|
Рецепти за зимница |
Внеси реплика | страница <1 45678> |
Автор | ||
BellaGrandma
Сениор Game over Регистриран: 10.Јуни.2010 Статус: Офлајн Поени: 20029 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
12 кг. црвени пиперки 2 л. вода 3 л. оцет 600 гр. сол 400 гр. шеќер 500 гр. масло за јадење бибер во зрна магдонос Пиперките се бришат и чистат од семките. Во длабока шерпа ги ставаме водата, оцетот, сол, шеќерот и маслото за јадење да зовријат. Потоа секоја пиперка (може и повеќе) ја ставаме во течноста и оставаме да отстои 2-3 минути, но не и подолго, за да не омекнат премногу. Така обарените пиперки ги редиме во тегли, ставаме неколку зрна бибер и по малку магдонос, а преостанатата течност ја дотураме во секоја тегла (да ги прелива пиперките), и теглите ги затвораме додека се топли. |
||
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
|
||
BellaGrandma
Сениор Game over Регистриран: 10.Јуни.2010 Статус: Офлајн Поени: 20029 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Зелен ајвар
20 кг. зелени пиперки за ајвар 17 кг. модри патлиџани 4 кг. зејтин 600 гр. шеќер 400 гр. оцет 2 лажици сенф сол по вкус Зелените пиперки и модрите патлиџани се печат на шпорет. Откако ќе се испечат модрите патлиџани се ставаат во вода за да можат полесно да се лупат, а пиперките(претходно ставени во кесе за да им се одвои лушпата) се лупат и им се отстранува семето. Додека се лупат пиперките и модрите патлиџани се ставаат во поголем сад каде што можат да се цедат. Откако ќе се исцедат пиперките и модрите патлиџани се мелат во посебна машина за мелење (машина за мелење месо). Мелените пиперки и модри патлиџани се ставаат во тенџере (шерпа) во која имаме претходно ставено 1 кг. зејтин. Ајварот се пржи на тивок оган 2-3 часа и во текот на пржењето постепено се додаваат преостанатите 3 кг. зејтин, шеќерот, оцетот и солта. За време на пржењето постојано мешаме со голема дрвена лажица. Ајварот е готов кога ќе почне да се одделува по страните. Откако ајварот ќе биде готов се трга настрана од огнот и тогаш се додаваат 2-те лажици сенф и повторно се промешува со дрвената лажица. Веднаш се собира во стаклени тегли кои претходно се загреани околу огнот. (за да не дојде до пукање на теглите кога ќе дојдат во допир со жешкиот ајвар) Изменето од ФорумскаБаба - 02.Јули.2010 во 21:58 |
||
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
|
||
BellaGrandma
Сениор Game over Регистриран: 10.Јуни.2010 Статус: Офлајн Поени: 20029 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Модри патлиџани за зима
Потребни состојки: 20 модри патлиџани 400 мл. масло за јадење 400 мл. оцет 150 гр. шеќер Магдонос Сол Во тенџере на оган ги ставаме маслото за јадење, оцетот и шеќерот да зовријат. Откако ќе зоврие, смесата ја тргаме од огнот и ја оставаме да се олади. Во меѓувреме модрите патлиџани ги лупиме и ги сечиме на кругови со дебелина од 1см, ги редиме во подмачкан плех и ги ставаме во рерна, само колку да омекнат. Додека уште се топли модрите патлиџани ги редиме во тегла и тоа, еден ред модри патлиџани, па ги посолуваме, ставаме сечкан магдонос, па ставаме 1-2 лажици од претходно подготвеното солило. Теглите ги затвораме и ги чуваме во темна и сува просторија, каде што стои останатата зимница. |
||
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
|
||
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Да, навистина...
А некои од вас и не се приметува дека не се Македонци, толку убаво и граматички правилно пишуваат, браво. |
||
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ке си дозволим еден офтопик:Имам голем напредак су македонскиот
|
||
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Hahaah, не е дијалект, така се викаат тие пиперки, не секоја лута е везенка, тоа се оние како со рецки на нив, што може да се сушат нанижани
|
||
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Лути пиперки.На некаков диалект нивн е ,али незнам од коj раjон
|
||
pagane
Сениор Регистриран: 21.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 13044 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
што е везенки? |
||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
печи-гмечи
убаво измиени и забришани везенки на кои претходно им се сече рачката се подпекуваат од двете страни на рингла ’’колку да ги фати огин’’ и се тпоат во смеса од оцет, зејтин, солл и шекер (сооднос 2 чаши оцет, 1 чаша зејтин 1 третина од истата чаша шекер и 1 рака сол). Се редат во тегла ред везенки, ред сецкан магдонос и лук и малку се гмечат ’’да легнат убаво’’. Се оставаат да отстојат 12 часа и потоа се дополнуваат со смесата која остана ( ако се подиспразнети теглите) и се затвораат. Се чуваат во ладно. |
||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ајде некој љубезно тука да постави рецепта за барени пиперки
|
||
Enigma
Сениор Регистриран: 11.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 9984 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
slatko od slivi
najbitno e slivite da se nedozreani,kolichinata sama ke si ja odredish,na kg slivi stavam 800 gr sheker i tolku voda,se lupat slivite i gi stavash vo rastopena var i razredena,otstojuvaat edno dva sata se vadat i ubavo se plaknat od varta,gi stavash vo voda so malku limontus za da ne ti potemnat,i spreemash sherbet koga ke e gotov sherbetot gi pushtash slivite i se vari kako sekoe slatko,jas go sobiram ladno.Dobar apetit(ne napomenav deka na sekoe slatko stavam limon iseckan na krukcinja,go stavam koga ke go trgnam od ogin) |
||
Mojata dusha ne e pateka,da minesh i da zaminesh,mojata dusha ne e kamin da se zgreesh i da zaminesh,mojata dusha e bozji hram-vleguvash i ostanuvash tamu
|
||
dance.77
Нов член Регистриран: 31.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 1 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Dali moze nekoj da mi zapise recepta za slatko od modri slivi?????
|
||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Prvoto go napraviv, ama ne go probav. Vtorata recepta vo tekot na nedelava. Blagodaram i za dvete recepti.
Eve edna prakticna recepta za leten pindzur za vo zima 10 modri patlidzani- tenkite dolgnavestite ne okruglite zatoa sto znaat da gorcat se pecat, lupat i ostavaat da se iscedat. 5 kg. crven patlidzan, pecen lupen i ostaven da se cedi i 5 kg zelen piper ( jas staviv 2 kg, luti i 3 blagi piperki), pecen, lupen i isceden. Modrite i crvenite patlidzani gi pecev vo rerna, a piperot na ringla. Se seckaat sitno i se posoluvaat po vkus. Se polnat i zatvoraat teglite i se stavaat vo rerna na 150 stepeni edno cas vreme za da se pasteriziraat. Vo zima samo se otvoraat poprskuvaat so vrel zejtin, im se dodava luk i seckan magdonos po zelba. Moze i bez zejtin, a moze i przeni so jajca. ps. Ako se stavat ajvarski piperki izleguvaat 15- 16 tegli, a ako se stavi obicen ili pola vezen izleguvaat negde 12-14 tegli. Jas pravam i taka i taka, negde do 40 tegli Probajte, nema da zazalite. |
||
Enigma
Сениор Регистриран: 11.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 9984 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
4 kg smokvi samo gi mies i sechesh drshkata(kaj sto e skinata de)sherbetot go pravam so tri kg sheker i 3 litri voda,go stavash serbetot da se vari i koga ke provrie ubavo gi pustash smokvite neka vrie na tivok ogin i nema da pravi peni samo nekolku pati protresuvas dodeka se vari ,ne treba meshanje,(kako poznavam koga slatkoto e gotovo),ke pochne da shushka vo vrienjeto jas taka velam ili zemam na lazicka od serbetot i ja svrtuvas nadolu ako drzi kapka od serbetot gotovo e,slatkoto nikogas ne go sobiram toplo zemam krpa koja ke ja pokrie celata sherpa ja mokram celosno ubavo ja istiskuvam i go pokrivam slatkoto,taka stoi dodeka ubavo se izladi i sobiram ladno.Inaku so ovaa doza 4 kg smokvi tri kg seker blazinata mi e super.Dobar apetit |
||
Mojata dusha ne e pateka,da minesh i da zaminesh,mojata dusha ne e kamin da se zgreesh i da zaminesh,mojata dusha e bozji hram-vleguvash i ostanuvash tamu
|
||
Внеси реплика | страница <1 45678> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |