|
Целта на Масонството |
Внеси реплика | страница <1 5657585960 62> |
Автор | ||||||||||||||||
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||
А ако ти ја имаше прочитано, ќе знаеше за што точно се однесува конкретниот цитат...
Но... дури и да не си ја прочитала, погледни го самиот цитат кој го поставуваш. Добро знаеш англиски, но сепак, ајде да го преведеме (објаснувањата ќе ги давам во заграда)... "Луцифер Носителот на Светлината (тоа е Библискиот назив)! Чудно и мистериозно име да му се даде на Духот на Темнината (навистина - доста парадоксално е што ѓаволот носи име - носител на светлината)! Луцифер, Синот на Утрото (исто како и претходно - Библиска референца, кон носителот на светлината)! (сега доаѓа битниот дел, она што треба убаво да се прочита!) Зарем не е тој, оној кој ја носи светлината и со неговиот неподнослив блесок ги заслепува слабите, мекушавите и себичните души? Не се сомневајте во тоа!" Та - што има тука спорно? Зарем Библијата не не советува токму истото? Дека ѓаволот преку блесокот на материјалното ни ја заслепува душата? Сети се кога Исус беше во пустината - ѓаволот му пријде и му го покажа целиот свет пред него и му го понуди, за да дојде и да му служи нему. Но - како што вели Пајк - слабите, мекушавите и себичните души се препуштаат на ѓаволот. И зошто? Заради неговиот сјај и блесок! Никој не тргнува по ѓаволот заради ветување за вечна мака и оган. Тргнуваат затоа што им се ветуваат злата, богатства и блесок. Односно - Суетата и алчноста се тоа што не заслепува и прави подложни на ѓаволот. Како што се гледа од ова, а и во целата таа дискусија во Морал и Догма, Луцифер е прикажан во негативна конотација, односно, како нешто од кое што треба човек постојано да се пази. Се вели дека треба човек да научи да разликува вистинска светлина, онаа која доаѓа од Бога, која Извира од Бога, и лажна светлина - односно оној блесок кој доаѓа од ѓаволот, но не води кон ништо добро. Што има тука спорно, од чисто Библиска гледна точка?! |
||||||||||||||||
Do what is right, come what may...
|
||||||||||||||||
Asya
Сениор Регистриран: 14.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 902 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||
Mozhebi, koga kje stignesh do 33 stepen, kje ni objasnish neshto povekje za slobodnata masonerija! Eve ti eden izvadok od "Morals i Dogma": http://www.illuminati-news.com/e-books/morals-dogma/apike13.htm#32 Ochebijno, ti imash problem ne samo so terminite, tuku i so angliskiot jazik. Nikoj ne veli deka masonstvoto e religija, bidejki e okultizam, no "religious beliefs" na makedonski se preveduva kako "verski ubeduvanja" (vera, veruvanje), koi mozhat da bidat esoterichki okultizam. Изменето од Biba_G - 17.Август.2009 во 06:55 |
||||||||||||||||
Asya
Сениор Регистриран: 14.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 902 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||
"Lucifer, the Light-bearer! Strange and mysterious name to give to the Spirit of Darkness! Lucifer, the Son of the Morning! Is it he who bears the Light, and with its splendors intolerable blinds feeble, sensual, or selfish Souls? Doubt it not!" (Morals and Dogma, p.321) "Lucifer" e vo navodnici, i ako si ja prochital "Morals and Dogma", kako shto tvrdish, togash bi znael kako mozhe da se citira! |
||||||||||||||||
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||
Патем - не знам како се цитира Луцифер - никогаш не сум прочитал нешто напишано од него, не ни знаев дека може да се цитира воопшто...
|
||||||||||||||||
Do what is right, come what may...
|
||||||||||||||||
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||
Е де, полека, пишував долг пост во врска со англискиот текст кој го постираше... Сатанисти не се допуштаат во ложата. Од многу проста причина - Сатаната не може да се восприеме како Great Architect Of The Universe. GAOTU треба да биде градивна сила, создавач. Сатаната е деструктивна сила, разрушувач. Многу едноставно. Тоа што го велиш за свештенството и за мирјаните и масонството - не е точно. Ниедна црква (освен католичката, ама и тие го повлекоа во 1986та година), нема издадено забрана за масонството, ниту за членувањето во ложите. Има ставови на поедини свештеници, понекогаш и на високи свештеници. Никогаш ниедна православна црква не издала забрана, ниту анатема за масонството. Патем - токму масоните се заслужни за обновувањето на православието на исток, по падот на комунизмот, за обновувањето на бројни манастири, цркви, за помагање на црквата и финансиски и логистички. Почнувајќи од Русија, па до Македонија. |
||||||||||||||||
Do what is right, come what may...
|
||||||||||||||||
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||
Прво за Пајк. Се што има напишано е негово лично мислење, а не официјален став на Масонството. Но и како такво, тоа негово мислење е доста извитоперено при погрешните цитати, кои се омилени на анти-масоните.
Едно по едно, со факти...
Бог во првите 3 степени, се спомнува само и единствено кога му се оддава благодарност за тоа што е добар со нас. Истотака, индиректно се спомнува, кога се зборува за природата и светот што не опкружува - дека создал се. Ништо повеќе. Така што - како е ова во конфликт со Библијата, на пример? Повторно - цитатот кој се дава од Морал и Догма е неточен. Никаде не вели "except masonry's". Тоа што го вели на таа страница е дека секоја религија е ограничена во своето објаснување на Бога, односно дека Бог не може да се содржи во симболите и предметите кои една религија ги користи, туку дека Бог е многу повеќе од тоа, затоа што Бог е Се. Соодветно вели дека Бог не можеме да го разбереме доволно, колку и да се трудиме, и дека дури и најпосветените луѓе во една вера, сепак, го разбираат Бог во рамките на своите ограничени човечки сфаќања. До тука, не гледам ништо спорно во неговата идеја, иако Пајк има доста нападен начин на претставување (и заради тоа не ми е од омилените автори, искрено речено).
Ова апсолутно не е точно. Прво не постои таков поим како "Deistic God", ниту пак позицијата на Worshipful Master е позиција на acting God. Ова е апсурдно и е тотално непознавање на тематиката! Worshipful Master е титулата која ја носи човекот кој ја раководи ложата. Секоја година се избира нов човек на таа позиција и буквално секој од ложата кој сака да биде активен член во еден момент поминува низ таа позиција. Тој е раководител на церемонијата и ништо повеќе. Нема ниту Божествена функција, ниту пак е некој вид на идол, туку најобичен човек, прв меѓу рамните. Истотака не е точно тоа дека масонството ги "прима сите богови во еден пантеон". Крајно неточно! Масонството не дискутира за религијата, ниту за Бог, ниту за личната определба на членовите. Еден единствен пат кога се прашува членот нешто во врска со Бог, е пред да се зачлени, додека е кандидат. Има три прашања: 1. Дали верува во Бог (Виша Сила - Supreme Being)? 2. Дали верува дека Бог ја обзнанил својата Воља на човештвото? 3. Дали верува дека Бог наградува добро и казнува зло? Никаде и никогаш повторно не се спомнува религиозната определба на кандидатот, ниту се зборува за религија.
Истотака - не е точно. Секој масон си верува во Бог во кој што си верува и никој не го прашува ништо во врска со тоа, ниту пак му наметнува видување. За позицијата Worshipful Master, објаснив. Тоа што збунува е зборот Worshipful, но тоа што не се разбира во денешно време е дека масонската терминологија е настаната во средниот век, и користи позајмици од ѕидарските и каменореските гилдии. Ако провериш малку низ историјата, ќе видиш дека главниот мајстор (кој се избирал секоја година од членовите), се ословувал со титулата Worshipful Master. Односно, терминот не е со значење Worship (поклонување, обожавање), туку е со значење "високо-почитуван". За споредба - погледни ги титулите кои се користат во Американскиот и Англискиот правен систем...
Wow! Овде ептен забега! Третиот степен е највисок степен. Постојат странични ордени, во кој обично секој масон се зачленува по извесно време. Двата најпознати се Јорк и Шкотскиот. Едниот има 12, другиот 33 степени. Не значи дека Шкотскиот е повисоко од Јорк, иако бројката така делува! Ова што го пишува погоре не е точно, затоа што и двата ордена се претежно со Христијанска тематика. Создадени се како дополнително објаснување на третиот, но се создадени во Христијанско општество, затоа нудат доста Христијански поглед на работите. Апсурдна е идејата дека ќе се излажат луѓето со првите три степени, па после само на мал дел ќе им се прикаже вистината, затоа што речиси сите членови на ложата минуваат или низ едниот, или низ другиот орден, а најчесто и низ двата. Не е точно дека за Бог се зборува како за предмет. Ова е чиста измислица и нема ништо такво, никаде во масонскиот ритуал.
Грешка - масонството тврди дека секој од нас треба да го гради Храмот во себе! Има огромна разлика. Храмот е Дом Божји. Односно - за да биде твојата душа Дом Господен - треба да си чист, треба да живееш праведен живот, да не грешиш, да не се подложуваш на искушенија и пороци (буквално има директна ваква лекција).
Не е точно - во основата на масонството стои вербата во Бога. Ако не постои Бог - не може да ја има целата идеја на Масонството, станува излишна.
Не, Хермес не е основач на масонството, ниту пак има податок дека бил некогаш член на некоја масонска форма. Сатанизмот не е дозволен во ложите! Ако некој како вероисповед го поставува сатанизмот - нема да биде примен. Пајк не е сатанист, напротив, многу краен христијанин-протестант... Нема таков цитат во Морал и Догма никаде, чиста измислица е. Како што реков - погледни во темата во Вероисповед, давам точно објаснување во врска со ова. Сите анти-масони го обвинуваат Пајк дека е сатанист и дека го обожава Луцифер, и даваат цитат од книгата за тоа. За нивна голема жал, има луѓе што се способни да читаат и наместо да расчитаат на нивните прераскажувања, отвораат и читаат сами од оригиналот. За право чудо - во оригиналот, на местото на прочуениот цитат за Луцифер, наместо да стои фалење или идолизирање на Луцифер, стои токму спротивното - а вели - дека треба да се пазиме од него, затоа што неговиот сјај е наменет за да ги подведе оние кои се слаби духом, да му потклекнат и да му се потчинат. Односно - вели дека понекогаш иако некои работи се примамливи и неодоливи, не треба да им се потклекне на искушенијата. Ова - е доста Христијанска идеја, сепак!
Напротив - нема ништо окултно, а симболизмот се објаснува во детаљи и има опширни дискусии за секоја една ситница. Токму со тоа се занимаваме всушност - со филозофски дискусии во врска со тие симболи и идеи.
Напротив - токму масонството има проблем со тоа "релативистичко" разбирање на Бог. Од членовите се бара да веруваат во конкретен Бог (кој и да е тој), а не во нешто неодредено, затоа што не може нешто неодредено да е Создател на се.
Ова не е точно. За мене Исус е Бог. Истотака - за сите христијани кои се членови на братството. За муслиманите - Алах е Бог. За евреите - Јахве... Инаку е точно - масонството целосно ги исклучува сите теолошки учења - затоа што не се занимава со религија, ниту со дефинирање на Бог воопшто! Масонството е филозофско-езотеричко друштво, не религиозно. Така што - не се спомнува религија, Исус, Бог (освен како што напоменав во претходниот пост). Не гледам како масонството би ја потврдило вистината за Исус, кога тоа не е воопшто предмет на интерес и на дискусии во масонството. Патем - има илјадници организации и здруженија кои не потврдиле ништо за Исус и кои не го спомнуваат во својата работа... не гледам разлика.
Не е точно. Ова е измислица или погрешно толкување на нешто. Објаснив погоре - никаде, во ниеден момент, Бог не се толкува како енергија, природа, предмет - не ни може да се толкува така, затоа што како што реков - Бог создал Се.
Нема таков поим - масонска религија. Чиста глупост. Ако имаш минимални познавања за масонството, ќе знаеше дека ваков термин не може да постои.
Во масонството не се спомнува Gnosis (како термин), уште помалку Generation. Геометрија - да, се спомнува. Затоа што Геометријата е совршениот начин на кој Бог создал се во природата и во Универзумот. Зарем не е така? Г - стои за Господ и за Геометрија. Ништо повеќе.
Повторно - како да се спомне, кога не е масонството не е ниту религија, ниту религиозна организација. Зошто би се спомнал пеколот?!
Повторно грешка! И тоа доста смешна. Терминот Рај не е употребен никаде, во ниеден контекст. Терминот "The Lodge Above" е симболички израз на тоа дека душата е бесмртна и дека како што работи тука на земјата (имајте во предвид дека се користи ѕидарската симболика - односно дека во ложите се работи на изградба), така ќе продолжи нашиот труд на оној свет. Не е точно дека секоја душа станува Бог! Токму обратното!!! Објаснувањето на таа симболичка Lodge Above е дека Бог е тој кој ја води таа ложа - односно, Бог е тој во чија слава и благодарност ќе работиме таму, како што работиме и тука. Повторно - ништо спорно од христијанска гледна точка. Само се користи симболика на ѕидарски гилдии, затоа што тоа е стилот на јазикот кој се употребува.
Ова е заклучок на некој кој нема грам абер од масонство. Никаде не стои дека душата е иста како душата на ѕвезда... тоа па од каде го заклучи?!?!?! Grand Orient de France не е третиот орден на масонството - чиста глупост и доказ дека темата не се познава воопшто! Големиот Ориент на Франција е НЕРЕГУЛАРНА(!!!) ложа и непризната од ниедна друга ложа во светот! И тоа токму заради тоа што дозволуваат да се примаат атеисти. Атеизмот се судира во поим со концептот на масонството, но - французите решаваат во 19 век да го променат тоа. Од моментот во кој го воведуваат - целиот останат масонски свет престанува секаква комуникација со нив - токму заради тоа. Така што - вакви измислици се имам изначитано - само што никаде не прочитав на што ги базираат своите небулозни тврдења... За да се дискутира на оваа тема, како и на секоја друга - потребно е знаење. Незнаењето е најголемиот непријател на човекот и човек кој не знае е најлесно подложен на туѓи влијанија. Затоа - ако сакаш да зборуваш сериозно - дај да зборуваме со факти, а не со копирање на измислени страници. |
||||||||||||||||
Asya
Сениор Регистриран: 14.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 902 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||
Ti mnogu neshto velish, no nemash realni argumenti ni dokazi za da gi pobiesh izlozhenite fakti. Jas ne rekov deka masonstvoto e religija, bidejki povekje prilichi na paganski kult: Masonry accepts a particular form of pantheism, "Panentheism", where "all is god, and god is all", a pantheistic conception of deity which has passed from India through the secret doctrines of the Kabbalah into Freemasonry and the actual New Age Movement. The so called "Grand Architect of the Universe" (G.A.O.T.U.), after the 3rd degree is not "a person"... "it" is "nature", a "force", "energy"... a "stone", a "star", "you", "I"... it is "it", not "he"... a most cunning way to deceive the first 3 Degrees, most of the Masons!...
Satanizmot ne mozhe da bide religija, bidejki e oklultizam. Faktot, deka nekoi pravoslavni sveshtenici (oddelni individui) se masoni, ne znachi deka seta Crkva e masonska ili go odobruva masonstvoto. Crkvata ima pobitna rabota, otkolku da gi isleduva dejnostite na nejzinite sveshtenosluziteli, i ne smee da prima svedoshtva protiv sveshteno lice, bez da postojat konkretni dokazi ili svedoshtva na najmalku trojca svedoci. No, ako istite postojat ili sveshtenosluzhitel se izjasni deka e chlen na masonska lozha, besprekorno kje bide iskluchen od crkovnata opshtina. Istoto se odnesuva i na mirjanite. Shto se odnesuva na Pajk i negovite izjavi, bidejki si ja prochital knigata "Morals and Dogma", mozhebi ti kje ni objasnish, kako ispravno se citira "Lucifer"?! Изменето од Asya - 15.Ноември.2008 во 02:33 |
||||||||||||||||
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||
За стоти пат ќе речам - масонството не е религија! Многу добро објаснив зошто се бара од членовите да бидат верници и е сосема логично и оправдано.
Колку до свештенството - има такви кои го отфрлаат масонството и го проколнуваат (пред се заради непознавање), има такви кои се членови на ложите. Да, има и руски свештеници кои се членови на масонските ложи. Во блиското минато - дури и свештеници со многу висок ранг во православната црква. За Пајк - од постот твој, очигледно е дека не си ја прочитала Морал и Догма, но затоа пак не штедиш сили за да ја критикуваш. Има во Вероисповед, тема за масонството и имам таму на долго и на широко дадено објаснување за погрешното цитирање на Пајк... Ќе се обидам и на твојот пост да одговорам, едно по едно, колку што ми дозволува времето... |
||||||||||||||||
Do what is right, come what may...
|
||||||||||||||||
Asya
Сениор Регистриран: 14.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 902 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||
http://www.religion-cults.com/Secret/Freemasonry/freemas2.html
The "God" of the first 3 Degrees, is "deistic", in the sense that he is a creator but can not be known... and this is why Pike can claim that "all specific conceptions of God are idolatrous, except Masonry's" ("Morals and Dogma", p.516)... so, the God of the Bible, or Koran, are "idolatrous". ... This "deistic God" is a boundless, eternal, universal, undenominational and international Divine Spirit... but "unapproachable"!... the only approachable "acting god" is the Worshipful Master. So, a Mason may believe in only one God, but Freemasonry welcomes all Masons Gods in the same Pantheon, as far as the allegiance in the Lodge is to the Worshipful Master, and any other God can not even be mentioned. ... In fact, any Lodge is a "federation of Gods and Religions"... and the greatest deception is that the individual Mason is "trusting in God", but not in his God, but in the Worshipful Master!... and the secret Mason authorities behind him!, because it is another deception to make believe that the local Lodge has the supreme authority, outranked by nobody, not even by the Grand Lodge. After the 3rd Degree, Masonry accepts a particular form of pantheism, "Panentheism", where "all is god, and god is all", a pantheistic conception of deity which has passed from India through the secret doctrines of the Kabbalah into Freemasonry and the actual New Age Movement. The so called "Grand Architect of the Universe" (G.A.O.T.U.), after the 3rd degree is not "a person"... "it" is "nature", a "force", "energy"... a "stone", a "star", "you", "I"... it is "it", not "he"... a most cunning way to deceive the first 3 Degrees, most of the Masons!... ... And this is why Masonry claims that God is in every Mason... but it is in the same sense that God is in any dog or any stone... - The Craft wants people to belive that it opens the door to a universal brotherhood of all faiths, but any knowledgeable believer will recognize that Masonry denies his God and beliefs. ... Here, Masonry links cults and religions from all ages: Egypt, Kabbalah, the Occult, Spiritism, Alchemy (the founder, Hermes, is suppossed to be one of the founders of Freemasonry)... and even Satanism: Albert Pike is a high regarded Mason and a Satanist, who claims that "Masonic religion should be maintained in the purity of the Luciferian Doctrine... the true religion is Satanism... Lucifer is the God of Light and the God of Good, strugling for humanity against Adonay, the God of the Jews and Christians, the God of Darkness and Evil". - A great problem, for the honest Masons of the first 3 Degrees, for most Masons, is that they participaate in rituals with occult significance, whose symbolism is undisclosed to them. - As a whole, the god of the Masons is "relativistic", because it can't be known, but it is good to use as it fits!, and only the Masonic symbolism, which is ambiguous and left to the interpretation of the individual, is adapted to the truth of what god is. -The "God" of the Bible, is not the "god" of Masonry: For the Craft, Jesus Christ is not God, or he is god as much as you and I are gods, or a stone is god. Masonry completely excludes all particular biblical teachings about Christ such as His incarnation, redemptive mission, death, and resurrection. In fact, no biblical truth about Jesus Christ is affirmed by Masonry. - "God the Father", of the Bible, is not the "Almighty Father of the Universe" of the Masonry prayers: God the Father is a "person", the Almighty of the Masons "is not a person" after the third degree, it is "energy", "nature"... it is not "he", it is "it"... ... So, "the oaths", on the Bible, or on the Koran, or on the Vedas, are mockery and profanation of these scriptures, because men swear upon their sacred scriptures to obey Masonic religious beliefs that deny and distort what their sacred scriptures really teach. - The capital "G", of the emblem, stands for "God" or "Grand Architect of the Universe"... but also stands for "Geometry, Gnosis, Generation", the real divine trinity of the Masons. - The "Hell", of the Bible and Koran is never ever mentioned in the doctrines or rituals of Masonry. - "Heaven", is mentioned as "the perfect and glorious Lodge above where the Supreme Architect of the Universe presides"... but that "Lodge above" is not the Heaven of the Bible or Koran, because for Masonry "god" is not a person, and the "Lodge above" is neither a place nor a estate, it is to be "in god" like a stone is... it is just a deception to face death!... because "after death", every soul becomes god, like a drop of water in the ocean, "without being a person"... - So, the 2 tenets of Masonry, "believe in God, and in the immortality of the soul", are the greatest deceptions of Masonry, because "God" is not a person, and the "soul" is not what we think, but it is like the "soul" of a star, or a bird... and this is why the third great Rite of Masonry, the "Grand Orient of France" admits atheists as Masons, and they are perfect Masons, without believing in God or in the immortality of the soul. Изменето од Asya - 15.Ноември.2008 во 00:08 |
||||||||||||||||
Asya
Сениор Регистриран: 14.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 902 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||
Asya
Сениор Регистриран: 14.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 902 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||
Kako mozhe masonskite lozhi da ne se verski organizacii, koga insistiraat nivnite chlenovi da bidat vernici? Za tvoja informacija, Pravoslavnata Crkva ne prifakja masoni, t.e. ako e nekoj chlen na masonska lozha, ne smee da bide nejzin chlen. Koga sledniot pat kje vlezesh vo nekoja Ruska crkva (sam se izjasni deka ponekogash posetuvash hramovi na RPC), kazhi mu na sveshtenikot deka si mason. Seto tvoe predavanje za masonstvoto, nema vrska so vistinata! Denes postojat poraneshni masoni od 33 stepen, koishto svedocahat za gadostite shto se tvorat vo masonskite ceremonii. Golemiot Arhitetekt e Lucifer, t.e. nikoj drug osven gjavolot. Изменето од Asya - 14.Ноември.2008 во 23:51 |
||||||||||||||||
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||
Масонството влече корени доста пред Питагора... најстарите легенди водат корени од времето на Мојсеј. Но, за масонството во денешната негова форма може да се зборува од 14-15ти век и веќе со прецизни податоци од крајот на 16-тиот век. |
||||||||||||||||
Do what is right, come what may...
|
||||||||||||||||
Anthony
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 3379 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||
Ama onoj od Kubla Kan uspeal - i pak ne izleglo kako shto treba... Изменето од Anthony - 14.Ноември.2008 во 19:12 |
||||||||||||||||
It’s nice to be important....it’s important to be nice!
|
||||||||||||||||
mmomirovski
Сениор Регистриран: 15.Септември.2008 Локација: Tuvalu Статус: Офлајн Поени: 1219 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||
Да го постигне она што Александар Македонски не успеал.
Изменето од mmomirovski - 14.Ноември.2008 во 18:49 |
||||||||||||||||
Внеси реплика | страница <1 5657585960 62> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |