|
ФРАГМЕНТИ ОД ЕДНА УБАВА КНИГА |
Внеси реплика | страница <1 4567> |
Автор | |
DAIJA
Сениор Регистриран: 08.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 1668 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Како можам да кажам, на старост од триесет и две години, што била или што е мојата судбина? Понекогаш ми се чини дека речиси можам да ги видам животите на двата човека, кога ќе погледнам назад во мојот живот. Но, откако ќе размислам за тоа, дали тие два дела од мојот живот се навистина толку различни еден од друг – или дали, можеби, под сите површни разлики во формата и упатството, секогаш имало единство во чувството и целта заеднички и за двата дела? Ја кревам главата и го гледам кругот на небото над работ од бунарот, и ѕвездите. Додека така стојам неподвижен, мошне долго, ми се чини дека гледам како полека ја менуваат својата положба, движејќи се, за да ги исполнат низите и низите од милиони години на кои им нема крај. Тогаш, не сакајќи, морам да мислам за малите низи од годините што сум ги проживеал – за сите тие нејасни години поминати во топлата сигурност на детсвото, во градот каде ми беше познато секое катче и секоја улица; потоа во другите градови полни со возбудувања, копнежи и надежи какви што само раната младост може да ги познава; потоа во новиот свет меѓу луѓето чиишто надворешност и однесувањето најпрвин ми беа туѓи, но со време донесоа нова блискост и ново чувство дека сум дома; потоа во чудните и во сè почудните предели, во градовите стари колку што е помнењето на човекот, во степите без хоризонт, во планините чијашто дивина потсеќава на дивината на човечкото срце, и во жешките пустински самотии. И бавното нараснување на новите вистини – за мене нови – и потоа оној ден во снеговите на Хинду-Куш кога, по долгиот разговор, еден пријател, Авганистанец, во зачудување извика: „Па ти си муслиман, само што ти самиот не го занеш тоа...!“ Потоа оној другиот ден, со месеци подоцна, кога и самиот го спознав тоа; мојот прв аџилак во Мека, смртта на мојата жена и безнадежноста што настапи потоа. Овие вечни времиња меѓу Арапите оттогаш, годините на длабоко пријателство со кралот кој со својот меч за себеси создал држава од ништожество и бил за чекор оддалечен од вистинската големина; годините на талкање низ пустините и степите; ризичните излети меѓу завојуваните арапски бедуини и во либиската борба за независност; долгите престојувања во Медина каде настојував да го употполнам своето знаење за исламот во Пратениковата џамија, повторните аџилаци во Мека; топлите човечки односи и пустите денови на осаменост; префинетите расправи со образованите муслимани од сите делови на светот и патувањата низ неистражените подрачја; сите овие години на нурнување во светот далеку од мислите и целите на западната цивилизација. |
|
О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
|
|
DAIJA
Сениор Регистриран: 08.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 1668 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Сето ова беше интелектуално и етички далеку „поприфатливо“ од сето она што порано сум го слушал или читал за исламот. Неговиот приод кон проблемите на духот изгледаше подлабок отколку оној од Стариот Завет, а освен тоа немаше никаква наклонетост кон ниедна посебна нација. Неговиот приод кон проблемите на телото, за разлика од Новиот Завет, беше изразито позитивен. Духот и телото стоеја, секој на свој начин, како двоен аспект на човечкиот живот создаден од Бога. Се прашував, не е ли можеби ова учење одговорно за емоционалната сигурност која толку долго ја чувствував кај Арапите? |
|
О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
|
|
DAIJA
Сениор Регистриран: 08.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 1668 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
НАСПРОТИ МОЈАТА КУЌА, толку близу што речиси може да се допре, беше малата џамија со малечко минаре од кое пет пати дневно одекнуваше повикот за намаз. Човек со бел турбан ќе се појавеше на галеријата, ќе ги кренеше своите раце и ќе почнеше да пее: „Алаху Екбер – Бог е Најголем. Сведочам дека Мухамед е Божји Пратеник...“ Додека полека се свртуваше кон четирите страни на светот, тонот на неговиот глас растеше, растеше во јасна мелодија, нишајќи се на длабоките, грлени гласови на арапскиот јазик, колебајќу се, доближувајќи се и повлекувајќи се. Гласот беше длабок баритон, нежен и силен, способен за големи распони; но можеше да се забележи дека занесот, а не уметноста го правеше толку убав. Оваа мелодија на муезинот[1] беше мотив за моите денови и вечери во Каиро – токму како што беше мотив и во Стариот град Ерусалим и беше одредена да остане во сите мои подоцнежни патувања низ муслиманските земји. Таа насекаде звучеше еднакво, наспроти сите разлики во дијалектот и во интонацијата кои можеа да бидат очигледни во секојдневниот говор на луѓето; единството на гласот кое, оние денови во Каиро, ме наведе да сфатам колку е длабоко внатрешното единство на сите муслимани, а колку се неприродни и безначајни граничните линии меѓу нив. Тие беа едно во својот начин на размислување и во судењето што е правилно, а што е неправилно, и едно во своето сфаќање за тоа во што се состои добриот живот. Ми изгледаше како првпат да сум сретнал заедница во која сродството меѓу луѓето не е последица на случајноста на заедничките расни и економски интереси, туку на нешто многу подлабоко и многу постабилно; сродство на заедничичко гледиште кое ги остранило сите бариери на осаменоста меѓу луѓето. |
|
О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
|
|
DAIJA
Сениор Регистриран: 08.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 1668 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ПОТТИКНАТ ОД МОЕТО НОВО СОЗНАНИЕ, поминував многу време во Дамаск читајќи секаков вид книги за исламот до кои можев да стигнам. Мојот арапски, иако доволен за конверзација, беше сосема недоволен за читање на к*ранот во оригинал, така што морав да прибегнам кон два превода – францускиот и германскиот – кои ги позајмив од библиотека. За останатото морав да се потпрам врз делата на европските ориенталисти и врз објаснувањата на мојот пријател. Колку годе фрагментарни, овие проучувања и разговори беа како кревање на некакво перде. Почнав да забележувам свет на идеи за кој дотогаш сум бил целосно неук. Исламот не изгледаше толку како религија во популарна смисла на зборот, колку како начин на живот; не толку како систем на теологија, колку програма на лично и општествено однесување базиран врз свеста за Бога. Никаде во к*ранот не можев да најдам повикување на потребата од „спасение“. Никаков прв, наследен грев не стоеше меѓу личноста и неговата судбина – бидејќи „ништо не може да му се припише на човекот освен она што тој самиот го заслужил“. Не е баран никаков аскетизам за да се отвори сокриената порта на невиноста; бидејќи невиноста е човеково право здобиено со раѓањето, а гревот значи само скршнување од природните, позитивни својства со кои Бог го дарувал секое живо суштество. Нема трага од каков било дуализам во набљудувањето на човечката природа: изгледа дека телото и душата се земени како единствена целина. На почетокот бев донекаде зачуден од к*ранската грижа не само за духовните нешта, туку исто така и за многу навидум безначајни, световни аспекти на животот; но со време почнав да сфаќам дека, ако човекот навистина е единствена целост од тело и дух – како што исламот тврди дека е – никаков аспект на неговиот живот не би можел да биде премногу „безначаен“ за да дојде во надлежност на религијата. Со сето тоа, к*ранот никогаш не дозволил неговите следбеници да заборават дека животот на овој свет е само еден степен од човековиот пат кон повисока егзистенција и дека неговата конечна цел е од духовна природа. Тој вели дека материјалниот напредок е пожелен, но не како цел самиот за себе; затоа човековите апетити, иако оправдани самите по себе, мора да бидат совладани и контролирани од моралната свест. Оваа свест теба да се однесува не само на човековиот однос кон Бог, туку исто така на неговиот однос кон луѓето; не само на духовното усовршување на личноста туку, исто така, и на создавање на таквите општествени услови кои би можеле да му одговараат на духовниот развој на сите, така што сите би можеле да живеат во изобилство... Сето ова беше интелектуално и етички далеку „поприфатливо“ од сето она што порано сум го слушал или читал за исламот. Неговиот приод кон проблемите на духот изгледаше подлабок отколку оној од Стариот Завет, а освен тоа немаше никаква наклонетост кон ниедна посебна нација. Неговиот приод кон проблемите на телото, за разлика од Новиот Завет, беше изразито позитивен. Духот и телото стоеја, секој на свој начин, како двоен аспект на човечкиот живот создаден од Бога. Се прашував, не е ли можеби ова учење одговорно за емоционалната сигурност која толку долго ја чувствував кај Арапите? |
|
О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
|
|
DAIJA
Сениор Регистриран: 08.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 1668 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Blagodarime na cestitkite.
|
|
О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
|
|
mudzahid
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 15.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 818 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
CESTIT k*rBAN BAJRAM, Na site prepadnici na islamskata religija
|
|
Ebu-Hurejre
Сениор Регистриран: 03.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 667 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
samo prodolzi te citame brat
|
|
DAIJA
Сениор Регистриран: 08.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 1668 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Нашиот домаќин – мал, слаб старец со остри, мижуркави очи, облечен само во памучна наметка со покривка за главата – нè повикува да се послужиме: „Бог нека ве поживее; овој дом е ваш дом, јадете во име на Бога. Ова е сè што имаме“ – и тој се извинува со движење на раката, единствено движење во кое е изразена сета тежина на неговата судбина, со онаа неизвештачена сила на изразување толку својствена за луѓето кои живеат мошне близу до своите инстинкти – „но урмите не се лоши. Јадете, патници, од она што можеме да ви го понудиме...“ Урмите се навистина меѓу најдобрите што некогаш сум ги јадел, а домаќинот е очигледно задоволен што може да го смири нашиот глад. Тој продолжува: „Ветерот, ветерот, тој ни го отежнува животот; но тоа е Божја волја. Ветерот ги уништува нашите плантажи. Постојано мораме да се бориме да ги зачуваме песокот да не ги затрупа. Не било секогаш така. Некогаш овде немало толку многу ветер, а селото било големо и богато. Сега се намалило; многу наши млади луѓе си заминуваат, бидејќи не може секој да поднесе таков живот. Песокот нè потиснува од ден на ден. Наскоро нема да има место за палмите. Овој ветер... Но ние не се жалиме... Како што знаете, Божјиот Пратеник – Бог нека го благослови – ни рекол: ‚Бог вели, не ја обвинувај судбината, бидејќи, внимавај – Јас сум судбината...‘“ Мора да сум се трогнал, бидејќи старецот го прекинува говорот и внимателно ме погледнува; и, како да сфаќа зошто сум се трогнал, се насмевна со речиси нежна насмевка, што беше чудно да се види на тоа изморено, исцрпено лице, и повторува тивко, како за себе: „...внимавај – Јас сум судбината“ – и во нишањето со главата со што ги придружува своите зборови лежи горделивото, тивко прифаќање на своето сопствено место во животот. Никогаш не сум видел, дури ни кај среќните луѓе, „Да“ кажано со толкаво спокојство и уверување. Со широко, неопределено, речиси сетилно движење на својата рака тој опишува круг во воздухот, круг кој опфаќа сè што припаѓа во овој живот: сиромашната, темна соба, ветерот и неговото вечно фучење, немилосрдното напредување на песокот; копнежот по среќата, прифаќањето на она што не може да се измени; послужавникот полн со урми; градините во вечна борба зад нивниот штит од тамариси; огнот во огништето; смеењето на младата жена некаде во дворот зад собата. Во сите тие работи, и во гестот со кој ги изнесе и ги состави, ми се чини дека ја слушам песната на силниот дух кој не познава бариери на околности и кој е во спокојство со себеси. Пренесен сум во минатото, во она дамнешно време, во оној есенски ден во Ерусалим пред десет години – кога еден друг сиромашен старец ми зборуваше за предаденоста кон Бога, што единствено може да стори човек да биде во мир со Него и така во мир со својата сопствена судбина. |
|
О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
|
|
DAIJA
Сениор Регистриран: 08.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 1668 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Токму во тој миг станав свесен колку им се блиски на овие луѓе Бог и нивната вера. Нивната молитва не изгледаше разделена од нивниот работен ден; таа беше дел од тоа – не замислена да им помогне да ги заборават животите туку подобро да се сетат преку сеќавањето на Бога. „Колку е тоа чудно и прекрасно“, му реков на својот пријател додека ја напуштавме џамијата, „што вие чувствувате дека Бог ви е толку блиску. Би сакал и јас да можам така да чувствувам.“ „Како инаку би можело да биде, брате? Зар не е Бог, како што вели нашата света книга, поблиску од жилата во гркланот?“ |
|
О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
|
|
DAIJA
Сениор Регистриран: 08.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 1668 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Еден петок отидов со својот пријател и домаќин во Емевиската џамија. Бројните мраморни столбови кои го потпираа сводот блескаа под сончевите зраци кои паѓаа низ горните прозорци. Во воздухот рееше мирис на мошус, а подот беше прекриен со црвени и сини килими. Во долгите, правилни редови стоеја стотици луѓе зад имамот кој ја водеше молитвата; тие се наведнуваа, клечеа, го допираа подот со своите чела, а потоа повторно се креваа; сè во дисциплинирана хармонија, како војници. Владееше тишина. Додека верниците стоеја, можеше да се слушне гласот на стариот имам, од далечната длабочина на огромната сала, како рецитира стихови од к*ранот, а кога тој ќе се наведнеше или ќе паднеше ничкум, целиот собир го следеше како еден човек, наведнувајќи се и паѓајќи ничкум пред Бога небаре Тој е присутен пред нивните очи... |
|
О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
|
|
DAIJA
Сениор Регистриран: 08.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 1668 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Од друга страна, пак, се чини дека петокот за Арапите не беше можност да ги заборават своите работни денови. Не дека плодовите на животот лесно и без напор паѓаа врз скутовите на овие луѓе, туку едноставно, нивните работи, дури и оние најтешките, не доаѓаа во конфликт со нивните лични желби. Немаше рутина за самата рутина; наместо тоа постоеше внатрешна врска меѓу работникот и неговата работа; така одморот станува неопходен само ако тој се замори. Таквата согласност меѓу човекот и неговата работа исламот ја зел предвид како природна состојба на нештата и затоа, за петок не беше пропишан задолжителен одмор. Занаетчиите и малите сопственици на дуќаните на пазарот во Дамаск работеа неколку часа, ги напуштаа своите дуќани неколку часа, во тоа време одеа во џамија на пладневната молитва, а потоа се наоѓаа со своите пријатели во кафеаната; тогаш повторно се враќаа во своите дуќани и повторно работеа неколку часа во радосна опуштеност, секој токму онака како што му се допаѓа. Само некои дуќани беа затворени, а освен во времето на намазот, кога леѓето се собираа во џамиите, сите улици беа полни со врева како и во другите денови. |
|
О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
|
|
DAIJA
Сениор Регистриран: 08.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 1668 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Во петок може да се забележи промена во животниот ритам на Дамаск – мал виор на среќно возбудување и, во исто време, свеченост. Мислев на нашите недели во Европа; на тивките градски улици и на затворените дуќани; се сеќавав на сите оние празни денови и на потиштеноста кои таа празнина ги создаваше. Зошто мораше да биде така? Сега почнав да го сфаќам тоа; затоа што за мнозината од луѓето на Запад нивниот секојдневен живот е тежок товар од кој само неделите можат да ги ослободат, а неделата повеќе не е ден на одмор туку станала бегство во нереалното, измамнички заборав зад кој, двојно тешки и заканувачки, демнат работните денови во седмицата. |
|
О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
|
|
DAIJA
Сениор Регистриран: 08.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 1668 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Некои улици на пазарот беа во врева со крепките ликови на бедуините во нивната широка, лелеева облека; луѓе кои секогаш изгледаа небаре ги носат своите животи со себе и дека секогаш одат по својот сопствен пат. Високи луѓе, со сериозни, огнени очи стоеја или седеа во групи пред дуќаните. Тие меѓусебно не зборуваа многу – еден збор, една куса реченица, внимателно изговорена и исто така внимателно примена беше доволна за долг разговор. Овие бедуини, чувствував, не знаат за дрдорење, оној разговор во врска со ништо, без никаква содржина, белег на истрошените души; ме потсетија на зборовите од к*ранот со кој се опишува животот во рајот: „...во него нема да се слушаат празни зборови...“ Изгледаше дека молчењето е бедуинска доблест. Тие се завиткуваат во своите широки, бело-кафеникави или црни наметки и молчат; поминуваат покрај вас со молчалив поглед на дете, горди, скромни и разумни. Кога ќе им се обратите на нивниот јазик, нивните црни очи светнуваат во ненадејна насмевка, бидејќи тие не се преокупирани со себе и сакаат да бидат сфатени од туѓунците. Тие се грандс сеигнеурс (големи господа), сосема воздржани, а сепак отворени кон сите нешта на животот... |
|
О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
|
|
DAIJA
Сениор Регистриран: 08.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 1668 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
СО ВОЗБУДУВАЊЕ, со очи отворени за нештата кои претходно не сум ги ни насетувал талкав во оние летни денови по тесните улици на стариот пазар во Дамаск и го открив духовното спокојство во животот на неговите луѓе. Нивната внатрешна сигурност можеше да се забележи во начинот на кој се однесуваа еден кон друг, во топлото достоинство со кое се среќаваа и се разделуваа; во начинот на кој двајца мажи би одеа заедно, држејќи се за рака како деца – едннотавно затоа што чувствуваа пријателство еден кон друг; во начинот на кој продавачите постапуваа еден кон друг. Тие продавачи во малите продавници, тие непопустливи викачи на минувачите, како да немаа лаком страв или завист во толкава мера што сопственикот му го оставаше својот дуќан на чување на својот сосед и конк*рент кога и да му беше потребно да се оддалечи на определено време. Често се гледаше потенцијален муштерија како стои пред тезга без продавач, очигледно во недоумица дали да чека на враќањето на продавачот или да премине на соседната тезга – и секогаш соседниот трговец, конк*рент, ќе пристапеше да испита што сака муштеријата и ќе му ја продал бараната стока – не својата, туку стоката на својот отсутен сосед – и ќе ги оставеше парите врз тезгата на соседот. Каде во Европа може да се биде сведок на нешто слично? |
|
О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
|
|
Внеси реплика | страница <1 4567> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |