IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - БИБЛИЈАТА И НАУКАТА
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

БИБЛИЈАТА И НАУКАТА

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 5455565758 63>
Автор
Порака Обратен редослед
temimi Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 01.Јуни.2007
Локација: Saudi Arabia
Статус: Офлајн
Поени: 325
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај temimi Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јуни.2007 во 12:33
Ostaj go, spie!!!!LOLBig%20smileTongueWink
Mozes da mi gi izvrtuvas zborovite, no ne i religijata!
Кон врв
DAIJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1668
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DAIJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јуни.2007 во 15:57
Alo Prosvetitele!!!
 
ПРОДОЛЖИ!!!
О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
Кон врв
DAIJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1668
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DAIJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јуни.2007 во 14:46
Dobro, da procitame ponatamu....
О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
Кон врв
ПРОСВЕТИТЕЛОТ Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Февруари.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 61
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ПРОСВЕТИТЕЛОТ Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Јуни.2007 во 18:42
    
 
       Продолжуваме со Книгите на Стариот Завет. Понатаму ќе се говори за историските, пророчките и поетските и мудросни книги од Стариот Завет.
 
 
       Историски книги

 

Преку нив и пристапуваме на историјата на ев­реј­ски­от народ, од неговото влегување во Ветената земја (кое, најве­ројатно, датира од крајот на VIII век пр.н.е.) до вавилонското ропство во VI век пр.н.е.

Овде акцентот е ставен на она што може да се на­ре­че национално збиднување претставено како ис­пол­нување на божествениот збор. На раскажувањето, всуш­ност, многу малку му е грижа за историската точ­ност: книга како што е онаа на Јошуа им се покорува, пред сè, на теолошките моти­ви. По тој повод, про­фе­со­рот Е. Жакоб ја истакнува отворе­ната кон­тр­а­дик­ци­ја меѓу археологијата и текстовите за божемните разо­ру­вања на Јерихон и Аја.

Книгата Судии е концентрирана на одбраната на из­бра­ниот народ од непријателите кои го опкружуваат и на помошта што му ја дава Бог. Книгата повеќепати би­ла прера­ботувана, на тоа мошне објективно сиг­на­ли­зира Р. П. А. Лефевр (R. P. A. Lefevre) во Воведот на Биб­лијата Крампон (Cramron): тоа го сведочат из­ме­ша­ните воведи и до­датоци. Историјата на Рут се по­вр­зу­ва со овие приказни од Судиите.

Книгата на Самуел и книгите на Царствата, пред сè, се биографски зборници кои се однесуваат на Са­му­ел, Саул, Давид и Соломон. Нивната историска вред­ност е спорна. Од оваа гледна точка, Е. Жакоб во нив нао­ѓа многу грешки: можни се двојни и тројни верзии на еден ист настан. Проро­ците Илија, Елисеј, Исаија, исто така, тука имаат свое место, се мешаат историски црти и легенди. Но, за другите комен­татори, како што е Р. П. А. Лефевр, историската вредност на овие кни­ги е фундаментална.

Првата и втората книга Летописи, книгите Ездра и Неемија би можеле да имаат еден единствен автор, на­речен хроничар кој живеел на крајот на IV век пр.н.е. Тој се прифаќа во текот на целата историја, од соз­давањето до оваа епоха, а неговите генеалогии, се­пак, одат само до Давид. Всушност, тој особено ја ко­рис­ти книгата Самуел и книгите на Царствата не­бре­жно ги копира, не грижејќи се за недос­ледностите (Е. Жакоб), но тој, исто така, ги додава и пре­цизните фак­ти кои археологијата ги потврдува. Во овие дела пос­тои грижа историјата да се приспособи кон тео­лош­ки­те потреби: Е. Жакоб пишува авторот понекогаш ја кре­ира ис­торијата тргнувајќи од теологијата. Така, за да објасни дека кралот Манасија, дегенерик и про­го­ну­вач, имал долго и просперитетно владеење, тој го пос­тулира преобраќањето на овој крал во текот на едно престојување во Асир (Втора книга Летописи, 33, 11), за кое не се зборува во ниеден биб­лиски или вон­биб­лиски извор. Книгите Ездра и Неемија биле крај­но критикувани затоа што се полни со нејаснотии и затоа што се однесуваат на еден период кој, со не­дос­та­токот на вонбиблиски документи, останува многу мал­ку познат – тоа е периодот на IV век пр.н.е.

Меѓу историските книги се ставаат книгите Товит, Ју­­дита и Естир, во кои се пројавени најголеми слободи во од­нос на историјата: промена на сопствените ими­ња, измислу­вање на личности и настани, и сето тоа се пра­ви со најдобра религиозна намера. Тоа се на­ви­ст­и­на новини со морализа­торска склоност, преполни со ис­ториски неверојатности и неточности.

Двете книги Макавејски се целосно различни; за нас­та­ните од II век пр.н.е. даваат колку што е можно по­точен при­каз на историјата на овој период и поради тоа претставуваат сведоштва од голема вредност.

Значи, целоста на книгите кои се сметаат за ис­то­рис­ки е многу неизедначена. Во нив, историјата е об­ра­ботена на начин кој што е колку научен толку и фан­тастичен.

 

 

Пророчки книги

 

Под ова име се издвојуваат проповедите на разните про­­роци кои во Стариот Завет се сместени до го­ле­ми­те пророци чие учење е евоцирано во книгите како што се оние на Мој­сеј, Самуел, Илија и Елисеј.

Пророчките книги го покриваат периодот од VIII до II век пр.н.е.

Од VIII век пр.н.е. се поместуваат книгите на Амос, Хоше, Исаија и Михеј. Првиот е славен по сво­ја­та осуда на со­цијалната неправда, вториот по осудата на религиозната расипаност поради која ќе страда во сво­јата плот (бидејќи морал да се ожени со една света про­ститутка од паганскиот култ), имитирајќи го својот Бог кој страда поради расипанос­та на својот народ, но се­когаш му ја дава својата љубов. Исаија е фигура од по­литичката историја: советник на царе­вите, тој до­ми­ни­ра со настаните – тој е Пророк на Големина­та. Спо­ред неговите ученици, на неговите сопствени дела им се додава извршувањето на неговите пророкувања, и тоа до III век пр.н.е.: протести против нееднаквоста, стра­­вот од Божјиот суд, најавата за ослободување во вре­­мето на прогонството, најавата за враќањето на Ев­ре­ите во Палес­тина во еден подоцнежен период. Из­­­весно е дека во вториот и во третиот дел на Исаија, про­­рокувачката активност е уд­воена со политичката гри­жа која се јавува во јасна светлина. Проповедањето на Михеј кој е современик на Исаија, произ­легува од истите општи идеи.

Во VII век пр.н.е. во проповедањето се ис­так­ну­ва­ат Со­фониј, Еремија, Наум и Хабакук. Еремија ќе за­вр­ши како маченик. Неговите пророштва ги собрал Варух. Тој можеби е автор на Тажаленките.

Вавилонското пророштво во почетокот на VI век пр.н.е. предизвикало интензивна пророчка активност чија голема фигура е Езекиил, во својство на утеш­и­тел на своите браќа, меѓу кои влева надеж. Неговите ви­зии се славни. Книгата на Обадија е поврзана со нес­реќ­ното освојување на Ерусалим.

По прогонството кое завршува во 538 год. пр.н.е., про­­роч­ката активност повторно зема замав со Агеј и Заха­рија, за да се привлече вниманието за повторната изградба на Хра­мот. Кога Храмот е довршен, она што е напишано под името Малахија, содржи различни про­роштва од духовна при­рода.

Зошто книгата за Јона е вклучена во пророчките тек­сто­ви кога Стариот Завет не му припишува тек­сто­ви во вистин­ската смисла на зборот? Јона е приказна од која произлегува главниот факт: неопходното пот­чи­нување на Божјата волја.

Според христијанските коментатори, од историска гле­д­на точка, Даниил е деконцетрирачката апо­ка­лип­са, а сепак е пишу­вана на три јазици (еврејски, ара­меј­ски и грчки). Тоа би било дело од макавејската епоха, од II век пр.н.е. Ав­торот сакал да ги убеди своите со­на­род­ници од времето на ужасот од очајувањето дека вре­мето на ослободување е блиско, за да ја задржи нив­ната верба. (Е. Жакоб).

 

 

Поетски и мудросни книги

 

Тие ги сочинуваат збирките кои поседуваат нес­по­р­но лите­­ратурно единство.

На првото место меѓу нив се наоѓаат Псалмите, спо­­ме­ник на еврејската поезија. Повеќето од нив се на­пи­­­шани од Давид, а дел од Левит и од свештениците: ни­­в­на тема се пофалбите, преколнувањата, ме­ди­та­ци­и­­те. Нивната функ­ци­ја му припаѓала на литургискиот вид.

Книгата за Јов, книга на мудроста и побожноста par exe­l­lence, би се датирала од 400 до 500 години пр.н.е.

Тажаленките за падот на Ерусалим, во почетокот на VI век пр.н.е., би можеле да му се припишат на Ере­ми­ја.

Треба да се посочи уште Песната над песните, але­го­рис­ката песна за божествената љубов, пред сè, кни­га­та на Мудрите изреки, збирката на зборовите на Со­ло­мон и на другите дворски мудреци, на Про­по­ве­д­ни­кот или на Кохелет во која се расправа за земската сре­ќа и за мудроста.

Како се случило тоа, оваа збирка книги, крајно не­во­ед­на­че­на според содржината, пишувана во текот на пе­­риод од барем седум века, која произлегува од крај­но различни изво­ри, подоцна споени во едно исто дело, во текот на вековите да успее да формира една не­раз­дел­на целост и, покрај некои варијанти, според за­е­д­ни­ците, да стане книга на јудео-христи­јан­ската Објава, ка­нон, грчки збор со кој се врзува смис­ла­та за не­пов­ред­ливоста?

Спојот не потекнува од христијанството туку, од са­миот јудаизам, во првата етапа, без сомневање, во VII век пр.н.е., со тоа што подоцнежните книги се до­дале кон она што е отпрвин сочувано. Сепак, треба да се забележи сосема при­ви­легираното место кое от­се­ко­гаш им се придавало на првите книги што ги фор­ми­ра­ат Тората и Петокнижието. Откако се исполниле об­јавите на пророците (ветувањето на казната според греш­ките), не било тешко нивните текстови да се до­да­дат кон книгите кои порано биле прифатени. Исто­то било и со ветувањата на надеж што обилно ги вле­ва­ле ис­тите проповедници. Во II век пр.н.е. веќе е кон­сти­туиран Канонот на пророците.

Втората книга, како што се Псалмите, поради сво­ј­ата литургиска улога, била интегрирана со други спи­си како што се Тажаленките и мудросните списи на Со­ломон и на Јов.

Христијанството, првобитното јудео-хрис­ти­јанс­т­во кое толку добро го проучиле модерните автори, каков што е кардиналот Данило (Daniélou), тоа ќе се ви­ди понатаму, пред да ја доживее реформата под дејство на Павле, сосема нор­мално го прифатило ова нас­ледство на Стариот Завет со кое толку тесно се повр­зани авторите на евангелијата. Но, ако е из­вр­ше­но чистење на евангелијата со елиминирањето на апо­крифите, не се сметало дека истото мора да се из­врши и со Стариот Завет, и така, тие целосно, или ре­чиси во це­лост, биле прифатени.

Кој би се осмелил да оспори неш­то во врска со овој неизедначен спој до крајот на сред­ни­от век? Никој, или речиси никој. Од крајот на сред­ни­от век до по­четокот на новиот век се јавиле неколку кри­тики: укажавме на тоа погоре но, сепак, Црквите успе­але да го наметнат својот авторитет. Автен­тич­на­та критика на тек­стот, без сомнение, е родена во на­ше­то време но, ако нејзините црков­ни специјалисти пос­ве­тиле многу талент да ги испитаат многу­те одделни точ­ки, тие сметале дека е подо­бро да не се оди пре­мно­гу напред во она што со еуфемизам го нарекле теш­ко­­тија. Изгледа дека воопшто не ги прив­лекува нив­но­­то изучување во светлината на модерните сознанија. Ако се има желба да се вршат историски паралели, осо­бено тогаш кога се јавува извесна согласност меѓу нив и библиските раскази, сè уште нема ангажирања на патот кон едно искрено и продлабочено спо­ре­ду­ва­ње, со оглед на тоа што се забе­ле­жу­ва дека тоа би мо­же­ло да дове­де до оспорување на поимот за кој досега не се расправало: вистинитоста на јудео-хрис­ти­јан­ски­те Свети книги.

 

Продолжува



Изменето од ПРОСВЕТИТЕЛОТ - 02.Јуни.2007 во 22:48
Не биди како оној кој го собира знаењето на учените и мудроста на мудрите, а кон Вистината се однесува како еден од глупавите.
Кон врв
temimi Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 01.Јуни.2007
Локација: Saudi Arabia
Статус: Офлајн
Поени: 325
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај temimi Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Јуни.2007 во 13:07
Vidi vidi, kakva tema?
 
Pa nemaat za so da pisuvaat ovie be. Vnatre vo biblijata niso ne im pisuva.
Mozes da mi gi izvrtuvas zborovite, no ne i religijata!
Кон врв
Studentski Klub Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 272
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Studentski Klub Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Мај.2007 во 11:59

Една Објава е вме­шана во сите овие дела, но ние денес го поседуваме само она што луѓето кои манипулирале со текстовите са­кале да ни го остават, што го правеле по своја волја или според околностите во кои се наоѓале и според по­т­ребите со кои морале да се соочат.

Кога овие објективни податоци ќе се споредат со оние кои ги откриваат Воведите во различните Биб­лии, и ден-де­нес наменети за популаларизација, ста­ну­ва јасно дека фак­тите во нив се прикажани на сосема по­инаков начин. Се пре­молчуваат фундаментални фак­­ти кои се однесуваат на ре­дакцијата на книгите, се ка­жуваат двосмислености кои го збунуваат читателот, фактите се сведуваат до минимум, до таа мера што да­ва­ат лажна претстава за реалноста. Така, многу Во­ве­ди во Библиите ја искривуваат вистината. Иако во по­ве­ќе наврати цели книги (како Петокнижието) се пре­ра­ботувале, сè се сведува на тоа да се спомне дека дета­ли­те можеле да бидат подоцна додадени. Се дискутира во врска со некој безначаен пасус на некоја книга, но се пре­молчуваат пресудните факти кои би зас­лу­жу­ва­ле подолги изложувања. Жално е да се види дека, со цел на популариза­ција, во Библијата се одржуваат тол­ку неточни поими.

Незнаењето е најголемиот непријател на луѓето!
Кон врв
Studentski Klub Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 272
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Studentski Klub Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Мај.2007 во 11:50
Само менувате теми брееее!!!
 
Изгледа како вие да се плашите од истото, од неговата несовршеност, не среденост, згрешеност или утнатост....
 
 
Незнаењето е најголемиот непријател на луѓето!
Кон врв
Studentski Klub Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 272
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Studentski Klub Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Мај.2007 во 11:36
Страв од мемоарите?
Незнаењето е најголемиот непријател на луѓето!
Кон врв
belichka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 2023
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај belichka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Мај.2007 во 09:48
ADZIJA kakov srav imaat i od Svetoto Pismo, c.c.c.........dali ja prepoznavas prirodata vo nivBig%20smile
Blagosloven e Onoj Koj ide vo imeto Gospodovo
Кон врв
аџија Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 5474
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај аџија Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Мај.2007 во 09:46
Originally posted by Studentski Klub Studentski Klub напиша:

Треба да е луд оној кој сака да го сфати христијанството на основ на Библијата....



Убаво вели Св. Писмо:

„За телесниот човек, тоа што е од Божјиот Дух е лудост и не може да го разбере, бидејќи треба преку Духот да го осознае.“


Нормално е за вас, кои сте загледани во телесното, во световното, во грешното, да ви изгледа како лудост тоа што е Божјо, тоа што е духовно, тоа што е Свето.

Баш би било многу чудно, да не е така, односно телесните да го возвишуваат Светото... Тоа би било ептен наопаку... Wink
Кон врв
Studentski Klub Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 272
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Studentski Klub Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Мај.2007 во 09:32

Треба да е луд оној кој сака да го сфати христијанството на основ на Библијата....

Толку верзиии, измени, пиши-бриши.....
 
Нормално е дека е неразбирливо, во 21 век да се верува во пагански митологии...!!!!
 
Христијанство и монотеизам = магаре и музика (како што еднаш напиша Аџијата Wink)
 
Се гледа од горнине текстови какви зафрканции сте правеле со мемоарите ваши, па ај побиј го тоа!!!!
 
Не можело,  па не може, и нема да може!!!!
Незнаењето е најголемиот непријател на луѓето!
Кон врв
аџија Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 5474
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај аџија Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Мај.2007 во 09:17
па можам да бидам уверен, затоа што ЗНАМ како е во христијанството, и знам како да ја толкувам Библијата...

а вие сте многу смешни, што не можете ниту да го сфатите христијанството, а не па да го побиете...LOLLOL
Кон врв
Iblis s.a.v.s Кликни и види ги опциите
Група
Група


Регистриран: 30.Мај.2007
Статус: Офлајн
Поени: 65
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iblis s.a.v.s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Мај.2007 во 23:41
Originally posted by аџија аџија напиша:

Христијанстовото Е МОНОТЕИЗАМ!


kako mozes vaka da bides uveren? koga znaeme deka imate sveti duh, otec i sin? i sega ke kazes mnozina koja dejstvuva kako ednina
ili ke kazes----- ne go razbirame NIE trojstvoto.
zasto ne e logicno
stom NESTO se manifestira vo 3 RAZLICNI prirodi znaci deka edno e RAZLICITO DO DRUGO, i ne mozes da dokazes deka se edno.
a za nas se znae samo ALLAH

Bismillāhi r-raḥmāni r-raḥīm !!!!

Кон врв
oblachinja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 12.Март.2006
Локација: United Kingdom
Статус: Офлајн
Поени: 4990
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај oblachinja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Мај.2007 во 22:49
abe japonec eBig%20smile
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 5455565758 63>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,219 секунди.