|
Реформацијата |
Внеси реплика | страница <1 456 |
Автор | ||||||||
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Реформацијата е процес - развој - сё додека потполно не се развие и открие чистото БОЖЈО Семе (Христос) во човекот.
БОЖЈОТО Семе во човекот е завиено во темни партали и слоеви на индивидуален и колективен егоизам, кои го гушат и тежнеат да ја угасат Светлината на Царството БОЖЈЕ во нас! Да, реформацијата и развојот на Христос во нас е нужна неопходност сё додека човештвото не постане Христолико и Царството БОЖЈЕ не завладее насекаде! |
||||||||
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
||||||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Koj go organizira ovoj nastan i koi se duhovnite vodachi koi kje otvorat tribina?
|
||||||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||||||||
AlDra
Сениор Регистриран: 06.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 823 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
,,Во истиот час се зарадува во Светиот Дух и рече: „Ти благодарам Татко! Господи на небото и на земјата, зашто си го сокрил ова од мудрите и умните, а им го откри на младенците. Да, Татко, таква беше Твојата волја. ’’(Исус во Лука 10:21) |
||||||||
Вера, надеж, љубов
|
||||||||
Tetratka
Сениор Регистриран: 25.Септември.2008 Локација: дрвара Статус: Офлајн Поени: 5153 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Младост - лудост, старост - мудрост ... Времето ги лечи раните ... |
||||||||
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
||||||||
AlDra
Сениор Регистриран: 06.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 823 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Секој непријател на Вистината ќе капитулира! Вистината мора да излезе на виделина. Патем, тетратка, никој не очекува од народот да си го каже своето, зашто народот никогаш не знаел да прави вистински избори. Сетете се само дека народот го избра Бараба наместо Исус! Ние чекаме Господ да го каже Своето, а што народот има да каже за тоа е негов проблем.
|
||||||||
Вера, надеж, љубов
|
||||||||
Tetratka
Сениор Регистриран: 25.Септември.2008 Локација: дрвара Статус: Офлајн Поени: 5153 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Евангелос, капитулирам задоволен сум од твојот одговор ...
Тоа не е ништо ново, секогаш истото се повторува (п.с. стари муабети copy = paste) ... досадно е нонстоп истото ... Господ да ви поможит за РЕФОРМАЦИЈАТА ,... народот ке си го кажи своето ... Слободно и непречено живејтеси го вашиот “ХРИСТИЈАНСКИ АД“... поздрав во Христа, а КРСТОТ од вашата корица да ви служи за “бодење очи“ (отварање), и разбирање (проповедање) на вашата “РЕФОРМАЦИЈА“... |
||||||||
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
||||||||
AlDra
Сениор Регистриран: 06.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 823 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
На Македонија очајно и е потребно духовно пробудување. Просечниот Македонец е материјалист и духовно слеп. Народот не ја познава Божјата волја и огромното мнозинство е неверно, додека кај оние кај кои постои каква-таква религиозност тоа е всушност суеверие и сув формализам. Бог на народот му е материјализмот а моторна сила е профитерството. Нема луѓе- само сенки. Несреќни, тажни, самодоволни, западнати во гревови, со лажни надежи во меѓународните структури, ете такви се нашите сограѓани. Дури и волот си го познава својот господар, но нашиот народ не!
Зар не може поинаку? Зар немаме сила за промени? Не зборувам за промена на власта, општественото уредување или надворешно-политичкиот к*рс! Зборувам за трансформација внатре во поединецот, за реформација на индивидуално ниво. Но, кој ќе ја поведе таа реформација? Израелскиот народ беше под Египетско ропство. Живееше во земјата на гревот и не ја знаеше Божјата волја. Но, Бог прати водач! Го опреми Мојсеја и го испрати да му биде овоземен водач на напатениот народ. Мојсеј беше тој кој со Божја помош го изведе народот и му ја кажа на народот Волјата Божја. Вистински реформатор, зар не? Во времето на Христа ситуацијата беше можеби уште полоша! Народот беше под власта на свештенството кое ,,ниту само влегуваше ниту дозволуваше народот да влезе во Царството Божјо’’. Свештенството си имаше создадено свои правила и го тераше народот да ги следи истите. Комарец цедеа, а камила голтаа. Законот им стана цел сам за себе. Народот беше духовно слеп. Но, нашиот Спасител и Господ Исус дојде на земјава и им покажа, а ни покажа и нам, што значи љубов, која пак е исполнување на Законот. Заклучокот од ова е дека Господ испраќа дух на обнова секогаш кога има луѓе кои се посветени и решени да ги променат нештата. Тој го љуби и овој народ и верувам дека ќе ни се случи и нам реформација. Не може веќе вака! Народот мора да се пробуди! Господ нека дејствува и нека роди духовен интерес кај нашите сограѓани. |
||||||||
Вера, надеж, љубов
|
||||||||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Да и за жал сеуште има. Тоа се митарствата, иконопоклонството, индулгенциите, папството, хиерејството (свештенството) и архиерејството (првосвештенството) на луѓето, учењето за молиње кон светците, култот на блажената Марија (молење кон неа, нејзиното поставување како заштитничка на градови, нејзиното поставување рамо до рамо со Бог и возвеличување со титули поголеми од библиските титули на Господ Бог, понатаму крштевањето на бебиња, целивањето раце на црковните "великодостојници", шурувањето на црквата со власта, фетиширање на крстот, бројаници, свети водички и разни други амајлии итн итн. Реформацијата на западот е започната и сеуште е во процес. Реформацијата на истокот за жал сеуште не е започната, барем не во нејзин видлив облик.
Мислам на официјалната (државна) црква. Мислам и на западната и на источната, и на католичката и на православната црква.
Секако дека постоела, но била угушена од човечките учења со кои официјалната ткн. "црква" ја замотала вистината, изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Неко да, некои не, само Господ знае кои. Светото Писмо ги осудува САМО оние кои го знаат и разбираат Христовото евангелие, а го одбиваат.
Вистината не доаѓа со реформација. Вистината се ослободува од лагата преку реформација.
Со оглед на тоа што реформацијата во Македонија доцни 5 века, проблемите тука се посериозни и поалармантни.
Со западот вие имате цели 10 века општи. Со католичката црква вие имате еден куп заеднички човечки учења кои го пригушуваат Христовото и апостолско изворно учење, како што наведов погоре.
Не од секогаш. Кога апостол Павле дошол во Македонија, тој не ни донел "источна традиција", туку ни го донел Христовото изворно евангелие. Се додека ние како народ не станеме дел од Христовата традиција на нас ќе ни биде неопходна реформација, враќање кон Светото Писмо и учењето на Христос и апостолите. |
||||||||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
||||||||
Tetratka
Сениор Регистриран: 25.Септември.2008 Локација: дрвара Статус: Офлајн Поени: 5153 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Дали Црквата пред да се родат овие големи “ВЕЛИКАНИ“ реформатори имала “гнасно“ учење, и кога зборуваш за Црква треба многу да внимаваш на која Црква (црква) мислиш и зборуваш? Дали пред нивното раѓање не постоела ВИСТИНАТА? Дали луѓето кои живееле преда да се родат овие реформатори се спасени или не? Дали ВИСТИНАТА во светот доаѓа со РЕФОРМАЦИЈАТА?
Тој догмат е воведен во XVIII век, како и догматот за Непорочното зачнување на Марија - (“Мариологијата“)... Тие 2 работи немаат врска со Лутер и компанијата....
Тоа се проблеми на ЗАПАДОТ... Ние живееме во Р. Македонија, брате ЕвАнгелос и мислам дека со тие запанди традиции немаме ништо општо, ако не е така тогаш посочи барем 1 историски или археолошки факт дека ние тука имаме врска со РЕФОРМАТА И ЗАПАДОТ.... Ние од секогаш сме дел од ИСТОЧНАТА ТРАДИЦИЈА ... Тоа е друга тема... Интересно би бичло да разговараме и за тоа (за разликите на ИСТОКОТ И ЗАПАДОТ, па после 1517 и останатиот ЗАПАДЕН РАСКОЛ ...) Изменето од Tetratka - 29.Октомври.2009 во 12:32 |
||||||||
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
||||||||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
По повод Денот на реформацијата и 500 годишнината од раѓањето на реформаторот Жан Калвин, утре (петок) во салата на Даре Џамбаз ќе се организира јавна манифестација "Да се вратиме на Словото" каде неколку духовни водачи од нашата земја ќе одржат отворена трибина по повод прашањето за духовна реформа и обнова, како неопходен процес за просперитет на нашето општество, во светло на реформацијата – масовното Европско движење за враќање кон изворните христијански вредности.
Исто така ќе биде изложена и голема колекција на литература од оваа област на македонски јазик.
Влезот е слободен! Ова е настан што не сакате да го пропуштите
|
||||||||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
||||||||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Зборот „Реформација“, според лексиконот на Вујаклија, е дефиниран како: "менување кон подобро, престројување, поправка, особено се однесува на црковниот покрет од 16 век...", а иментката „Реформатор“ е дефинирана како: "обновител на црквата во духот на чистото Христово учење; пр.: Лутер, Калвин, Цвингли..."
31 Октомври е светскиот ден на реформацијата и по тој повод, задутре, голем број европски земји ќе го прослават како државен празник Денот на реформацијата.
Воедно оваа година е значајна и по 500 годишнината од раѓањето на еден од најзначајните реформатори во Швајцарија - Жан Калвин.
31 Октомври е одбран како датум за одбележување на реформацијата затоа што на тој ден германскиот реформатор Мартин Лутер ги заковал неговите 95 тези на портата на локалната католичка црква во Витенберг. Во овие тези тој изнел остри критики кон многубројните црковни небиблиски учења и практикувања (корупција во црквата, продавањето индулгенции (потврди за простени гревови), учењата за чистилиштето, трансупстанцијата кај Причеста, наводната непогрешливост на папата итн.) По овој храбар потег на Лутер текот на веќе започнатата реформацијата (од предходните реформатори Виклиф, Хус) експлозивно почнува да се шири низ Германија, но паралелно и низ другите (западно) европски држави.
Инаку празникот на Реформацијата се прославува не само како религиозна, туку и како цивилизациска придобивка. Реформацијата не само што ги обновила универзалните изворни принципи на христијанството, онака како што било проповедано од Христос и Апостолите, туку претставувало и цивилизациско ослободување на масите од едноумието и догмите на црквите. Слободоумноста од секогаш била одлика на вистинските христијани. Но во средните векови официјалната црква завлегла во толкава спрега со државата што намерно го затупувала човекот со забранување на книги, наука, нетолеранција и отворени инквизициски прогонства (и на истокот и на западот) се со цел да ги зачува своите небиблиски догми и полесно да манупулира со непросветлените народни маси.
Реформаторите, иако биле со бројни недостатоци, сепак одиграле голема улога во преведувањето на Библијата на народен разбирлив јазик и во промовирање на изворното христијанство, писменоста, културата, човечките слободи и права, книжевноста, слободоумието, семејниот живот итн. Голем дел од нив платиле скапа цена за своите залагања. На пример чешкиот реформатор Јан Хус, пред да биде спален на клада, за последен пат му било понудено да се откаже од своите "ереси". Тој одговорил: "Ни за полна катедрала со злато не се откажувам од тврдењето дека Библијата е врховен авторитет, а Христос е единствената Глава на Црквата." По ова тој бил јавно спален на клада пеејќи христијански химни. Кога огнот си ја завршил работата, пепелта од изгореното тело на Јан Хус била фрлена во реката Рајна.
Каква пародија, некогашниот чешки еретик денес има споменик во главниот град на Чешка (Прага) и народот кој ја фрли неговата пепел во реката Рајна денес го празнуваат Денот на реформацијата одбележувајќи го и животот и делото на својот реформатор Јан Хус.
Прашања за дискусија:
Што мислите вие за реформацијата? Кои се нејзините придобикви или непогодности?
Дали сметате дека на Македонија и е потребна реформација и зошто?
Изменето од EvAngelos - 29.Октомври.2009 во 03:32 |
||||||||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
||||||||
Внеси реплика | страница <1 456 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |