|
Што се случува со нашето образование? |
Внеси реплика | страница <1 45678 28> |
Автор | ||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Negde procitav edna mnogu ubava konstatacija- Sekoj narod ima drzava ( a i obrazovanie) kakva/o sto si zasluzuva!
Procitav negde i edno interesno prasanje- Sto li im zgresile tolku mnogu ucitelite sto gi ucele nekolkute ministri za obrazovanie sto tolku sakaat da gi devalviraat, kaznat i macat site prosvetni rabotnici? |
||
Alekxandar
Сениор Регистриран: 10.Јули.2012 Статус: Офлајн Поени: 1029 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Образованието е рефлексија на државата,но бидејки државата е во тотален хаос не можи да се очекува дека воспитно-образовниот процес ке биди нешто подобар...
|
||
Gabriela_S
Модератор Регистриран: 22.Февруари.2008 Локација: On the stone Статус: Офлајн Поени: 21943 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Природни науки:
Ако погледнеме кон небото ќе забележиме дека е полно со ѕвезди кои се расфрлени низ него. Ако погледнеме и во друга насока, можеме да забележиме дека на небото постојат групи од ѕвезди.
Во која друга насока да погледнеме мори Гордана Билбилоска Етика (прва лекција,значи запознавање со поимот): Етиката е наука за моралот. И двата поими етика и морал, имаат слично значење. Тие го објаснуваат начинот на однесувањето на човекот. Етиката најпрво се појавила во филозофијата (зборот се употребува прв пат во целото досегашно школување, без никакво објаснување), а подоцна и во теологијата (и овој исто така). Етиката ги проучува и проценува моралните вредности: љубовта, здравјето, мирот, пријателството и слично. Итн... Доц. М-р Петко Златески Македонски јазик: Сопствените именки не се членуваат (Сања, Пчиња, Дебар). Но ако ги членуваме (а тоа е можно кај некои од нив), тогаш изразуваме посебен однос на говорителот. (Примери: Дебаров, Дејанов, Пелистерон и сл.) Каков однос е тој бе другарки Снежана Велкова и Соња Јовановска Ете тоа се случува со нашето образование
Изменето од Gabriela_S - 28.Декември.2013 во 22:38 |
||
Никогаш немој да се каеш за нештото што си го направил, ако во тој момент си бил среќен
|
||
bijonse1
Сениор bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Мислев дека само ние имаме проблем со појавената непослушност , нетрпеливост како и скоро никаква желба за учење кај младите во образовниот едукативен процес , но кога видов дека со таков проблем се соочувале и најпаметната нација барем за мене, русите и јапонците што остана за другите … толку инертност , дури и неприфатлива безобразност на таква млада популација која наместо да биде како сунѓер за упивање на знаење тие го бојкотираат секој труд на упорниот професор кој од петни жили се труди да го префрли сето свое знање и искуство …и да биде тоа уште по проблематично родителите наместо да бидат на страната на професорите за доброто на своето дете за да научи нешто , напротив тие агресивно ги напаѓааат професорите кој ги сметаат за единствени кривци за моменаталните лоши оценки , еееееее помина времето кога младите се плашеле, буквално се треселе за добиена слаба оценка и долгите несреќни денови со плач од бесот и казните од родителите поради неучење и слаби оценки , денес толку се испревртеа работите така да има примери да ако не му ставите прелазна оценка на некој што ете не разбравте дека е од ,,важна,, фамилија можете дури и отказно решение да добиете или во најдобаар случај ќотек…замислите каков ќе ви биде денот кога со сета желба за пренесување на вашето знаење на идните генерации со план и програма за добар искористен училишен час ги видите лицата на вашите ученици небаре излегле од поплава , потечени од бурната вечер , целосно незаинтересирани со недефиниран поглед за кој не можете да одредите дали ве гледаат или спијат со отворени очи одвај чекајќи да звони училишното звонче… и така вие повторно ги палите резервните батереии со стисната усна проголтувајќи го бесот дека барем некако ќе им го разбудете вниманието пишувајќи на табла кажаното усно, за да ја доловите планираната лекција со дупла перцепција звучна и визуелна да барем нешто запамтат учениците , тие позади вашиот грб веднаш праќајќи смс пораки на мобилен или правејќи хартиени авиони укажувајќи ја својата силна машкост со самата смелост на упатување на хартиениот авион кон вашиот грб …додека најмладите да не останат покуси си ги играат своите мобилни видео игрици развивајќи ја брзината на прстите и рефлексите не знаејќи дека тоа е напразно , ако не ја научат таблицата на множење што учителката толку се труди да им ја наметне со најлесниот начин на сметање… од тука доаѓа откажувањето и дигање на рака од упорноста на професорите за пренесување на знаењето и тие едноставно ќе си го кажат своето слушал некој или не , разбрал некој или не колку да помине часот , колку да си ја добие платата и ете генерации со одличен успех и со буквално нула знаење што и те како ќе се одрази во понатамошната животна професија , генерации од магистри , доктори на науки , а бе права интелегенција со по две или три дипломи де јуре , а де факто на терен не ќе биде чудно да ви се изруши зградата , да се искомплицира банална операција , да ви остранат здрав заб , да најдете влакна во ресторанското јадење , клинци во кашкавал …има начин , богами Чак Норис секој треба да биде , еднаш покажана доминантност на елегантен начин го придобивате ученикот барем да ве почитува како темел да во иднина почне да учи … Read the rules or deal with me !!! Изменето од bijonse1 - 28.Декември.2013 во 22:00 |
||
Zlatnik
Сениор Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Аууу ... не ми се верува!
Зарем поминаа повеќе од пет години без мој коментар на оваа тема?! Сигурно сте биле среќни што толку време ве ослободив од моето присуство и досадна фаца! Кое дете сака да учи? Кој човек сака тешка работа? Сите гледаме како полесно да се извлечеме. Е арно ама, ако така се оставало, денес ќе немаше да комуницираме на овој начин, туку ќе се разбиравме со звуците на там-там. Во најдобар случај. Низ историјата, човештвото секојдневно се развива. А тој развиток сигурно не се постигнува со избегнување на тешка рабта, вклучително и учење. Некаде по другиве теми имам пишувано дека образованието е еден од најважните услови за изградба на човекот, а со тоа и на општеството во целина. Тој што не е образуван, не само што е прост, туку во одредени ситуации испаѓа и глупав. Да не речам Homo Idioticus. Некои велат: „Децата не треба да почнат со учење уште толку рано, во прво одделение.“ Да, и јас велам, децата не треба да почнат да учат (и да читаат) од прво или второ одделение. Тогаш е веќе доцна! На децата треба да им се чита уште кога ќе направат една година. Да не зборуваме тие кои се постари, 2- 3 години. Чучнете ги на колено и со отворена сликовница, со свои зборови раскажувајте им некоја приказна. Ќе видите колку децата ќе бидат заинтересирани. Се разбира, нема да ги држите еден школски час. Доволни се само 5 минути, два пати на ден. Секој ден. Е сега, нормално, ќе се јави некој кој нема да се согласи и ќе опонира на ова мое пишување, со образложение дека тоа е непотребно, дека децата на таа возраст не разбираат ... нив нема да им реплицирам. Подоцна, децата треба да читаат лектири. И не само лектири, туку и секоја друга литература, било која друга книга. Зошто? Не заради нивно стручно усовршување, како што вели:
туку заради нивно општо образование, заради збогатување на речникот, заради оформување и изградување на стилот на изразување, со еден збор заради изградба на нивната личност. Ако некој читал лектири и други книги, тој многу лесно самиот ќе може да напише магистерски или докторски труд. Секако, не завлегувам во стручниот дел на областа. Нешто во однос на тие кои ги поддржуваат децава кои доаѓаат на форумов само за да се изгребат за некој состав. Сакам да ве запрашам, што со тоа што ќе им се даде се изџвакано? Што тие ќе научат? Или, нема потреба да учат такви глупости, а? Што ќе им е тоа? Тие само нека си препишат, нека си добијат 5-ка и ... ни лук јал ни лук мирисал. Кој кого тука лаже? Децата учителите? Децата родителите? Или самите себе си се лажат? За разлика од тоа, ова што го велам јас (исто и Меси и некои други) дека треба да се чита, е многу подобро, бидејќи при самото читање на одредено дело, читателот самиот си создава сопствена слика за одреден настан. Со тоа се развива имагинативната моќ кај децата. Ова, како и сите други погоре спомнати придобивки од читањето, можеби е незабележливо во текот на читањето, но полека-полека, со тек на време тие влијаат во оформувањето и се вградуваат во самиот карактер на децата. Поттикнувањето или оправдувањето на нечитање (=неучење) е размислување на човек кој и самиот не читал, кој и самиот е не(доволно)образуван, кој и самиот гледа да се спровне низ мала врата, да се снајде, да се смушне некако без мака, да искористи некоја (нечија) слабост, ... мислејќи притоа дека е многу итер, спретен, снаодлив, препреден ... Токму поради ваквиот наш однос кон децата, односно кон (не)учењето, се доведуваме во ситуацијата на ретардираните дебили, зомби од развиениот и цивилизираниот запад, на кои им се смееме кога незнаат да кажат во кој град се наоѓа берлинскиот ѕид. |
||
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
||
Kastro
Сениор Регистриран: 17.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 11937 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Nema tezhina kometar od sekoj....
Изменето од Kastro - 17.Ноември.2013 во 01:36 |
||
Vistinskiot maz ima edna Lavica …a ne, stado od ovci…(ovcite na ovcharite)
|
||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Абе ептен!
I once was lost, but now am found. |
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
laki_bu
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Лидер Регистриран: 30.Ноември.2008 Локација: Germanija Статус: Офлајн Поени: 32100 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
...ama mu go plesna u faca
|
||
Без разлика колку страници прочитал учениот човек, никогаш не треба да заборави дека се уште не ни стигнал до првата страна....
|
||
којсумјас
Сениор Регистриран: 22.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4543 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Драг пријателе Меси... од далечниот запад... или исток, зависи на која страна гледаш... не знам дали Вие таму сте општеството... а можеби и Ние овде сме... ама Вие и Ние не сме исто... а ти, другарче, не си во Ние... пошто очигледно не си способен да правиш разлика помеѓу Вие и Ние... искрено и мене не ми се отвара уста по она "ние сме исправни, другите се криви"... ама не заради тоа што не знам кои се Ние а кои Вие... туку затоа што изгледа во кои и да се сметаш дека си... ти си стално исправен... а Ние сме криви...
да ти кажам... не сакам да бидам ни малку вулгарен... у образование сме... ама... во кои говна ние газиме... ти брат... немаш блага врска... пошто сигурно не газиш заедно со нас... а од друга страна... како виде дека газиме во септичка јама... а носиш розови наочари... и гледаш преку сателит... и на крај... ќе ти простам... пошто пријателче- земјак од далечниот запад-исток... не знаеш што збориш... |
||
Kastro
Сениор Регистриран: 17.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 11937 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
A edno mi e cudno ...od kaj gi znaat decava temite na pismenite koi ke gi imaat vo periodot koj sledi .....nebitno dal po eden, dva ili pet dena....Ili mozebi namerno im gi davaat za da imaat vreme da se podgotvat .....Mislam deka evangelina pogore kazha a I jas se sekavam ,koga ucev, znaev koga ke imame pismena no ne znaev koja ke bide temata I za sto.....
Dali mozebi namerno im gi kazuvaat bidejki toa e I ponetata ,decinjava da rabotata da citaat da pisuvaat I da se podgotvuvaat ...Zar uchitelive ili nastavnicive se do tolku amateri ,pa vo sostojba na amnezija nekako im se izletuvaat temite na pismenite ??...Ili mozebi poentata na predhodno kazhanata tema e sosema druga ? Ili do tolku se mladi I nemaat iskustvo ,pa po odnapred kazhanata tema nema da imaat vo predvid deka e mozhno dechinjava da prepisuvaat...bash sve ova mi e cudno ...
Nekoj pogore spomna digitroni ...vo moe vreme I toa nemase ..se znae pismena po matematika ..toa e smetaj sve na raka ....nauci si I posle e lesno ,ke si ja naucis tablicata za mnozenje, forumulite I nema digitron nit pa imas potreba.....sega kolku sto znam moze so pomagala.....
Ja bogami ne se osekam kriv za losiot obrazoven system kaj nas ...nit sum minister ,nit sum sovetnik vo ministerstvo za obrazovanie , nit pa professor ili nastavnik koj go potpomaga ili uchestvuva vo kreiranjeto na obrazovniot system kaj nas ......
Mozebi mozam da se osekam kriv kako glasach koj glasal nekogo .....no dali,pod pretpostavka, ako sum go izglasal drugiot ili tretiot bi bilo poinaku
Hmm dlaboko se somnevam I vo toa .....
|
||
Vistinskiot maz ima edna Lavica …a ne, stado od ovci…(ovcite na ovcharite)
|
||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Амин! Некој тоа јавно да го напиши, без заобиколување и без оправдување. Респект !
Е, а ние го правиме токму спротивното! Потоа ги критикуваме луѓето дека се неписмени, дека добиваат фиктивни дипломи, дека не ги бива за тоа што работат, дека опшететвото не ни чини... критикуваме с'е и сешто без да се погледнеме себе си и да си ја видиме и својата лична одговорност за градењето на таквите генерации од кои подоцна ќе очекуваме позитивни општествени резyлтати. Изменето од Messenger - 16.Ноември.2013 во 20:47 |
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
Dogi
Сениор Регистриран: 19.Април.2005 Статус: Офлајн Поени: 3168 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Меси, децава многу лесно се снаоѓаат, тие го рушат образованието, тешко е ова, тешко е она, не им се чита, не им се пишува. А оние кои ги разгалуваат се капак, децата знаат да ги искористат сите негативни особини на општеството.
Сега со напредниве технологии, на децата им е полесно да читаат за манипулативни техники, отколку за било која историја или за нечија филозофија. Е тоа е главниот проблем. Кога би им се забранил пристап до некои материјали, видеа или пак и игри, би било полесно! |
||
Јас сум мајстор!
Кликни овде за комуникација со мене (потоа кликнете во полето 'Edit nickname' и впишете го вашето име) |
||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
И ние ќе им даваме с'е што барaат, а утре ќе ги критикуваме дека се неписмени, дека се неспособни професори, дека не знаат кои се новите трендови во образованието, дека не чини министерството, дека не чини образованието, дека имаат препишани дипломи, дека се тоа што креирало образованието од нив, дека тоа е типичен одраз на опшеството во кое живееме... небаре НИЕ не сме општеството. ... ај не ми се отвара устата уште еднаш по овие работи... и по оние "ние сме исправни, другите се криви". Сркаме тоа што сме зготвиле, а утре ќе жнееме тоа што ќе посадиме денес. НИЕ, а не некој друг, оти друг освен НАС нема. НИЕ сме и ТИЕ и ОНИЕ и ДРУГИТЕ. НИЕ сме СИТЕ заедно. Газиме во иста септичка јама, онаа која сите заедно сме ја ископале и сите заедно ја полниме.
|
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
којсумјас
Сениор Регистриран: 22.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4543 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
...
Прво- технологијата уништува вредности кои порано се сметаа за вредности... денес тие вредности се неразбирлив поим за новите генерации... кој бре млaд човек што растел со Counter Strike... ќе издржи да ги чита 20-30 страници детални описи од борбите на војските на Наполеон и Кутузов... а...? или ќе ја научиа на памет... "три дена на раце те носевме збрана... со тага и болка во погледот срчен..."... па уште и ќе разбере што скал Аце да каже...? ма они учат математика... за логаритми... а професорите само им кажуваат дека постои логаритамска таблица со... мантиси и то... а им дозволуваат да користат дигитрони... а сте запнале сите за лектири... состави... ко да е тоа најважно... некого не го бива за математика... некого за пишување состави... некој не сака да чита книги... не чита ништо повеќе од билтените на Sport Life... да, образованието не го бива... ама не затоа што децата не сакаат да читаат лектири... прашајте ги професорите колку они знаат англиски... колку они знаат да работат со компјутери... колку ја применуваат интерактивната настава.... колку го користат методот на работа со групи деца... барајќи лидери помеѓу нив... колку прават тестови прилагодени за деца со различен IQ... и афинитети... колку од нив завршиле факултети... препишувајќи бре... кој ја креира наставната програма... кој е инспектор во образование... луѓе кои не земале ни еден ден дневник во рака...? луѓе кои не нзаат што значи да задржиш внимание на 30 деца 45 минути...? значи децата се тоа што се... образованието ги креира... а тоа е типичен одраз на општеството во кое живееме... аматери и дилетатнти... водоводџии и тесари седат во управни одбори на училишта... па после децата ќе барале состави друг да им напише на форум... па ќе бараат... со Google пораснале бе... море ај не ми отварајте уста... алоооо..... |
||
Внеси реплика | страница <1 45678 28> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |