Автор |
Тема Пребарувај Опции за темата
|
bijonse1
Сениор
bella Madonna
Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 19.Март.2010 во 23:22 |
Овесна каша
Иако овесната каша не е највкусната храна што некогаш сте ја јаделе,
таа е многу корисна, затоа што содржи многу хранливи материи. Најдобро
е да ја јадете кашата без да додавате шеќер или други зачини.Овесната каша ве држи сити подолго време и го регулира нивото на
инсулин во телото, а со тоа го спречува складирањето на мастите. Ја
зголемува енергијата и го намалува холестеролот.Таа помага и во заштитата од рак на дебелото црево и срцеви заболувања.............
|
|
емил
Сениор
зависник идивидовски
Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 15.Март.2010 во 14:04 |
Потврден е фактот дека многу видови на зеленчук делуваат против појава на ракот и делуваат врз канцерогените клетки. Научниците ги открија активните компоненти и нивната заштитна улога од различни видови на рак.
Состојките откриени во брокулата се ефикасни во стопирање развој на канцерогените клетки кај ракот на дојката. Во зеленчукот како што е брокулата, зелката и карфиолот откриена е состојката сулфоарафан (SUL) која може да ги блокира завршните процеси на канцерогениот процес со прекинување на компонентите на ќелиите наречени микротубулуси.
Оваа материја може да го блокира развојот на делењето на клетките на ракот на дојката кои веќе се канцорогени. Еден час по конзумирањето SUL ги блокира клетките и ги прекинува микротубулите кои се долги, тенки цилиндри составени од протеинот тубулин кој има основна улога во дуплирање на хромозомите во текот на делбата на клетките.
Зеленчук со силно анти-канцерогено дејство
Лукот - сумпорните соединенија му даваат силен мирис и вкус кои штитат од рак неутрализирајќи ги канцерогените клетки и го забавуваат растењето на ќелиите на туморот. Со едно истражување е утврдено дека жените кои јадат лук еднаш неделно имаат помал ризик од појава на рак на дојката.
Мешункастото растение - сите видови се богати со инхибиторен протез, состојка која ги отежнува ќелиите од ракот да извршат инвазија на соседните ткива.
Доматот - содржи витамин Ц и флавонид ликопен кој му дава црвена боја, а има заштитна улога против рак на белодробните крила, цервикс, рак на простатата и устата.
Спанаќот - е добар извор на Ц витамин и бета каротен како што е фолната киселина. Во многу научни испитувања е потврдено дека луѓето кои два пати неделно јадат спанаќ ретко заболуваат од рак на белите дробови и рак на дојката.
Исто така и зелката, сојата, морковот, целерот, џумбурот, магданосот, кромидот,ланеното семе, карфиолот и црвената пиперка.
Начинот на подготовка на зеленчукот е многу важен. Спрема новите истражувања со варењето се губи поголем дел од анти-канцерогените материи, додека со варењето на пареа или подготвување во микровална не се губат состојките. Исто така не треба да се замрзнуваат во фрижидер за длабоко замрзнување, бидејќи се губат анти-канцерогените материи.
Сок со анти-канцерогено дејство (рецепт)
1 цвекло 2 ротквица 3 главици брокула 1 морков 1/2 домат Ако сокот ви е премногу блуткав може да исцедите еден лимон или да ја зголемите количината на целер
|
|
емил
Сениор
зависник идивидовски
Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 12.Март.2010 во 09:50 |
Грам сол би спречил голем број смртни случаи
Кога луѓето би јаделе еден грам сол помалку, едно овошје или зеленчук повеќе и би консумирале помалку заситени масти, бројот на смртни случаи би се намалил за повеќе од 40 отсто.
Новата идеја за исхрана гласи „помалку е повеќе“. Направете мала промена во дневната исхрана и ќе почувствувате големо влијание врз здравјето, вели новата студија.
Британските научници тврдат дека годишно можат да се спасат 20.000 луѓе само во нивната земја ако луѓето јадат еден грам сом помалку, а консумираат едно овошје или зеленчук повеќе. Тие препорачуваат луѓето да ги исфрлат заситените масти од својата исхрана и да ги заменат со маслиновото масло.
Срцевите болести и мозочните удари се најчест причинител за смрт во Британија, а симптомите кои доведуваат до нив најчесто се бараат во исхраната и начинот на живот.
Претерано солената храна го зголемува крвниот притисок, а заситените масти особено трансмасните киселини кои најчесто се наоѓаат во маргаринот и во производите кои ги содржат овие индустриски преработки на билни масти можат да ги оштетат крвните жили и да го зголемат ризикот од појава на згрутчување на крвта која може да доведе до срцев или мозочен удар.
Научниците тврдат дека зголеменото консумирање на овошјето и зеленчукот може да доведе до 31 отсто намалување на ризикот од прерана смрт. Што се однесува до заситените масти, лекарите не препорачуваат консумирање повеќе од 30 грама за мажи, 20 грама за жени и 5 грама за деца. Возрасните луѓе во развиените земји дневно јадат и дупло поголема количина.
|
|
bijonse1
Сениор
bella Madonna
Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 08.Март.2010 во 20:59 |
Консумирањето
поголемо количество кафе влијае на намалување на обемот на градите,
покажаа резултатите на едно шведско истражување. Според истражувањето
со кое биле опфатени 270 жени, најпогодени од кафето се припадничките
на понежниот пол со средна телесна тежина, кои имаат поголеми гради и
повеќе млечни жлезди, како и тие со мутација на генот CYP1A2. Кај нив
се доволни само три шолји кафе дневно за да им се смалат градите, вели
Хелена Јернстром од Универзитетот во шведскиот град Линд. Таа, сепак,
им порачува на жените на кои кафето им е секојдневен редовен ритуал да
не се вознимируваат премногу бидејќи градите нема да им се смалат преку
ноќ ниту целосно ќе им исчезнат............ |
|
|
|
|
емил
Сениор
зависник идивидовски
Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 08.Март.2010 во 17:33 |
Препаратот за слабеење зелено кафе – забранет за употреба
Производот зелено кафе пакуван во кесички е храна за посебна нутритивна употреба и лабараториски е верифицирано дека во себе ја содржи синтетската супстанца сибутрамин. Препаратот наменет за губење на телесната тежина е небезбеден согласно Законот за безбедноста на храната и Правилникот за видовите на храна, соопшти Дирекцијата за храна при Министерството за здравство.
Поради присуството на оваа супстанца, која не била означена во производната спецификација од страна на производителот, препаратот зелено кафе во кесички наменет за губење на телесната тежина е небезбеден согласно Законот за безбедноста на храната и на производите и материјалите што доаѓаат во контакт со храната и Правилникот за видовите на храна за посебна нутритивна употреба и за дозволените нивоа на дневно внесување на витамини и минерали, се вели во соопштението од Дирекцијата.
Од страна на Дирекција за храна, овој производ, е забранет за промет и во текот на денешниот ден сите дистрибуирани количини во аптеките во Република Македонија ќе бидат повлечени под надзор на државните инспектори за храна. Препаратот ќе биде вратен на производителот или ако не постои можност ќе се поништи во депонијата Дрисла со негово спалување во инцелератор.
|
|
емил
Сениор
зависник идивидовски
Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 25.Февруари.2010 во 15:23 |
Совети за термичка обработка на храната
Начинот на кој се приготвува храната игра огромна улога во зачувувањето на хранливите состојки што ги содржат продуктите. При неправилно приготвување продуктите се уништуваат, ја губат сварливоста и самиот состав, особено витамините, минералните соли и белковините. Значи не е доволно храната да се подготвува според потребите и возраста на детето, туку таа треба да се обработува така што ќе се зачуваат сите хранливи состојки кои се наоѓаат во производите. Неколку општи работи кои треба да ги знаете 1. Млекото никогаш не треба да го варите двапати. Мастите (маслата) мора да се заштитат од дејството на светлината и воздухот. Се препорачува чување во порцелански или стаклен сад кој треба да биде покриен.
2. Месото и рибата се мијат со студена вода непосредно пред приготвување. Не треба да се оставаат долго да стојат во вода бидејќи губат дел од белковините и минералните соли.
Ако сакате силен бујон, местото треба да се исечка на ситни делови и да се стави во сад со студена вода, а потоа постепено се вари три до четири часа.
Ако сакате сочно и вкусно месо, тогаш треба да го ставите во зовриена вода. При тоа се создава тенка кора која ги задржува соковите, белковините и минералните соли за да не можат да се одвојат од месото.
3. Зрнестата храна ( како на пример ориз, овес и слично ) се натопуваат во студена вода и во истата се вари се додека зрната не омекнат. На тој начин белковините преминуваат во водата. Обратно, ако сакате да ги зачувате белковините (кога се приготвуваат каши ) тогаш зрната ставете ги во врела вода. Кога зрното се подготвува за каша, се вари додека не омекне потполно.(гриз 5-10 минути; ориз и пченично зрно 40-60 минути; овес 1-1,5 час ).
Млекото се додава откако ќе се свари зрното и се враќа на оган да проврие само еднаш. Истовремено со млекото се додаваат шеќер или сол. Кога кашата ќе се тргне од шпоретот се става путер и добро се меша.
4. Зеленчукот пред приготвувањето треба добро да се измие. Се сече непосредно пред подготвувањето на оброкот. Се залева со зовриена вода и се вари во потполно затворен сад. Во водата во која се вари зеленчукот преминуваат многу хранливи материи, па затоа е најдобро таа вода да се користи при приготвувањето на оброкот. Зеленчукот се пасира додека е топол, а потоа уште еднаш се става на оган, но не да вари, туку само да се појави пареа.
Супите од зеленчук мора да се искористат најдоцна 1,5 час после приготвувањето.
5 При варењето на компирот треба да се знае дека не смее да се употребува железен лонец, а емајлираниот не смее да биде оштетен од внатрешната страна. Компирот се вари во потполно затворен сад со малку вода која треба да испари кон крајот на варењето.
Треба да се вари неизлупен бидејќи лушпата ги зачувува минералните соли, витамините и белковините. И оваа вода може да се користи за приготвување оброци.
|
|
bijonse1
Сениор
bella Madonna
Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 24.Февруари.2010 во 21:38 |
Вечната дилема ........човекот месојадец ??? да или не ???
Уште од ренесансата, стручњаците по анатомија го споредувале
животинскиот систем за варење со човечкиот. Кој вид на цицачи е
најблизок до човечкото суштество? Тревопасните или месојадците?
Ајј да ги видиме основните карактеристики на системот за варење кај човекот и животните........
Заби Месојадци: истакнатите очњаци го сечат и кинат месото скоро без џвакање.
Тревопасни: многу развиените катници овозможуваат дробење на храната и нејзино претворање во каша.
Човек: очниците се
мали, се разликуваат од очниците на месојадните животни. Катниците
повеќе наликуваат на катниците на тревопасните, во состојба се да ги
соџвакаат и иситнат растителните влакна и житарките.
Вилици Месојадци: можат да се придвижуваат само горе - доле со што се овозможува кинење на храната.
Тревопасни: овозможуваат и странични движења, за да храната би се иситнила и натопила со плунка.
Човек: ги остварува сите движења, слично на вилиците на тревопасните животни.
Плунка Месојадци: има мала pH вредност (киселост) , потребна за варење на протеините од месото.
Тревопасни: имаат голема pH вредност ( базност) која овозможува подобро варење на јаглените хидрати.
Човек: плунката му е
алкална (базна) како кај тревопасните. Освен тоа, содржи амилази,
птиалини, ензими кои го почнуваат варењето на скробот, и кои се наоѓаат
само во производите од растително потекло. Плунката е потполно
прилагодена за исхрана од растително потекло...
Систем за варење Месојадци: нивниот систем за
варење е пократок отколку оној на тревопасните. Тоа значи, дека месото
мора да биде сварено и елиминирано, зошто неговото разложување и гниење
во цревата би предизвикало штетни супстанции кои би ги отруле животните.
Тревопасни: имаат долг систем за
дигестија, кој овозможува релативно спор премин на производите (до три
дена). На растителните производи им е повеќе време за варење, но не
гнијат во цревата и не преизвикуваат отровни супстанции.
Човек: пропорционални
подолги црева отколку кај месојадците, но не и толку долги како цревата
кај тревопасните. Поради тоа можат да јадат месо, но при тоа може да
дојде до гниење, посебно во случај на затвор или бавно поминување низ
цревата. Се ослободуваат од отровните супстанции (кадаверин, индол,
скатол,..) кои поминуваат во крвотокот и предизвикуваат мигрена,
алергија, посип и др.
Човекот има најголема способност за
прилагодување, па може да се каже дека човекот е анатомски и физиолошки
создаден да биде вегетеријанец, иако има можност на прилагодување кон
мешовита храна....
Изменето од bijonse1 - 24.Февруари.2010 во 21:40
|
|
емил
Сениор
зависник идивидовски
Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 10.Февруари.2010 во 19:25 |
Путерот сепак е добар по здравјето
Путерот сепак може да биде добар по здравјето, објавија научниците и ја демантираа последната студија која препорача путерот да се замени со маргарин. Истражувањето спроведено на Универзитетот Лунд во Шведска покажа дека путерот води до значително помалку масти во крвта, во споредба со храната во која има маслиновото масло, новиот тип на канола маслото како и лененовото масло.
Главното објаснување за релативно ниското зголемување на масти во крвта по консумирање на путерот се должи на тоа дека околу 20 отсто од маснотиите се користат како енергија и поради тоа никогаш не влијаат на нивото на масти во крвта
- Понатамошното објаснување е дека цревните клетки преферираат обработка на путер, наместо масни киселини од растителните масла. Сепак, путерот води до малку повисока содржина на слободни масни киселини во крвта, што е товар за телото, објаснува Јулија Свенсон, научник од Универзитетот Лунд.
Најголемата разлика се состои меѓу мажите и жените, бидејќи хормоните различно раководат со мастите. Фундаменталните разлики во метаболизмот меѓу мажите и жените најчесто влијаат врз резултатите од тестовите. Ова се должи на менструалниот циклус кај жената.
- Сите масти кои имаат голема енергетска содржина, а не согоруваат, влијаат на тежината како и на ризикот од развивањето на болести, рече Јулија.
Во студијата беа вклучени 19 жени и 28 мажи.
|
|
bijonse1
Сениор
bella Madonna
Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 25.Јануари.2010 во 17:56 |
Зошто ни течат солзи од кромид?
Иако
вкусот на кромидот е прилично вкусен (за кого како) го комбинираме
со јадење, сепак оној кој го подготвува, обично многу му солзат очите.
Ова се случува поради тоа што кромидот содржи масло кое има силна
миризба.Кога кромидот се лупи и сече, ова масло излегува во
воздухот во форма на пареа, или ситни честички на влага. Кога оваа
пареа ќе стигне до вашиот нос, молекулите навлегуваат во осетливите
мембрани кои се сместени во ноздрвите и ги иритираат. Покрај ова, се
иритираат каналите за солзи во вашите очи и тие продуцираат солзи.
Изменето од bijonse1 - 25.Јануари.2010 во 17:59
|
|
bijonse1
Сениор
bella Madonna
Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 05.Јануари.2010 во 18:30 |
убаво за око поубаво за душа
Изменето од bijonse1 - 05.Јануари.2010 во 18:32
|
|
bijonse1
Сениор
bella Madonna
Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 05.Јануари.2010 во 18:26 |
убаво приготвено и сервирано јадење делува мносгу позитивно .......
Изменето од bijonse1 - 05.Јануари.2010 во 18:28
|
|
jackie
Нов член
Регистриран: 14.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 5
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 05.Јануари.2010 во 15:33 |
КАКО ,,ЈАЈЦАТА ЗБОГАТЕНИ СО СЕЛЕН,, ВИ ПОМАГААТ ДА СЕ СПРОТИСТАВИТЕ НА ВИРУСОТ НА ГРИПОТ А Х1Н1?
Грипот А Х1Н1 (lat. A H1N1), познат уште и како свински грип, е заболување на дишните патишта, предизвикано од вирус на инфлуенцата од тип А. Болеста е наречена свински грип затоа што вирусот кој ја предизвикува, кај првите заболени се пренел од свињи.
Грипот А Х1Н1, кој сега се распространува помеѓу луѓето, е многу поразличен од обичниот свински грип. Тој е предизвикан од нов вирус на свински грип, кој се променил до таков степен, што сега му овозможува да се шири од човек на човек. Во моментов бројот на заболените во Македонија драстично се зголемува, а два наши соседи (Бугарија, Србија) веќе прогласија епидемија. Затоа е особено важно да знаете како да се заштитите од првата пандемија на 21-от век.
Од друга страна станува сé појасно дека ваквите заболувања значат излегување на имуниот систем од рамнотежа и оштетување на здравите ќелии и ткива. Стресот, недостатокот на физичка активност, генетската предиспозиција, лошите хигиенски навики и другите фактори можат да допринесат до зголемување на воспалението.
Сепак не смее да се занемари исхраната како еден од најголемите фактори во целиот пренос на болеста. Анти-инфламаторната исхрана не е некој вид на диета, туку тоа е всушност начин на исхрана и припрема на храната која овозможува зачувување на добра кондиција на Вашето здравје. Таа значи внесување на одредена количина на витамини, минерали и јаглено хидрати, меѓу кои и селенот како есенцијален минерал.
Селенот е неопходен олигоелемент. Најпрво, тој е моќен анти оксиданс. Штитејќи ги клетките од оксидација, тој го спречува прераното стареење на кожата, мускулите и нервниот систем. И на крај селенот е бариера за нарушување на Вашиот имунолошки систем.
Генерално на недостаток од селен се најподложни луѓето изложени на оксидативен стрес (пушење, загаденост...) или оние кои страдат од болести пратени со овој вид на стрес, како што се инфекциите. Потребите за селен кај постарата популација растат, бидејќи сите болести кои се јавуваат во овој период на живот го нагласуваат недостатокот од овој олигоелемент.
Но, нашиот организам не произведува селен па мора да се зема преку храната која во себе го содржи во одреден процент: морска храна, риба, телешки дроб, црвено месо, житарици и секако малата ,,хранлива лабораторија,, - јајцата збогатени со селен произведени со хранење на кокошките со специјална храна збогатена со селен во пептидна форма од растително потекло во строго контролирани услови.
|
|
La Ninja
Сениор
She Hulk
Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 04.Јануари.2010 во 13:28 |
kao elka nakitena neka ti go aj
|
|
bijonse1
Сениор
bella Madonna
Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 04.Јануари.2010 во 12:37 |
e ako de..
ushte eden post ne e losho....mojot e obraboten ....ukrasen grizhlivo ..
slednite kujni ke idam na tvoja tema ajj ajj...
|
|