IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Биди член на ЦРКВАТА ХРИСТОВА
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Биди член на ЦРКВАТА ХРИСТОВА

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 45678 22>
Автор
Порака Обратен редослед
Pravoslaven Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 09.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 705
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pravoslaven Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Февруари.2009 во 02:15

Miki_P, прочитај го овој стих внимателно:

А кога (Исус) го зборуваше тоа, една жена извика од народот и му рече: “Блажена е утробата, што Те носела, и на градите, од кои си се хранел!”
А Toj рече: “Дa, но блажени се и оние што го слушаат Божјото слово, и го пазат.”
(Лука 11,28)
 
Од овој цитат гледаме дека Исус воопшто не ја истакнува блаженоста на Марија над останатите блажени во Библијата. Кога оваа жена ја благословувала Марија, тој не го одрекол благословот, но гледаме дека Исус тука одма го менува фокусот од Марија кон сите останати кои го слушаат Божјото слово и го пазат.
Марија не е единствената благословена во Библијата. Слично на неа и Јаила е благословена меѓу жените:
 
Судии: 5:24 ”Благословена да е меѓу жените Јаила,
 
Христос во својата проповед на гората ја започна со благословување на бедните по дух, на чистите по срце, миротворците, кротките, оние кои гладуваат по правда, милостивите, оние кои се гонети заради правда, оние кои се гонети заради Христос итн. Потоа ако се потсетиме колку луѓе Бог благословил во Стариот Завет почнувајќи од Авраам чиј благослов неколкупати го повторил, потоа Исак, па Јаков, па Јосиф итн итн...
и вие од сите овие решивте т.е. си ја земавте позицијата на Бог и се дрзнавте да ја прогласите Марија за најблагословената и во улога на Бог и ја дадовте позицијата "Царица на Небото" и ја сместивте рамо до рамо со Бог и покрај тоа што Исус рече дека почесните позиции на Небото единствено Бог ги дава:
 
да се седи од Мојата десна или лева страна, тоа не го давам Јас, туку ќе им припадне на оние, за кои Мојот Татко го приготвил. (Матеј 20,23)
 
Затоа ве прашав дали има во вас страв Божји, затоа што и Луцифер се обиде еднаш да се прави како Бог, но беше исфрлен од Небото заради тоа. Затоа ве советувам и вас православните, да не му ја земате позицијата на Бог и да се дрзнувате да судите кој каква положба има или треба да има на Небото, затоа што тоа е улога на Бог. Покајте се додка е време, затоа што не знаете кога ќе се врати Христос.
Православен значи правилно да ја славиш верата. А критериумот за правилност е Божјиот Збор - Светото Писмо !
Кон врв
Asya Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 14.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 902
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Asya Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Февруари.2009 во 22:44
Originally posted by Pravoslaven Pravoslaven напиша:

газење%20од%20смеење Miki_P кај ги наоѓаш овие прикаски алал да ти е, секогаш убаво ме насмејуваш со нив големо%20гушкање
 

неAhmar, не ми одговори на прашањето зошто не го култивизирате Симон Киринеецот како што ја култивизирате Марија? Зошто и него не го китите со богохулни титули од типот: Цар на Небото, Пресвет, Пречист, Владетел, Најголем, Капина несогорлива, Спасител на сите луѓе, Господар на сите итн како што ја етикетирате и Марија?

 

Зарем сте вие на местото на Бог па да пресудите кој ќе седне рамо до рамо со Бог и ќе биде Цар на Небото, а кој заради услугата нема да добие ниту една божествена титула?

Зарем не рече Исус дека таквите почесни места ги дава Бог Таткото?

 

да се седи од Мојата десна или лева страна, тоа не го давам Јас, туку ќе им припадне на оние, за кои Мојот Татко го приготвил. (Матеј 20,23)

 

Од ова излегува дека вие православните се замислувате дека сте како Бог Таткото, поголеми дури и од Исус, па затоа се дрзнувате да судите кој на која позиција ќе биде на Небото, демек се собравте вие таму на некој собор и одлучивте Марија да ја седнете рамо до рамо со Господ и ја прогласивте за Царица на Небото и Господарка на сите, а Симон Киринеецот не ви се бендисал (според вашите критериуми) па не сте му дале некоја таква велелепна позиција на небото.

 

До каде мислите да гурате со овој памет? тајм%20аут

Сериозно прашувам, има ли во вас страв Божји???


Ti nemash odgovor nitu na edno prashanje, a svojstveno na sektantstvoto, prodolzhuvash da ja napagjash Pravoslavnata Crkva. Seriozno, sam treba da se prashuvash, ima li vo tebe strav Bozhji?
   

Изменето од Asya - 05.Февруари.2009 во 22:45
Кон врв
Miki_P Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 985
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miki_P Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Февруари.2009 во 22:38





Мајката Божја вели: Од сега ќе ме ублажуваат сите родови. (Лука 1, 48)

Кој друг човек се осмелил да каже вакво пророштво?

Кој друг човек е ублажуван од СИТЕ РОДОВИ?






Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.
Кон врв
makarios Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 20.Октомври.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1282
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај makarios Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Февруари.2009 во 18:05
Неправославен, колку и да ридаш, сепак по малце учиш за православната вера. Да даде Господ, ако не си крстен - да се крстиш, а ако си крстен, да се вратиш во својата Црква.
Кон врв
Pravoslaven Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 09.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 705
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pravoslaven Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Февруари.2009 во 16:48
газење%20од%20смеење Miki_P кај ги наоѓаш овие прикаски алал да ти е, секогаш убаво ме насмејуваш со нив големо%20гушкање
 
неAhmar, не ми одговори на прашањето зошто не го култивизирате Симон Киринеецот како што ја култивизирате Марија? Зошто и него не го китите со богохулни титули од типот: Цар на Небото, Пресвет, Пречист, Владетел, Најголем, Капина несогорлива, Спасител на сите луѓе, Господар на сите итн како што ја етикетирате и Марија?
 
Зарем сте вие на местото на Бог па да пресудите кој ќе седне рамо до рамо со Бог и ќе биде Цар на Небото, а кој заради услугата нема да добие ниту една божествена титула?
Зарем не рече Исус дека таквите почесни места ги дава Бог Таткото?
 
да се седи од Мојата десна или лева страна, тоа не го давам Јас, туку ќе им припадне на оние, за кои Мојот Татко го приготвил. (Матеј 20,23)
 
Од ова излегува дека вие православните се замислувате дека сте како Бог Таткото, поголеми дури и од Исус, па затоа се дрзнувате да судите кој на која позиција ќе биде на Небото, демек се собравте вие таму на некој собор и одлучивте Марија да ја седнете рамо до рамо со Господ и ја прогласивте за Царица на Небото и Господарка на сите, а Симон Киринеецот не ви се бендисал (според вашите критериуми) па не сте му дале некоја таква велелепна позиција на небото.
 
До каде мислите да гурате со овој памет? тајм%20аут
Сериозно прашувам, има ли во вас страв Божји???
Православен значи правилно да ја славиш верата. А критериумот за правилност е Божјиот Збор - Светото Писмо !
Кон врв
Miki_P Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 985
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miki_P Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Февруари.2009 во 16:20



За крстењето (со рака) - за моќта на светиот Крст?

Протестантите постојано бесмислено атакуваат на Црквата, со разни манипулации и измислици.

Затоа, старецот Клеопа ова нивно умување го нарекува: фантазерско умување.

Старецот наведува еден случај: Уште одамна при мене дојдоа неколку жени - баптистки, дури од Абуд-Алба. Две од нив, кога им реков, се прекрстија (со рака), а беа на возраст од околу 30 години.

Третата вели:

- Оче, не сакам да се прекрстам!

- Прекрсти се! - и велам!

- Не сакам да се прекрстам, не можам да ја кренам раката нагоре!

- Ѓаволот ти ставил печат, затоа повеќе не ја креваш нагоре! Прекрсти се, жено, па ќе ја видиш моќта Божја!

- Не, оти не можам да ја кренам раката!

И јас ѝ ја зедов десната рака и ја прекрстив три пати по лицето.

- Леле! Леле! Сега, пак, можам да ја поткренам!

Така побегна ѓаволот од неа, кој со неа раководеше.

- Леле, се чувствувам многу лесно!

- Да. Сега ѓаволот си замина од твојата рака!

Потоа ја исповедав и повторно се врати во Црквата Христова.

Ја гледате ли моќта на светиот Крст?

А свети Андреј вели: „И ќе дојде некоја секта на крајот од светот која не ќе се осенува со крстознамение (не ќе се прекрстува со рака), а антихристос ќе им стави печат на десната рака, и не ќе ја креваат на челото, оти челото е символ на разумната страна на душата, односно умот.“



Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.
Кон врв
ahmar1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 712
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ahmar1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Февруари.2009 во 15:18
абе неправославен па не можам да пишувам на пет фронта со тебе...
еве го тоа што го планирав да го додадам на претходниот пост но сега ќе го издвојам во посебен пост..
За Симон Киринеецот, и на него му се дава соодветно место во исторјата на христијанството. Познато е дека тој бил од Киринеја,Либија во Африка, кој во Ерусалим бил на поклонение. Имал двајца синови - Александар и Руф, за кои се знае дека подоцна стануваат едни од поголемите проповедници на Господ Исус Христос, и се мисли дека Руф кој се спомнува во Римјаните 16:13 е Симоновиот син.Но... носењето на крстот не може да се спореди со носењето на Бога во својата утроба, раѓањето на Бога, неговото одгледување и воспитување, гледање како расте.
Не може да се споредува Богородица - онаа која е пречиста, која Го родила Христос нашиот Бог, со некој кој го носел крстот или поверувал во Христа, затоа што таа секако ги исполнувала тие работи, но секогаш ќе биде во предност - Го родила Бог и за неа било пророкувано уште во Стариот Завет!
барем да се надевам дека ќе ти се разјасни

p.s. ама те подбра убаво Макариос со филоСофијата... како беше тоа „со свој камен по своја глава“?


Изменето од ahmar1 - 05.Февруари.2009 во 15:57
Илја дин,Илја бил ел Месија+++
нема друга вера освен правоверната,Христос е Месијата+++
Кон врв
Pravoslaven Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 09.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 705
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pravoslaven Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Февруари.2009 во 14:55

Бре бре бре ако Марија му свикала "НЕ!" на ангелот Гавриел, Исус ќе си се врател посрамен на Небото и ништо од Божјата мисија за спасение на човештвото голема%20насмевка

Како прво, ангелот не ја прашал: "Ваше височество, дали ќе може Светиот Дух да додје врз вас и силата на Севишниот да ве осени?" туку во името на Бог и ЗАПОВЕДАЛ дека тоа ќе се случи и точка. Бог однапред знаел дека Марија нема да сака потоа да абортира и затоа ја избрал неа. Ако не сакала таа да му послужи на тој начин, Бог ќе изберел некоја Марина, или Маја сеедно. Зарем човек ќе му попречеше на Бог во Неговото доаѓање на земјата??? Какви се ова ереси???
 
Гледам се фати за тоа дека магарето не било човек, но не искоментира ништо за Симон Киринеецот? трепкање Зошто Бог не му се одолжил на овој човек кој му помогнал на Христос во најтешките моменти носејќи му го неговиот крст до Голгота? Зошто не го поставил и Него за Цар на Небесата па сега да го китите и него со божествени титули како Марија и сл?
Православен значи правилно да ја славиш верата. А критериумот за правилност е Божјиот Збор - Светото Писмо !
Кон врв
ahmar1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 712
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ahmar1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Февруари.2009 во 14:38
Магарето не е човек разумен и магарето никогаш по своја волја не рекло нека и биде на слугинката Твоја според зборовите твои така да не се прај на Тошо, магарето сакало нејќело - морало а Богородица со само едно НЕ - можела да одбие и Христос да не се воплотел во неа.
И по која „здрава“ логика магарето го споредуваш со човек? Зарем магарето Бог го створил како круна на својата творевина? Зарем магарето имало слободна волја да каже да или не кога го зеле апостолите за да му послужи на Господ? Богородица со својата слободна волја избрала да Му служи на Бог, и ако рекла само едно НЕ кога архангел Гаврили ја соопштил Радосната вест, Бог немал со сила да ја принудува (затоа што ја почитува нашата слободна волја и разум) и немало да биде исполнет домостројот Божји на тој начин.

Но ти си тој што треба да и благодари на Богородица што таа прифатила да Го роди твојот и мојот Спасител, а не на секој збор само да хулиш.


Изменето од ahmar1 - 05.Февруари.2009 во 15:58
Илја дин,Илја бил ел Месија+++
нема друга вера освен правоверната,Христос е Месијата+++
Кон врв
Pravoslaven Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 09.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 705
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pravoslaven Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Февруари.2009 во 13:46
 
Originally posted by Asya Asya напиша:


Koj reche deka Bogorodica ne bila chovek (zhenski rod)? Toa shto e rodena od zemni roditeli (obichni pravednici) na ovoj svet, ne znachi deka ne mozhe da bide Carica Nebesna vo Carstvoto Nebesno.
 
Тоа го рече токму ти:
 

Originally posted by Asya Asya напиша:


Marija ne e samo chovek, bidejki e Presveta Bogorodica! Vsushnost, Hristos stana chovek, za chovekot da se obozhi.
 
Ти велиш дека затоа што Христос станал човек, сега тоа значи дека некои (а зошто не сите?) луѓе станале "богови" сега на Небото и ние сега наводно треба да ги обожаваме со божествени титули, да ја полагаме нашата надеж на нив, да им се молиме итн.
Ова е класичен култ, култивизирање на личност. Од човек да правиш бог, класично богохулство!
 
Originally posted by Asya Asya напиша:

Ili, mislish deka Bog ja izbral Marija, samo za da ja iskoristi i otfrli?
 
Не бе, откако ја искористил, Тој сега морал да и се оддолжи за услугата со тоа што ќе ја постави рамо до рамо со Него Свеишниот!.
Ова му доаѓа како во световната политика. Пратеникот му вели на обичниот човек: Ако гласаш за мене ќе те поставам за директор на некоја фирма голема%20насмевка
 
Ако одиме по таа логика, тогаш што е со сите оние работи што Бог ги искористил за Својата мисија на земјата? Што е на пример со она магаре што го одвело до Ерусалим при Неговото свечено влегување? Додека Мариното раѓање на Исус се спомнува само во 2 евангелија (Матеј и Лука), ова свето магаре се спомнува во сите 4 евангелија, а дури и е спомнато и во едно пророштво во Стариот Завет (Захарија 9:9).
Зарем Бог го искористил ова магаре и го отфрлил потоа? изненадување По вашата логика, следува дека и него сега требал да му се оддолжи за услугата и да го постави за Царче на Небото голема%20насмевка
Епа зошто не се надевате и на магаренцево? Зошто не му се молите и нему? Зошто не си направите иконче од него и да го бацувате ова магаре? бакнеж
 
Или зошто не го обожавате Симон Киринеецот? Бог го искористил него да му помогне на Својот Син во најголемите страдања да Му го носи тешкиот крст до местото на распнување - Голгота?
Зарем Бог го искористил Симон во најтешките моменти и го отфрлил потоа? изненадување По вашата логика, следува дека и него сега требал да му се оддолжи за услугата и да го постави за Цар на Небото? Сепак вие не го обожавате на тој начин овој Симон.
 
Зошто имате различни аршини за сите оние кои му помогнале на Исус во Неговата мисија (оние за кои велите дека Христос ги искористил)?
И од кај ви е на вас правото да се поистоветувате со Бог и да судите кој каква заслуга примил на Небото за тоа што му помогнал на Христос? Зарем вие сте Бог па да кажете таа што го родила ќе биде царица, магарето принц, Симон Киринеецот ќе биде витез во Небесното Царство итн.
Ви се чудам на храброста што си дозволувате да судите и пресудувате кој каде седнал сега на Небото.
Православен значи правилно да ја славиш верата. А критериумот за правилност е Божјиот Збор - Светото Писмо !
Кон врв
Marko sk Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 08.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 887
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Marko sk Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Февруари.2009 во 11:29
Originally posted by makarios makarios напиша:



...φιλοσοφία доаѓа од грчките зборови филос, што значи љубов, и софиа што значи мудрост. Значи, зборот философија значи љубов кон мудроста. А може ли да има поголема философија од таа, кога љубовта е насочена кон Мудроста? Може ли да има поголема философија од таа, која сака да го спознае Премудриот?
...
Ако требаше да биде филозофија, наместо философија, тогаш, женското грчко име би требало да биде Зофија, а не Софија.


makarios, odlichna zabeleshka so uhste poubavo objasnuvanje. TOCHNO, ispravno e filoSofija.
Iako znam deka treba so "S", ama se do krajot na EX YU, beshe vo upotreba filoZofija, taka da ostanalo "mehanichki" - koga kucam zborot da go napisham so Z.
Ponekogash obrnuvam vnimane ( vidi na http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=16724&PN=2), no ponekogash mehanichki isplivuva prvichniot "memoriran" file :). ok, pozdrav !

Изменето од Marko sk - 05.Февруари.2009 во 11:52
Кон врв
Asya Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 14.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 902
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Asya Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Февруари.2009 во 06:26
Originally posted by Pravoslaven Pravoslaven напиша:

немакариос, не искажувам јас полувистина туку целата вистина, а таа е дека вие не ја сметате блажената Марија за човек, туку за којзнае што (јас велам за Бог, ама вие не признавате иако ја китите со такви богохулни титули).
Сите добро знаеме дека Марија е родена од обични родители, значи наследила комплетно човечка природа и била и останала човек. А православната ерес оди дотаму што ете вели и дека не била човек и притоа и даваат и божествени титули.


Koj reche deka Bogorodica ne bila chovek (zhenski rod)? Toa shto e rodena od zemni roditeli (obichni pravednici) na ovoj svet, ne znachi deka ne mozhe da bide Carica Nebesna vo Carstvoto Nebesno. A tvoeto uchenje ne mozhe ni eres da se nareche, bidejki e potpolna laga! Vo Otkrovenieto, Hristos veli deka na pobednikot kje mu dade da sedne so Nego na prestolot Svoj, kako shto Toj pobedi i sedna so Svojot Otec na prestolot Negov (Otkr.3:21).

Koga chovekot ne bi mozhel da se usovrshi i obozhi vo Boga (kako shto mislish ti), kakva e smislata na Hristovoto ragjanje, zhivot, stradanie, smrt i Voskresenie? Ili, mislish deka Hristos dojde na zemjata, za lugjeto da ostanat samo "obichni lugje"? Pa, takvi bile i pred Hristos da dojde na zemjata. Shto kje ti e Svetoto Pismo, koga ne ja primish sushtinata, nitu ja razbirash negovata smisla!



Изменето од Asya - 05.Февруари.2009 во 08:28
Кон врв
Asya Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 14.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 902
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Asya Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Февруари.2009 во 06:01
Originally posted by Pravoslaven Pravoslaven напиша:

Originally posted by Asya Asya напиша:

Marija ne e samo chovek,


 

Хаха, кога дебатиравме на темата за култот на Марија сите вие се браневте дека не ја обожувате Марија, дека не правите од неа никаков култ, а тука се издадовте дека сепак направивте од неа култна личност. Погледнете само, веќе не ја сметате ни за човек, што не е ни за чудење кога ќе се земе предвид дека и давате божествени титули. Ах православие православие.. тага


Pa, nie ne ja obozhuvame Bogorodica, a taa e obozhena vo Boga, vo Carstvoto Nebesno. Ili, mislish deka Bog ja izbral Marija, samo za da ja iskoristi i otfrli?

Badijala se povikuvash na Svetoto Pismo, koga ni zbor ne razbirash od nego, iako umeesh da chitash! Pa, toa "Sveto Pismo" go napishuvale svetci, i koga sv. Pavle veli deka "svetite kje mu sudat na svetot", koj si ti shto se protivish na svetcite i Svetoto Pismo? Gospod dava bozhestveni tituli vo Svoeto carstvo, i Sam gi proslavuva Svoite ugodnici (svetci).





Изменето од Asya - 05.Февруари.2009 во 08:22
Кон врв
makarios Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 20.Октомври.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1282
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај makarios Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Февруари.2009 во 03:50
Братче, пак правиш утки.

Ајде со ред:

φιλοσοφία доаѓа од грчките зборови филос, што значи љубов, и софиа што значи мудрост. Значи, зборот философија значи љубов кон мудроста.

А може ли да има поголема философија од таа, кога љубовта е насочена кон Мудроста?

Може ли да има поголема философија од таа, која сака да го спознае Премудриот?

φιλοζό
φία доаѓа од грчките зборови филос, што значи љубов, и зофос што значи темнина, длабока мрачнина.

А како може некој да зборува за филозофија, ако трага по Премудроста?


2 Петар, 2:4
ei gar o qeos aggelwn amarthsantwn ouk efeisato alla zofou tartarwsas paredwken eis krisin throumenous

Зашто Бог, кога не ги поштеди ангелите што згрешија, туку ги турна во пеколот со вериги на мракот, ги предаде да бидат пазени за судот.

2 Петар, 2:17
outoi eisin phgai anudroi kai omiclai upo lailapos elaunomenai ois o zofos tou skotous tethrhtai

Тие се безводни извори, облаци и магли, од бура разнесувани; за нив е запазен мракот на темнината за секогаш.

Јуда 1:6
aggelous te tous mh thrhsantas thn eautwn archn alla apolipontas to idion oikhthrion eis krisin megalhs hmeras desmois aidiois upo zofon tethrhken

ангелите, пак, што не се покоруваа на своето началство, и го напуштија своето живеалиште, ги стави во вечни окови, во мрак за суд на великиот ден.

Јуда 1:13
kumata agria qalasshs epafrizonta tas eautwn aiscunas asteres planhtai ois o zofos tou skotous eis aiwna tethrhtai

свирепи морски таласи, што се пенат со своите срамоти; ѕвезди лажни, за кое се чува мракот на темнината засекогаш.

Евреите 12:18
ou gar proselhluqate yhlafwmenw kai kekaumenw puri kai gnofw kai zofw kai quellh

Вие не пристапивте кон планината што може да се опипа и кон разгорениот оган, кон облакот, и темнината, и луњата

п.с. Она со пиес-от... зарем ако некој брат, пријател (па дури и непријател) размислува неисправно, не треба да го наведеме на правиот (вистинскиот) пат, а погрешно би било со него да се исмеваме и си поигруваме?

п.п.с. Ако требаше да биде филозофија, наместо философија, тогаш, женското грчко име би требало да биде Зофија, а не Софија.


Изменето од makarios - 05.Февруари.2009 во 04:03
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 45678 22>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,250 секунди.