IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Духовден или задушница?
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Духовден или задушница?

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 4567>
Автор
Порака Обратен редослед
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јуни.2009 во 15:19
Originally posted by mamamd mamamd напиша:

На покојните им се потребни помени со свеќи, цвеќе, пченица, лепче и
малку вино...



Ovaa rechenica od citiraniot tekst e za nezaborav...

P.S. mamamd, replikava ne e upatena do tebe, tuku do onoj sto go rekol citiranoto.
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јуни.2009 во 14:25
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

И шо ако се е симбол? Па и жртвеното јагне беше симбол за жртвата на Исус Христос и шо треба сега кyрбани да праиме по гробишчана?


Христос еднаш се жртвува зар не?
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јуни.2009 во 14:11
И шо ако се е симбол? Па и жртвеното јагне беше симбол за жртвата на Исус Христос и шо треба сега кyрбани да праиме по гробишчана?
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јуни.2009 во 13:54
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

 
Па јас токму за таа втора храна зборувам тука, која е нејзината потреба? Која е нејзината улога во тој православниот ритуал "помен"? Или народно кажано: "шо мајќа бара таа храна по гробишчана"? среќа



Ќе објаснам колку што знам.

Пченицата е симбол на секое зрно кое мора да умре за да оживее, да не ги цитирам сега деловите од Светото Писмо, знам дека знаеш каде се наоѓа.
Виното е крвта на нашиот Господ којашто е пролеана за сите нас, значи и за умрените и за живите.
Така барем јас знам. Ако грешам, нека ме поправи некој.


Изменето од macedon_alex - 05.Јуни.2009 во 13:55
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јуни.2009 во 13:47
Originally posted by macedon_alex macedon_alex напиша:


Па и свештеникот си кажа, подобро е таа храна да се даде во народна кујна, а на гробишта да се носи само она што е потребно за да се изврши помен.
 
Па јас токму за таа втора храна зборувам тука, која е нејзината потреба? Која е нејзината улога во тој православниот ритуал "помен"? Или народно кажано: "шо мајќа бара таа храна по гробишчана"? среќа
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јуни.2009 во 13:43
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

 
А зошто на гробишта да ја земе? Зошто да не ја земе од некоја народна кујна? Или пак мислиш дека гробиштата отвараат поголем апетит кај гладните?
среќа

Па и свештеникот си кажа, подобро е таа храна да се даде во народна кујна, а на гробишта да се носи само она што е потребно за да се изврши помен.


 
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Аха, демек Мујо правел добрини, Хасо ќе оди во рајот хаха. Не мило, така не учи Светото Писмо. Светото Писмо, пак ќе кажам: ако е некаков авторитет за православните, учи дека секој ќе си одговара за своите дела или недела, за своите гревови или добрини, нема тука тато мама давајте храна за да ги искупите моите гревови, нема тука колење јагне за гревовите. Такво нешто имаше во Стариот Завет, таму се принесуваат жртви за покривање на гревови, но во Новиот Завет единствена жртва е Исус Христос кој се даде за покој на сите души што веруваат во Него, а не лебот, а не пченицата, а не свеќата, ниту било што друго што сега принесувате за "покојот на душите".


Евангелос, мислам дека сме дискутирале за тоа, за тебе знам дека молитвите за покојните се грешни, мислам дека никогаш нема да се сложиме по тоа прашање, така да не знам зошто би се објаснувале сега. За тебе молитвите спомнати во книгите на Макавеите немаат значење како што имаат за Православните Христијани.


Изменето од macedon_alex - 05.Јуни.2009 во 13:43
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јуни.2009 во 13:22
Originally posted by GlenKlouz GlenKlouz напиша:

Паганска работа тоа со јадењето на гробишта, ИЛИ НЕ Е?
Има длабока симболика секако, а знае некој што се споменува во Библијата конкретно за Слегувањето на Светиот Дух и вистинската симболика?
 
Паганска е.
За вистинскиот Духовден можеш да прочиташ во Библијата, Дела на Апостолите 2 поглевје.
 

Духовден

(Дела на апостолите, 2 поглавје)

  • Духовден е христијански празник посветен на слегувањето на Светиот Дух врз апостолите и формирањето на Црквата.

  • На овој ден се исполнило Христовото ветување за доаѓањето на Светиот Дух (Духот на Вистината, Утешителот, Силата одозгора, ветувањето на Таткото) што Христос им го даде заповедувајќи им на апостолите да не се одалечуваат од Ерусалим додека тоа не се случи.

  • На овој ден Христовите апостоли беа облечени со силата на Светиот Дух и комплетно оспособени да бидат Христовото тело на Земјата.

  • На овој ден апостолите, од здружение на граѓани, откако го примија Светиот Дух беа трансформирани во Христова Црква.

  • На овој ден апостолите беа трансформирани од едни збунети и уплашени Христови ученици, во вешти, до смрт лојални и храбри Христови проповедници со исклучителна јасност и длабоко разбирање на Христовата евангелска порака.

  • На овој ден, по Петровата проповед, се крстија околу 3000 души и славно беше формирана првата Христијанска Црква.

Затоа овој ден со право е наречен: Роденденот на Христовата Црква.

До ден денес, оваа прва заедница на христијани, останува ненадмината во своите доблести и доследност на Христовото учење и како таква за нас претставува одличен пример за тоа што значи да се биде Христова Црква (Дела 2:42-47)

Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
Glenn Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Тата-Мата

Регистриран: 14.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3166
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Glenn Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јуни.2009 во 13:19
Паганска работа тоа со јадењето на гробишта, ИЛИ НЕ Е?
Има длабока симболика секако, а знае некој што се споменува во Библијата конкретно за Слегувањето на Светиот Дух и вистинската симболика?
Beauty fades, dumb is forever
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јуни.2009 во 13:18
Originally posted by macedon_alex macedon_alex напиша:


Храната се остава, за потоа некој да дојде и да ја земе, ако е гладен.
 
А зошто на гробишта да ја земе? Зошто да не ја земе од некоја народна кујна? Или пак мислиш дека гробиштата отвараат поголем апетит кај гладните? среќа
 
Originally posted by macedon_alex macedon_alex напиша:


А на живите се дава, поради тоа што се сака да се направи добрина, во име на умрениот, како еден вид молитва за покој на неговата душа.
 
Аха, демек Мујо правел добрини, Хасо ќе оди во рајот хаха. Не мило, така не учи Светото Писмо. Светото Писмо, пак ќе кажам: ако е некаков авторитет за православните, учи дека секој ќе си одговара за своите дела или недела, за своите гревови или добрини, нема тука тато мама давајте храна за да ги искупите моите гревови, нема тука колење јагне за гревовите. Такво нешто имаше во Стариот Завет, таму се принесуваат жртви за покривање на гревови, но во Новиот Завет единствена жртва е Исус Христос кој се даде за покој на сите души што веруваат во Него, а не лебот, а не пченицата, а не свеќата, ниту било што друго што сега принесувате за "покојот на душите".
 
Originally posted by kejt-d-grejt kejt-d-grejt напиша:

А ШТО ИМАШ ТИ ПРОТИВ НОЌТА НА ВЕШТЕРКИТЕ???? не%20зборувам
 
Упссс, се извинувам ако ги погодив вашите чувства среќа


Изменето од EvAngelos - 05.Јуни.2009 во 13:19
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јуни.2009 во 13:04
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

блу, ако ти прва отидеш јас ке те ранам, ако јас прв отидам ти мене, диал? голема%20насмевка
мацедониан, многу луѓе оставаат храна на гробовите и ја оставаат таму... се знае за кого не мудрувај непотребно
а зошто пак ти даваш на живите? збунетост


Никој не вели дека не оставаат храна на гробовите, но тоа не е за умрените, зар умрените ќе станат и ќе ја земат?!изненадување
Храната се остава, за потоа некој да дојде и да ја земе, ако е гладен.
Јас искрено, не давам ниту на живите, ниту на умрените, затоа што многу ретко одам на гробишта, а истотака не одам навечер пред Духовден, како што практикуваат некои.
А на живите се дава, поради тоа што се сака да се направи добрина, во име на умрениот, како еден вид молитва за покој на неговата душа. Најправилно е да се даде на сиромашни.


Кон врв
чаир Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чаир Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јуни.2009 во 12:40
Originally posted by mamamd mamamd напиша:

Традицијата и верските обичаи налагаат едно а народот прави друго. Јасно е кажано што се носи на гробишта, како се однесува на гробишта, Еден многу убав напис за потсетување на оние кои забегуваат е даден во Дневник

Задушница не е гробна гозба

На празникот треба најважна да биде молитвата за спокој на душата на починатиот, а не гозба со која му се угодува на стомакот, вели свештеникот Стојан Пајковски, од црквата „Свети Димитрија“


Парите потрошени за храна што се остава на гробовите, подобро да се донираат во народни кујни или во детски домови

На покојните им се потребни помени со свеќи, цвеќе, пченица, лепче и малку вино, а не со храна, пијалаци и вистински гозби, им порачуваат свештениците од Македонската православна црква на верниците, спроти претстојниот верски празник Духовден. Тие реагираат и против ноќните бдеења на гробиштата, бидејќи тоа не е својствено за православната христијанска традиција.

Свештениците на МПЦ ги повикуваат граѓаните да престанат со таквото одржување, бидејќи тоа претставува непотребно расипништво. Задушница или Духовден се верски празници со кои двапати годишно им се одава почит на починатите. Но, почитта не треба да се изразува преку раздавање храна на гробовите на покојните.

- Тоа што луѓето го прават на Задушница не е во духот на празникот. Таму најважна треба да биде молитвата со која ќе го молиме Господ да и' даде спокој на душата на починатиот. Но, не ретко се случува да се прават гробни гозби со кои најмногу му се угодува на стомакот. На тој празник најважно е луѓето да дојдат со смирено срце, да запалат свеќа која ќе им го осветли патот на душите на покојниците - вели еден од најстарите скопски свештеници, Стојан Пајковски, од црквата „Свети Димитрија“.

Митрополитот европски Пимен, во колумна во „Дневник“ ги повика верниците, наместо непотребно да трошат пари за храна што ја оставаат на гробовите, тие средства да ги подарат на народни кујни или на детски домови.

- Настанува и натпревар кој повеќе ќе донесе на гробот за раздавање, со мисла дека храната и пијалакот оставени на гробот ќе ги изеде и испие починатиот.
Молитви и давање милостина се полезен начин да се направи нешто во име на починатиот. Порано, се правеле заеднички ручеци за сиромашни и за бездомници, а храната на гробовите се оставала за оние што ќе поминат, ако се гладни, да се послужат како спомен за покојникот, но не и со верување дека тој ќе стане да јаде - наведува митрополитот Пимен.

Скопјанката Светлана Деспотовска наведува дека многу често била сведок како празникот Задушница се претвора во веселба.

- Гледав како на гробишта се носат и касетофони, па откако во текот на ноќта ќе се испијат повеќе чашки ракија, се пушта и гласна музика, па некој што е поднапиен почнува да пее. Тоа сигурно не е во ред - вели таа.Од градските гробишта „Бутел“ наведуваат дека одбележувањето на Задушница секоја година им создава големи комунални проблеми. Директорот Илија Филиповски смета дека е крајно време да се влијае врз граѓаните да ја сменат традицијата со носење храна и пијалаци.

- Ни се случувало по секој празник да ангажираме и по седумдесетина камиони за да го соберат сето она што е оставено на гробиштата во тие денови. Последниве години тоа количество е намалено, но проблем и натаму постои. Ние не можеме да им забраниме на луѓето да раздаваат храна на други луѓе или да ја оставаат на гробовите. Апелирам, бидејќи тоа се пагански обичаи, тие помени да се прават на поинаков начин, со цвеќе, свеќи и пченица - вели Филиповски.

Зголемен број автобуси до Бутел

За верскиот празник Духовден, редовниот градски автобуски превоз кон гробиштата Бутел ќе биде засилен со дополнителен број автобуси на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“.

Автобусите в петок ќе сообраќаат според неделниот возен ред, а засилување ќе има во терминот меѓу 10 и 16 часот, со вклучување на дополнителен број автобуси на линијата број 59. Во истиот ден, линијата 51а/1 ќе тргне во 7.05 часот од селото Студеничани, а линијата со број 11/1 ќе тргне во 5.50 часот од селото Рашче. Линиите 55/6, 74/1, 74/2, 47а/1, 56/2, 56а/1 и 81/1 ќе работат според делничен возен ред. В сабота автобусите ќе сообраќаат според неделниот возен ред, а во периодот меѓу 7 и 16.30 часот ќе има дополнителен број автобуси, кои ќе бидат вклучувани во зависност од потребите на граѓаните. Граѓаните за возниот ред на автобусите на ЈСП може да се информираат на телефонскиот број 3 173 224.

Бранко Ѓорѓевски




аплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплауз
Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
Кон врв
kejt-d-grejt Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 6228
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kejt-d-grejt Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јуни.2009 во 12:40
А ШТО ИМАШ ТИ ПРОТИВ НОЌТА НА ВЕШТЕРКИТЕ???? не%20зборувам
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јуни.2009 во 12:39
Originally posted by mamamd mamamd напиша:

На покојните им се потребни помени со свеќи, цвеќе, пченица, лепче и малку вино, а не со храна, пијалаци и вистински гозби, им порачуваат свештениците од Македонската православна црква на верниците, спроти претстојниот верски празник Духовден.
 
На покојните не им се потребни ни свеќи, ни цвеќе, ни пченица, ни лепче, ни малку ни многу вино. Покојните души немаат тела, па затоа немаат ни материјални потребни. А од друга страна, тие души не се наоѓаат на гробовите, ни во гробовите, ни под гробовите, ни позади гробовите, ни пред, ни до, ни лево од, ни десно од нив. Тие се многу далеку од нив, во небото или во адот, и тие не можат да дојдат од таму до својот гроб, ниту пат ангелите ќе се наканат да им носат непотребна пченица нели.
 
Originally posted by mamamd mamamd напиша:

На тој празник најважно е луѓето да дојдат со смирено срце, да запалат свеќа која ќе им го осветли патот на душите на покојниците - вели еден од најстарите скопски свештеници, Стојан Пајковски, од црквата „Свети Димитрија“.
 
Глупости, да ми извини Пајковски среќа Ваквите ритуали се познати во паганството и сличната идеја е застапена во "ноќта на вештерките". Според Светото Писмо, ако е некаков авторитет за свештениците на МПЦ, ангелите се тие кои веднаш по смртта ја носат душата на соодветното место, а на нив сигурно не им стигнало до вашата свеќа за да си светот "по патот" среќа
Дури и според православното вонбиблиско учење за митарствата, ангелите ја носат душата низ овие ткн. "царини", така што таа не скита сама по темните патишта со вашата осветена свеќа купена од тезгата на МПЦ.
 
Имајќи го ова предвид, повеќе од јасно е дека апелот на горниот и многу други свештеници на МПЦ кон верниците да купуваат свеќи за "осветлување на патот на покојните души" е всушност апел да се зголеми бизнисот со свеќи во МПЦ т.е. да се зголеми нивната продажба, а со тоа и доходот во буџетот на МПЦ кој доаѓа од нив.
Затоа, немојте ни случајно да сте купиле неосветена свеќа која не е произведена од МПЦ, затоа што таа не им свети добро на покојните души и по грешка може да залутаат во пеколот наместо во рајот голема%20насмевка
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јуни.2009 во 09:34
Традицијата и верските обичаи налагаат едно а народот прави друго. Јасно е кажано што се носи на гробишта, како се однесува на гробишта, Еден многу убав напис за потсетување на оние кои забегуваат е даден во Дневник

Задушница не е гробна гозба

На празникот треба најважна да биде молитвата за спокој на душата на починатиот, а не гозба со која му се угодува на стомакот, вели свештеникот Стојан Пајковски, од црквата „Свети Димитрија“


Парите потрошени за храна што се остава на гробовите, подобро да се донираат во народни кујни или во детски домови

На покојните им се потребни помени со свеќи, цвеќе, пченица, лепче и малку вино, а не со храна, пијалаци и вистински гозби, им порачуваат свештениците од Македонската православна црква на верниците, спроти претстојниот верски празник Духовден. Тие реагираат и против ноќните бдеења на гробиштата, бидејќи тоа не е својствено за православната христијанска традиција.

Свештениците на МПЦ ги повикуваат граѓаните да престанат со таквото одржување, бидејќи тоа претставува непотребно расипништво. Задушница или Духовден се верски празници со кои двапати годишно им се одава почит на починатите. Но, почитта не треба да се изразува преку раздавање храна на гробовите на покојните.

- Тоа што луѓето го прават на Задушница не е во духот на празникот. Таму најважна треба да биде молитвата со која ќе го молиме Господ да и' даде спокој на душата на починатиот. Но, не ретко се случува да се прават гробни гозби со кои најмногу му се угодува на стомакот. На тој празник најважно е луѓето да дојдат со смирено срце, да запалат свеќа која ќе им го осветли патот на душите на покојниците - вели еден од најстарите скопски свештеници, Стојан Пајковски, од црквата „Свети Димитрија“.

Митрополитот европски Пимен, во колумна во „Дневник“ ги повика верниците, наместо непотребно да трошат пари за храна што ја оставаат на гробовите, тие средства да ги подарат на народни кујни или на детски домови.

- Настанува и натпревар кој повеќе ќе донесе на гробот за раздавање, со мисла дека храната и пијалакот оставени на гробот ќе ги изеде и испие починатиот.
Молитви и давање милостина се полезен начин да се направи нешто во име на починатиот. Порано, се правеле заеднички ручеци за сиромашни и за бездомници, а храната на гробовите се оставала за оние што ќе поминат, ако се гладни, да се послужат како спомен за покојникот, но не и со верување дека тој ќе стане да јаде - наведува митрополитот Пимен.

Скопјанката Светлана Деспотовска наведува дека многу често била сведок како празникот Задушница се претвора во веселба.

- Гледав како на гробишта се носат и касетофони, па откако во текот на ноќта ќе се испијат повеќе чашки ракија, се пушта и гласна музика, па некој што е поднапиен почнува да пее. Тоа сигурно не е во ред - вели таа.Од градските гробишта „Бутел“ наведуваат дека одбележувањето на Задушница секоја година им создава големи комунални проблеми. Директорот Илија Филиповски смета дека е крајно време да се влијае врз граѓаните да ја сменат традицијата со носење храна и пијалаци.

- Ни се случувало по секој празник да ангажираме и по седумдесетина камиони за да го соберат сето она што е оставено на гробиштата во тие денови. Последниве години тоа количество е намалено, но проблем и натаму постои. Ние не можеме да им забраниме на луѓето да раздаваат храна на други луѓе или да ја оставаат на гробовите. Апелирам, бидејќи тоа се пагански обичаи, тие помени да се прават на поинаков начин, со цвеќе, свеќи и пченица - вели Филиповски.

Зголемен број автобуси до Бутел

За верскиот празник Духовден, редовниот градски автобуски превоз кон гробиштата Бутел ќе биде засилен со дополнителен број автобуси на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“.

Автобусите в петок ќе сообраќаат според неделниот возен ред, а засилување ќе има во терминот меѓу 10 и 16 часот, со вклучување на дополнителен број автобуси на линијата број 59. Во истиот ден, линијата 51а/1 ќе тргне во 7.05 часот од селото Студеничани, а линијата со број 11/1 ќе тргне во 5.50 часот од селото Рашче. Линиите 55/6, 74/1, 74/2, 47а/1, 56/2, 56а/1 и 81/1 ќе работат според делничен возен ред. В сабота автобусите ќе сообраќаат според неделниот возен ред, а во периодот меѓу 7 и 16.30 часот ќе има дополнителен број автобуси, кои ќе бидат вклучувани во зависност од потребите на граѓаните. Граѓаните за возниот ред на автобусите на ЈСП може да се информираат на телефонскиот број 3 173 224.

Бранко Ѓорѓевски


Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 4567>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 1,219 секунди.