|
Пророкувањето и Божјата Волја денес |
Внеси реплика | страница <1 456 |
Автор | |
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Стихот во Лука 16, вели вака:
16 ”Законот и Пророците беа до Јована. Оттогаш се проповеда Евангелието за Божјото Царство, и секој насила влегува во него." Од ова следи дека Пророците се до Јован. Но - по него - следува проповедањето на Радосната Вест за Божјото Царство. Соодветно - можеби може да сметаме дека сите објави кои се по Јован, се всушност проповедање на Радосната Вест за Божјото Царство - но никаде не се вели дека тие завршуваат и дека со формирањето на Библиските текстови завршува проповедањето и "разоткривањето" на тоа Царство. |
|
Do what is right, come what may...
|
|
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Bog postojano im se obrakjal i im se obrakja na SITE svoi cheda, no za zhal najgolemiot del od niv ili ne go slushaat ili ne obrakjaay dovolno vnimanie.
Bog nikogash ne prestanal da shepoti na svojata Kreacija... toa vprochem e del od kreiranjeto... toa e kreiranje. |
|
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|
gospel
Сениор Регистриран: 01.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 405 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Со завршувањето на канонот на Библијата, т.е. со напишувањето на последната книга Откровение, завршува и секоја директна објава на Бог преку пророци и пророштва.
Сега ја имаме Библијата како целосна книга, канонизирана, и се што Бог сака да ни пренесе и да ни открие, единствено ни пренесува и ни открива преку Библијата. Повеќе Бог не работи со Пророци и пророштва, не работи преку сонови како што некои цркви тоа го практикуваат (на сон им се јавил овој, или оној) Читајте ја Библијата и за се ќе добиете директен одговор од Бога преку Библијата, за секое наше прашање и за секоја наша потреба. |
|
Majkl
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Читајќи ги самите посланија и евангелијата се гледа дека е тоа сосема друг стил на пишување. Авторите(нека биле и водени од Божјата промисла) претежно пишуваат во смисла хронолошки преглед на настаните според нивното сеќавање и истите ги прераскажуваат. Или пак порачуваат на заедниците да останат во верата во која се наоѓаат, советуваат и сл. Додека во пророштвото Бог директно говори преку устата на пророкот. На пр. кај старозаветните пророци честопати читаме „Вели Господ над војските...„ или во Откровението Христос на ЈОвана му вели „Јас Сум првиот и последниот, алфа и омега...„. |
|
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Модераторе, одлична тема.Е сега за обраќањето на Бога кон луѓето, мое мислење е дека тоа не престанало.Бог нам ни се обраќа секојдневно.Преку повикот за помош, преку совеста, преку Црквата, преку одговорот на нашите молитви и слично. Мислам дека во светот постојат луѓе кои Бог ги одбрал за да ја помагаат во согласност со Неговата Света Волја, да не водат и да не предупредуваат.Не знам како да ги наречам, но сепак тие имаат некоја посебна дарба дадена од Господа.Знам дека многумина нема да се согласат со ова,но мислам дека и баба Ванѓа имаше дарба за некаков контакт со Бога.Дури и мојата прабаба кога имала мака била кај неа да ја праша за исчезнатиот во Втората Светска Војна прадедо, на што добила одговор.Значи мое мислење е дека и денес Бог не не остава туку ни помага и не води постојано, иако не знам дали може да се наречат пророци и сл. или едноставно Божји луѓе.
|
|
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Затоа - може да ја прошириме темава, со тоа што би дефинирале и што точно претставува пророк и пророкување.
Токму затоа и ја отворив Мајкл - затоа што од една страна се вели Пророштвата завршија со Јован... од друга - Јован Богослов ги пишува откровенијата, Апостолите пишуваат посланија, и во крајна сметка - ги пишуваат и евангелијата... сето тоа е по смртта на Јован. Би сакал сите кои имаат познавања од темава да се вклучат во објаснување на овие стихови... |
|
Do what is right, come what may...
|
|
Majkl
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Пророк во прв ред не е оној кој предвидува иднина, туку оној кој на Бога му служи како директен инструмент(преведувач или звучник ако сакате) бидејќи повеќето луѓе не го слушаат и не го разбираат Неговиот глас кој е светлосен. Пророкувањето не се завршило со Јован Крстител, тоа продолжува и со апостолот Јован Богослов во Откровението Јованово т.е. Апокалипса.
Изменето од Majkl - 03.Септември.2008 во 23:24 |
|
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Во темава се надоврзувам на нешто што беше спомнато во темата за Универзален Живот.
Евангелос... јас ја прифаќам идејата дека законот и пророците беа до Јована... Но... чисто заради дискусија - дали Божјето обраќање до човекот завршува со Јована? Знаеме дека не е така - затоа што главните проповеди на Исус се по смртта на Јован, посланијата и делата на Апостолите се по смртта на Јован. Што значи - Бог се обраќа до луѓето и по смртта на Јован - но не во формата на пророци (кои ја предрекуваат иднината и го подготвуваат народот за тоа), туку во формата на негови "медиуми" за комуникација - односно, преку обични луѓе. Ако објавувањето на Божјата Мисла, Глас, Воља завршило со Јован, зошто тогаш имаме Библија?! Затоа - сметам дека треба да се разграничува пророкување и објавување на Божјата Умисла... (во случајов - за жал, не се согласувам со Мајкл, во тезата дека Габриеле е пророчица, токму заради тоа што е јасно кажано дека пророкувањето е завршено) |
|
Do what is right, come what may...
|
|
Внеси реплика | страница <1 456 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |