|
Крштевање |
Внеси реплика | страница <1 45678 13> |
Автор | ||
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Токму заради ова реков, ми се допаѓа “конфирмацијата“-ем за секој случај и бебето крстено-ем како возрасно кога ќе поверува пак да се крсти, иако лично не верувам дека кумот или било кој “може да јамчи (ова се доследно зборовите на попот) за некого.
|
||
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
||
Pravoslavie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Регистриран: 07.Октомври.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1732 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Дали мораш да бидеш потопен во вода? Зошто?
Смееш ли да бидеш потопен во вино? Зошто баш во вода?
Која е суштината на Крштевањето? Зошто мораш да бидеш баш потопен и баш во вода?
Прашањава се упатени до AlDra.
Благодарам однапред за одговорите
|
||
Да погледнеме околу нас, таму има МНОГУ СТРАДАЛНИЦИ. Да им помогнеме!
Оди на подфорумот Хуманост на дело Запамети, ЉУБОВТА ДЕЛОТВОРИ!! |
||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Велиш "шубе" а?
А нема ли да те јаде ЈАНЗА цел живот потоа прашањето: "Дали јас навистина го крстив моето дете правилно и библиски, онака како што Исус заповеда, или пак можеби само попот го избања во легенчето?"
И што ако на крајот испадне дека токму библиското крштевање е она вистинското крштевање, а ова другово било само едно вонредно бањање на бебето, па детето т.е. подоцна човекот си отиде некрстен? Дали можеби токму бебекрштевањето ќе допринесе човекот да се залажува дека е крстен и да не се крсти правилно (библиски) и со тоа си обезбеди зелена карта за во пеколот?
Зарем не те јаде јанза за ова? И кое е решението за да не ни биде "шубе" и за да не не јаде "јанза"? Ќе воведуваме некои нови доктрини за двојно крштевање (бебешко и конфирмација)? Зарем не е јасна Библијата дека постои само едно правилно и вистинско библиско крштевање? (Ефешаните 4:5)
Ќе продолжиме ли да се водиме и понатаму од чувствата и или ќе му бидеме верни на Божјиот Збор?
Ќе дозволиме ли Ѓаволот да ги злоупотреби нашите силни чувства кон нашите деца за да им извршиме лажно крштевање, да ги убедиме дека се крстени, за потоа никогаш да не бидат правилно крстени?
Зарем не ја приметувате стратегијата на лукавиот во позадината на ова "крштевање"?
Зарем не го слушате гласот на лукавиот како му вели на детето: "Шо ти е тебе бе? Ти си крстен како бебе во ПРАВОСЛАВНА црква. Повторното крштевање е непростлив грев и затоа немој ни да си се осмелил да се крстиш "библејски" како што те заведуваат секташиве. Бата ли ти што вели Библијата, таа е тешка книга за разбирање и не може кој како сака да си ја чита и разбира. Штом попот те крстил тебе ко бебе, тоа е правилно. Ти си крстен, не смееш да се крстиш пак. Ти си крстен. Уживај во убавините на животот, бркај женски, прави пари, шетај, забавувај се... животот е пред тебе."
|
||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
||
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Мислам, како некое шубе ми остана она “За да бидеме сигурни дека ако умрат како бебиња ќе одат во рајот.“
|
||
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
||
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
И самиот поп сметаше дека крштевањето на возрасен е подобро, но за поголема сигурност-тоа се прави во детската возраст. Мислам дека и други цркви крштеваат бебиња-но подоцна следи т.н. конфирмација, т.е. крштевање и како возрсни. Методистичките цркви, католичката црква, и други.
Искрено, и јас сеуште ја имам оваа недоумица.
|
||
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
А демек ако умреле бебињата неизбањати во православното легенче ќе оделе оделе во пеколот и вечно ќе горат во огнениот пекол? Мижи асан да ти баам Ваков теолошки лапсуз може да тресне само некој што не ја прочитал Библијата, а се облекол во попска мантија
Можеби тоа е учењето на православието и неговите "отци", но тоа сигурно не е учењето на Христијанството, Библијата, на Христос и апостолите.
Според Библиското учење, бебињата наследуваат грешна телесна природа, но не е и вина, осуда и казна за родителскиот грев. Христијанството е лична вера и учи дека секој ќе си одговара за своите постапки, за своите одлуки, за својот личен и своеволно сторен грев.
"Оној кој ќе згреши, тој и ќе умре. Синот нема да го носи татковиот грев, ни таткото синовиот грев. Врз праведникот ќе биде неговата правда, а врз безбожникот неговата безбожност."
(Езекиел 18:20) Библијата учи дека бебето наследува мртов грев т.е. грев кој не повлекува вина, одговорност и осуда од родителот на бебето. Се додека бебето/детето не направи личен и свесен грев тоа не е под Божјата осуда. Дури откако во детето ќе проработи совеста и тоа ќе го дознае Божјиот закон и ќе биде свесно за своите постапки, дека тоа што го прави е грев, дури потоа гревот оживува и ја добива силата да го осуди детето и да побара одговорност и казна од него.
"Имено, гревот беше во светот уште пред Законот, но гревот не се засметува кога нема Закон."
(Римјаните 5:13)
"И јас живеев некогаш без Законот; но кога дојде заповедта, гревот оживе, а јас умрев. "
(Римјаните 7:9)
"Да не дојдев и да не им зборував, немаше да имаат грев; но сега немаат изговор за својот грев."
(Јован 15:22)
Од сето ова следува дека доколку едно бебенце почине, тоа ни на сон не иде во пеколот, туку дирекно во прегратките на Бог
Да, нашиот Бог е праведен Бог и не дозволува невините бебенца да завршат во пеколните маки, заради гревот на нивните родители.
Уште една потврда на ова е примерот со бебето на царот Давид. Имено, царот Давид извршил прељуба со една жена и таа му родила дете. Но Бог, заради гревот, одлучил да му го одземе детето на Давид. Потоа читаме...
Светиот Дух му дал цврсто убедување на Давид дека тој, по смртта, ќе живее во рајот. Тоа го гледаме во неколку од неговите псалми..
"И јас ќе престојувам во Господовиот дом засекогаш."
(Псалм 23:6) Така што кога Давид рекол "Јас ќе отидам при него", тој, иако индирекно, сепак јасно ни кажал дека неговото бебе е во Господовиот дом каде што он наскоро и му се придружил.
Поздрав! |
||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
||
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
На извесен начин-Да. Еднаш разговарав за ова и со еден поп, околу една моја недоуимица. Еве ги зборовите на попот:
“Најубаво е да се крсти човек возрасен, кој свесно поверувал, ете, и царицата Елена се крстила како возрасна...“
-Но зошто, му реков на попот, тогаш крштевате бебиња?
-За да бидеме сигурни дека ако умрат како бебиња ќе одат во рајот.
-А како ќе знаеме дека тие поверувале?-повторно прашувачот љубопитниик-страдалник.
-Кумот јамчи за нив-беше одговор на попот од Св. Петка, а јас Марија Магдалена сведочам дека овој разговор е вистинит.
|
||
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
||
AlDra
Сениор Регистриран: 06.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 823 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Марија Магдалена тоа би значело дека се согласуваш дека не треба да се крстат бебиња?
|
||
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Мислам на самиот кандидат се разбира. |
||
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
||
AlDra
Сениор Регистриран: 06.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 823 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Марија Магдалена да те прашам во врска со горнава реплика: за чија внатрешна вера мислиш? На кандидатот за крштевање или на тие околу него?
|
||
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Крштевањето е надворешен печат на внатрешната вера.
|
||
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
||
AlDra
Сениор Регистриран: 06.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 823 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
,,Крштавањето не е отстранување на нечистотијата од телото, туку завет пред Бог што се дава со чиста совест.’’(1 Петар 3:21)
|
||
Pravoslavie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Регистриран: 07.Октомври.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1732 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
AlDra, што за тебе претставува самиот чин на Крштевање?
|
||
Да погледнеме околу нас, таму има МНОГУ СТРАДАЛНИЦИ. Да им помогнеме!
Оди на подфорумот Хуманост на дело Запамети, ЉУБОВТА ДЕЛОТВОРИ!! |
||
Templarius
Сениор Регистриран: 12.Февруари.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2754 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Mozebi sum smesen no barem sum iskren so sebe si, velite da ne ja mesam verata i tradicijata so nacionalniot identitet - mozebi ste i vo pravo, kako na nekogo da mu kazes deka e nesto sino koga toj neznae kako sinoto izgleda ..... Dali sum hristijanin ili nacionalist .... Jas sum pravoslaven Makedonec koj ima (za razlika od mnogu tuka) svoja krsna slava, svoja vera (koja ne e menuvana i nema da se menuva so pokolenija), svoja crkva, svoja tatkovina, svoj tradicija koja ja pocituva, dolg kon narodot od koj proizlegol, i nekoj koj nedava nikoj da mu pluka na Svetcite Verata i Makedonija - ako toa me pravi da sum nacionalist da jas sum Nacionalist, ako toa me pravi deka sum glup nazaden i zaostanat vo vasite sovremeni oci - da jas sum toa a vie mozete da se ... No ne cepkajte be vo Pravoslavieto, nikoj ne vi cepka vo vasite novi religii ..... ve molam... |
||
Give me your secrets
Bring me a sign Give me a reason To walk the fire See another dawn Through our son's eyes You give me a reason To walk the fire. |
||
Внеси реплика | страница <1 45678 13> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |