|
Забрана за `поинакво` мислење |
Внеси реплика | страница <1 4567> |
Автор | |
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
МистерХ - црквата во денешно време не забранува книги, препорачува да не се читаат и ја критикува нивната содржина, но не забранува ништо.
А што е со оние кои не се Христијани и Муслимани? Што е со нивното право да читаат литература каква што тие сакаат? Ако никој не се чувствува загрозен од ваквата литература, тогаш нема потреба да се реагира воопшто. |
|
Do what is right, come what may...
|
|
misterX
Сениор Регистриран: 08.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 342 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
На оваа тема нема потреба да се дискутира со лутина. И исламската верска заедница и црквата забрануваат да се издаваат книги кои се во спротивност со нивните начела-канони. Што толку се расправате? Па сите тука се прават демек се најдобри или најправични. Ова го има насекаде и не треба да се копа за да се дојде до податок кој ќе го дискредитира оној кој не е од твоја религиј. Вакви работи имало и ќе има. Ајде да дискутираме за нешто кое е реално и притоа да си погледнеме најпрвин во себе а потоа да гледаме во другите. Ако не го прифатите ова тогаш ќе се произнесам со неколку забрани кои светата црква ги има објавено преку сите медиуми па ќе видите дека тоа така функционира сакале ние или не.
|
|
deshad
Сениор Регистриран: 13.Мај.2008 Статус: Офлајн Поени: 1350 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ах пусти твои желби,ама жалам што нема да ти се остварат никогаш.Зидарски основни работи мешаш, овде не се работи за страв туку за револт кон пласирањето на невистини.Недопустливо е и крајно неферски некоја КАФАНСКА к*рВА да си пишува роман како ќе и текне и за што ќе и текне. Има граници и норми преку кои не смее да се преминува. А за кодот на да Винчи, слободно ќе речам дека муслиманите беа ПРВИ КОИ ГО ОСУДИЈА И РЕАГИРАА. Знаеме што значи слобода на говор,знаеме што значи свое видување за одредена работа врз база на некои докази и сл.,знаеме што значи поинакво мислење, ама нема да дозволиме некој шарлатан да си измислува некои работи за верата и да си ги крои како што сака тоа е недопустливо и надвор од кодексот на хуманото. Со таквите книги, со таквите погрдни називи кои им се даваат на муслиманите како што веќе еден наш "umen" член погоре истакна,точно е дека луѓето бараат повеќе информација, но, не само информација за тие романи и исценирани книги, туку и информација за вистинскиот Ислам, и фала му на Бога, досега се докажало дека онаму каде што некој ќе посегнел по исламот и неговите вредности на било кој начин,ТОКМУ ТАМУ ,Исламот најповеќе се шири. Запрашајте се зошто е тоа така и ќе ви биде јасно,а ако не вие јасно ќе ви појаснам јас. Аллах џ.ш. се обврзал да го чува Исламот , му дал гаранција и сигурност на овој свет. А вие продолжете да плукате по него, нема да ви вреди,едноставно колку повеќе плукате по него толку повеќе тој зема замав и се шири. Изменето од deshad - 27.Август.2008 во 22:08 |
|
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
svemirski, ne te sankcionira zidarski, tuku jas.
Te opomenav denes pred nekoj chas, potoa te opomena zidarski, a ti i natamu ne obrakjash vnimanie kako replicirash. Mislam deka denes ne ti e denot... |
|
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Имаш опомена за ова. Однесувај се со почит, ако веќе пишуваш на форумов. |
|
Do what is right, come what may...
|
|
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Значи за наше добро било ова...? А добро... За наше добро се значи и смртните казни, закани за убиства, палења на амбасади, знамиња, книги итн...? Ајде те молам - укажи ми на ползата за нас од овие работи, нешто не ја разбирам. |
|
Do what is right, come what may...
|
|
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Во конкретниов случај - делото не претендира да биде историско проучување, туку роман, фикција. Така што нема потреба да се утврдува неговата историска издржаност.
Доколку некој пишува научен труд, книга која претендира да биде историски издржана - тогаш има институти низ целиот свет кои се занимаваат со тие проучувања и велат - ова е точно, ова не е. Вака - се стигнува до доста апсурдна ситуација. До каде ќе се оди? Муслиманите по светов ќе се бунат за сите работи што сметаат дека ги навредуваат. На пример - можат да почнат да се бунат за фрескописи или пак филмови и книги за Исус, затоа што ете - сметаат дека е тоа и нивни пророк. Или Мојсеј... ако така се продолжи - тогаш за ништо повеќе нема да може да се зборува или дискутира. Сосема друга ситуација е книгата да е објавена и со неа да се врши проповедање меѓу муслиманите (на пример да влезе некој в џамија и да ви држи предавање за Ајша базирано на книгата), или да ви вели директно - не е вистина тоа што го пишува во Хадисите, ова е вистината. Но е мое право дали ќе ја купам и читам кога ќе ја видам на полица во книжарница. Интересно е што мало пребарување по интернет, покажува дека има десетици книги напишани против Библијата, против Христијанството, против Апостол Павле од страна на муслимански автори, дури и во секуларни земји - како Турција. Не се сеќавам Христијаните низ светов да рипнаа да палат Турски амбасади, да бараат изолација на Турција или да осудуваа некого на смрт. За нас - таквите книги се измислица и соодветно не пречат и не и штетат на верата. Се додека вие им придавате значење - тоа значи дека ви сметаат во вашата вера. |
|
Do what is right, come what may...
|
|
svemirski_duh
Сениор Регистриран: 29.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 676 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Zidarski.
Qur'anot od sekogas i sekogas i za sekogas bil i ke bide dostapen za narodot. Sto ne e slucaj i so biblijata. Biblijata dolgo vreme ne bila dostapna.Sto i pravele za toa vreme... jasno e. Strav,nema pricina. Ne mi e jasno kako mozes da pomislis deka nekoj se plasi za nesto vakvo. Ako jas uvidam nekoja greska,go menuvam mislenjeto avtomatski. Naprotiv,reakcijata e da se zatnat poganite usti koi ne se dostojni ni da go spomnat imeto na Muhammed s.a.w.s. Da si gi resite problemite,greskite,kontradikciite i lagite vo biblijata,naj prvin pa potoa da odite za drugi da vodite racun. Toa e reakcijata. |
|
misterX
Сениор Регистриран: 08.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 342 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
е така де се сложуваме. а кој ќе одреди дали е историски издржано тоа што се пишува?
Изменето од misterX - 27.Август.2008 во 20:00 |
|
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
МистерХ, кога едно дело човечко, претендира да биде историски издржано, тогаш има смисла реакцијата. Кога претендира да биде фикција, измислен роман - тогаш тотално се бесмислени реакциите, затоа што е замисла на авторот и ништо повеќе.
Ниедна земја не забрани да се гледа Кодот на ДаВинчи. Многу црковни водачи повикаа да не се гледа, но тоа не значи дека бил забранет, ниту пак анатемосан од некого. Многу филмови, книги и изложби се правени во кои се исмева или критикува Христијанството, но тоа ниту му нанело некаква штета, ниту пак некого сериозно го засега. Во последната своја реченица го сумираш тоа што го велам цело време - се што доаѓа од човек, може да е грешка и е негов, личен став. Нема зошто било кој да реагира во врска со тоа. |
|
Do what is right, come what may...
|
|
misterX
Сениор Регистриран: 08.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 342 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Слобода на човекот, не е да прави се што сака туку да не го прави она што не го сака. Слободата на изразување не значи и слобода на искривување на некои работи-тези. Иако исламската заедница реагирала на овие работи што и е и должност тоа не значи и дека овие книги нема да бидат пуштени во продажба. Ако биле забранети тогаш ние немаше да имаме можност да видиме што таму пишува па да донесеме заклучок дали тоа е лага или вистина. Исто вакви работи прави и црквата. Таа забранува гледање на филмови со содржини кои се контрадикторни(не заборавајте колку земји забранија да се гледа филмот Кодот на Давинчи) но нејзината забрана не значи дека луѓето и државите тоа треба да го почитуваат. Утре може да се случи некој да пишува или знима филм за вас кој воопшто не ја прикажува вашата вистина. И што ќе направите вие? Ќе пуштите да оди така тоа без да се огласите и да демантирате дека не е вистина тоа што е прикажано? Да вие ќе реагирате но луѓето ќе читаат и ќе гледаат за вас а потоа ќе просудат дали тоа што го виделе или читале е вистина или не. За среќа верниците денес неможат да се премислат поради една книга или филм. Муслиманите пак го имаат к*ранот како единствена книга која во себе ја содржи вистината. Сето друго кое е напишано од обичен грешник може да биде и грешка.
|
|
Pentakostalec
Сениор Регистриран: 11.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 583 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Inaku kako i sekogas muslimanite ako nesto ne im cini ili ubivaat ili protestiraat bez navreda mislam voa Jas so edno dev naskolo celo vreme se zborev za toa dali ISUS e BOG jas celo vreme zboram a ona se kara a kazam neso so i ne i se svigja doma naveredua ili slicno taa e.... Im treba proboduvaje BOG NEKA IMA MILOST ve saka pentakostalec |
|
Одете мегу сите народи и создавајте од нив мој ученици крштевајки ги во името на Таткото, Синот и Светиот Дух
|
|
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Реакцијата по повод објавување на вакви и слични книги, забраната за нивно читање и слично, е само плод на страв и ништо повеќе. Ако некој е убеден во исправноста на својата религија и во нејзината сила, тогаш што и да се зборува за неа и што и да се печати, нема да го вознемирува, туку тој на најсмирен начин, аргументирано ќе објасни дека тоа не е точно и зошто не е точно.
Муслиманите редовно објавуваат книги и брошури во кои се изнесуваат невистини за Христијанството, не се сеќавам да сум видел некој јавно да ги пали на плоштади или да бара забрана за печатење. Со таквите барања, напротив - само поттикнувате луѓето да бараат повеќе и повеќе информација за книгата и и правите непотребна реклама (како што се случи со Ружди). |
|
Do what is right, come what may...
|
|
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Nikogash ne sum gi staval slobodite na chovekoviot duh i negovata kreativnost pred nikakva dogma. Ako beshe sprotivnoto, togash nikogash nemashe da se sluchat nikakvi promenite vo zhivotot, vkluchuvajki go i religiozniot.
Slobodata sto ni e dadena od Kreatorot ne mozhe i ne sme da bide uzurpirana od NIKAKOV interes ili dogma. A prosvetluvanjeto na lugjeto sekogash si odelo so svoja cena, vkluchuvahki gi i greshkite i uchenjeto na sopstveniot grb. Sekoj onoj koj slepo i po sekoja cena gi brani SVOITE stavovi (bez obzir kakvi se) , toa go pravi ili od strav ili od premisla deka treba po sekoja cena da si ja sochuva svojata pozicija, a so toa i svojot kakov-takov interes. A nitu ednoto, nitu drugoto ne e nitu religioznost, a nitu pak produhovenost. Navedeniot primer vo ovaa tema korespondira so deloto na Don Braun "Da Vinchi Kod", kako i bezbroj drugi prozni i poetichni dela, filmovi i pesni. Zarem istoto trebashe da se sluchi vo vrska so site tie dela? Da se objavat smrtni kazni, da se izvedat javni spaluvanja na avtorite i nivnite dela za da se zashtiti dogmata? I taka se "potvrduva" i se "brani" vistinata ??? So strav, sudenja i egzekucii se sluzhat samo slabite, lazhgovcite i site onie koi po sekoja cena sakaat da ja nametnat dogmata poradi nekoj niven interes. Vistinata e sekogash samoedvidentna i na nea ne i trebaat nikakvi sudii, sudnici i presudi. Изменето од Messenger - 27.Август.2008 во 17:49 |
|
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|
Внеси реплика | страница <1 4567> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |