IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Образование > Наука
  Активни теми Активни теми RSS - Научни вести
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Научни вести

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 45678 14>
Автор
Порака Обратен редослед
Sunny Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Fantasy girl

Регистриран: 01.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 19874
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Sunny Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јули.2010 во 20:07
Телескопот на НАСА пронајде 25.000 нови астероиди

Новиот телескоп на НАСА, WISE за само шест месеци пронајде повеќе од 25.000 нови астероиди, т.е. вкупно 95 астероиди кои се од Земјата оддалечени близу 50 милиони километри.

Леталото на НАСА, кое користи 40 инчен телескоп и инфрацрвени детектори, неодамна ја заврши својата мисија за приказ на целокупното небо. Со негова помош се направени повеќе од милион фотографии на астероиди и далечни галаксии.

Инфрацрвениот телескоп е добар за откривање на комети кои кружат далеку околу Земјата и до сега се пронајдени десетици такви.

На фотографиите кои го направи WISE е прикажана и Плејада на ѕвезди, позната како „Седум сестри“, а инаку тој ѕвезден куп јасно може да се види и со голо око на ноќното небо во соѕвездието Бик. На фотографијата е прикажан и облак прашина низ кој „Седум сестри“ и останатите ѕвезди поминуваат во кластерот, а инфрацрвеното светло ги открива малите и ладни ѕвезди во семејството.

Првите податоци кои ги собрал телескопот WISE прекриваат 80 отсто од површината на небото, ќе бидат објавени во мај идната година, откриваат од НАСА.

Се очекува до завршувањето на деветмесечната мисија, WISE да открие скриени астероиди, ѕвезди и галаксии и со помош на астрономите да се направи карта кој ќе одреди кое е најинтересно подрачје за истражување.



Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    
Кон врв
Sunny Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Fantasy girl

Регистриран: 01.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 19874
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Sunny Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јули.2010 во 20:34
Астероидите ја откриваат тајната на Сончевиот систем

Росета, европски роботски вселенски истражувачки брод кој Европската вселенска агенција (Еса) го лансираше уште во 2004 година за да снима астероиди во нашата најблиска вселена, овие денови го сними првиот и воедно најголем астероид во овој дел од вселената - Лутетија, 134 километри долго вселенско тело со облик на компир, на кое бродот се приближил на 3160 километри, со брзина од 15 километри во секунда.


Снимките кои се испратени на Земјата се со исклучително добар квалитет, а научниците велат дека ќе бидат потребни неколку недели пред да стигнат 400 фотографии и податоците од Росета на масата на Еса. Иако Лутетиа е откриена уште пред 150 години, долго време беше само светла точка на небото за тие кои ја набљудувале. Вака јасно може да се види само со помош на новата технологија.

Треба да потсетиме дека Росета е лансирана пред шест години, а се очекува на своето одредиште до кометата 67П/ Чуримов-Герасименко да стигне во 2014 година. Иако очекувањето е долго, научниците веруваат дека тоа ќе се исплати. Името го добила по хеленистичката ѕвезда од Росета, тројазична плоча која овозможува да се дешифрираат египетските хиероглифи. И сондата Филае името го добива според една египетска енигма - тоа е име на остров во Нил каде е најден обелиск, клуч за разбирање на хиероглифи кој на Жан-Франсоа Шамполион му овозможи да ги дешифрира. Шамполион е француски научник, филолог и ориенталист, татко на модерната египтологија.

Поради оддалеченоста од Земјата од околу 454 милиони километри сигналот од Росета патувал 25 минути, а средбата со Лутетија за Европската вселенска агенција беше толку важна што во исто време со Росета кон астероидот беше завртен и вселенскиот телескоп Херсчел, за да можат да се споредат податоците од двата телескопа. Да потсетиме дека Лутетија, која името го добила по едно париско предградие, од својот париски балкон ја открил сликарот Херман Голдшмит со телескоп кој го купил од пари заработени на портретот на Галилео Галилеј во 1852 година.

На својот долг пат Росета ќе доживее многу промени на темпото - во средина на 2011 година ќе биде оддалечена од Земјата една милијарда километри, ќе влезе во хибернација пред да се разбуди на пролет 2014 година, непосредно пред средба со кометите. Важната етапа на нејзината мисија, надлетувањето на астероидот Лутетија чија орбита се наоѓа меѓу Марс и Јупитер, беше спектакуларно успешна, сметаат од Еса, задоволни што се поминало без грешка на оддалеченост од 450 милиони километри од Земјата.

Од сите 400 фотографии на астероидот, првите снимки од Росета покажааа дека Лутетија веројатно е примитивен преживеан астероид од настанокот на сончевиот систем. Астероидите не се сите исти и меѓусебно се разликуваат и по големина и по состав, а нивната големина обично зависи од тоа каков состав имаат. Според тоа што се знае до сега, Лутетија спаѓа во астероиди од типот Ц, со јаглеродни споеви. Други мерења наговестуваат дека Лутетија може да припаѓа на астероиди од типот М, во чиј состав доминираат минерали. Меѓутоа, повеќето астероиди од типот М се многу помали од Лутетија. Откритијата од блиску може да ја разјаснат таа дилема, но има многу други мистерии кои се однесуваат на настанокот на Сончевиот систем. Астероидите се важни бидејќи за разлика од планетите, тие најверојатно не еволуирале доволно од настанокот на Сончевиот систем пред 4,4 милијарди години, за разлика од Земјата, Венера и Марс.

На својот долг пат Росета три пати пролетала покрај Земјата, еднаш покрај Марс во 2008 година заедно со астероидот 2867 Штеинс, за да дојде до кометите и потоа во 2015 година ќе се насочи кон Сонцето и така ќе го склопат мозаикот од настанокот на Сончевиот систем. Составот од кој планетите се создадени во Сончевиот систем сеуште не е откриен во целост. Тој состав се разликува од гасот и зрната прашина во телата кои се кршливи и се протегаат далеку со километри.

Имено, во внатрешноста на Сончевиот систем се наоѓаат астероиди, кршливи, неправилно обликувани тела кои се остатоци од настанатите планети. Помали парчиња од камења летаат во Сончевиот систем и тие спаѓаат во група на опасни вселенски тела кои можат да ја уништат човечката цивилизација. Можат да бидат ситни како зрно песок или можат да бидат големи како планина, па дури и уште поголеми. Најголем меѓу астероидите е Церес, кој има пречник 940 километри. Астероидите можат да претставуваат голема опасност за Земјата, летаат со голема брзина и можат да бидат многу опасни. Доказот за тоа најдобро се гледа на Месечината, таа е полна со кратери кои настанале од удари на астероиди. Примери за удари на астероиди на Земјата има во Аризона, каде астероид со пречник од 40 метри ја погоди површината на Земјата. Како последица од тој удар се создаде голем кратер. Потоа, исто така како последица од удар на други астероиди на површината на Земјата, постојат големи кратери видливи од вселената во Сибир и Саудиска Арабија. Повеќето астероиди се наоѓаат во ѕвездениот појас, во подрачјето меѓу орбитите на Марс и Јупитер.

Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    
Кон врв
Sunny Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Fantasy girl

Регистриран: 01.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 19874
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Sunny Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јули.2010 во 11:12
па сега, според неговата визија тие би изгледале вака,
макар шо ако мене ме прашале јас малце посимпатични ќе ги сторев голема%20насмевка
а тоа шо Хокинг е еден од најголемите умови на денешницава не значи дека не смее бар „малце“ да забега човекот голема%20насмевка
впрочем од откачени визии потекнуваат денешниве „несфатливи“ теории, нели збунетост
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    
Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јули.2010 во 11:05
pa,...od koking se, neli!.да

..ne od nekoj nauchnik ,..sharlatan!
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
Sunny Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Fantasy girl

Регистриран: 01.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 19874
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Sunny Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јули.2010 во 11:03
Originally posted by brza brza напиша:

shto e mnogu, mnogu e!да

  ..pa makar i ...hoking da e!изненадување


да, ама нели се интересни ова вонземјанчинава и понајмалку страшни голема%20насмевка
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    
Кон врв
dejanpp Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 893
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај dejanpp Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јули.2010 во 11:00
naucnite  vesti  nesmeat  da  bidat  mnogu  objektivni - zasto   vejke  pocnuva  da  stanuva  zbor  za  industriska  spionaza-kako  sto  e slucajot  so  genetski modificiranite  organizmi  od  koi  se  pravi  mnogu  evtina  hrana   ,  a  nie  ne  smeeme  da  ja  proizveduvame  taa   hrana  zasto  ne  ja  znaeme endustriskata  tajna  za  proizvodstvo  pa  taka  nasiot  pazar  e  preplavan  so  gmo    dodeka  nasata  hrana  koja  ja  proizveduvame  ja  isturame  po kanalite  poradi  visokata  cena  na  cinejne.a  jas   celo   vreme  se  prasuvam  nasive  politicari   koi  celo  vreme  se  cukaat  vo  gradi  so svoite  proekti   za  ovaa  mnogu  vazna  tema  ne  zboruvaat  vo  nivnite  programi    tie   zboruvaat  za  raboti  koi  se  slucuvale vo  naukata  pred  1926"   zasto  togas  se  izmisli  gmo   koja  hrana  hitler  ja  iskoristi  da  ja  nahrani  svojata   ogromna  vojska  a  sega  usa    gi  hrani  svoite  vojninici  so  gmo  ,edna  losa  strana  ima  gmo  z  i  m   stanuvaat  neplodni  i  so  toa  umiraat  celi  nacii   hranejcise  so  takva  hrana.nie  ja  jademe  nea  a  ne  ja  proizveduvame.dokolku pocne  da  se  proizveduva  kaj  nas  gmo  eden  sendvic  ke  cini  5 den.   a  eden  leb   1  den.itn.
Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јули.2010 во 10:10
shto e mnogu, mnogu e!да

  ..pa makar i ...hoking da e!изненадување
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
Sunny Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Fantasy girl

Регистриран: 01.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 19874
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Sunny Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јули.2010 во 09:41
Хокинг - Вака изгледаат вонземјаните!

Ловат со помош на отровни боцки на нивното тело. Со помош на био-осветлување, сами произведуваат светлина и можат молњата да ја претворат во енергија.

Овие и бројни други особини се дел од визијата на 68. годишниот астрофизичар Стивен Хокинг за тоа како би изгледале вонземјаните.

Хокинг до овој заклучок дошол по многу истражувања. Многумина го сметаат за еден од најпаметните научници на светот.

Погледнете како би изгледале вонземјаните според Хокинг.


Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    
Кон врв
Sunny Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Fantasy girl

Регистриран: 01.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 19874
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Sunny Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јули.2010 во 09:38
Откриена планета со опашка како комета

Вжештена планета, која се наоѓа надвор од нашиот сончев систем, неверојатно близу орбитира околу својата ѕвезда поради што нејзината атмосфера е разнесена во форма на светечка опашка на гигантска комета, соопштија од НАСА.

Постоењето на планетата и нејзината чудна опашка, која беше предмет и на некои други студии, неодамна го потврди и Hubble, вселенскиот телескоп на НАСА. Новите опсервации на гигантската гасовита планета, наречена HD 209458b, сугерираат дека силни ветрови од блиската ѕвезда ја разнесуваат нејзината атмосфера, поради што небесното тело се вжештува и добива облик на комета со опашка.

- Уште од 2003 година научниците теоретизираат дека загубената маса е истуркана во опашката, тие дури и пресметуваа како тоа изгледа. Сега ги имаме најдобрите докази за да ја поткрепиме теоријата. Го измеривме гасот кој излегува од планетата со специфична брзина, вели астрономот Џефри Лински од University of Colorado, кој раководи со студијата.

Планетата орбитира околу својата ѕвезда на далечина од околу седум милиони километри , што е 100 пати поблиску од растојанието на кое Јупитер кружи околу Сонцето. Сепак масата на HD 209458b е само малку помала од онаа на Јупитер. HD 209458b прави цел круг околу својата ѕвезда за 3.5 дена. За споредба, најбрзата планета во нашиот соларен систем Мерк*р прави цел круг околу Сонцето за 88 дена.

Поради толкавата мала оддалеченост од ѕвездата, температурата на атмосферата на HD 209458b изнесува 1.093 Целзиусови степени. Според некои претходни студии, планетата секоја секунда губи по 10.000 тони гас поради ветриштата кои дуваат од матичната ѕвезда. Еден ден сиот гас на планетата ќе исчезне, оставајќи зад себе само вжештена лава. Дури и да е така, тоа ќе трае долго, што значи ќе помине многу време пред планета целосно да биде уништена.

- Тоа ќе трае со милијарди години, пред планетата да исчезне, вели Лински.

Планетата се наоѓа на околу 153 светлосни години од Земјата.
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    
Кон врв
Sunny Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Fantasy girl

Регистриран: 01.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 19874
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Sunny Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јули.2010 во 10:16
Решена загатката-кококошката била прва

Веќе долго време бевме во дилема кој бил прв кокошката или јајцето. Благодарение на научниците долгогодишната загатка е решена –кокошката е пред јајцето.

Резултатите од едно неодамнешно истражување покажуваат дека создавањето на јајца е единствено возможно благодарение на протеин кој може да се најде во овариумите на кокошките. Поедноставно кажано, јајцата може да се создадат само ако има кокошка.

Истражувачите од Шефилд и Варвик универзитетите ги прикажаа своите откритија во написот „Structural Control of Crystal Nuclei by an Eggshell Protein“.

Користејќи супер компјутер научниците ја зумирале формацијата на јајцата и откриле дека протеинот е витален за започнување на процесот на кристализација, односно за претворање на калциум карбонатот во калциумови кристали од кои се состои лушпата на јајцата.

-Долго време се претпоставуваше дека јајцето било прво, но сега имаме научен доказ дека кокошката била прва, истакнува доктор Колин Фриман.

Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    
Кон врв
Sunny Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Fantasy girl

Регистриран: 01.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 19874
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Sunny Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јули.2010 во 10:10
Каде би барале живот во Вселената?

Астрономите кои бараат знаци за вонземски живот сега имаат краток список на неколку ѕвезди, на кои би требало да им обрнат повеќе внимание во своите истражувања. Изборот на ѕвездите, кои се најдоа на оваа листа, го направи Маргарет Турнбал (Margaret Turnbull), астроном при Институтот Карнеги, во Вашингтон (Carnegie Institution of Washington), и самата трагач по екстрасоларни планети кои би можеле да поддржуваат живот.

За од илјадниците кандидати да го сведе изборот на само 10 ѕвезди, Турнбал следела неколку критериуми. Имено, ѕвездите морале да бидат стари најмалку 3 милијарди години, со маса не поголема од 1,5 Сончеви маси и во себе да содржат барем половина од вкупното количество на железо кое во моментов го има во нашето Сонце.

Уметнички приказ на планета со два природни сателити, на која има живот

Зошто токму овие критериуми? Ѕвездите кои постојат под 3 милијарди години се премногу млади, за да имало време да се појави живот на некоја од нивните планети. Ѕвездите кои имаат многу поголема маса од таа на нашето Сонце, ќе согорат многу брзо, повторно не давајќи доволно време за појавување на живот. А, ѕвездите кои немаат доволно количество на тешки метали во себе и својата непосредна околина, нема да дозволат и формирање на планети кои се погодни за живот.

Следејќи ги овие критериуми, Турнбал формирала две групи од по пет ѕвезди, околу кои постои веројатност за појава на живот. Првата група е АТА групата, т.е. ѕвезди кои се погодни за истражување со телескопската мрежа „Ален“ (Allen Telescope Array - АТА), која ќе „слуша“ радио сигнали од вонземски цивилизации. Втората група е групата TPF. Тоа се ѕвезди кои би биле одлични мети за мисијата Terrestrial Planet Finder (TPF), на НАСА, која според планот треба да се лансира во 2016 година (систем од две опсерватории, кои ќе бидат поставени во орбита околу Земјата и чија основна цел ќе биде да бараат екстрасоларни планети).


Група АТА:

- Beta Canum Venaticorum - ова е првиот избор на Турнбал. Се работи за ѕвезда која е многу слична на нашето Сонце, оддалечена од нас 26 светлински години во соѕвездието Ловечки кучиња (Canes Venatici).

- HD 10307 - оваа ѕвезда од нас е оддалечена околу 42 светлински години. Има скоро иста маса, температура и метален состав, како и нашето Сонце. Но, за разлика од Сонцето, оваа ѕвезда е дел од бинарен систем.

- HD 211415 -оваа ѕвезда е малку поладна од Сонцето, но количеството на метали кое го содржи оди во прилог на потргата по живот во Вселената.

- 18 Sco - лоцирана во соѕвездието Скорпија (Scorpius). Скоро е идентичен близнак на нашето Сонце.

- 51 Pegasus - ова е ѕвездата околу која беше откриена првата екстрасоларна планета, во 1995 година.


Група TPF:

- Epsilon Indi A - оваа ѕвезда се наоѓа во соѕвездитето (Indus), од нас оддалечена 11,8 светлински години. Има само 1/10 од сјајноста на нашето Сонце.

- Epsilon Eridani - нешто поладна и помала ѕвезда од Сонцето. Оддалечена е околу 10,5 светлински години, а се наоѓа во соѕвездието (Eridanus).

- Omicron2 Eridani - оваа ѕвезда е стара исто колку и нашето Сонце. Од нас е оддалечена 16 светлински години.

- Alpha Centauri B - една од најблиските ѕвезди до нашиот систем. Оддалечена само 4,35 светлински години од Сонцето.

- Tau Ceti - ова е ѕвезда од тип „G“, која ја има истата сјајност како и нашето Сонце.

Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    
Кон врв
Sunny Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Fantasy girl

Регистриран: 01.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 19874
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Sunny Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јули.2010 во 10:09
Слика на екстрасоларна планета која е буквално ладна


Уште една директна фотографија на планета која е надвор од нашиот Сончев Систем. Со оглед на тоа дека првата фотографија на екстрасоларна планета во видливиот дел од спектарот беше направена пред малку повеќе од една година, оваа листа бргу расне. GJ 758 B е исто така најладната директно сликана планета, со температура од 600 Келвини, а орбитира околу ѕвезда која е слична на нашето Сонце. GJ 758 B има маса околу 10-40 пати од таа на Јупитер, правејќи ја или навистина голема планета или мало кафеаво џуџе.

За разлика од другите директно сликани планети, GJ 758 B се наоѓа во систем кој е сличен на нашиот – ѕвездата во центарот наликува на нашето Сонце, а орбитира на оддалеченост слична на Нептун, на околу 29 астрономски единици. „Откритието на GJ 758 B ни дава увид во разновидноста на субстеларни објекти кои може да се формираат околу ѕвезди од соларен тип“, вели Д-р. Џозеф Карсон од Институтот за Астрономија Макс Планк. „Ова ни помага да видиме како нашиот Сончев Систем, околина која е склона кон живот, е само едно од многуте сценарија од кои може да произлезат планети или кафеави џуџиња“. Друг објект, означен со „С?“ на сликата погоре, може да биде друг придружник на ѕвездата. Со дополнителни набљудувања ќе се открие дали објектот орбитира околу ѕвездата или е друга ѕвезда во позадина на сликата која не е дел од системот.

Масата на планетата сѐ уште не е дефинирана, па оттаму и интервалот од 10-40 јупитерови маси. Има 600 Келвини, што одговара на 326 степени Целзиусови - околу највисоката температура која може да ја достигне една обична печка. Иако делува жешко, ова всушност претставува ниска температура за една екстрасоларна планета. Иако подалеку од својата матична ѕвезда поради што, како Нептун, таа добива малку топлина од ѕвездата околу која орбитира, GJ 758 B е во фаза на формирање при кое гравитационите контракции на планетата се претворени во топлина.

Д-р. Маркус Јансон од Универзитетот во Торонто, ко-автор на трудот кој го опиша откритието, вели: „Ова е причината поради која не ја знаеме масата на придружникот. Измерената инфрацрвена светлина може да дојде од 700 милиони години стара планета со 10 Јупитерови маси исто како и од 8,7 милијарди години стар придружник со 40 Јупитерови маси.“ Трудот со деталите од резултатите ќе бидат објавени во списанието Astrophysical Journal Letters.

Планетата била фотографирана употребувајќи го Инструментот за висок контраст на следната генерација адаптивна оптика (High Contrast Instrument for the Subaru next generation Adaptive Optics - HiCIAO), на телескопот Субару. Технологијата на адаптивна оптика се употребува за да го елиминира влијанието на нашата атмосфера, која ги заматува сликите од телескопите базирани на Земјата. Фотографирањето на GJ 758 B е дел од пробната работа на HiCIAO, за кој е планирано да направи поголемо истражување за откривање на екстрасоларни планети и циркумстеларни дискови во следните пет години.
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    
Кон врв
Sunny Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Fantasy girl

Регистриран: 01.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 19874
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Sunny Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јули.2010 во 09:53
е да можно е голема%20насмевка
среќа оваа бројка е малку покултурна од тоа што до сега го читавме тука (неколку илјади години), оваа има барем една милијарда во неа плазење


Изменето од Sunny - 15.Јули.2010 во 10:09
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    
Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јули.2010 во 23:45
Originally posted by Sunny Sunny напиша:

I sega kolku bila stara zemjata?  збунетост
a, kolku beshe?...e , sega bila   ...tripati pomalkuy !изненадување
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 45678 14>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,172 секунди.