|
Зошто Христос ја проколнал смоквата? |
Внеси реплика | страница <1 456 |
Автор | |
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ако ги разгледаме споредбите и илустрациите што ги користел Христос во своето поучување, ќе забележиме дека повеќето од нив се засновани на градинарските плодови и растенија. Христос не проповедал на научници, инжинери, теолози, филозофи и сл. туку на обични и секојдневни луѓе, рибари, сточари, земјоделци итн. Затоа во Своите проповеди Тој не се служел со некој висок речник и тешки филозофии, туку користел едноставни илустрации од секојдневието на луѓето, од сточарството и земјдолеството, доближувајќи им ја притоа пораката на луѓето на најдобар, наједноставен, најасен и најпрактичен можен начин. Честопати, еден ист збор означувал една иста работа во повеќето споредби. Така на пример, зборовите "лош плод", "какол", "лоша смоква", "безплодно дрво", "трње" и сл. означувале лоши плодови на човековиот карактер и однесување, лоши плодови на нечие учење, лоши плодови на нашето срце, на нашите дела... лажење, крадење, лицемерие, блудства, богохулење, гордост, себичност, омраза и сл. Додека Христос поучувал, два типа на луѓе ја примале пораката на два различни начини. Вториот тип на луѓе, би рекол малцинството, сериозно се задлабочувале во Христовата порака, притоа самоанализирајќи се себеси, со самокритичен став и будно око за промени во сопствениот карактер и однесување, со восхит примајќи го секој Христов збор и применувајќи го послушно во својот живот. Искрените, отворените и добромотивираните срца на овие луѓе биле плодна почва за Христовото семе. Пораката фаќала корен во нив и го давала и соодветниот плод - видлив во нивните животи. Тоа биле плодоносните смокви на Божјото слово. Зборот "смоква", или плод на дрвото, речиси и да нема друго значење во Христовите споредби. Еве неколку примери: "Чувајте се од лажните пророци кои ви доаѓаат во овча облека, а внатре се ненаситни волци. Ќе ги препознаете по нивните плодови. Се бере ли грозје од трње, или смокви од чичка? Па така, секое добро дрво раѓа добри плодови, а лошото дрво раѓа лоши плодови. Не може добро дрво да дава лоши плодови, ниту лошо дрво да дава добри плодови. Секое дрво ако не раѓа добри плодови се сече и се фрла в оган. Значи, ќе ги препознаете по нивните плодови." "Или направете го дрвото добро и неговиот плод добар; или направете го дрвото расипано, и неговиот плод расипан; зашто дрвото се познава по плодот. Змиска породо! Како можете да зборувате добро кога сте зли? Зашто од изобилството на срцето зборува устата. Добриот човек, од добрата ризница изнесува добри нешта; а злиот човек од злата ризница изнесува зли нешта. "Јас Сум лозата, а вие сте лозинките. Кој останува во Мене, и Јас во него, тој дава многу плод; зашто без Мене не можете да направите ништо. Ако некој не остане во Мене, тој ќе биде исфрлен надвор како лозинката, која е исушена, - ги собираат, ги фрлаат во оган и ги горат. Ако останете во Мене и ако Моите зборови останат во вас, барајте што и да посакате, и ќе ви биде. Мојот Татко се прославува со тоа, што ќе давате многу плод и ќе бидете Мои ученици." "Секирата веќе лежи при коренот на дрвјата; затоа секое дрво што не дава добар плод, се сече и се фрла в оган." Споредбата за неплодната смоква: "Ја кажа и оваа споредба: "Некој човек беше насадил смоква во своето лозје, па дојде да побара плод на неа, но не најде. Тогаш му рече на лозарот: "Еве, веќе три години доаѓам и барам плод на оваа смоква, но не наоѓам. Пресечи ја! Зошто и натаму да ја испостува земјата?" И најпосле, Исус и неплодната смоква: Утредента кога се враќаше во градот огладне. И кога виде смоква крај патот, отиде до неа, но не најде ништо на неа, освен лисјата, и и рече: "Отсега да немаш плод довека!" И смоквата веднаш се исуши. Истата парабола ја имаме и во евангелието по Марко:
"А утреден, кога излегоа од Витанија, Тој огладне. И оддалеку виде една смоква, што имаше лисја; дојде не би ли нашол нешто на неа; а кога дојде не најде ништо освен лисја, зашто уште не беше време за смокви. Тогаш проговори и и рече: „Отсега никој довека да не јаде плод од тебе!” "
(Марко 11:12-14) Потоа следат споредбата со сеачот и семето, каколот и пченицата, синаповото зрно итн. Но ние сега ќе посветиме посебно внимание на случката со Исус и неплодната смоква, поточно каква поука можеме да извлечеме од овој настан, секако верувајќи дека Бог промислено благоволил овој детал да биде забележан од евангелистите при запишувањето на Новиот Завет.
Имајќи ја предвид длабочината на Божјото Слово, многу теолози, библичари и христијани, имајќи го предвид горекажаното црпат разни интересни поуки од оваа случка, притоа користејќи ја симболиката на зборот "неплодна смоква" во Христовите споредби. Првата поука е сосема очигледна. Христос не поучува силно да веруваме во услишувањето на нашите молитви колку и да изгледа тоа невозможно од наша и сегашна перспектива.
Следната поука не е баш очигледна како првата и бара малку повеќе внимание. Доколку го земеме предвид предходно кажаното околу значењето на "смоквата" и "плодот на смоквата" во Христовите поуки, сосема е оправдана и следнава поука: Христос не поучува дека секој од нас кој нема да го даде добриот плод, во моментот кога Бог ќе го побара од нас (а не кога ние ќе мислиме дека е "времето за плодот") Бог ќе го исуши неговиот корен. Исус, откако ја започнал својата проповедничка служба, 3 години проповедал во Израел, но Израелците не давале плод. Затоа Христос решава да им даде уште една шанса на Израелците.
Имајќи го ова предвид, сакам да ја прочитате уште еднаш следнава парабола...
"Ја кажа и оваа споредба: "Некој човек беше насадил смоква во своето лозје, па дојде да побара плод на неа, но не најде. Тогаш му рече на лозарот: "Еве, веќе три години доаѓам и барам плод на оваа смоква, но не наоѓам. Пресечи ја! Зошто и натаму да ја испостува земјата?" Исус и дава уште една шанса на "смоквата" (Израел), но Израел не го дава очекуваниот плод. Исус на Цветници влегува во Ерусалим, го бара плодот на Израелците, но него го нема. Потоа излегувајќи од градот, ја наоѓа оваа неплодна смоква и ја проколнува. Потоа повторно влегува во Ерусалим, во Божјиот Храм и... "И кога влезе во Храмот, почна да ги изгонува сите, кои купуваа и продаваа во Храмот. И им ги преврте масите на менувачите на сребрениците, и столиците на продавачите на гулаби. И не дозволуваше некој да пренесе каков и да било сад низ Храмот. И ги поучуваше, велејќи им: „Не е ли напишано: ‘Мојот Дом ќе се нарече Дом на молитва за сите народи,’ а вие направивте од него разбојничко дувло"
(Марко 11:15-17) По овој настан, светениците и книжниците се решаваат да Го погубат и бараат соодветен начин како да го сторат тоа.
Верувам дека сега на сите ви е јасно зошто Христос ја проколна смоквата.
Поздрав!
Изменето од EvAngelos - 22.Октомври.2008 во 12:05 |
|
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|
Zlatnik
Сениор Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Бидејќи е ова дел од библијата со кој се сака да ни’ се долови некаква поука, би било добро да си ја вметнел во темата што не’ учи библијата. Но, кога веќе си ја поставил овде, да продолжиме! Очигледно е дека не сум единствениот на кого „му паднала во око“ смоквата! И јас истото се прашував, зошто тој ја проколнал да се исуши, а не и’ било времето за прородување? Барем така пишува во Мар.11:13 „И од далеку виде една смоква, што имаше лисја; дојде не би ли нашол нешто на неа; а кога дојде не најде ништо освен лисја, зашто уште не беше време за смокви“ Мар.11:14 „Тогаш господ проговри и и’ рече:„Отсега никој довека да не јаде плод од тебе!“...“ Каква деструктивност од милозливиот господ Исус! Зошто ја уништил смоквата? Тој тоа го направил уште пред да и биде време за прородување. Што човек (или ако сакате бог) ќе биде тоа, во Февруари или Март или Април , да бара плодови на смоквата? Ами што ќе и сторел ако тоа се случувало во време кога требало да раѓа, а да тогаш немала плод? Некои велат дека со овој негов чин тој сакал да ја искаже сопствената моќ. Некои пак, како објаснување за овој пример сакаат да докажат (според толкување на некои адвентисти) дека Исус со оваа уништување на смоквата всушност сака сликовито да каже дека секој кој нема да се придржува кон вистинската вера, ќе биде уништен. Очигледно е дека не е во прашање нешто од овие две работи, дека тоа не му била целта, туку сакал да докаже дека ако некој има непоколеблива вера во бога, може се да направи, дури и планини да фрли. (Мар.11:23). Но, проблемот овде го гледам во негативноста на примерот што го избрал за тоа. Зошто тој семоќен Исус, кој неспорно имал безрезервна верба во бог, не направил смоквата да пророди не само кога не и било врме, туку и ако и’ било време за плодонодење, а таа да немала плодови?! Со тоа ќе даде позитивен пример на сите останати како треба да се однесуваат(ме). |
|
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
|
Tetratka
Сениор Регистриран: 25.Септември.2008 Локација: дрвара Статус: Офлајн Поени: 5153 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ako e stara temata neka ja izbrisat moderatorite ...
poso nema smisla da se povtoruva
ja ne sum zabezal deka ja ima ...
pozz
|
|
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
|
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Тетратка, оваа тема е омилена кај муслиманите, колку до сега е објаснувана...ехееееееееееј, ме чуди како баш ти ја отвори?
Ѕирни и ќе ја најдеш. |
|
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
|
anakin
Сениор Unidentified Flying Object Регистриран: 08.Август.2005 Локација: Machku Pichku Статус: Офлајн Поени: 18535 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
se razvila pred godina i kusir
povtoruvanjeto e majkata na mudrosta |
|
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.
|
|
Tetratka
Сениор Регистриран: 25.Септември.2008 Локација: дрвара Статус: Офлајн Поени: 5153 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Би сакал да слушнам некои размислувања - Зошто Христос ја проколнал смоквата...
Мислам дека на оваа тема може да се развие интересна дискусија каде што нама да се “расправаме за некои глупави работи“ а ќе научиме нешто повеќе...
повелете!!! Изменето од Tetratka - 22.Октомври.2008 во 09:46 |
|
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
|
Внеси реплика | страница <1 456 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |