IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Тајните ракописи од Египет и Мртво море
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Тајните ракописи од Египет и Мртво море

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 456
Автор
Порака Обратен редослед
MAKEDON-FILIP Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Декември.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 731
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај MAKEDON-FILIP Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Февруари.2008 во 03:37
НЕШЕНЛ ЏЕОГРАФИК На 6 април, на последната страница на Утрински весник, излезе следнава информација: "Телевизиската станица Нешенл џеографик, која ја пренесуваат некои македонски кабелски оператори, на католичкиот Велигден ќе прикаже документарец за загубеното евангелие, за кое се тврди дека му припаѓа на Јуда Искариотски". Во веста за прес-конференцијата на оваа популарна телевизија, одржана во Хамбург, беше наведено дека Јудиното евангелие "ќе ја промени историјата на светот"! Таа промена ќе настанела затоа што во филмот било докажано дека "Јуда не бил предавник на Исус и на неговите соученици". На крајот на веста пишуваше дека специјалното издание на Национална географија ќе го пренесувале 163 земји, а филмот ќе бил преведен на 23 јазици.

Претплатниците на кабелскиот оператор Зора кои посакаа да го видат овој атрактивен документарец останаа со празни очи бидејќи ниту на католичкиот, ниту на православниот Велигден не беше прикажана емисија под наслов Judas gosspel. Можеби затоа што тука се реемитува романскиот Нешенл џеографик. Меѓутоа, на сајтот на овој прославен медиум (www.nationalgeographic.com) веќе можете да го најдете соодветниот текст, а загрепската ТВ Нова најавува дека кавер-сторија во следното хрватско издание на магазинот ќе биде Јудиниот госпел, така што во најскоро време секој граѓанин ќе може да си го купи, ако му се трошат 250 денари.


Инаку, приказната за Евангелието по Џуда започнува онаму каде што се прекинува сторијата за документите од Наг Хамади. Во споменатата книга Евенгелие по Тома и останати гностички списи пронајдени кај Наг Хамади, издадена минатата година во Белград, најсвеж датум што се споменува е 1981 г., кога се правени испитувања на картонажата на кориците: "Потеклото на кодексот од Наг Хамади често се изедначувало со пахомијанскиот монашки ред, чија програма често - меѓу другото - вклучувала и опширни студии по книжевност. Меѓутоа, објавувањето на таа картонажа во 1981 г. поттикна преиспитување на доказите кои се покажале како помалку точни одошто претходно се мислело. И покрај тоа, за разлика од другите понудени теории, врската на кодексот од Наг Хамади со пахомијанското движење и натаму останува сериозна можност".

Во текстот Џудас госпел на сајтот на Нешенл џеографик индиректно се тврди дека тоа загубено евангелие и припаѓа на колекцијата на Наг Хамади. "Папирусот бил закопан во тежок и висок ќуп, можеби од страна на калуѓерите од блискиот манастир на свети Пахомиј. Би бил потребен само еден човек да го скине Јудиното евангелие, кое било поврзано со другите гностички текстови". И годините на неговото појавување како да укажуваат дека можеби и тој анал е дел од египетската збирка. Ја спомнавме 1981 г., како последна година во која се случува нешто интересно околу коптските апокрифи во Наг Хамади. Веќе во 1983 г. започнува да се одмотува клопчето со таинственото Евангелие по Јуда. Во мај 1983 г., дипломираниот студент Стефан Емел добил повик од другари-соученици кои сакале заедно да појдат во Швајцарија и да проверат некои коптски документи што им биле понудени од мистериозен извор. Во Женева, Емел и неговите двајца колеги биле упатени во хотелска соба каде што биле пресретнати од двајца луѓе - Египќанец и Грк преведувач. "Ни беа дадени половина час да погледнеме во содржината на 3 кутии за чевли. Во нив имаше папируси завиткани во весници. Не ни беше дозволено да фотографираме или да правиме забелешки. Не смеевме да го допираме, оти папирусот веќе беше почнал да се распаѓа. Еден од колегите исчезна во бањата да преговара за цената. Бевме овластени да понудиме не повеќе од 50.000 долари; продавачите побараа 3 милиони долари, ни пени помалку. Немаше шанса да ги платиме тие пари", вели Емел во текстот на Нешенл џеографик, патем денес професор на Универзитетот во Минстер, Германија. Тоа беше прв и последен пат некој учен да ги види загадочните документи следните 17 години.
ГРЧКИ АНТИКВАРКИ Всушност, приказната не започнува 1983 г., туку десетина години порано, кога некој трговец со староегипетски старини од Каиро, во градот Ел Минја, во Египет, открил древна книга што наводно го содржела инкриминираното Јудино евангелие. Пред да умре, тој "проспектор" во 1978 г. му ја продал книгата на трговец со антиквитети именуван како "Хана". Дуќанот на Хана бил ограбен во 1980 г., а со целото азно исчезнува и книгата на Јуда. Со посредство на свои луѓе во Швајцарија, Хана си ја враќа ризницата и тој е човекот што во 1983 г. му го нуди сикретното Евангелие на Стефан Емел. Следната 1984 г., Хана им ги нуди манускриптите на лица од Њујорк. Бидејќи и таму не успева да се спогоди, ги става во сеф и ги остава во него полни 16 години. Конечно, извесна Гркинка по име Фрида Нусбергер - Тхакос го купува кодексот во април 2000 г., макар што поединости околу трансакцијата остануваат мистерија и за Нешенл џеографик. Фрида му ги покажува скриптите на експертот за папируси од Јеил, Роберт Бабкок, кој мигум сфаќа дека Гркинката во рацете држи документ од несогледлива вредност. Тој му предлага на матичниот Универзитет да ги откупи актите, но Ректоратот одбива, сомневајќи се дека се работи за фалсификат. Гркинката прави уште еден неуспешен обид за препродавање на папирусите на некојси Брус Ферини, за конечно да тропне на вратата Нешенл џеографик сосајати, основачот на магазинот Национална географија. Сумата која и била исплатена на Гркинката не е обелоденета..

Изменето од MAKEDON-FILIP - 29.Февруари.2008 во 04:14
Кон врв
MAKEDON-FILIP Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Декември.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 731
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај MAKEDON-FILIP Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Февруари.2008 во 03:12
Зошто го споменуваме овој Пахомиј, кого од неговиот врањски имењак го делат 16 ипол века? Затоа што во 1945 г., на неколку километри оддалеченост од неговиот манастир се пронајдени прастари документи кои ќе внесат голема вознемиреност во црковно-христијанските кругови. Тоа е библиотеката Наг Хамади, која го добила името по селото крај реката Нил во чија близина се пронајдени документите. Постојат претпоставки дека тие свитоци од папирус, кои носат енигматични заглавија (Евангелие по Тома, Евангелие по Филип, Евангелие по Марија, Откровение и Тајната книга на Јаков итн.) се напишани од следбениците на Пахомиј. За сите тие апокрифни писанија последниве децении се напишани бројни студии од страна на научниците и теолозите. Во една реченица, во нив се пружаат поинакви вистини за животот и суштината на Исус Христос од она што се проповеда во Новиот завет. Но, постојано се мрмореше дека во тие дамнешни транскрипции недостига сведочењето на клучниот човек од друштвото на Месијата - Јуда!.






Изменето од MAKEDON-FILIP - 29.Февруари.2008 во 04:12
Кон врв
MAKEDON-FILIP Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Декември.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 731
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај MAKEDON-FILIP Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Февруари.2008 во 03:04
Пахомиј, всушност, бил основач на монашки ред во раниот среден век. Тој изградил манастир во јужен (или горен) Египет каде што го оформил т.н. пахомијанско движење. Каква била улогата на тоа верско движење од средината на IV век, не е лесно да се утврди, бидејќи Пахомиј имал час добри, час лоши односи со - тогаш - се уште неофицијализираната Христијанска црква. На пример, во книгата Евангелие по Тома и останати гностички списи, во која се цитираат делови од Животот на св. Пахомиј, се кажува дека наследникот и личен помошник на Пахомиј, Теодор, го превел посланието на александрискиот надбискупот Атанасиј. Во него се осудуваат "еретиците и нивните апокрифни книги, за кои тврдат дека настанале во древно доба и ги нарекуваат според имињата на светците". Значи, Пахомиј и Теодор тука се на страната на официјалната црква. Но, во претходниот пасус е напишано дека верскиот поглавар на градот кој се наоѓал во близина на денешен Луксор, се обидел да го протера Пахомиј од својата диецеза поради расправиите што Пахомиј ги водел со коптските гностици..

Изменето од MAKEDON-FILIP - 29.Февруари.2008 во 04:04
Кон врв
MAKEDON-FILIP Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Декември.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 731
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај MAKEDON-FILIP Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Февруари.2008 во 02:59
ШТО Е ТОА
ГНОСТИЦИЗАМ?

Евангелието по Јуда се смета за производ на т.н. каинистички гностицизам (гноза - знаење). Гностицизмот претставува своевиден алтернативен облик на христијанството. Тој се појавил во II век од нашата ера како обид да се направи синтеза на хебрејството и ортодоксното христијанство. Во предговорот на книгата Библиотеката Наг Хамади за ова учење се наведува:
"Тоа била радикална струја која се стремела кон ослободување од владеењето на злото, струја која застапувала внатрешна трансцеденција, вовлекувајќи се во самата срцевина на христијанството, јудаизмот, неоплатонизмот, херметизмот и сл. Како нова религија, гностицизмот бил синкретистички, обединувајќи многу религиозни наследства. Библиотеката Наг Хамади вклучува и материјал втемелен на преданија кои не припаѓаат на јудео-христијанското наследство. Постојат, на пример, херметички текстови кои се темелат на египетското предание. Тоа се некои иницијациски дијалози помеѓу божеството Хермес Трисмегистос и неговиот син Тат... Еден текст дури се повикува на зороастерското наследство, наведувајќи го како негов творец Зостријан, дедо или вујко на иранскиот Исус, Заратустра"..

Изменето од MAKEDON-FILIP - 29.Февруари.2008 во 04:03
Кон врв
MAKEDON-FILIP Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Декември.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 731
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај MAKEDON-FILIP Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Февруари.2008 во 02:23
Во 1945 год. седум бедуински полски работници копајки наишле на човечки скелет и запечатена урна. Мислејки дека содржи злато, ја разбиле урната и нашле тринаесет свитоци обвиени со кожа, не баш некоја книга ама нејзин предок. Свитоците содржеле 46 прастари христијански ракописи со содржина од 1-2век а самите свитоци биле направени во 4век. Подоцна некои биле несвесно изгубени, користени за потпалување или биле занемарени , а во 1947 остатокот бил собран во локалниот музеј. По откривањето на ракописите од Мртво море ова е второ откритие што може од корен да го промени општо прифатеното учење за почетокот и суштината на ХРИСТИЈАНСТВОТО.




Изменето од MAKEDON-FILIP - 29.Февруари.2008 во 04:06
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 456
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,195 секунди.