![]() |
|
БИБЛИЈАТА И НАУКАТА |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 5354555657 63> |
Автор | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
аџија ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 25.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 5474 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
хммм... на кого ве потсетува ваквиот изфрустриран речник? ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
ПРОСВЕТИТЕЛОТ ![]() Група ![]() ![]() Регистриран: 09.Февруари.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 61 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Од каде го ископа ова од 8 до 60 илјади. Абе дете, дај преиспитај се малку. |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Не биди како оној кој го собира знаењето на учените и мудроста на мудрите, а кон Вистината се однесува како еден од глупавите.
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
ПРОСВЕТИТЕЛОТ ![]() Група ![]() ![]() Регистриран: 09.Февруари.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 61 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Мошне умешно, аџија. Типично за еден апологетичар. Фрагментирање на текст и приспособување (искривоколчување) во функција на аргументирање на еден исказ, а сето тоа да се одвлече вниманието на читателите.
Да илустрираме:
Аџија го цитира следново: Задоволило тоа што се тргнале табелите и предговорите (овде аџијата ја прекинува реченицата, а текстот продолжува).. но многу се внимавало читателите да се информираат за застареноста на библиските текстови кои порано биле базични, за да се редигираат таквите хронологии кои веќе не можеле да се сметаат за израз на вистината. Повеќе одговарало преку нив да се фрли срамен превез и да се пронајде формула на учена дијалектика за да се прифати текстот таков каков што некогаш бил, без какво и да е скратување. Поради тоа, родословијата од свештенскиот текст сè уште уживаат углед, иако е разумно дека во XXI век веќе не може да се смета времето врз база на оваа фикција.
Повторувам, 60000 ≠ 6000. Или, пак, постои некоја тајна формула која јас не можам да ја сфатам и која...
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Не биди како оној кој го собира знаењето на учените и мудроста на мудрите, а кон Вистината се однесува како еден од глупавите.
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
DAIJA ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 08.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 1668 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Zosto rodoslovijata bi molcele? Za da dodavate kolku sakate i kolku vi odgovara? Za ostavanje prostor za varijacija vo tekstovite? Za vie samite da si pisuvate i objasnuvate po potreba?
Abe idi begaj!
![]() |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
аџија ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 25.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 5474 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
ако примети, реков НЕ ПОВЕЌЕ од 60.000, бидејќи не може точно да се одреди годината, според генетските истражувања, може да се движи од 8-60 илјади години...
![]() |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
ПРОСВЕТИТЕЛОТ ![]() Група ![]() ![]() Регистриран: 09.Февруари.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 61 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Аџија, 60000 ≠ 6000
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Не биди како оној кој го собира знаењето на учените и мудроста на мудрите, а кон Вистината се однесува како еден од глупавите.
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
аџија ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 25.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 5474 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
па нормално дека ги тргнале предговорите со тие погрешни математики, ама гледам некои уште на форумот се држат до тие сметања... ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() Изменето од аџија - 08.Јуни.2007 во 11:41 |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
ПРОСВЕТИТЕЛОТ ![]() Група ![]() ![]() Регистриран: 09.Февруари.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 61 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Се согласувам со аџија дека бројката 3761 можеби е приближна, оти Стариот Завет, поточно Битето, ни дава податоци за сите Авраамови предци во директна линија од Адам, додека за да го пресметаме времето кое го дели Авраам од Исус, треба да се свртиме кон други извори. Во понатамошниот текст ќе се образложи подетаљно...
Датумот на создавањето на светот и датумот на појавата на човекот на земјата Утврден преку податоците од Стариот Завет, еврејскиот календар прецизно ги ситуира овие две дати: првата половина на христијанската 2007 година, соодвествува на 5768 година од создавањето на светот. Човекот, чие создавање следело неколку дена подоцна, значи има иста старост со онаа изразена во бројките на годините според еврејскиот календар. Навистина е потребно да се изврши коректура поради начинот на сметањето на времето кое првично се изразувало во месечеви години, додека западниот календар е базиран на сончеви години. Но, коректурата од 3%, која би требало да се изврши ако сакаме да сме апсолутно прецизни, има мала важност. За да не ги комплицираме пресметувањата, подобро е да се воздржиме од неа. Овде е битен видот на големината и малку е важно дали бројот на годините на еден милениум е пресметуван со можност на грешки од триесет години. За да бидеме поблиску до вистината, да речеме дека по оваа еврејска проценка создавањето на светот се става триесет и седум века пред нашата ера. Што нè учи модерната наука? Би било тешко да се одговори на тоа кога станува збор за формирањето на вселената. Она што може да се изрази во бројки е епохата на формирањето на сончевиот систем која може временски да се лоцира со задоволувачка веројатност. Времето што нè дели од него се проценува на четири и пол милијарди години. Значи дека може да се процени маргината која ја дели денес добро утврдената реалност од податоците извлечени од Стариот Завет. Тие произлегуваат од минуциозните испитувања на библискот текст. Значи дека Битието дава многу прецизни индикации за времето што поминало од Адам до Авраам. За периодот од Авраам до христијанската ера, добиените податоци не се доволни. Треба да се комплетираат од други извори. 1. Од Адам до Авраам Книгата на Битието, во своите родословија од поглавјата 4, 5, 11, 21 и 25, дава крајно прецизни податоци за сите Аврамови предци во директна линија од Адам. Посочувајќи на траењето на животот на секој од нив, со времето на староста на таткото во времето на раѓањето на синот, таа овозможува лесно да се утврдат датумите на раѓањето и смртта на секој предок во однос на создавањето на Адам, како што е означено во следната табела: Аврамово родословие
Оваа табела е утврдена преку податоците кои потекнуваат од свештенскиот текст на Битието: тоа е единствен библиски текст кој дава прецизности од овој вид. Од тоа се заклучува дека според Библијата Авраам е роден 1948 години по Адам. 2. Од Авраам до христијанската ера За овој период Библијата не дава никакви податоци со бројки кои би можеле да ни овозможат проценки за предците на Аврам, толку прецизни, колку што се оние од Битието. За да го пресметаме времето кое го дели Авраам од Исус, треба да се свртиме кон други извори. Епохата на Авраам денес се става околу осумнаесет века пр.н.е., со мала можност за грешка. Овој податок, комбиниран со индикациите на Битието за интервалот кој го дели Авраам од Адам, нè наведува на тоа да го сместиме Адам околу триесет и осум века пред нашата ера. Оваа проценка е неспорно погрешна: нејзината неточност доаѓа од грешката за траењето на периодот Адам-Авраам содржана во Библијата, на која еврејската традиција сè уште се базира за да го воведе својот календар. Во наше време, со традиционалните бранители на библиската вистина може да се согледа несогласувањето на овие имагинативни проценки на еврејските свештеници од VI век пр.н.е. со модерните податоци. Овие проценки во текот на многуте векови служеле како основа за датирање на настаните од стариот век во однос на Исус. Обично, Библиите кои се издавани пред модерната епоха, во еден експликативен предговор им ја претставувале на читателите хронологијата на настаните кои се одвивале од стариот свет до епохата во која овие книги се објавени; бројките малку варирале според епохите. На пример, Клементовската Вулгата од 1621 година давала такви индикации ставајќи го Аврам малку порано и сместувајќи го создавањето околу XL векови пр.н.е. Полиглотската Библија Волтон, издадена во XVII век, освен библиските текстови на повеќе јазици, на читателот му нуди табели аналогни на оваа за предците на Авраам која овде ја утврдивме. Речиси сите проценки се согласувале со бројките кои се овде изложени. Кога дошло модерното време, за издавачот веќе било невозможно да ги задржи таквите фантастични хронологии, а да не биде во контрадикција со научните откритија кои создавањето го ставале во една значително порана епоха. Задоволило тоа што се тргнале табелите и предговорите, но многу се внимавало читателите да се информираат за застареноста на библиските текстови кои порано биле базични, за да се редигираат таквите хронологии кои веќе не можеле да се сметаат за израз на вистината. Повеќе одговарало преку нив да се фрли срамен превез и да се пронајде формула на учена дијалектика за да се прифати текстот таков каков што некогаш бил, без какво и да е скратување. Поради тоа, родословијата од свештенскиот текст сè уште уживаат углед, иако е разумно дека во XXI век веќе не може да се смета времето врз база на оваа фикција. Што се однесува до датумот на појавата на човекот на земјата, модерните научни податоци допуштаат да се одреди само од онаа страна на определената граница. Можеме да бидеме убедени во тоа дека човекот е способен да мисли и да работи што го разликува од другите живи суштества кои анатомски изгледаат дека му се блиски и дека тој постои на Земјата по еден проверлив датум, но никој не би можел прецизно да го определи датумот на неговата појава. Сепак, денес може да се тврди дека се најдени остатоци на едно мислечко и трудољубиво општество чија старост се мери со единиците од десетина илјади години. Ова апроксимативно датирање се однесува на предисторискиот тип на човек кој е откриен во најново време, видот неоантропус (човекот од Кромањон). Навистина, другите откритија на очигледните човечки остатоци кои се однесуваат на помалку еволуирани типови (палеоантропус), а се направени на многу делови од земјата; единицата за нивната старост може да биде стотици илјади години. Но, дали тоа се првите луѓе? Како и да е, научните податоци кои се однесуваат на нео-антропоидите се доволно прецизни за да ги сместиме далеку пред епохата во која Битието ги става првите луѓе. Според тоа, постои очигледно несогласување меѓу она што може да произлегува од нумеричките податоци од Битието кои се однесуваат на појавата на човекот на Земјата, и на најоснованите научни сознанија на нашето време. Изменето од ПРОСВЕТИТЕЛОТ - 08.Јуни.2007 во 11:34 |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Не биди како оној кој го собира знаењето на учените и мудроста на мудрите, а кон Вистината се однесува како еден од глупавите.
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
аџија ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 25.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 5474 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
па ова и е научно чудо... Ако можевте да забележите, најновите генетски истражувања, ДОКАЖУВААТ (за разлика од само шпекулациите на еволуцијата) дека СИТЕ ЛУЃЕ на планетава настанале од еден маж и една жена, кои не живееле повеќе од 60.000 години пред нас... Како што реков со ова се урна еден од големите митови на еволуцијата, и ги фрли шпекулантите во паника... Само погледнето го документарецот „Потрагата по научниот Адам“, што одеше на Дискавери и Национал Географик за повеќе инфо... А и второ нешто, што мора тука да се додаде, е дека просветителот погрешна математика користи, бидејќи тој претпоставува дека буквално секое колено е спомнато, и дека нема периоди за кои родословијата молчат... но тоа е веќе друга тема... ![]() |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
DAIJA ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 08.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 1668 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
MMMM, kade e sega evangelos da "popuva" za naucnite "cuda" vo Biblijata?
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
ПРОСВЕТИТЕЛОТ ![]() Група ![]() ![]() Регистриран: 09.Февруари.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 61 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Речиси 4000 години, Ateist. Поточно 3761 години пред Исус или пред 5768 години. За тоа ќе расправаме подоцна, а сега збор два за создавањето на светот.
Како што Р. П. де Воа забележал, Битието „започнува со две паралелно ставени приказни за создавањето“. Од аспект на нивната согласност со научните податоци, треба посебно да се испитуваат.
Прва приказна за создавањето Првата приказна го опфаќа првото поглавје и првите стихови од второто поглавје. Тој е пример за неточности од научен аспект. Неговата критика треба да ја разгледуваме фрагмент по фрагмент. Текстот кој овде го репродуцираме е земен од II издание на преводот на Светото Писмо на македонски јазик, – Прво поглавје, стихови 1 и 2 „Во почетокот Бог ги создаде небото и земјата. Земјата беше безоблична и празна; и имаше темнина над бездната; Духот божји лебдеше над водата.“ Може да се прифати дека во стадиумот во кој земјата уште не била создадена, она што ќе стане вселена онаква каква ја познаваме, било урнато во темнината, но навестувањата за постоењето на води во овој период е чиста и обична алегорија. Веројатно тоа е превод на еден мит. – Стихови 3 до 5: „И рече Бог: ,Нека биде светлина!‘ и би светлина. И виде Бог дека светлината е добра; и ја оддели Бог светлината од темнината. И светлината Бог ја нарече ден, а темнината ја нарече ноќ. И би вечер, и би утро – ден први.“ Светлината која ја пробива вселената е резултат на комплексни реакции кои се случуваат на ниво на ѕвездите, на кои ќе се навратиме во третиот дел од оваа книга. Според Библијата, во овој стадиум на создавање ѕвездите уште не се формирани, бидејќи „светилките“ на небесниот свод во Битието се наведуваат дури во 14-тиот стих, како создадени во четвртиот ден да „го делат денот од ноќта“, „да ја осветлуваат земјата“, што е целосно точно. Дури и повеќе, да се смести во првиот ден постоењето на утрото и вечерта е чиста алегорија: вечерта и утрото, како елементи на денот, можат да се замислат само по постоењето на Земјата и нејзината ротација под осветлувањето на нејзината сопствена ѕвезда: Сонцето! – Стихови 6 до 8 „Потоа рече Бог: ,Нека има свод среде водата и тој да разделува вода од вода!‘ И создаде Бог свод; и ја одвои водата од под сводот од водата над сводот. Така и стана. И сводот Бог го нарече небо. И би вечер, и би утро – ден втори.“ Митот вода и овде продолжува, со поделбата на овие на два слоја со помош на еден свод кој, во расказот за Потопот, ќе ги пропушти горните води да се излеат на земјата. Оваа слика на одвојувањето на водите во две маси научно не е прифатлива. – Стихови 9 до 13 „И рече Бог: ,Нека се собере водата, што е под небото, на едно место, и нека се појави суво!‘ И стана така. И сувото Бог го нарече земја, а собраните води ги нарече – мориња; и виде Бог дека е добро.“ „И пак рече Бог: ,Нека израсте од земјата зеленило-трева, што дава семе, според својот род и вид, и дрво плодородно на земјата, што дава плод и има во себе семе, според својот род и вид!‘ И стана така... И виде Бог дека е добро. И би вечер, и би утро - ден трети.“
Фактот дека во одделна епоха од историјата на земјата, додека оваа уште била покриена со вода, се појавило копното, научно е сосема прифатливо. Но, дека се појавил многу организиран растителен свет со репродукција со помош на семињата пред постоењето на Сонцето (Битието го става во четвртиот ден) и дека се воспоставува замената на денот и ноќта, сосема е неприфатливо. – Стихови 14 до 19 „Потоа рече Бог: ,Нека се појават светила на сводот небески, што ќе ја осветлуваат земјата за да го делат денот од ноќта, и да бидат знаци и за времињата, и за деновите и за годините; и нека светат на сводот небески, за да ја осветлуваат земјата!‘ И би така. И создаде Бог две големи светила: светило поголемо да управува со денот, а светило помало да управува со ноќта, и ѕвезди; И ги постави Бог на сводот небески да ја осветлуваат земјата, и да управуваат со денот и ноќта, и да ја одделуваат светлината од темнината. И виде Бог дека е добро. И би вечер, и би утро – ден четврти.“ Описот на библискиот автор овде е прифатлив. Единствена забелешка која може да ја има овој пасус е местото кое го зазема целината на приказната. Имено, се знае дека Земјата и Месечината потекнуват од својата изворна ѕвезда: Сонцето. Сместувањето на создавањето на Сонцето и Месечината по создавањето на Земјата е сосема спротивно на солидно утврдените поими за формирањето на елементите во сончевиот систем. – Стихови 20 до 24 „Потоа рече Бог: ,Нека произведе водата лазачи, живи суштества, и птици да полетаат над земјата, под сводот небески!‘ И би така. И создаде Бог големи риби и секаков вид животни влекачи, а кои ги произведе водата, според нивниот род, како и секаков вид крилати птици, според родот нивен. И виде Бог дека е добро. И ги благослови Бог, велејќи: плодете се и множете се, и наполнете ја водата во морињата, и птиците нека се множат на земјата. И би вечер, и би утро – ден петти.“ Овој пасус содржи неприфатливи тврдења. Во Битието се вели дека појавата на животинскиот свет започнува со водените животни и со птиците. Според библиското кажување, а тоа ќе го видиме подоцна, дури утредента самата земја ќе се наполни со животни. Навистина, животните потекнуваат од морето: ова прашање подоцна ќе го разгледаме. Ако може да се каже, оттаму земјата е колонизирана од животинскиот свет и се тврди дека токму од животните кои живееле на површината на земјата, еден посебен вид рептили кои живееле на површината на земјата во мезозоикот потекнуваат птиците; оваа дедукција ја дозволуваат бројни биолошки карактеристики, заеднички за двата вида. Во Битието, животните на земјата се спомнуваат дури во шестиот ден, по појавата на птиците. Значи дека не е прифатлив овој распоред на појавата на животните и на птиците на земјата. – Стихови 24 до 30 „Пак рече Бог: ,Нека произведе земјата од себе разни суштества според родот нивен: добиток, и лазачи, и ѕверки земни според нивниот род!‘ И би така. И создаде Бог ѕверови земни, според родот нивен, и добиток според родот негов, и секакви гадинки на земјата, според родот нивен. И виде Бог дека е добро.“ „Потоа Бог рече: ,Да создадеме човек според Нашиот образ и подобие како што сме Ние, кој ќе биде господар над рибите морски, и над птиците небески, и над ѕверовите – над целата земја и над сите гадинки што се движат по земјата!‘“ „И го создаде Бог човекот според образот свој, според образот Божји го создаде; машко и женско ги создаде.“ „И ги благослови Бог и им рече: ,Плодете се, и множете се, и наполнете ја земјата, и господарете над неа, и завладејте ги рибите морски, и ѕверовите, и птиците, и сиот добиток, и со целата земја, и со сите животни што лазат по земјата!‘ И рече Бог: ,Еве, ви дадов секаков вид растение, што дава семе, и какво што има по целата земја, и секакви дрвја, што во себе имаат семе според својот род и вид: тоа да ви биде за храна! А на сите ѕверови земни, и на сите птици небески, и на сè што се движи по земјата, и во кое има жива душа, им ги дадов сите тревни растенија, за да имаат да јадат.‘ Така и стана. И виде Бог дека е многу добро сè она што го создал. И би вечер, и би утро – ден шести.“ Тоа е описот на довршувањето на создавањето во кој авторот ги набројува сите живи суштества кои порано не се спомнати и ги евоцира средствата за живот кои им стојат на располагање на луѓето и на животните. Како што видовме, погрешно е што појавата на животните на земјата е сместена по појавата на птиците. Но, појавата на човекот на земјата коректно е сместена по појавата на другите живи суштества. Приказната за создавањето завршува со трите први стихови од второто поглавје: „Така се доврши небото и земјата и со сета своја војска (забелешка: во македонскиот превод стихот започнува вака – Така се доврши небото и земјата и сиот украс нивен). И ги заврши Бог до седмиот ден делата Свои, што ги направи; и си отпочина во седмиот ден од сите дела Свои, што ги создаде. И го благослови Бог седмиот ден, и го освети, зашто во тој ден си отпочина од сите дела Свои, што ги направи и создаде. Ете така настанаа небото и земјата...“ Ова кажување за седмиот ден бара коментар. Најпрвин, за значењето на зборовите. Текстот е преземен од преводот на Библиското училиште на Ерусалим. Изгледа дека „војска“ овде значи мнозинство создадени суштества. Што се однесува на изразот „отпочина“, тоа е начинот на кој директорот на Библиското училиште на Ерусалим го превел зборот „шабат“ кој прецизно значи „тој се одмори“, оттаму денот на еврејскиот одмор на македонски се транскрибира како „сабат“. Очигледно е дека овој одмор што Бог го земал откако по шест дена ја завршил работата, е легенда, но таа има објаснување. Не треба да се заборави дека приказната за создавањето што ја испитуваме е земена од традицијата наречена свештенска, а ја напишале свештеници или писари, духовните наследници на Езекиил, пророкот на вавилонското прогонство во VI век пр.н.е. Се знае дека овие свештеници ја преземале јахвистичката и елохистичката верзија на Битието, и дека ја преобликувале по своја волја, според своите индивидуални преокупации, за кои Р. П. де Воа напишал дека им е битен „легалистичкиот“ белег. Тоа и погоре го изложивме. Додека јахвистичкиот текст кој е повеќе векови постар од свештенскиот, во врска со создавањето воопшто не го спомнува сабатот на Бог кој е изморен од еднонеделната работа, свештенскиот текст го воведува во својата приказна. Тој ја дели приказната на денови, со многу прецизно значење на денот во седмицата, и го центрира околу саботниот одмор кој треба да се оправда во очите на верниците, нагласувајќи дека Бог тоа прв го почитувал. Тргнувајќи од оваа практична потреба, приказната за создавањето е водена со очигледна религиозна логика, но на начин за кој податоците од науката ни дозволуваат да го наречеме фантастичен. Ова интегрирање на сукцесивните фази на создавањето во рамките на седмицата кое свештенскиот автор го посакувал со цел да поттикне придржување кон религијата, не може да се брани од аспект на науката. Во наше време совршено добро знаеме дека формирањето на вселената и земјата е вршено во етапи кои се протегаат во крајно долги временски периоди чие траење модерните научни податоци не ни овозможуваат ни приближно да го определиме. Дури и ако приказната завршеше вечерта во шестиот ден и не го содржеше споменот на седмиот ден „Сабат“, во кој Бог се одморал, дури и ако се работи за неопределени периоди, а не за денови во вистинската смисла на зборот, свештенскиот расказ поради тоа не би бил помалку неприфатлив, бидејќи сменувањето на нивните епизоди е во формална контрадикција со елементарните научни поими. Така, свештенскиот расказ за создавањето се укажува како ингениозна творба на имагинацијата која имала сосема поинаков објектив во сознавањето на вистината. Втора приказна Втората приказна за создавањето која се наоѓа во Битието е продолжение на претходната, без преоди и коментари, и не е помалку подложна на критики. Да се потсетиме дека оваа приказна има постар датум, некаде околу три века. Таа е многу куса и повеќе зборува за создавањето на човекот и на земскиот рај отколку за создавањето на земјата и на небото што ги евоцира многу кратко: „Ете така настанаа небото и земјата, во она време кога Господ Бог ги создаде земјата и небото. И секое растение полско, што уште не беше на земјата, и секоја тревка земна, што уште не беше никнала, зашто Господ Бог уште не праќаше дожд на земјата, ниту, пак, имаше човек што ќе ја обработи земјата, но се креваше пара од земјата. И ја натопуваше површината на целата земја. А го создаде Господ Бог човекот од прав земен и му дувна во лицето дух животен: и човекот стана жива душа.“ (Пог.2, 4б-7) Таква е приказната неречена јахвистичка која се наоѓа во текстовите на Библијата со која сега располагаме. Дали оваа приказна, која подоцна ќе се додаде кон свештенската приказна, првобитно била толку кратка? Никој не би можел да каже дали јахвистичкиот текст бил ампутиран во текот на времето, никој не би можел да каже дека неколкуте реда кои ги поседуваме претставуваат сè, во врска со тоа што содржел најстариот текст на Библијата за создавањето. Оваа јахвистичка приказна не го спомнува формирањето на Земјата и небото во вистинската смисла на зборот. Од неа подразбираме дека во мигот кога Бог го креирал човекот, не постоела земјина вегетација (уште немало дожд), иако водите кои доаѓале од земјата ја покриле површината на почвата. Продолжетокот на текстот тоа го потврдува „И насади Господ Бог рај во Едем, на исток; и таму го смести човекот што го создаде.“ Така, растителниот свет се појавува на земјата во исто време кога се појавил и човекот што научно е неточно: човекот се појавил на земјата тогаш кога таа веќе долго време имала вегетација, иако не може да се каже колку стотици милиони години изминале меѓу овие два настана. Тоа е единствената критика која можеме да му ја упатиме на јахвистичкиот текст: не ситуирајќи го временски создавањето на човекот во однос на формирањето на светот и на земјата, кои свештенскиот текст ги сместил во иста седмица, тој ја избегнува сериозната критика упатена кон овој последниов. |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Не биди како оној кој го собира знаењето на учените и мудроста на мудрите, а кон Вистината се однесува како еден од глупавите.
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Ateist ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 01.Јуни.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 757 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Ако добро израчунаш, се доаѓа до бројка од 4000 год пред Исус, или слабо рачунам?
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Ateist ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 01.Јуни.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 757 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Баш би сакал да чујам натаму според таа математика, пред колку време „Господ го створил“ Адам? |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
ПРОСВЕТИТЕЛОТ ![]() Група ![]() ![]() Регистриран: 09.Февруари.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 61 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Стариот Завет и модерната наука; констатации
Малку теми во Стариот Завет, впрочем, како и во евангелијата, даваат повод за конфронтација со податоците од модерните научни сознанија. Но, кога постои несогласување меѓу библискиот текст и науката, тогаш се работи за прашања кои можат да бидат квалификувани како големи.
Во претходното поглавје веќе видовме дека во Библијата се наоѓаат историски грешки и цитиравме некои од оние што ги извршиле еврејските и христијанските егзегети. Овие последниве имаат природна тенденција да им ја намалат важноста; тие го сметаат за сосема нормално тоа што светиот автор можел да претстави историски факти преку теологијата пишувајќи, значи, историја за потребите на предметот. Подоцна, во врска со Евангелието според Матеј, ќе ги видиме истите слободи во однос на реалноста и истите коментари кои имаат за цел да се прифати за вистинито она што е спротивно на вистината. Еден објективен и логичен дух не може да биде задоволен со ваквиот начин на постапување. Од аспект на логиката, во Библија можат да се откријат значителен број контрадикции и неверојатности. Постоењето на различни извори кои служеле за составување на приказната може да биде причина на два начини да се проповеда истиот настан, но и повеќе од тоа: различните преработувања, дополнителните додатоци на самиот текст, како што се коментарите додадени a posteriori, но сепак подоцна вклучени во приказната за време на новото препишување, сето тоа им е добро познато на специјалистите за критика на текстот, а некои тоа многу чесно го истакнувале. Само за Петокнижието, на пример, Р. П. де Воа, во својот Општ вовед во преводот на Битието, подробно ги прикажал многубројните несогласувања кои овде не би требало да ги репродуцираме, бидејќи повеќето од нив ќе ги цитираме во оваа студија. Оттаму се извлекува општиот заклучок дека текстот не треба буквално да се сфаќа. Еве еден многу карактеристичен пример: Во Битието (6, 3) кусо пред Потопот, Бог одлучува животот на човекот да го ограничи на сто и дваесет години. „...ете деновите нивни нека им бидат сто и дваесет години.“ Но малку подоцна (во Битие 11, 10-32) се забележува дека десет потомци на Ное живееле од 148 до 611 години (понатаму ќе биде прикажана табела во која го претставуваме Потомството на Ное до Авраам). Контрадикторноста меѓу овие два пасуси е очигледна. Објаснувањето е многу едноставно. Првиот пасус (Битие 6, 3) е јахвистички текст кој, како што тоа порано го видовме, датира од X век пр.н.е. Другиот пасус (Битие 11, 10-32) е многу понов текст (VI век пр.н.е.) од свештенската традиција, од кој потекнуваат овие генеалогии, исто така прецизни во набројувањето на траењата на животите, како што се неверојатни кога ќе се земат сите заедно. Токму во Битието постојат најочигледни несогласувања со модерната наука. Тие содржат три битни точки: 1. создавањето на светот, неговите етапи; 2. датумот на создавањето на светот и датумот на појавата на човекот на земјата; 3. приказните за Потопот. |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Не биди како оној кој го собира знаењето на учените и мудроста на мудрите, а кон Вистината се однесува како еден од глупавите.
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 5354555657 63> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |