IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Уметност , култура и традиција
  Активни теми Активни теми RSS - Ваша песна,состав или што било напишано
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Ваша песна,состав или што било напишано

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 45678 138>
Автор
Порака Обратен редослед
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Април.2012 во 21:27
nekogas vaka i nas ne ucea, no noviot sistem gi smeni vrednostite, pa znaenjeto i ne e nekoja vrednost... pesnata e povekje od dobra...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
Љиљана Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 24.Јуни.2011
Статус: Офлајн
Поени: 6
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Љиљана Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Април.2012 во 21:30

Боље ишта него ништа!
Тако мисле чудовишта.
Неки мисле, мисле баш.
Нема цене. Дај шта даш.
Свака роба има вредност.
Та јој вредност даје предност.
Зато немој! Немој ти!
Немој лоше мислити.
Немој да те слабо знање,
Доведе у тешко стање.
Благо што га знање даје.
Капитал је који траје.
Ко год учи, ради вредно.
Неће бити биће бедно.
Знање мења стева однос.
Буди унутрашњи понос.
Ако желиш богат бити?
Мораш вредно ти учити.
Па кад будеш знање стеко:
Бићеш неко! Бићеш неко!
Духовно ћеш стално расти.
На колена нећеш пасти.
Можеш трпет судбе коб.
Али нећеш бити роб.
ЗНАЈ ДА ЗНАЊЕ, ПРАВО ЗНАЊЕ.
ТО ЈЕ НАЈВЕЋЕ ИМАЊЕ.
Љиљана Ћуић
Кон врв
ekszi88 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
In Love

Регистриран: 10.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7008
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај ekszi88 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Април.2012 во 16:14

Израснав во семејство каде што се негуваат идеалите кои зборуваат за тоа колку е животот суров, црн, мрачен, во семејство каде што мојата радост беше нарекувана летање во облаци и нешто кое што нема допирна точка со реалноста.  А јас само сакав да се смеам, јас сакав да бидам среќна со тоа што го имам. Дваесет години потрошив во обиди некому да му бидам доволно добра и сеуште не знам како преживеав во сета таа парадоксалност на нештата. Двојни пораки од крвопијци жедни за убиство. Сега почивам и ме оплакувате што се смеам, сега ме мразите што не потклекнувам повеќе на вашите наредби. Чувствувам како ме нагризнувате со чувството на вина за да паднам повторно во ваши канџи, но попусто, веќе не ме боли ништо, вашите заби се слаби и потрошени! Немој да мислиш дека смртта на мајка ми и нејзиниот пат дотаму се доволна причина за да останам во калта со вас. Не ми кажувај колку и како треба да ја сакам. Имам право и да ја сакам и да не ја сакам, имам право да се покорам на вашите наредби и да ги одбијам истите, имам право да се смеам и да летам во облаци, имам право да чекорам по својот пат и да одлучам јас кој сакам да ми прави друштво од време на време.

 

Мојата служба на вашите бесмислици завршува овде. Ова е точка на разидување, точка од каде што почнува мојот живот, суштински важен момент кога јас ја превземам одговорноста за случувањата во мојот живот. Ова е онаа секунда од животот кога се поклонувам пред иконата на моите идеали, икона со една широка и ведра насмевка која што ми го грее срцето и ме исполнува со љубов. Ова е моја религија која што го одобрува мојот начин на живеење, тоа е лик кој ме сака и ја благословува секоја моја постапка, бог кој ми простува кога грешам. Тоа е лик чија што рака ми ги брише солзите и ме поттикнува да продолжам. Нешто кое што верува дека можам. Тоа е возрасен дел кој ме теши кога голтам од калта, но и еден детски дел кој се радува на сите успеси. Скокотливост и разиграност, музика и чаша вино, водење љубов и бајки, циркузанство и мудрост, кршливост и солзи – ЈАС! Ја бришам крвта која тече од расцепот создаден од сите тупаници добиени во животот, капнува солза која што го разбранува мојот живот, се рушат пред мене сите зони на комфорт кој сум ги земала од надвор и со овие раце си создавам своја.

 

Гледај ме, летам! Право кон облаците! Колку и да се трудиш да ми го згазиш сонот тој е поголем и од тебе. Ги крши тенките стаклени убедувања ти не можеш. Јас можам... но не за да ти докажам на тебе кому што му се обраќам, животот е еден за да го потрошам толку неквалитетно. Јас можам и јас сакам да му понудам на светот една широка и ведра насмевка која извира од центарот на мојот свет, од моето срце.

Never apologize for being sensitive or emotional. Let this be a sign that you've got a big heart aren't afraid to let others see it. Showing your emotions is a sign of strength!!
Кон врв
Anarchy Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Фатенко

Регистриран: 19.Март.2009
Статус: Офлајн
Поени: 6676
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Anarchy Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Март.2012 во 08:51
Не! Јас сум далеку од вистината,
а воопшто не ја ни барам,
само знам дека ми треба,
но нека, ќе издржам и без неа,
подобро без неа, 
отколку да се потврди тоа во што се сомневам. 

Старата вртелешка, се уште служи
се вртам толку силно,
небаре ќе излетаат сите мисли кои ме мачат,
за тоа што си и 
што значиш во мојот живот.

А што да бирам, кој ли пат сега
сите се толку светли на почетокот,
а толку црни,
крајот секогаш е ист,
без разлика што и да одберам,
вистината пак ме повредува...
а не ми треба...

Ќе ископам една дупка,
доволно голема и длабока,
за да го закопам овој внатрешен глас,
кој упорно ми кажува дека ти си вистината,
која толку многу ме повредила
и повторно ќе пробам да не верувам, 
дека си била стварност, 
дека воопшто си постоела,
ќе верувам дека си била само
Илузија.
Кон врв
ManWithoutSoul Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 26.Август.2011
Статус: Офлајн
Поени: 16
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ManWithoutSoul Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Март.2012 во 19:56
Граница дури и на љубовта

Не постои време,
тоа е само уште еден човечки поим,
за хронолошки поредок
на периодите.
Не постои време,
тоа е само средство,
сакам да кажам,
единица мерка,
за одбројување,
еден животен век.

Не постои простор,
и тој е дел од,
апсурдите на човештвото.
Како може простор,
да постои,
токму во бескрајот?
Не постои простор,
кога душата не познава,
граница на
површност и длабочина,
кога срцето не знае,
за затворен круг,
ограничен простор,
од каде не би смеело,
да си дозволи бегство.

Хоризонтот е само привид,
желба на човекот,
да постави,
крај во бескрајот,
и свое засолниште да создаде,
па сигурно да се чуствува,
зидините потпори да бидат,
но не помислува,
дека на тој начин,
граница става,
дури и на љубовта.
Оној кој позајмува книга е идиот.
А оној кој ја враќа позајмената книга е уште поголем идиот.
Кон врв
kejt-d-grejt Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 6228
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kejt-d-grejt Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Март.2012 во 20:57
Originally posted by Anarchy Anarchy напиша:

i'm so tired of fighting with this life. why i can not give up?


c`s d life is in love with u
an` won`t let ya go



се' што е убаво во животот е поезија. сето друго е проза
Кон врв
ekszi88 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
In Love

Регистриран: 10.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7008
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај ekszi88 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Март.2012 во 16:54

Исфрлање на непотребни токсини

 

Се погледнав во огледало и што да видам – ХИБИСКУС ПРЕД УМИРАЊЕ. Витални способности – при крај. Таман сум ги отворила  и срцето и умот кон нови хоризонти и од почвата баш тогаш наоѓа да изртува нешто што ќе ме дамлоса, нешто што не се вади од корен, но луѓено штом ќе го забележат ќе го изгазат. Ах, а тоа е толку кревко, згаснува ко веќе дувната роденденска свеќа пред  суровите критериуми за нормалитет, онаа општо позната а и веќе многу досадна теорија по прашање што е природно, а што  не. Признавам дека теоријава е темелосана на цврсти аргументи... ни помалку ни повеќе – на цитати на библијата. Ќе ги запалам сите до еден и ќе и се изможам на пепелта, да исфрлам се што е токсично и да и олеснам на бешикава.

Never apologize for being sensitive or emotional. Let this be a sign that you've got a big heart aren't afraid to let others see it. Showing your emotions is a sign of strength!!
Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Март.2012 во 20:58

https://lh3.googleusercontent.com/_Uodn64S9Rsw/Tdi4ivvYRTI/AAAAAAAAALs/HLsT3zUMDl8/animations-mobile-free-download-009-Angelina-Jolie.gif

НЕ СУМ КРИВА

Не сум крива што денес сонцето си играше со облаците,

ниту  ќе бидам утре кога облаците ќе плачат ,

не сум крива што денес сообраќајот беше ужасен,

ниту ќе бидам утре ако семафорите ќе се расипат…

***

Не сум крива што денес од пред очи го изгуби мигот,

ниту ќе бидам утре кога времето ќе го пронајдеш,

не сум крива што денес не мислеше на мене,

ниту ќе бидам утре ако те заборавам за момент…

***

Не сум крива што се уште живееш во својот свет,

ниту ќе бидам утре кога ќе го побарам твоето ветување,

не сум крива што ми вети дворец доколу сум твоја,

ниту ќе бидам утре ако  се решам на тоа …

*

Се прашувам , како ќе се снајдеш?

http://img217.imageshack.us/img217/514/075ebc27a05eb9orig.jpg

Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Февруари.2012 во 18:21

а, ривали, демек...


едниот со гол `гз

другиот со скината мрежа

водата пред нив

други ја заматија

без риби...

Изменето од majstorce62 - 20.Февруари.2012 во 18:24
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
Anarchy Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Фатенко

Регистриран: 19.Март.2009
Статус: Офлајн
Поени: 6676
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Anarchy Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Февруари.2012 во 22:47
i'm so tired of fighting with this life. why i can not give up?
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Јануари.2012 во 00:08
ДА БЕШЕ ЖИВА БАБА СТЕФКА

Некои чудни суштества си ебат мајката

И ми влегуваат низ прозорецот наутро

Со некакви остатоци од кошмарен сон

Додека утрото го лаже денот

А небото кур не го боли

Дека птиците го љубат до лудило

Пеејќи му песна изртена од црно зрно пченица

Та небото си го има сонцето

И што ќе му е да го љубат птици макар и до лудило

Со песна изртена од црно зрно пченица



Да беше баба Стефка жива, ќе речеше,

Вози, Мишко, додека ти се нови гумите

а кога ќе се излижат, моли му се на Горниот

Кривината да не биде над провалија…
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јануари.2012 во 09:29

РЕСУРСИ


Едни ни ги трошат -

Си свиркаме ко удрени,

Се прајме ко да кур не не боли…

Убаво свети сонцето денес:

Можеби не како вчера -

Утре може ќе ме нема…

Коњот и магарето ги ифрливме од штала,

Волови никој не знае да впрегне,

А се накотивме како глуФци…

Канибализмот ќе не одржи -

Дедо Ное е само мит…

Изменето од majstorce62 - 15.Јануари.2012 во 09:31
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Јануари.2012 во 15:29
Јас, Перунке, можев да те опеам

Во илјада и една песна

И да бидеш голема како Шехерзада…

Но чуму толку, цвету миризлив,

Кога триесет и осум биле доволни

Да ги соберат сите твои атрибути во себе…

Ах, Перуно, цвету несвенлив,

да знаев да завивам на полна месечина

ќе се наречев поет

а тебе, моја боженствена Муза…
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
anakin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unidentified Flying Object

Регистриран: 08.Август.2005
Локација: Machku Pichku
Статус: Офлајн
Поени: 18535
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај anakin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Јануари.2012 во 00:03

1934-chapaev-petka-and-anka

.

Василиј Чапаев, млад болшевик, лежејки на снегот зад гломазниот митралез  ги косел белогварѓејците

секој испукан куршум го потсетувал на еден бакнеж  што го дал на младата Пелаѓеиа

секој куршум- погодок, како и тој секој бакнеж

не сакал ни да замисли каде завршувал  секој куршум

во неподносливата бучава се предал на миговите кога Пелаѓеиа горела под неговите раце

.

- откако се врати си необично силно груб но и страсен…. бакнежите просто горат

- да?

- горам Валисиј

.

ги погледнал своите изгорени раце од недоволното ладење на гломазниот митраљез

се насмевнал и помислил

понекогаш пронајди во грозните работи некоја сличност со прекрасните и животот ќе ти стане поподнослив

SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 45678 138>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,184 секунди.