|
Писмени состави,семинарски... |
Внеси реплика | страница <1 5455565758 113> |
Автор | |
Golubova
Нов член Регистриран: 16.Декември.2012 Статус: Офлајн Поени: 1 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Zdravo .. ke mozete li da napistete sostav na tema
Literaturata pretstavuva dijalog so vremeto i prostorot itno mi e .. vi blgodaram odnapred |
|
Sipka
Нов член Регистриран: 16.Декември.2012 Статус: Офлајн Поени: 4 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
mi treba tema za "upornosta"ako ima nekoj ideja neka napise
|
|
Sipka
Нов член Регистриран: 16.Декември.2012 Статус: Офлајн Поени: 4 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ми треба состав за"секој е ковач на сопствената среќа"ве молам ми треба за утре
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Chitajte ja temata od samiot pochetok,ima postovi za site Vashi esei.
Plus od postiranoto za nekoj konkreten naslov,mozhe da izvlechete po nesto,a ne da ochekuvate gotov tekst,samo da go prepishete. Изменето од Valerija - 16.Декември.2012 во 21:14 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
AA.SS
Нов член Регистриран: 15.Декември.2012 Статус: Офлајн Поени: 1 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ke ve mola za pomosh.
Potrebna mi e seminarska po biologija i geografija za II (vtora) godina.Tema po vash izbor. Vi blagodaram odnapred ! |
|
Belata Ciganka
Нов член Регистриран: 15.Декември.2012 Статус: Офлајн Поени: 37 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Валерија ти благодарам и за овие податоци за Хамлет, но за љубовта и омразата на хамлет да не имаш нешто... :/
|
|
Belata Ciganka
Нов член Регистриран: 15.Декември.2012 Статус: Офлајн Поени: 37 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ПОТРЕБЕН МИ Е ЕСЕЈ ЗА
ЉУБОВТА И ОМРАЗАТА НА ХАМЛЕТ ВЕ МОЛАМ, КОЈ ИМА НЕКА НАПИШЕ ДО УТРЕ...БИДЕЈЌИ ИМАМ ПИСМЕНА НА ОВАА ТЕМА ВО ПОНЕДЕЛНИК И ТРЕБА ДА ЈА НАУЧАМ! МНОГУ ВИ БЛАГОДАРАМ ОДНАПРЕД !!! |
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ЛИКОТ НА ХАМЛЕТ |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Осамениот Хамлет и неговата упорност да се одмазди Човекот не е роден само да јаде и спие. Тој е разумно суштество кое мисли, сонува, се надева, ги остварува своите амбиции. Сонувањето и остварувањето на амбициите зависат од различни побуди: успех, богатство, одмазда. Вилијам Шекспир преку ликот на Хамлет ни прикажа една трагична амбиција. Дволичноста, родоскрвението, братоубиството и неверството предизвикале акција за одмазда. Од млад образован човек сплетот на околностите од Хамлет напрвија одмазник. Пред него се испаваат моменти и големи животни дилеми. Дознавајки за смртта на татко му и начинот на неговото убиство навлекува маска на лудак. Полека ја преде мрежата на одмаздата. Стравичната вистина дека чичко му го отрул родениот брат и се оженил со братовата жена, само за да го добие престолот го претвора во друга личност. Зборувањето на лаги го ражестува гневот. Иако гневен, Хамлет ја задржал присебноста и длабоко ги планира своите постапки. За да дојде до вистината најпрво организирал театарска престава . Преку театарската престава идентична со случките од дворот и труењето на татко му доаѓа до потврдување на своите сознанија. Следејки ги реакциите на чичко му открива поразително сознание за чичкото-поочим и мајката-стрина и нивната лицемерност. Станува претпазлив, ги предвидува сите нивни чекори. Мудро ги елиминира неприијателите, раскрстува со лажното пријателство. Најпрво со Полониј-советник и наслушувач, но и таткотна неговата сакана Офелија, а потоа и со неговите пријатели Розенкранц и Гилдертерн. Го уништува писмото во која чичко му ја нарачува неговата смрт. Во двобојот го ранува Лаерт, синот на Полониј и иако ранет го прободува убиецот на татко му. Го убива со отровниот меч кој му беше наменет нему. Мајка му избезумена од настаните го испива затруеното вино. На крај, паѓа и самиот умира од нанесените рани со отруениот меч. Омразата го зема својот данок. Омразениот чичко-крал и кралицата мајка-стрина завршија онака како што им пресуди Хамлет. Одмаздата е извршена, честа е спасена, платена со живот. Хамлет, тој осамен
борец го положи својот живот во темелите на новото општество. На тие
темели, идните генерации ќе може да градат општество без лажен морал.
Осамениот Хамлет и неговата желба за одмазда раскрстија со лажните
вредности.
|
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Споредбата помеѓу ликот на Дон Кихот и Санчо Пансо Човечкиот живот е чудна приказна. Во него нештата се одвиваат онака како се предодредени. Се редат лица, настани. Секојдневието, мечтите и фантазиите го трасираат текот. Различностите се вплеткуваат, дополнуваат. Во трагикомичниот роман Дон Кихот, напишан во севилскиот затвор како инспирација од сопствениот живот, полн со јуначки случки и катастрофални незгоди, Мигел Де Сервантес зборува за една таква вплетканост. Низ животот на рицарот со тажно лице и неговиот весел слуга ги опишува спротиставеностите кои се дополнуваат. Главниот лик, благородникот од Ла Манча од читање многу рицарски романи сосем се изгубил и решил да стане рицар-скитник по име Дон Кихот. Човекот со висок раст, со слабо и издолжено тело, со испиено лице обиколено со побелена коса , со орловски поткршен нос и големи црни мустаќи застанува во одбрана на немоќните. Тргнува во авантури, во кои ги спасувал и им помагал на бедните, понижените, навредените. Доживувањата на навидум лудиот рицар-скитник и неговиот слуга Санчо Панса се пародија на рицаророманијата која ја зафатила средновековната Шпанија. Дејствието се одвива врз две спротивставени сфаќања: безумието на идеалистот- рицарот-скитник и трезвеното задоволство на реалистот-неговиот слуга и оружјеносец. Нивните настојувања да докажат кој е во право и да ги негираат илузиите на другиот се видлива несусогласеност меѓу реалното и идеалното, меѓу фантазиите и реалниот живот. Случките од едната страна се прикажани како реалност,секојдневие, а од другата како мечти, фантазија. Дон Кихот, средновековниот благородник се замислува себеси како силен и храбар рицар, облечен во блескава опрема: штит, меч и копје, преубав коњ, поубав дури и од славниот Буќефал. Реалноста била друга. Блескавоста е Äрѓосана и стара опрема, дооден коњ по име Росинант на кој му се броеле ребрата. Само затоа што секој рицар имал своја љубена во чие име се борел, селанката во која бил заљубен на млади години ја трансформирал во принцеза по име Дулчинеја. Во име на таа љубов, со желба за слава повикувал на двобој, се додворувал на млади убави дами. Се редат неговите бесмртни подвизи: борбите со ветерните мелници, тие лоши џинови, стада овци-цели војски, мешинки со вини-маѓепсани непријатели, ослободување на кралици и принцези-селанки и крчмарки. Со своите постапки предизвикувал смеа и револт. Во борбите му кршеле ребра, заби, носел модринки од несекојдневните акции. Кога не бил обземен од рицарските авантури, бил човек со здрав разум. Наспроти него, Санчо Панса,пак бил слуга-оружјеносец, склон кон дрдорливост, безобразлук и озборување Тој ,бил остроумен селанец, шегобиец со многу здрав разум. За разлика од својот господар овој кус и дебел селанец, јавал на магаре и постојано бил безгрижен. Преставник на едноставниот народ, во својот речник користел изрази со кој ја искажувал вековната мудрост на својот народ. Наспроти извишените говори на неговиот господар зборувал приземно и практично. Својата мудрост ја искажувал преку многу поговорки и пословици. Неговата бистрина дошла до израз кога накратко бил назначен за губернатор на еден остров. Но и покрај својата цврстина под влијание на својот господар и неговите фантазии накратко почнал да верува дека ќе стане гроф. Иако неук, со неговиот бистар ум умеел со многу мудрости да го советува својот господар. Стоејки цврсто на земјата со двете нозе, успеал да го промени својот господар, да му расчисти одредени заблуди. Дон Кихот своите заблуди ги искажал пред смртта, кога му се извинил на својот Санчо Панса за сите незгоди во кои го вовлекол. Сервантесразличностите на овие двајца протагонисти успеал да ги спои во една личност, да го покаже ликот на новиот човек. Човек на кој во преден план му се возвишените идеали за еднаквост меѓу луѓето, почитување на човечкото достоинство, напредокот на цивилизацијата. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Belata Ciganka
Нов член Регистриран: 15.Декември.2012 Статус: Офлајн Поени: 37 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ПОТРЕБЕН МИ Е ЕСЕЈ ЗА
ЉУБОВТА И ОМРАЗАТА НА ХАМЛЕТ ВЕ МОЛАМ, КОЈ ИМА НЕКА НАПИШЕ ДО УТРЕ...БИДЕЈЌИ ИМАМ ПИСМЕНА НА ОВАА ТЕМА ВО ПОНЕДЕЛНИК И ТРЕБА ДА ЈА НАУЧАМ! МНОГУ ВИ БЛАГОДАРАМ ОДНАПРЕД !!! |
|
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
|
Achkosk
Нов член Регистриран: 15.Декември.2012 Статус: Офлајн Поени: 1 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ми треба состаф под наслов "Не биди скржав,дарувај макар и еден одмерен убав збор" ВИ благодарам..ве молам што е можно побрзо,мора да го учам
Изменето од Achkosk - 15.Декември.2012 во 13:29 |
|
idiubise
Нов член Регистриран: 15.Декември.2012 Статус: Офлајн Поени: 2 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ми треба состав за Komparativna analiza na likovite Don Kihot i Sanco Pansa.. ми треба за писмена по македонски
Фалаа.. |
|
Внеси реплика | страница <1 5455565758 113> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |