|
ДАЛИ ИСУС СЕ РОДИЛ ОД .... |
Внеси реплика | страница <1 45678 18> |
Автор | ||
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Воопшто не зборуваме за душата и не - не сме Богови, иако душата е дел од Бога.
Како што сега му кажав на Шумадинче - не зборувам дали така се случило, не навлегуваме во таа дискусија воопшто! Само образложувам дали може да е така, за да се отстранат пречките во идејата дека е тоа воопшто можно. Останатото - веќе зависи од гледната точка и од религијата која ја исповедаме. |
||
Do what is right, come what may...
|
||
deshad
Сениор Регистриран: 13.Мај.2008 Статус: Офлајн Поени: 1350 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ти благодарам и тебе, и со тебе нека е мир.
Како што реков,дури и заклучоков го предвидов каков ќе биде,па и за него ти одговорив на 10 страна од оваа тема во 13 пост. Зидарски очигледно една работа ја превиде а таа е ДУШАТА. Душата е Божја творевина и како таква е дел од него а со тоа и вечна. А според тоа и јас и ти и Шумадинче и Мирослав г 8 и сите луѓе носиме души и имаме тела.ПА ДАЛИ СПОРЕД ТВОЕТО ОБЈАСНУВАЊЕ СМЕ БОГОВИ? Не мораш да одговараш, знам за вас Христијаните што представува Светото Тројство,затоа нека остане твојот заклучок како последен. Секое добро. |
||
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Шумадинче - зборуваме за принципот! Прочитај го целиот пост. Не реков дека треба да се согласуваш со тезата, но основите на овој принцип се тие и не можеме да не се согласиме со тоа.
Значи не се замарај со тоа дали навистина така се случило - тоа што јас ти го објаснувам е дали можело да се случи. Оттаму - како точно се случило - ние имаме едно видување, вие друго. Дали е можно да се развијат настаните онака како што ги опишав? Да, го утврдивме тоа. |
||
Do what is right, come what may...
|
||
ShumadinChe
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 05.Март.2008 Локација: Slovenia Статус: Офлајн Поени: 365 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Aman be covece. sto go napravi ti Bog ? Svetiot Duh so Beskrajnost e Posena na Marija ? Od kaj znaes ti deka Bog Zemal svoja beskrajnos i od Nea Sozdal Zhrtva ? Odgovori. Изменето од ShumadinChe - 22.Јули.2008 во 23:27 |
||
Nothing Remains !!
|
||
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Извини пријатељу - јас на долго и на широко да објаснам, а и кај мене е попладне, па изгубив осет... |
||
Do what is right, come what may...
|
||
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Е добро... многу е битно да расчистиме дали се согласуваме по тие основни работи. Оттука натаму, не мора да се согласуваме со тезата која ќе ја изложам, битно е само принципот, односно темелот на таа теза да ни е јасен.
Бог во својата Семоќ, дел од Својата Бескрајност ја претвора во човек. Тоа го прави, затоа што решава да се обрати до луѓето во форма која тие ја познаваат и која е иста како нив. До тогаш, Тој им се јавува на луѓето - во различни форми, но сега, Тој решава да го направи тоа во формата на жив човек. Како што утврдивме - Неговата Воља не подлежи на дискусија и не подлежи на оправдување и ние не можеме да кажеме дали бил во право или не и дали може или не може тоа да го направи - затоа што тоа е сепак Бог, Суверен, Семоќен, Бескраен. Делот од Себе, Тој го испраќа меѓу луѓето, за да им зборува на јазик човечки и да се однесува со нив човечки. За да им покаже дека може да има безгрешен живот! Претходно - само им кажувал на луѓето како да живеат, но сега решава (негово право, зарем не) да им покаже директно! Не го прави тоа преку некој веќе постоечки човек, туку решава Самиот Тој да биде меѓу нив, за да Го познаат, за да Го разберат, за да ја почувствуваат Неговата Љубов. Тој има Суверено право да го направи тоа - а како што утврдивме претходно - истотака има и можност да го направи тоа. Тука се постави одличното прашање - Зошто тогаш умира? Затоа што смртта е човечка карактеристика која Тој истотака сакал да им ја покаже на луѓето, за да сфатат дека смртта не е крајот, туку е почетокот! За да сфатат дека смртта не треба да ги плаши! Освен тоа - Тој, во човечката манифестација во која се појавува, не само што умира, туку решава да им покаже на луѓето уште поголема лекција - а тоа е пожртвуваноста! И се жртвува во нивно име! Им покажува дека човек за човека треба да се жртвува и дека само во Бог треба да се надева! И како што велиме ние - Со Смртта Смртта ја победи! Им покажа на живите дека не треба да страхуваат од смртта, затоа што оној кој поверува во Него има вечен живот. Е сега... Да се вратам на почетокот на овој пост - Не сакам, ниту имам намера да ги убедувам муслиманите дека е ова исправна идеја и дека ова е начинот на кој треба да се верува. Само се обидов на многу едноставен и многу упростен начин да ви објаснам зошто ние веруваме во тоа и зошто ние наоѓаме јасно оправдување за тоа верување. Вие не се согласувате со таа теза (иако - се согласувате со основите за неа) - и соодветно имате различно верување. Мир да е со тебе Дешаде - благодарам за трпението во дискусијава. |
||
Do what is right, come what may...
|
||
deshad
Сениор Регистриран: 13.Мај.2008 Статус: Офлајн Поени: 1350 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ајде Зидарски,пожури болан,поноќ долази.
|
||
deshad
Сениор Регистриран: 13.Мај.2008 Статус: Офлајн Поени: 1350 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Опет ДА!
|
||
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ова меѓудругото е одлична тема за дискусија, ама за тоа можеме да отвориме посебна тема. Не се согласувам со таа теза до крај, но е добар предмет на дискусија. Сепак - линијата која ја водиме на дискусија со Дешад е во малку друг контекст. |
||
Do what is right, come what may...
|
||
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ја сфатив суштината на твојот пост, и апсолутно се согласувам со тоа! Ако Бог се претвори целосно во човек, Тој се откажува од своите атрибути. Но овде зборуваме за сосема различен случај.
Значи до моментов, заклучуваме дека Бог може да го направи тоа, односно дел од себе да претвори во човек. Тоа е условено од неговата Семоќност. Дали Вољата Негова е неоспорна? Односно - Тој може да постапи по одреден начин, затоа што Тој решил така и тоа да не подлежи на суд и оправдување? (ова се поклопува во извесна степен со идејата за Семоќност, но е битно да се прецизира во контекст на вољата и неговите одлуки, а не само во однос на можностите) |
||
Do what is right, come what may...
|
||
deshad
Сениор Регистриран: 13.Мај.2008 Статус: Офлајн Поени: 1350 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Шумадинче олабави. Јас уште малку сум тука. Па после продолжи ти. Сабр.
|
||
ShumadinChe
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 05.Март.2008 Локација: Slovenia Статус: Офлајн Поени: 365 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Neli Rekovme Deka I Covekot E Beskraen? Vo Toj Kontekst Upotrebuvam Beskrajnost (Kako atribut Covecki). |
||
Nothing Remains !!
|
||
deshad
Сениор Регистриран: 13.Мај.2008 Статус: Офлајн Поени: 1350 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Значи ги среди мислите.Иако гледам дека пак не си ја сфатил суштината на мојот пост ама не е ни битно,ајде ќе играме по твое: одговорот на твоето прашање е ДА, може! Даље.... |
||
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Да потсетам само - тука застанавме со дискусијата. |
||
Do what is right, come what may...
|
||
Внеси реплика | страница <1 45678 18> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |