БОЖЈА чиста - за спасение на сите - отелотворена во Исуса Христа, а толерира или дури велича крвопролитие, насилство, неправда, лага, ... !

А што, твојот бог не го прави тоа?
Па целата библија е проткаена со такви настани. Ама разликата е во тоа што бог тие работи ги оправдува само за сопствениот (еврејскиот) народ.
Originally posted by spiros spiros напиша:

Originally posted by Zlatnik Zlatnik напиша:

И, Спиросе, јас незнам, не се сеќаам за ваков пример, затоа те молам, дај помогни ми да се сетам, каде си видел пример каде некој спортист му благодари на бог за загубата?

Не златник, никогаш не ќе можеш нити да видиш, се’ додека не се разбудиш и почнеш (со телесните очи, кои што ти се дарени) да гледаш.
  

Аха, значи едни се кривоверни, други не се вистински, а еве во случајов јас сум „заспаната убавица“, а?намигнување

Originally posted by spiros spiros напиша:

... Кога Совршениот БОГ Го жртвуваше отелотворувањето на својата (повеќе од се’ сакана) уникатна и првородена Мудрост, ...

Токму за тоа претходно зборував, дека бог не го жртвувал својот син. Жртвување е кога некој ќе даде нешто неповратно. Луѓето практикуваат палење свеќи (кое го симболизира жртвувањето на животно т.н. жртва паленица, за угоден мирис на бог). Дали тие го палат животното и потоа пак го враќаат во живот? Некои верници (незнаејќи, а мислејќи дека прават богоугодна работа) оставаат масло (зејтин) во црквите, некои оставаат пари, некои други работи ... Дали треба после тоа пак да си ги земат назад?
Исус ќе бил вистинска жртва ако не го оживеал татко му. А овака ... прво го утепал, па по 3 дена пак го оживеал ... Која е тогаш целта на жртвата?
Originally posted by spiros spiros напиша:

...Затоа те молам, најважното - чијашто вредност за жал не си (во моментов) во состојба да Ја сфатиш, а уште помалку да Ја процениш - да престанеш да (се обидуваш да) Го валкаш, бидејќи така на своето небесно конто си собираш болки и маки за коишто не си свестен, а еден ден ќе се чудиш што те снашло!...

Јас никого не валкам, бидејќи
нема кого да го валкам. Само изнесувам факти. А ако ти или некој друг верник нема да даде соодветно објаснување за тие факти, тогаш тоа не значи валкање.
И, како ќе реагираш ти ако некој од друга вероисповед ти рече да престанеш да ги валкаш нивните богови, нивните убедувања, нивните верувања и погледи на свет? Ти ќе го прифатиш тоа или и понатаму ќе продолжиш да си го величаш сопствениот бог ама за сметка на другите?
Originally posted by spiros spiros напиша:

...п.с. Долговите коишто ги прават родителите, по правило паѓаат и на нивните наследници!

Ова ли е сликата на твојот бог? Ова ли е твојот милозлив, непогрешлив, семоќен, праведен ... бог? Да ги убива децата на грешниците! Нека го казнува прекршителот, а не неговите наследници. Ќе речеш, тоа е најголема казна на грешникот. Но, тоа е гледано од човечки аспект. А штом бог е нешто посовршено нека изнајде соодветен начин на казнување на прекршителот. Зарем ти не рече дека децата се нешто најчисто и му се мили на бог? Зошто тие да страдаат за гревовите на родителите. И како ова јас да го прифатам и плус да им го објаснам на моите деца за и тие да станат верници?
Ова твоево е само еден начин од вашата стратегија на застрашување на народецов, да прави како што му се вели и да си ќути, отиии ... отидоа децата ...!
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јуни.2013 во 01:51
Originally posted by KINGDAVID KINGDAVID напиша:

 
Но, смешно е и да се помисли дека БОГ се меша во самата игра и го определува победникот.голема насмевка 

Никаде не можеме да најдеме пример во Светото Писмо дека БОГ му помогнал на некој натпреварувач да победи среќа.

П.С. Поздрав до брат Спирос, Месинџер , Златник, Ли Дивио, Орка, Викторија, Клара големо гушкање

Не е само смешно, туку е крајно потценувачки кон Бога. 

Замисли... Совршениот Бог ќе проценува кој спортист најмногу и најубаво му се моли и според тоа ќе застане на негова страна и ќе му помогне да го победи другиот ! Аман ! 



П.С. Позрав и до тебе стар пријателу !





Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
KINGDAVID Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Solomon's father

Регистриран: 09.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9420
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај KINGDAVID Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јуни.2013 во 00:28
 
Личната вера во БОГ секако дека има влијание во спортот, исто како и во сите други работи во животот. Овде пред се мислам дека БОГ ги услишува молитвите на верниците да ги чува од повреди, или да им даде концентрација и слично. 


Но, смешно е и да се помисли дека БОГ се меша во самата игра и го определува победникот.голема насмевка 

Сепак, спортот е само игра, забава и рекреација . 

И во библиски времиња имало спортски игри, апостол Павле ги спомнува атлетските трки , спомнува дека  вежбањето на телото е корисно, но најкорисно е да ја трчаме "трката на животот." 

Никаде не можеме да најдеме пример во Светото Писмо дека БОГ му помогнал на некој натпреварувач да победи среќа.

П.С. Поздрав до брат Спирос, Месинџер , Златник, Ли Дивио, Орка, Викторија, Клара големо гушкање
   SOLI DEO GLORIA
Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јуни.2013 во 00:12


Originally posted by Zlatnik Zlatnik напиша:

Што правиме во случај кога христијанин губи од играч кој верува во друг (нормално, лажен) бог? (Пример Касиус Клеј)
Или кога некој христијанин губи од атеист? (Пример Златник)



Еден вистински Христијанин засигурно не го велича својот БОГ со тоа што пролива туѓа крв и му нанесува бол на својот ближен, во животот но и во спортови како што е на пример боксот!

Што се работи за спортот воопшто, или конкретно за случајот во “спортот“ на телеграфијата (која што е само бледа сенка од Духовната комуникација), во кого што ти си победил еден христијанин (кој јавно се молел пред да почнете со надпреварот), јас како прво незнам дали тој христијанин е вистински Христијанин, или дали се молел само од сујетни побуди за исто таква победа.
Доколку тој се молел од сујетни побуди за сујетна победа, јас се радувам за него (и сличните на него) што го изгубил надпреварот и се надевам дека ќе ја сфати и научи лекцијата која што ќе го внесе во вистинската (и неизмерливо поважна и поголема) победа!

Во секој случај, вистинските Христијани никогаш не се молат за сујетна победа, туку пред се’ за слава на БОГА (Отецот), за Царството Негово и за Волјата Негова чиста, Која потполно оддадено Ја прифаќаат како сопствен Господ во Исуса Христа!    


Што се работи пак за лажниот “бог“ кого ти го спомена ...
Да, навистина тој е лажниот “бог“ кој што го негира Евангелието на Милоста БОЖЈА чиста - за спасение на сите - отелотворена во Исуса Христа, а толерира или дури велича крвопролитие, насилство, неправда, лага, ... !





Originally posted by Zlatnik Zlatnik напиша:

И, Спиросе, јас незнам, не се сеќаам за ваков пример, затоа те молам, дај помогни ми да се сетам, каде си видел пример каде некој спортист му благодари на бог за загубата?



Не златник, никогаш не ќе можеш нити да видиш, се’ додека не се разбудиш и почнеш (со телесните очи, кои што ти се дарени) да гледаш.
   


Originally posted by Zlatnik Zlatnik напиша:

Р.Ѕ. = малку of topic.

Не ми е јасно. Христос со својата смрт се даде себе си за гревовите на луѓето?
Дали тој сам сакаше да се даде или е тоа желба на неговиот татко? Колку јас знам него бог го даде. А овој му се молеше да не го прави тоа. (На крајот, виде-невиде, се помири со судбината и му рекол „нека биде вољата твоја“.
И, ај што го даде - го даде (демек со смрт смрта ја победил). Ама колку траеше тоа „давање“? 3 дена. И пак оживеа. Демек, тоа било така, на лажга. Сега ќе те утепам, ама не бери гајле, потоа пак ќе те оживам. И која е целта на таа пародија? Кој кого го мота? Кој кого го мајтапи? Бог сам си прави грешници, сам си испраќа жртви кои ќе ги откупат тие гревови и ги оживува ...
Ај, доста е, ептен да не забегам во други теми!



Златник, *Светата Мудрост (Милост) БОЖЈА чиста - за спасение на сите - отелотворена во Исуса Христа, покрај *Светиот БОГ и Неговиот *Светол Дух, е нешто најважно воопшто!

Кога Совршениот БОГ Го жртвуваше отелотворувањето на својата (повеќе од се’ сакана) уникатна и првородена Мудрост, Тој - пред се’ - се жртвуваше себеси, од Љубов кон нас сите!

Затоа те молам, најважното - чијашто вредност за жал не си (во моментов) во состојба да Ја сфатиш, а уште помалку да Ја процениш - да престанеш да (се обидуваш да) Го валкаш, бидејќи така на своето небесно конто си собираш болки и маки за коишто не си свестен, а еден ден ќе се чудиш што те снашло!

Но, за да не се чудиш, еве ти посведочувам и кажувам однапред да знаеш, а во најдобриот случај да сфатиш и да се обрнеш, одкако искрено ќе се покаеш.

Биди поздравен и благословен, како ти, така и твоите најблиски, со најголемиот можен благослов.   

Амин


п.с. Долговите коишто ги прават родителите, по правило паѓаат и на нивните наследници!
Затоа е од неискажива важност да Го прифатиме Небесниот Отец во Кого нема грев нити лошо наследство, а да го одфрлиме Неговиот непријател, кој што е извор на гревот, лагата, убиството, ... и е духовен отец на сите коишто Го одфрлаат Евангелието на Милоста БОЖЈА!






Изменето од spiros - 09.Јуни.2013 во 00:24
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јуни.2013 во 13:24
Originally posted by viktorija123 viktorija123 напиша:


Ne bira strana “Bog”, toa go pravi chovekot


Амин!
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
LiDivio Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор


Регистриран: 19.Мај.2010
Статус: Офлајн
Поени: 7265
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај LiDivio Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јуни.2013 во 08:54
http://www.youtube.com/watch?v=f_ljq7oAiOA

Бидејќи нема тема „Менаџмент и вера“ ќе го поставам линкот тука. Се надевам нема да замерите.
Кон врв
Zlatnik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 23.Август.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 2605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zlatnik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јуни.2013 во 08:42
Ма и јас во повеќе наврати претходно го прашав за ова, не само при овој случај кога двајца христијани се крстат и го молат бога да победат:
Originally posted by spiros spiros напиша:

Originally posted by KINGDAVID KINGDAVID напиша:

Мене ми е многу интересно кога двајца спортисти кои се натпреваруваат еден против друг се прекрстуваат .
Интересно е и кога еден од нив на крајот ќе излезе како победник. Дали БОГ му ја даде победата на оној кој имал појака вера ...или?
На чија страна е БОГ ?

Совршениот БОГ е на сечија страна,    
но (за жал) не е и секоја страна на страната на Совршениот БОГ!

Е сега, колку разбра од одговоров ... тоа е друга работа.
Што правиме во случај кога христијанин губи од играч кој верува во друг (нормално, лажен) бог? (Пример Касиус Клеј)
Или кога некој христијанин губи од атеист? (Пример Златник)

Да, знам, знам ... сега следи : „божјата мудрост ретко кој ја знае...“ Славата негова ...“ „Христос ...“ „Евангелието ... “чисти срца ...“  ... познат репертоар.

И, Спиросе, јас незнам, не се сеќаам за ваков пример, затоа те молам, дај помогни ми да се сетам, каде си видел пример каде некој спортист му благодари на бог за загубата?

Originally posted by spiros spiros напиша:

... мене во спортот најпојќе ми го чепка срцево и ми ја полни душава кога ќе видам како (одредени) чеда БОЖЈИ Му благодарат на Небесниот ОТЕЦ не само при победа, туку и при загуба!


Р.Ѕ. = малку  of topic.
Originally posted by spiros spiros напиша:

... Секој кој што барем малку е запознаен со Евангелието БОЖЈЕ, тој знае дека Мудроста БОЖЈА чиста (Христос) се даде себеси за сите, ...

Не ми е  јасно. Христос со својата смрт се даде себе си за гревовите на луѓето?
Дали тој сам сакаше да се даде или е тоа желба на неговиот татко? Колку јас знам него бог го даде. А овој му се молеше да не го прави тоа. (На крајот, виде-невиде, се помири со судбината и му рекол „нека биде вољата твоја“.
И, ај што го даде - го даде
(демек со смрт смрта ја победил). Ама колку траеше тоа „давање“? 3 дена. И пак оживеа. Демек, тоа било така, на лажга. Сега ќе те утепам, ама не бери гајле, потоа пак ќе те оживам. И која е целта на таа пародија? Кој кого го мота? Кој кого го мајтапи? Бог сам си прави грешници, сам си испраќа жртви кои ќе ги откупат тие гревови и ги оживува ...
Ај, доста е, ептен да не забегам во други теми!
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јуни.2013 во 18:12
Originally posted by KINGDAVID KINGDAVID напиша:

Мене ми е многу интересно кога двајца спортисти кои се натпреваруваат еден против друг се прекрстуваат .

Интересно е и кога еден од нив на крајот ќе излезе како победник. Дали БОГ му ја даде победата на оној кој имал појака вера ...или?

На чија страна е БОГ ?





Совршениот БОГ е на сечија страна,    
но (за жал) не е и секоја страна на страната на Совршениот БОГ!



Брате КингДавиде, мене во спортот најпојќе ми го чепка срцево и ми ја полни душава кога ќе видам како (одредени) чеда БОЖЈИ Му благодарат на Небесниот ОТЕЦ не само при победа, туку и при загуба!

Ние сите би требале да знаеме - она што вистинските чеда БОЖЈИ добро знаат - дека мерилото на Небесниот ОТЕЦ е многу подлабоко, поголемо,
попрецизно и поправилно од мерилата на (моќниците и судиите од) овој свет!

Секој кој што барем малку е запознаен со Евангелието БОЖЈЕ, тој знае дека Мудроста БОЖЈА чиста (Христос) се даде себеси за сите,
но најпојќе за оние коишто (поради известни БОГУ и на вистинските чеда БОЖЈИ добро познати причини) се губитници во овој свет!

Затоа Него Го обожавам повеќе од секого и од се’!


   

И мнозина први ќе бидат последни, а последните први!

Mat. 19:30






Изменето од spiros - 07.Јуни.2013 во 18:24
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
viktorija123 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Nishto Posebno, tuku EDNO

Регистриран: 04.Февруари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 7300
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај viktorija123 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јуни.2013 во 13:16

“Bog” ne e na nitu edna strana, tuku tochno na sredina намигнување

Pobeduva onoj koj ima najaka verba(no ne "slepa") vo pobeda - taa e najmokjna, bez razlika dali nekoj se krsti ili moli… pa taka nekoj pobeduvajki  mozhe  da vi ja  skrshi i vilicata намигнување

Ne bira strana “Bog”, toa go pravi chovekot - (neli mu beshe zagarantirano pravoto na izbor) pa zatoa i ne pobeduva sekogash “podobriot”.

No, nekako mi se chini deka zaboravame na neshto bitno - i drugite imaat verba i molitva.....плазење

Zatoa i svetot e takov kakov e! - sose sportot - igra (ponekogash gubish, ponekogash pobeduvash)- a ete, so ista molitva se molish... голема насмевка

E sega, naduvano ili ne - takov e mojot "vidik" намигнување

Ubavo nekoj rekol - bidi ''chovek'', pa potoa shto sakash... 

Ili so moi zborovi голема насмевка - bidi ljubov(shto i si) - pa potoa shto sakash среќа

 

 


 



Изменето од viktorija123 - 07.Јуни.2013 во 13:20
There is no doer..... But if you have one, let him do self-inquiry.
Кон врв
Klara-D Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Март.2011
Статус: Офлајн
Поени: 2671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Klara-D Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јуни.2013 во 08:57

 na onaa , koja  sto pokazala  podolema vestina , podobra igra намигнување

Кон врв
KINGDAVID Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Solomon's father

Регистриран: 09.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9420
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај KINGDAVID Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јуни.2013 во 21:42
Мене ми е многу интересно кога двајца спортисти кои се натпреваруваат еден против друг се прекрстуваат .

Интересно е и кога еден од нив на крајот ќе излезе како победник. Дали БОГ му ја даде победата на оној кој имал појака вера ...или? 

 На чија страна е БОГ ? среќа


   SOLI DEO GLORIA
Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јуни.2013 во 01:36


Originally posted by Messenger Messenger напиша:


Само го потврди оноа што сакаме да ти го предочиме. тагаИ уште нешто, на темава не дискутираме за "мирољубиви спортови", не дискутираме за "учењето и праксата Христова", за "вистинскиот Христос" и т.н.  туку за твоето тврдење дека прекрстувањето игра некаква клучна улога во спортот.




Во радост Го чекам Денот кога и умните и мудрите од овој свет, еднаш за секогаш ќе сфатат дека Милоста БОЖЈА е најголемата стварност,
тогаш со детско срце ќе Го прифатат Вечното Евангелие (Христос) и безрезервно ќе Му се поклонат во благодарност!








Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 45678 12>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,141 секунди.