IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Технологија > Технологија
  Активни теми Активни теми RSS - Новости
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Новости

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 45678 9>
Автор
Порака Обратен редослед
seka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Guardian Angel

Регистриран: 04.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4418
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај seka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Ноември.2008 во 11:02
James Bond Sony Ericsson C902 Cybershot

После успешната соработка на филмовите Casino Royale и Spider-Man 3, Sony Ericsson и T-Mobile ја продолжуваат соработката со Холивуд и на промоцијата на новиот James Bond - Quantum Of Solace.

Во новото продолжение, тајниот агент го користи лимитираното издание на C902 Cyber-shot мобилниот телефон со титан сребрена боја. Со него ги слика доказите, ного користи  и при извршувањето на другите задачи. Уредот поседува 5 мегапикселна камера, со функција за препознавање на лице, блиц и автофокус. Овие опции му овозможуваат на славниот агент брзо да ги испрати високо квалитетните фотографии во МИ6 и брзо да го идентификува непријателот.

Во август 2006 година Sony Ericsson исто така се здружи со James Bond за да го претстави лимитираното издание на James Bond Casino Royale, сребрениот K800i Cyber-shot телефон со фотоапарат, во 2002 година одредени членови од актерската постава на James Bond - Die Another Day се користеа со мобилните телефони Sony Ericsson P900 и T68i.

Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
Кон врв
seka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Guardian Angel

Регистриран: 04.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4418
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај seka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Ноември.2008 во 11:01
Робот куќна помошничка

Компанијата Тојота Мотор Корп и Универзитетот од Токио заедно развиле прототип на робот со назив АР.


Роботот е во состојба да извршува куќни работи како што се чистење со правосмукалка, раскренување после оброк, бришење прашина и ставање на нечистите алишта во машина за перење. Роботот може и да го поместува мебелот за да чисти со правосмукалката.

Роботот е висок 155 сантиметри, тежок 130 килограми и се движи со помош на тркала.

Специјалната технологија овозможува овој робот да ги разликува објектите како што се мебел и опрема за чистење и одржување хигиена. Порано роботите биле во состојба само да ракуваат со цврсти предмети. АР ги препознава облеките и ги крева дури и ако ги испушти.

Роботот е опремен со две раце, поседува пет камери за препознавање и ласерски сензор. Моменталната подвижност на АР не е голема бидејќи е бавен и несмасен но се очекува дека наредните верзии би можеле да донесат подобрување во брзината и ефикасноста.

Тојота и Универзитетот во Токио веруваат дека комерцијалната верзија на овој робот би можела на пазарот да се појави за околу седум години.
 
Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
Кон врв
da be Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 101
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај da be Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Ноември.2008 во 17:41
Кон врв
seka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Guardian Angel

Регистриран: 04.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4418
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај seka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Ноември.2008 во 12:23
Motorola AURA

Инспирирана од луксузните часовници и рачната изработка, компанијата Motorola го претстави својот нов модел AURA – уред кој повторно ги комбинира уметноста во дизајнот и производството на мобилни телефони.

Фината изработка, кружното отворање и кружниот екран на AURА се повеќе придонесува уредот да наликува на луксузен часовник.

При кружното отварање, од задната страна се отвора прозорецот кон неговото механичко срце: главно лежиште со „swiss-made“ натпис, запчаници изработени од Rockwell 50-50 челик и 130 прецизни топчести лежишта.

CrystalTalk технологијата на Motorola гарантира високо квалитетен и јасен звук при секој разговор, додека Stereo Bluetooth технологијата овозможува разговори без користење на раце. Aura се очекува да се појави на пазарот кон крајот на годинава.
Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
Кон врв
seka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Guardian Angel

Регистриран: 04.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4418
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај seka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Октомври.2008 во 07:02
Aigo MP5 плеер

Компанијата Aigo во рамки на спонзорството на шампионатот во  Формула 1 неодамна го претстави и Vodafone McLaren Mercedes MP5 плеерот.


Плеерот со кодно име MP5-MK3510, поседува екран со големина од 4,3 инча, кој дава слика со резолуција од 480 x 272 пиксели. Уредот има интегриран e-Book читач, ФМ радио приемник и прегледник на фотографии.

Од аудио/видео форматите плеерот ги подржува речиси сита најзастапени типови на датотеки, како што се: RM, RMVB, AVI, FLV, DAT, MPG, MPEG, како и MP3, WMA, FLAC, APE, BBE и SRS формати.

Апаратот е во состојба четири часа без престан да репродуцира видео содржини, односно 10 часа аудио материјали.

За сега нема податоци за цената и за официјалниот старт на продажбата на Aigo Vodafone McLaren Mercedes MP5 плеерот.
Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
Кон врв
seka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Guardian Angel

Регистриран: 04.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4418
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај seka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Октомври.2008 во 07:41
Голотија во европските аеродроми

Европските аеродроми ќе добија нова технологија во делот на контролата, каде скенерите буквално ќе ги покажуваат патниците како од мајка родени.

Иако овие скенери ја скратуваат и подобруваат контролата на патници, од друга страна има приговори за нивниот негативен ефект на човековите права и достоинство.

Европската комисија се оградува бидејќи ова ниво на безбедност во воздухопловниот промет е само предлог, што не мора да биде прифатен. Кога патникот ќе влезе во скенерот, тој фронтално, странично и од грб се слика, што е доволен приказ за откривање на оружје, дрога, монети, но, и на најинтимните делови на телото.

Според првите реакции во Европа, малку е веројатно дека скенерите ќе бидат употребени за контрола на патниците, бидејќи навлегуваат во приватноста на луѓето. Против ова се Ирска и Италија , каде истите се наречени неправедни, насилни и непотребни, пренесува “Индекс хр.“.

Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
Кон врв
seka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Guardian Angel

Регистриран: 04.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4418
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај seka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Октомври.2008 во 12:18
Џебен телевизор за секоја прилика

Компанијата Maplin претстави интересен ултра-пренослив ТВ уред, наменет за вистинските зависници од оваа магична кутија.

Станува збор за LCD телевизор, кој поседува 7 инчен екран. Апаратот може да пронајде и да меморира повеќе од 250 аналогни и 999 дигитални канали.

Дополнителна функција на овој уред е тоа што можете да го користите како дигитален рисивер за поголемите ТВ апарати, бидејќи поседува бројни приклучоци, како што се портови за камера, ДВД систем, звучници...

Малиот телевизор, кој работи на 7,4 V rechargeable батерија, доаѓа во пакет со далечински управувач и слушалки.

Maplin телевизорот треба да се појави на пазарот до крајот на декември, веројатно пред божиќните празници и ќе се продава по цена од 170 американски долари.
Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
Кон врв
seka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Guardian Angel

Регистриран: 04.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4418
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај seka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Октомври.2008 во 11:02
„Сони„ го претстави новиот читач на е-книги

Јапонската електронска компанија „Сони“ ја претстави новата верија на својот читач на е-книги „Ридер диџитал бук“.

Новиот модел ПРС-700 има слични карактеристики како и неговиот претходник ПРС-505, со додаток на екран чувствитален на допир, кој на корисниците ќе им овозможи не само да „прелистуваат“  е-книга туку и да ја пребаруваат нејзината содржина со помош на виртуела тастатура на екранот  или со моливчето од пакетот да означуваат одредени пасуси од е- книгата.

Во моделот има вградено  и дополнително ЛЕД светло, за читање на е-книгите во затемнети простории.

Моделот ПРС-700 во својата интерна меморија може да сочува содржина до 350 е-книги.  

Како и претходникот ПРС-505, и моделот ПРС-700 има батерија од поголем капацитет која овозможува „прелистување“ на околу 7.500 страници и УСБ приклучок за поврзување со персонален компјутер и пренос на содржини. 

Моделот ПРС-700 во САД ќе се продава по цена од околу 400 долари.

Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
Кон врв
seka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Guardian Angel

Регистриран: 04.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4418
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај seka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Октомври.2008 во 15:10
Пристига новиот LG Prada

LG го претстави новиот Prada телефон, LG-KF900 со лизгачка тастатура која се извлекува странично.

Новиот 3G HSDPA LG Prada, покрај новата странична тастатура поседува и 5MP камера со Schneider Kreuzach леќи, 3-инчен WQVGA 400×240px touchscreen, Wi-fi, Prada ринг тонови, Радио, ТВ излез, Bluetooth и медиа плеер.

Prada II е комплетен „smartphone“ со веќе докажан, чист Prada дизајн. Од богатата палета на опции, на новиот Prada II му недостига само GPS навигациониот систем

Новиот LG Prada телефон својата премиера на европскиот пазар ќе ја доживее есенва, а според најавите ќе се продава по цена од 600 евра.

LG досега успеа да продаде повеќе од еден милион Prada телефони. Се очекува дека новата верзија ќе ја продолжи успешната приказна на својот претходник.

Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
Кон врв
seka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Guardian Angel

Регистриран: 04.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4418
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај seka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Октомври.2008 во 16:56
Samsung Night Effect

По големиот успех на моделот Samsung Giorgio Armani Touchscreen Phone, јужнокорејскиот производител Samsung и Armani повторно се здружија и го направија телефонот Night Effect.

Samsung Night Effect, кој го поседува дизајнот на Armani, ќе ги задоволи потребите на младите, на кои музиката им е дел од секојдневието.

Станува збор за тенок и елегантен телефон, кој поседува AMOLED екран, како и позадинско LED осветлување на тастатурата, кое свети во сина, зелена или црвена боја секој пат кога примате или вршите повик.

Поради сето ова и го носи називот Night Effect. Телефонот е како создаден за младите кои ги сакаат ноќните прошетки или пак дискотеките.

Телефонот ќе биде достапен во две бои, црна и бела, а во Европа треба да се појави во текот на ноември годинава.
Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
Кон врв
seka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Guardian Angel

Регистриран: 04.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4418
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај seka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Октомври.2008 во 10:26
Телефон - проектор?!

Долго време ИТ фанатиците сонуваат за мобилен телефон, кој воедно ќе може да користи и како проектор. Како што напредува технологијата и како што се намалува големината на проекторите, се чини дека сонот може наскоро да стане јаве. Полека, сепак не очекувајте дека такво нешто наскоро ќе се појави на пазарот иако DoCoMo подготвува прототип.

Станува збор за еден од постојните телефони на DoCoMo, во кој е интегриран минијатурна верзија DLP Pico проектор, која ја изработи американската компанија „Texas Instruments“. Со оглед на фактот што сегашните батерии на мобилните телефони можат да издржат 15 до 20 минутно проектирање, за време на презентацијата на прототипот, апаратот беше приклучен на полнач.

Прототипот наводно може да проектира слика со големина од 20 инчи и со резолуција од 480 × 320. Од DoCoMo тврдат дека првиот мобилен – проектор би можел да се најде на пазарот за три години и оти ќе биде застапен само кај најскапите модели на телефони. Пред сето тоа да се случи потребно е да се направат уште некои измени, како на пример да се намали загревањето, потрошувачката на енергија, трошоците и се разбира димензиите на самиот прожектор.

DoCoMo има за цел да произведе телефон – проектор чија батерија ќе може да издржи и до 100 минутно проектирање.
Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
Кон врв
seka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Guardian Angel

Регистриран: 04.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4418
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај seka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Октомври.2008 во 15:03
bas me interesira kako ke izlete se ova, so appel i nokiaголема%20насмевка
 
Пристига Nokia Tube

Најголемиот произведувач на телефони „Nokia“ утре ќе го претстави мобилниот кој треба да му конк*рира „iPhone“ од „Apple“.

Повеќето произведувачи претставија нови телефони кои се лесни за користење и имаат touchscreen, како што поседува „IPhone“.„

„Nokia се наоѓа под голем притисок да исфрли добар производ. Луѓето тоа го очекуваат веќе повеќе од една година“ изјави Каролина Миланези од аналитичката компанија „Gartner“.

Миланези истакнува дека на Nokia и претходно и се случувало доцна да се приклучи кон производството на нов тип на телефони, а сепак да постигне голем успех, како на пример со тенките телефони и телефоните од третата генерација (3G).

Моделот Nokia 5800, познат како „Tube“, ќе поседува посебно создадени апликации за музика, поради што повеќе ќе потсетува на музички апарат отколку на таканаречените „smartphone“, кои имаат бројни функции слични на персоналните компјутери.

Најзначајната новина кај „Tube“, ќе биде софтверот Nokia Comes with Music кој е пандан на музичката продавница на „Apple“, „iTunes“.

Производителите „Samsung“ и „LG“ веќе се испробаа во производството на touchscreen, Sony Ericsson планира наскоро на пазарот да го исфрли телефонот „Xperia X1“, додека „Motorola“ во Кина веќе започна со продажба на телефон од тој тип, наречен „ming”.
Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
Кон врв
seka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Guardian Angel

Регистриран: 04.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4418
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај seka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Октомври.2008 во 09:57
Прв 3Д дигиталец од Fujifilm

Пазарот на дигитални камери е особено конк*рентен и секој произведувач се обидува да направи нешто што ќе го одвои од останатите. Некои се борат со нудење на што е можно поголем број на мегапиксели, други пак со понуда на HD видео, додека други со понуда на софтвер за препознавање на лице. Fujifilm направи нешто сосема поинакво, ја произведе првата дигитална камера која продуцира тридимензионални фотографии.

Како што можете да забележите од понудената (дводимензионална) фотографија, се уште неименуваниот апарат од Fujifilm поседува две леќи, со чија помош ќе може да ја определи далечината на различните објекти кои се гледаат низ објективот и со кои ефективно ќе успее да ги постави во тридимензионална средина. Се што корисниците на камерата ќе треба да направат за да снимат 3Д фотографија е да го притиснат копчето за фотографирање.

Fujifilm FinePix Real 3D System се очекува да се појави на пазарот во текот на следната година. Се разбира дека ќе ви биде потребен соодветен 3Д дисплеј за слики за да можете да ја видите 3Д фотографијата како што треба.

Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
Кон врв
seka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Guardian Angel

Регистриран: 04.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4418
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај seka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Октомври.2008 во 09:57
Нова верзија на Nintendo DS конзола

До крајот на година треба да се појави новата верзија на Nintendo DS конзолата која ќе има мултимедијални способности и вграден дигитален апарат, објавија повеќе интернет портали.


Со новите опции ќе се подобри и онака одличната продажба на оваа конзола, со ова Nintendo фаќа чекор со светските трендови на пазарот, речиси сите апарати, без разлика дали станува збор за мобилни телефони palm лаптопи или други гаџети имаат способност за репродукција на мултимедијални содржини и имаат вградена дигитална камера.

Промените се должат на фактот што во последните пет месеци Sony успеа да го престигне Nintendo на јапонскиот пазар, по што од компанијата утврдија дека дојде време да ја модерницира сопствената конзола и да го претстави новиот модел.
Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 45678 9>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,156 секунди.