IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Останати спортови
  Активни теми Активни теми RSS - Ватерполо
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Ватерполо

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 4567>
Автор
Порака Обратен редослед
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јули.2008 во 16:40

ВАТЕРПОЛО - ПОЧЕТОКОТ НА ЕП СЕ ОЧЕКУВА СО НЕТРПЕНИЕ

Романија може да падне

Со денешниот прв натпревар меѓу Словачка и Германија, во 9,30 часот и официјално ќе стартува ЕП во ватерполо код до 13 јули се одржува во Малага, во Шпанија.

Меѓу 12 најквалитетни селекции од Стариот континент кои се надигруваат за титулата европски првак за прв пат се наоѓа и нашата репрезентација која мораше да мине трнлив пат. Но тоа е сега минато.

Денеска, нашите ватерполисти веќе со мислите се насочени кон првиот натпревар против Романија кој почнува во 11,00 часот, натпревар кој може да биде добра отскочна штица за следните предизвици. Доколку се мине првата пречка тогаш ќе се "дише" полесно. А шансите за победа се 50:50.

Романија иако е земја во која ватерполото има долга традиција не се на нивото од пред десетина години. Неминовните смени на генерациите, отворањето на границите што значеше одлив на квалитетот, си оставија трага, во негативна смисла. Сега тоа се некои нови момчиња. И токму тоа може да биде меч со две острици. Момчиња кои сакаат да се афирмираат или пак момчиња кои можат многу лесно да изгорат. А тоа е огромен прихолошки притисок кој можат да го понесат само искусни и докажани спортисти.

Од друга страна во нашиот тим таков проблем нема. Сите играчи се свесни за значењето, за квалитетот на првенството како и за шансите кои Македонија ги има на ЕП, што значи апетитите се умерени. Затоа ветуваат само добра игра, убава за око. За искуството и не треба да говориме бидејќи сите до еден со исклучок на јуниорот Милановиќ кој буквално влета во црвено-жолтиот дрес во последен момент, по откажувањето на Маљковиќ, се интернационалци, играчи кои долги години играат во странски клубови, во лиги кои негуваат високо квалитетно ватерполо. Значи и од таа страна проблем немаме. Што се однесува до подготовките тие се завршена работа. Иако беа кратки планираното се реализираше се разбира со нешто зголемен интензитет. Можеби недостасуваше напревар повеќе, во фазата на подготовки. Два меча беа премалку за добар настап на ЕП. Но што е тука е.

Сепак, во едно сите се истомисленици. На победа!

Најголемата пречка, за која мора да бидеме свесни како земја која има малку лобисти во ватерполото или воопшто ги нема, ќе бидат судиите. А против нив тешко се игра.

Д. Ѓенчевски

МКД СОСТАВ

Далибор Перчиниќ

Милош Урошевиќ

Еди Бркиќ

Даниел Бениќ

Небојша Милиќ

Марко Мичиќ

Марко Башиќ

Игор Милановиќ

Душан Крстиќ

ненад Петровиќ

Милорад Крстовиќ

Иван Вуксновиќ

Сашо Поповски (к)

Љ. Мечкиќ (селектор)

С. Нонковиќ (тренер)

Б. Кузмановски (тренер)

Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јули.2008 во 12:37
debitantskiot mec na Makedonskata reprezentacija vo vaterpolo na evropskoto prvenstvo koe se odrzuva vo Malaga vo Spanija zavrshi so POBEDA.
MAKEDONIJA-ROMANIJA 10:6..
SAMO NAPRED...

Изменето од fiks - 04.Јули.2008 во 12:39
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јули.2008 во 17:10

ВАТЕРПОЛО - НАШИТЕ ВАТЕРПОЛИСТИ ЗАМИНАА ЗА ШПАНИЈА

На стартот со Романија

Македонската ватерполо репрезентација денеска со утринскиот лет нешто пред 7 часот, од аеродромот "Алекснадар Велики", од Скопје, замина за Малага, во Шпанија, каде во следните 15 - тина дена ќе учествува во завршницата на ЕП.

Амбициите со оглед дека ова е наш прв настап на едно ЕП во ватерполо, што би рекле историски, не се големи. Според изјавите на компетентните ќе се оди на добра игра, игра убава за око, што само по себе би требало да донесе и адекватни резултати.

Како своевиден хендикеп се споменува сатницата за игра. Сите натпревари нашата селекција ги игра во утринската програма од 9,30 до 12,30 часот, што не е случај со останатите репрезентации каде термините се од 18 - 21 часот. Ваквиот распоред донекаде е очекуван, наспроти селекцијата на Шпанија, која се наоѓа во групата "А", која како домаќина постојано игра во 21 часот.

Во делот на остварувањата првиот натпревар со Романија в петок на 4 јули и во 3. коло со Русија в недела на 6 јули се чини ќе бидат клучни бидејќи во останатите мечеви играме со поквалитетни селекции, во кои изнанедувањето би било научна фантастика.

Со евентуални две победи дефинитивно ќе бидеме хит на шампионатот, што значи на крајот би се пласирале 7 - 10 место. Можеби звучи амбициозно, но се е возможно. Имаме одлични играчи, искусни, кои знаат да повлечат кога е најпотребно, играчи кои имаат богато искуство, а богами имаме и докажан стратег, стратег кој е добро познат ширум светот, статег со богато искуство на евро сцената.

Според пропозициите најпривелгирани репрезентации ќе бидат оние кои после првиот круг кој завршува во вторник на 8. јули ќе успеат да се пласираат на првото (1) односно четвртото (4) место во групите. Првите одат директно во 1/2 финалето каде ги чекаат победниците меѓу второ и третопасираните екипи, со вкрстување, додека четвртопласираните ќе играат исто така против победниците од петто и шетопласираните селекции од групите, со вкрстување. При тоа имаат и еден ден слободен - четврток (10 јули). Ден порано в среда на 9 јули на програмата се 1/4 финалните дуели.

Тоа пак значи дека сите останати играат за пласман од 5 - 12 место, со таа разлика што за некои ЕП може да заврши уште на 11 јули в петок, а за некои в недела (13. јули), кога на програмата се два меча, финалето и натпреварот за освојување на 3. односно за 4. место.

Инаку, во истиот термин на истото место се одржува ЕП за жени каде учествуваат 8 селекции (Холандија, Шпанија, Русија, Германија - група "А", Италија, Грција, Франција и Унгарија - група "Б"), со таа разлика што тие имаат два дена слободни (среда - 9. јули и петок - 11 јули), а завршуваат ден порано, в сабота на 12 јули.

Инкау, на листата на луѓето кои ќе ја делат правдата во Шпанија, на ЕП, се наоѓа и името на нашиот судија Небојша Станковиќ.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ

ПЕТОК (4. ЈУЛИ)


9,30 ч Словачка - Грција

11,00 ч Македонија - Романија

12,30 ч Србија - Германија

18,00 ч Русија - Италија

19,30 ч Унгарија - Хрватска

21,00 ч - Шпанија - Црна Гора

САБОТА (5. ЈУЛИ)

9,30 ч Македонија - Србија

11,00 ч Унгарија - Словачка

12,30 ч Германија - Русија

18,00 ч Романија - Италија

19,30 ч Црна Гора - Грција

21,00 ч Шпанија - Хрватска

НЕДЕЛА (6. ЈУЛИ)

9,30 ч Русија - Македонија

11,00 ч Србија - Романија

12,30 ч Унгарија - Грција

18,00 ч Хрватска - Црна Гора

19,30 ч Италија - Германија

21,00 ч Словачка - Шпанија

ПОНЕДЕЛНИК (7 ЈУЛИ)

9,30 ч Романија - Германија

11,00 ч Хрватска - Словачка

12,30 ч Македонија - Италија

18,00 ч Србија - Русија

19,30 ч Унгарија - Црна Гора

21,00 ч Шпанија - Грција

ВТОРНИК (8 ЈУЛИ)

9,30 ч Словачка - Црна Гора

11,00 ч Германија - Македонија

12,00 ч Русија - Романија

18,00 ч Грција - Хрватска

19,30 ч Италија - Србија

21,00 ч Унгарија - Шпанија

Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Јули.2008 во 16:30
ВАТЕРПОЛО - репрезентациЈата ДЕНЕСКА ПАТУВА НА ЕП ВО МАЛАГА (4-17 ЈУЛИ)

Македонија подготвена за хит во Шпанија

На дебитантскиот настап „црвено-жолтите“ за противници во групата ќе ги имаат Романија, Србија, Италија, Русија и Германија



Македонската ватерполо репрезентација утрово патува за Малага, каде од 4 до 13 јуни ја очекува дебитантскиот настап на Европското првенство во Шпанија. Репрезентативците се полни со оптимизам и очекуваат добро претставување во дебито на евро-завршницата. Македонија е во група со Србија, Русија, Италија, Германија и Романија, кои зад себе имаат многу настапи на големи натпреварувања. Селекцијата предводена од селекторот Љубо Мечкиќ, вчера на базенот „Карпош“ во Скопје го одработија последниот тренинг пред заминувањето. Од тренингот единствено отсуствуваше Еди Бркиќ кој се пожали на воспаление на увото. Бркиќ оди на терапија и се очекува во наредниве два-три дена да се врати во тимот.Искусниот ватерполо стратег Мечкиќ кој речиси 40 години е тренер, вели дека играчите се подготвени да го прифатат предизвикот што ги очекува во Малага. Репрезентацијата заедно тренираше повеќе од еден месец. Дел од подготовките ги одработи во Скопје, дел во Белград, а еден дел и во Гевгелија. Подготвени сме за достојна презентација на македонското ватерполо. Играчите максимално ги исполнуваа барањата без проблеми. Сите се спремни за ова ЕП - вели Мечкиќ, кој додаде дека иако сме дебитанти, очекува да бидеме пријатно изненадување на турнирот.

- Играме против екипи што се гиганти во европското и светското ватерполо. Сепак ние нема да се предадеме и на секој меч ќе одиме да одиграме најдобро што можеме. Не би можел да прогнозирам каков ќе биде нашиот настап, но ветувам голема борба на секој меч. Имаме квалитет да изненадиме. Ќе го дадеме максимумот - ветува Мечкиќ. Според трофејниот српски тренер, единствен проблем на македонската репрезентација во подготовките било немањето на поголем број подготвителни дуели. За време на подготовките единствено Б-репрезентацијата на Црна Гора ја прифати поканата за контролни дуели. За еден месец одигравме само два подготвителни меча против Црна Гора. Тие четири дена, кога трениравме заедно со Црна Гора беше вистинско огледало да видиме до каде сме. Штета што немавме повеќе контролни натпревари, но верувам дека сме подготвени - оптимист е Мечкиќ пред заминувањето. Против вториот тим на Црна Гора, Македонија на базенот „Фатаморгана“ во Гевгелија, забележа една победа и едно реми. „Црвено-жолтите“ најпрво славеа со 15-11, а потоа одиграа нерешено 7-7.Според програмата на ЕП, Македонија настапот го почнува на 4 јуни против Романија, а следуваат дуелите против Србија, Русија, Италија и Германија. Во составот на македонската репрезентација за ЕП во Малага се: капитенот Поповски, Перчиниќ, Н. Милиќ, Башиќ, М. Милиќ, Миљковиќ, Крстиќ, Урошевиќ, Петровиќ, Бркиќ, Крстовиќ, Бениќ и Вуксановиќ.

Мотивација со „химната“ од Тоше

Расположението кај македонските репрезентативци е на високо ниво. И покрај напорните тренинзи, тие во ведро расположение и со оптимизам ја очекуваат промоцијата во Малага. Селекторот Мечкиќ откри дека играчите најчесто дополнителна мотивација добиваат со песната на Тоше Проески „Македонија навива за вас“. Сите на мобилните телефони ја имаме песната „Македонија навива за вас“ од Тоше. Постојано ја слушаме, што ни дава дополнителна мотивација - вели Мечкиќ.

Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Јули.2008 во 17:19

ВАТЕРПОЛО - МАК ВАТЕРПОЛИСТИТЕ ПОДГОТВЕНИ ГО ДОЧЕКУВААТ ЕП ВО МАЛАГА

Утре се лета за Шпанија

До почетокот на ЕП (3 - 14 јули) во ватерполо за сениори и за сениорки во Малага во Шпанија остануваат уште два дена. Тоа во превод значи дека сите 12 селекции во машка меѓу кои и нашата и 8 во женска конк*ренција, во претстојните два дена ќе слетаа во Шпанија. Нашата за Шпанија лета утре во 6,30 часот.

Изминаиот период, кој повеќе кој помалку, во зависност од условите и финансиските можности надополнето со амбициите ја минаа фазата на подготовки, што значи подготвени го дочекуваат првенството.

Во таквата слика совршено се вклопи и нашата репрезентација со таа разлика што имавме само триесетина дена на располагање, што според сите оценки е кус период за успешен настап на вака големо и значајно натпреварување, што впрочем го потврди и селекторот Мечкиќ на последнта прес конференција одржана во Гевѓелија, пред неколку дена, со напомена дека за вака значајни натпревари потребна е програма која ќе се реализира во еден подолг период.

Сепак, позитивна страна е фактот што сите наши репрезентативци доаѓаат од реномирани клубови во странските лиги, клубови кои до скоро се натпреваруваа во националните првенства.

Последните десетина дена македонската селекција ги мина во Гевѓелија, заедно со комбинираниот состав на Црна Гора, каде одиграа неколку контролни натпревари првенствено за воигрување на некои тактики, односно ситуации како што е одбрана со играч помалку, напад со играч повеќе и обратно. Впрочем во најголем дел епилогот на натпреварот го крои токму оваа ситуација - играч повеќе односно помалку.

И кога сме кај натпреварите, оние официјалните, со селекцијата на Црна Гора беа одиграни два. Првиот го добивме со 15:11, а вториот заврши нерешено 7:7. Воедно ова беа првите официјални средби на Македонија со некоја селекција, независно дали станува збор за прв, втор или за комбиниран состав. Ваквиот епилог никако несмее да се свати и незначи дека ние сме подобри од репрезентацијата на Црна Гора која важи за еден од сериозните кандидати за освојување на медал на ЕП.

Инаки, денес нашите ватерполисти ќе го одработата и послендиот тренинг пред утрешното заминување за Малага.

Д. Ѓенчевски

МКД СОСТАВ

Далибор Перчиниќ

Милош Урошевиќ

Еди Бркиќ

Даниел Бениќ

Небојша Милиќ

Марко Мичиќ

Марко Башиќ

Ристо Маљковиќ

Душан Крстиќ

ненад Петровиќ

Милорад Крстовиќ

Иван Вуксновиќ

Сашо Поповски (к)

Љ. Мечкиќ (селектор)

С. Нонковиќ (теренер)

Б. Кузмановски (теренер)

ПАРТИЦИПИЕНТИ НА ЕП

МАЖИ

"А"


Унгарија

Шпанија,

Грција

Хрватска

Словачка

Црна Гора

"Б"

Србија

Романија

Италија

Русија

Германија

Македонија

ЖЕНИ

"А"


Холандија

Шпанија

Русија

Германија

"Б"

Италија

Грција

Франција

Унгарија

Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јуни.2008 во 16:34

ВАТЕРПОЛО - ПФМ ВЧЕРА ОДРЖА ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈАТА ВО ГЕВГЕЛИЈА ПО ПОВОД ЕП ВО МАЛАГА, ШПАНИЈА

Секоја победа добредојдена

До поцетокот на ЕП во ватерполо во Малага остануваат само седум дена, денови во кои сите селекции партиципиенти на континенталното првентво ги врсат последните подготовки. Во ваквата програма во ниШто не се разликува ниту нашата селекција која за ова првенство се подготвува веќе триесетина дена, на три локации. Најнапред во Белград, па Скопје, а последните неколку дена финишираат во Гевгелија, во базенот "Фатаморгана".

Токму во тој контекст вчера во "Аполонија" казино и хотели Пливачката федерација на Македонија одржа прес конференција, последна веројатно пред заминување за Малага, на 1 или 2 јули во зависност од добивањето на визите.

Пресот на кој присуствуваа нашиот селецтор Мечкиќ засилен со тројца нашИ играи како и тренереот на репрезентацијата на Црна Гора Јован Вукасовиќ исто така во друштво на С. Мачиќ И на капитенот А. Петровиќ го отворија Стефан Пулејковски - генерален секретар на ПФМ и А. Алексов дирецтор на хотелот.

Вообичаено, најнапред, беше искажана благодарност од спонзорот за условите кои се овозможени и на двете селекции, и на нашата и на црногорската, за тренинг.

"Пред се сакам да се заблагодарам на нашите пријатели од Црна Гора кои најдоа време да дојдат во Македонија, во Гевгелија, да ни помогнат околу подготовките. Тие се нашиот единствен партнер со кој ќе одиграме неколку спаринг напревари натпревари кои ке бидат круна на нашата досегашна работа, како единствен партнер. Во делот на квалитетот на играчите нема што д аговорам, тој е добро познат на сите. Триесетина дена подготовки, за ваков значаен настап се малку. Но тоа верувам дека ке се надмине во периодот што доаќа во некој друг циклус. Тоа бара програма за подолг период. Сепак за овој период од триесет дена, посебно послендите десет го достигнавме нивото кое можеше да се постигне воглавно на техничКо тактички план. Најважно од се е да играме добро. Тоа е најважно. Можеби на моменти сме префорсирани но имаме неколку дена за активен одмор", рече селекторот Мечкиќ.

За нашиот состав доста поволно се изразија нашите пријатели од Црна Гора.

"Имате добра екипа, одлични поединци, поединци на кои искуството не им недостасува. Сепак, во Малага со оглед дека се работи за ЕП среќата ќе ви биде потребна, првенствено дека вие сте мала земја, со големи амбиции, во која ватерполото сакате да го направите национален спорт", истакна Антониот Петровиќ.

Слицен став речиси идентицен имаше И тренерот Вукасовиќ.

"Со самиот пласман на ЕП вие направивте голем успех. Но не смеете да заборавите дека ЕП има далеку поголем квалитет од СП па во некоја рака и од Олимпијада. Со оглед дека И вие како и ние сме мали земји заедничката соработка секогаш ќе биде добредојдена. Овие неколку дена селекцијата на Црна Гора ви е ставена комплетно на располагање", беше коментарот на тренерот Вукасовиќ.

Ќто се однесува до атмосверата за која имавме можност да се увериме на лице место, таа е одлична. Здравствениот билтен е добар.

Д. Ѓенчевски

НИКОЛА МИЛИЌ

Ова е искусен состав, не се предаваме

"За Малага одиме со кренати глави. Нашето го сработивме но секогаш може подобро. Ова е искусен состав, состав кој со своето иксутво минал низ многу премрежја. Очекувам дека ќе бидеме хит на првенството."

ЉУБО МЕЧКИЌ - СЕЛЕКТОР МКД

Утре последениот тест

"Денес го играме претпоследниот а утре последниот тест натпревар со нашите пријатели. што сработивме ќе показзат резултатите. Верувам дека нема да разоараме."

СОСТАВ - МКД

С. Поповски (кап)

Д. Перчиниќ

Н. Милиќ

М. Мичиќ

К. Башиќ

Р. Маљковиќ

Д. Крстиќ

М. Урошевиќ

Н. Петровиќ

Е. Бркиќ

Д. Крстовиќ

Д. Бениќ

И. Вуксановиќ

Љ. Мечкиќ (селецтор)

С. Нонковиќ (тренер)

Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јуни.2008 во 16:56

ВАТЕРПОЛО - ЦРНОГОРЦИТЕ СИНОЌА ПРИСТИГНАА ВО ГЕВГЕЛИЈА

Стартуваат заедничките подготовки

Вчера попладне, во 17,30 часот, на аеродромот "Александар Велики" крај Скопје пристигна ватерполо селекцијата на Црна Гора, која ја пречека Стеван Пулејковски, генерален секретар на ПФМ. Експедицијата брои 16 луѓе, 14 играчи и 2 тренери.

Веднаш по пристигнувањето заминаа за Гевгелија, каде една недела во спортскиот центар "Фатаморгана" веќе тренираат нашите репрезентативци под водство на селекторот Љубо Мечкиќ.

Според планот од денеска стартуваат заедничките подготовки за чија реализација помогна "Аполонија" хотел и казино - Гевгелија.

Планирани се секојдневни меѓусебни натпревари, во кои резултатот воопшто нема да биде важен, од кои два пријателски, но официјални, со сите нишани.
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јуни.2008 во 18:12

ВАТЕРПОЛО - СЕНИОРИТЕ СТАРУВАА СО ПОДГОТОВКИТЕ ВО ГЕВГЕЛИЈА

Ватерполистите во "Фатаморгана"

Од вчера па до 29 јуни, најдоцна до 30 јуни, македонската ватерполо репрезентација - сениори во комплетен состав престојува во Гевгелија каде ќе се реализира последната фаза од подготовките пред заминување за Малага за Шпанија на ЕП (3 - 13 јули).

Сместени се во хотелскиот комплекс "Негорски бањи", а тренираат во градскиот базен познат како "Фатаморгана", фатаморгана која стана стварност.

Тренизните, до вторник, ќе се реализираат согласно програмата на Мечкиќ. Потоа доаѓа селекцијата на Црна Гора предводена од селекторот Петар Поровиќ, која во моментов настапува на Светскиот куп во Ѓенова во Италија, по што следува фазата на заеднички натпревари, воигрувања, која ќе трае до крајот, што се чини ќе биде од клучно значење за двете селекции. Дел од заедничките подготовки, во контролните натпревари, ќе бидат реализирани во утринската сесија, што е невообичаено, пред с$ заради тајмнингот во кој се играат дел од натпреварите во Шпанија.

Во делот на играчкиот кадар има две нови имиња, засилувања. Тоа се Едо Бркиќ и Милан Крстовиќ, и двајцата за бековските позиции, играчи со богато интернационални искуство. Овие двајца плус останатите, кои се веќе одомаќинети, се доволна гаранција дека на ЕП во Малага ќе направиме изненадување. Барем за тоа сме мајстори, да & ги замрсиме конците на некоја од селекциите во нашата група ("Б"), група во која покрај Македонија се наоѓаат и Србија, Русија и Италија кои се вбројуваат меѓу фаворитите, и Германија и Романија. А пак во групата "А" учествуваат Унгарија, Шпанија, Грција, Хрватска, Словачка и Црна Гора.
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
teonicka Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Март.2008
Локација: Poland
Статус: Офлајн
Поени: 2
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај teonicka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Март.2008 во 10:38
Во Струга на времето имаше и ватерполо и пливање... Никогаш нема да заборавам кога цел клас за време на викенд одевме да си ги бодриме другарчињата против презгодните од Црвена Ѕвезда и Партизан. Никој не ни бесе рамен.
Ама на некого му сметаше тоа што имаше големи желби кај дечките и голем интузијазам и кај ватерполистите и кај пливачите па ја замешаа политиката во тоа.

А потоа на некого му засмета и базенот па сега и него го нема.

Душа ми се кини кога ке погледнам низ прозорец и наместо некогашната зграда од базенот гледам руиниран објект.

Специјален поздрав до сите Стружани
"Love is...not living in the past"
Кон врв
Zaspana Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Март.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 429
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zaspana Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Март.2008 во 18:32
Во Струга да може,ама што ќе прават другите?Ние Стружани имаме езеро....
Кон врв
tuturutka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Април.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1131
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај tuturutka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Март.2008 во 18:48
Можеби . . . Времето ќе покаже . . .Но дури и да сака некој да тренира не може . . .Во кој базан ќе тренира . . . За нас Струга е лесно , зима-лето имаме езеро и Дрим . . . За другите не знам . . .голема%20насмевка
STRUGA
Кон врв
riste_g Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 4
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај riste_g Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Февруари.2008 во 16:23
Па со оглед на состојбата во која се наоѓа ватерполото, купувањето на репрезентативци е добар потег. Со тоа се популаризира спортот и се потикнуваат младите да тренираат ватерполо. А доколку понатаму создаваме репрезентативци, странците полека ќе се чистат.
www.24fudbal.com.mk
Кон врв
tuturutka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Април.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1131
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај tuturutka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Февруари.2008 во 13:34

ХЕХЕХХЕХЕХЕХЕХХЕХЕХЕХХЕХЕХ . . . Е ова е веќе смешно . . . И Црногорец еден сега ќе сме имале . . . Така нешто по веснициве видов . . . Интересна работа . . .

STRUGA
Кон врв
tuturutka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Април.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1131
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај tuturutka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јануари.2008 во 10:15
Аџија во случајов е претерано . . . Да беа 2-3 и така и така . . . Не е ова работа . . . 10 играчи ? ? ? Па тоа е веќе премногу . . . збунетост
STRUGA
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 4567>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,250 секунди.