|
Великиот пост |
Внеси реплика | страница <1 4567> |
Автор | |||
makarios
Сениор Регистриран: 20.Октомври.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1282 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Братче, те замолувам да престанеш да се потсмеваш на православието, и да ја нарекуваш темата - блог тема. Последното што го напишав е мој коментар, а ако не знаеш да напишеш ништо во врска за покајничкиот плач или пак за горделивата „молитва“ - тоа не значи дека темата се претвара во блогерска. Јас на неколку наврати повикав да дискутираме сите. Доликува ли на христијанин да се потсмева на другите? Та нели сега зборуваме за молитвата на фарисејот! Да не дозволиме да не совладаат фарисејските молитви, та да ги исмеваме другите. Рос, кажи ми што поконкретно те интересира? Изменето од makarios - 12.Февруари.2009 во 21:49 |
|||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Ross, ќе ти одговорам на темата Општо и Неврзано, бидејќи оваа БЛОГ-тема е посветена за православниот ткн. "велик пост". |
|||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|||
Ross
Нов член Регистриран: 12.Февруари.2009 Статус: Офлајн Поени: 2 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Samo vie ste ovde ajde da ve prasam nesto, sto e daleku od temava, no e vi bidam blagodarna ako mi odgovorite..
Dali ima razliki pomegu terminite Histov sledbenik i vernik? |
|||
makarios
Сениор Регистриран: 20.Октомври.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1282 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Молитвата на фарисејот е својствена на луѓе кои се опрелестени, и ги негуваат своите страсти. Лесно е да се откажеме од страстите на среброљубие и сластољубие на пример, но страста на славољубие останува непремостива пречка за нормален духовен живот.
Веќе зборувавме, но во склад со ова Евангелско четиво, пак ќе повторам што велат Светите Отци на Црквата. Без очистено срце од страсти (тоа подразбира и славољубие) - нема вистинска молитва, а со тоа сеуште го немаме спознаено внатрешниот човек - што значи, сеуште немаме започнато вистински духовен живот. Ние можеме да ги знаеме сите знаци, и сите форми, и сите теософии (богомудрија) наизуст, но имаме ли горделиви помисли - сето тоа ни паѓа во вода. Горделивиот ум секогаш е гладен за суетни помисли, и централната мисла секогаш е себенасочена. Во тој поглед, нормално е како критериум - не да го има Христос - туку критериумот е споредба со некој сличен или подолен од нас. Преку другите тој гледа колку духовно „напреднал“. Па, за да видиме дека сме „напреднале“, другите мора да ги гледаме како подолни (не сфаќајќи дека страстите што ги гледаме кај другите се всушност нашите непреобразени страсти). А пак, гледајќи ги другите како подолни, логичка следственост е да почнеме и да ги осудуваме. И така, во Црквата гледаме дека некој епископ е таков или онаков - наместо во лицето на епископот да го гледаме Христос; гледаме кој се причестил на Литургијата, а кој не - наместо со аскетскиот плач на митарот да плачеме за нашата недостојност пред Телото и Крвта Христови!; потпрашуваме за некој кој направил јавен грев (не постел, се скарал со својот ближен, прељубодејствувал и сл.) - притоа не молејќи се најпрвин за себе - сметајќи се повеќе грешни, а потоа и за оној кој згрешил - не заради осуда, туку од љубов; а во потешките случаи негодуваме пред својот духовен отец (дури и му противречиме и го напуштаме!), наместо да се смириме пред него и да му бидеме послушни... Така, страстите се собираат во нас, ние на почетокот стекнатата благодат ја злоупотребуваме за други работи, не бдееме над своите помисли, не си го очистуваме срцето - и еден ден стануваме стари и сенилни луѓе, кои наместо да почнат да се каат затоа што деновите од животот им привршуваат - тие пак тонат во страсти, односно кукаат дека животот е тежок, дека нешто ги боли, бараат внимание од други (демек насобрале години и мудрост). Полоша варијанта од ова е ненадејната смрт (а поради тоа треба уште повеќе постојано да живееме во покајание). Изменето од makarios - 12.Февруари.2009 во 21:32 |
|||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Како што реков никој никого не тера да чита или не чита нешто. Никаде не стои ова е само за православни, ова е само за муслимани и сл. Напротив, јас ги читам и муслиманските теми. Ако ти сметаш дека тие поуки се индоктринација, не ги читај. Остави некој што сака да ги чита, слободно да ги чита и да се поучува. |
|||
Pentakostalec
Сениор Регистриран: 11.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 583 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Epa togas ti si gledas samiot za sebe koga kje prinesete pouki od Sveti Otci koj nosat pravoslvna doktrina samo vie kje si gi citate a ako prinesuvate pouki od Bog Isus so zadolstvo bi citale site zosto site veruvaat vo nego i negoviot zbor. |
|||
Одете мегу сите народи и создавајте од нив мој ученици крштевајки ги во името на Таткото, Синот и Светиот Дух
|
|||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Ако тебе ти сметаат поуките не ги читај. Мене ми се убави и сакам да ги читам. Кому не му се допаѓа, не мора да ги чита,никој со сила не е теран да ги чита. |
|||
Pentakostalec
Сениор Регистриран: 11.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 583 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
ili so pouki od Svetite Otci
|
|||
Одете мегу сите народи и создавајте од нив мој ученици крштевајки ги во името на Таткото, Синот и Светиот Дух
|
|||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
А да не го замараш ти форумов непотребно со твоите статии и да ни дадеш линк од целата статија или пак да ни посочиш од која книга ни ги цитираш статиите, па фино лепо кој сака да си прочита таму, а форумов да го оставиме за оние кои сакаат да дискутираат?
Каква дискусија очекуваш на една ваква БЛОГ-тема (како и сите останати православни теми), на која нема ни прашање за дискусија, туку едноставно истата се злоупотребува за православна пропаганда со копи-пејстирање на некакви си статии.
|
|||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|||
makarios
Сениор Регистриран: 20.Октомври.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1282 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Уште една статија поврзана со Неделата на митарот и фарисејот:
Оваа недела се нарекува „Недела на митарот и фарисејот”. Во пресрет на тој ден, на вечерната во саботата, за прв пат се отвора Посниот триод, книгата со великопосни богослужби и кон вообичаените воскресни стихири и канони се придодаваат и стихирите и каноните од Неделата на митарот и фарисејот. Во нив се нагласува смирението, како нешто што е неопходно за вистинско покајание. Во делот од Евангелието што се чита (Лк.18, 10-14), е прикажан човек којшто е задоволен со себеси, затоа што смета дека го исполнува „целиот закон”, сите барања на својата вера. Тој е самоуверен и горд, а всушност ја искривува и не ја разбира смислата на барањата на верата. Тој во нив гледа само исполнување на надворешните обреди и своето благочестие го мери врз основа на она што го приложува во храмот. А што се однесува до цариникот, тој беше понизен и неговата смиреност најде оправдание пред Бога. Ако денес некој морален квалитет речиси потполно се омаловажува, тоа е смирението. Културата во којашто живееме го всадува во нас чувството на гордост, самофалба и величање на сопствената праведност. Таа е изградена врз претпоставката дека човекот може сè да постигне сам, па дури и Бога Го претставува како некој што наградува, за да му плати на човекот за неговите достигнувања и добри дела. На смирението, личното или општото, етничко или национално, се гледа како на слабост недостојна за денешниот човек. Но зарем во нашите црковни заедници го нема тој фарисејски дух? Зарем не сакаме и ние, секој наш прилог, секое „добро дело” што го правиме „за Црквата”, да биде признаено, пофалено и објавено? Но, што е смиреност? Одговорот на ова прашање може да изгледа парадоксален, затоа што е вкоренет во чудното тврдење: Само Бог е смирен. Меѓутоа, на секој што Го знае Бога, на секој што Го созерцува Него во Неговите созданија и во Неговите спасителни дела, му е јасно дека смирението навистина е божествена особина, содржина и зрачење на славата којашто, како што пееме на Божествената литургија, ги исполнува небото и земјата. Во нашето човечко сфаќање, ние сме склони да ги спротивставуваме славата и смирението, и на смирението да гледаме како на недостаток и слабост. Според човечкото разбирање, само нашата неспособност и отсуството на знаење можат во нас да предизвикаат чувство на смирение. На современиот човек, воспитан да се потпира на јавното мислење, на самоувереноста и на бесконечната самофалба, е речиси невозможно да му се објасни тоа што по порирода е совршено, прекрасно и добро, а во исто време по природа смирено. А токму поради неговото совршенство, на смирението не му е потребен „публицитет”, надворешна слава и пропаганда од каков било вид. п.с. Следува продолжение од статијата. п.п.с. Оваа тема ја замислувам како место за дискусија, за да се поучиме како треба да се подготвуваме за Великиот Пост, а и како да се однесуваме за време на самиот пост. Во недостаток на дискутанти (освен спирос), излегува дека постирам само статии. Откако ќе го постирам и вториот дел од статијата, ќе дадам и свое мислење за значењето на оваа недела. Изменето од makarios - 12.Февруари.2009 во 19:58 |
|||
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Така е макариос! Така! Се радувам на наредната недела. Господ сака најискрено да се покаеме за лажната гордост и грев, понижно и праведно да живееме и да ја прифатиме Неговата ЉУБОВ (ХРИСТОС)! Тој засигурно несака буквално да се казнуваме самите, удираме со тапаници, сецкаме по кожата, тепаме со синџири, ...! Има некои луѓе што неможејќи да ја прифатат Неговата Милост (незаслужена добрина) се изгубуваат во самоизмачување, депресии, мазохизам, ... и со тоа ја изопачуваат, ја прават тажна РАДОСТНАТА ВЕСТ! Така? Изменето од spiros - 10.Февруари.2009 во 23:23 |
|||
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
|||
makarios
Сениор Регистриран: 20.Октомври.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1282 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
spiros, точно е дека денешниот свет ја губи дури и фарисејската молитва. Едноставно, го отфрла Господ и не благодари за ништо. Само граби за себе, и ужива во својата отуѓеност. Меѓутоа, јас повеќе мислев на фарисејската молитва што се крие во нас. Зошто, еве, ние сме тие кои се декларираме како верници (нели?), а како такви би требало да ја имаме покајната молитва на митарот. Колку е искрен нашиот однос со Бога? Колку сме лицемерни пред Него, или, колку го имаме усвоено синовскиот однос (за тоа повеќе наредната недела, кога ќе зборуваме за блудниот син). |
|||
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Убав пост! Тоа што го прави фаризејот кон митникот, денес модерните душогрижници (психијатри, психолози, психоаналитичари ...) го нарекуваат пројекција. |
|||
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
|||
makarios
Сениор Регистриран: 20.Октомври.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1282 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
видовме каква е суетната молитва на фарисејот, која сите ние повеќе или помалку ја негуваме. Или пак, горделиви сме што сме верници, па од инстанца на поучени и попросветлени од другите, се трудиме да им бидеме учители. Ајде малку да видиме каква треба да биде вистинската молитва. Како треба да го негуваме аскетскиот плач, и какво треба да биде нашето покајание и смирение.
Следува продолжение на претходниот текст, а понатаму (додека сме сеуште во оваа недела), може ќе поставам и други толкувања, а може и ние да се вклучиме во темата, т.е. да дадеме свое мислење како ние гледаме на молитвата (фарисејската и митарската). „А митарот стоеше оддалеку; не смееше дури ни очите да ги подигне кон небото, туку се удираше в гради и велеше: Боже, биди милостив кон мене грешниот!“ Кај митарот пак веднаш се забележува обратниот процес, исцелителниот. И тоа го забележуваме не само преку знаењето и опитот на нашиот разум и ум, туку и преку силата на евангелскиот пример кој редовно со умилението го облива нашето срце. Должни сме оваа состојба на нашето срце и ум постојано да ја одржуваме и да ја разгоруваме, до нејзините соборни размери. Забележуваме неколку восогласени видови на покајно однесување кај митарот: ‘стоеше оддалеку’, ‘ни очите да ги подигне’, ‘се удираше в гради’ и ‘велеше’ - „Боже, биди милостив кон мене грешниот!“ Што мислите, која од овие силни и взаемно поврзани пројави на покајание најповеќе ја открива неговата духовна состојба? – Аскетскиот плач по Бог, односно големиот напор да се принуди себеси на плач, односно удирањето в гради. Тоа е истиот или сличен метод кој Отците го користеле низ вековите. Тоа е истиот или сличен метод кој го препорачува и свети Игнатиј Брјанчанинов во своите дела. И тоа е истиот или сличен метод кој и до ден денес го користат и препорачуваат непосредните и посредните ученици на светиот старец Јосиф Спилеот и многу други. Некои велат дека ваквиот начин изгледа соблазнително. Ние би им одговориле, и со збор и со дело, дека ако Господ Христос не го оценил како соблазнителен и дека ако Тој ни го препорачува, кои сме ние да умуваме вон и над Благата Вест. Севкупниот наш подвиг на степенот на очистување на срцето од страстите Отците го означиле и го опишале како аскетски – не чувствуваме, а континуирано се принудуваме; немаме отворена поддршка на благодатта, а живееме како да ја имаме! „Ви велам, дека тој си отиде дома повеќе оправдан, отколку оној; зашто секој што се воздига, ќе биде унижен, а кој се понизува, ќе биде воздигнат“ (Лука 18, 10-14). Секој што заради гордост и човечка слава се воздига самиот себеси и следувателно го осудува својот ближен, во истиот момент се унижува, предизвикувајќи отсуство на Божествената благодат во себе. А секој што заради заедница со Бог се понизува и осудува самиот себе и следувателно го оправдува својот ближен, ја привлекува Божјата несоздадена благодат и во истиот момент бива воздигнат од Бог. Деца, знајте го уште ова: сите оние на коишто срцето не им е отворено за умно-срдечната молитва треба да знаат дека причината за тоа е судењето и осудувањето на ближниот, кое произлегува од нивното високото мислење за самите себе. Односно, произлегува од неправилниот подвиг или, со други зборови, произлегува директно од непослушанието и духовното самораководење. Со усвојување на мислата „јас сум виновен за сè“ се отвора простор за молитвата на митарот: „Господи Исусе Христе, помилуј ме грешниот!“. Се раѓа чувството на покајание и плач и, воопшто, текот на мислите е сосема спротивен (самоосудување) од оној што следи после мислата дека другиот е виновен (осудување). Кога во своето срце ја прифаќаме и се согласуваме со помислата дека другиот е виновен, покажуваме и дека ни е туѓ подвигот на аскетската љубов. Оној што го љубиме, макар и аскетски, никогаш не е виновен. |
|||
Внеси реплика | страница <1 4567> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |