|
Вести |
Внеси реплика | страница <1 5354555657 61> |
Автор | |
гoстин
Сениор Регистриран: 29.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7557 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Конечно се појави и Славковски
* Во хотелот "Сириус" во Струмица на прозивката се појавија 16 фудбалери, а меѓу нив беше и нашиот "Швеѓанец" од Интер Нашата млада селекција до 21 година со вчерашниот попладневен тренинг на стадионот "Младост" во Струмица ја почна операцијата "Естонија". Експедицијата на нашиот млад табор во попладневните часови пристигна во хотелот "Сириус". На прозивката на селекторот Мирад Јонуз се појавија 16 фудбалери, а меѓу нив беше и нашиот "Швеѓанец" од Интер Горан Славковски, кој се очекува против Естонија да го има своето деби во дресот на нашата млада репрезентација. Селекторот Мирсад Јонуз и неговите "асистенти" во стручниот штаб ги имаат сите потребни координати за Естонците, а во текот на овие неколкудневни подготовки на фудбалерите ќе им ја презентираат играта на нашиот противник со цел да се подготви најдобрата стратегија, а таа како што велат ќе биде победничка. "Добро ја имаме простудирано играта на Естонците. Нивниот состав е идентичен како оној од првиот меч на кој ние славевме со 1:0. Но, не оставаме ништо на случајноста. Утре заедно со фудбалерите ќе ја видиме снимката од мечот меѓу Естонија и Холандија со цел да ја проанализираме нивната игра, а воедно ќе ја бараме и формулата која на овој меч ќе ни донесе победа. Не размислуваме за ништо друго бидејќи само со три бода ќе ги задржиме за висок пласман во нашата група. На овие подготовки нема да наметнеме жестоко темпо, туку главно ќе бидеме фокусирани на градење игра која на овој меч ќе ни донесе позитивен резултат", истакна селекторот на нашата млада селекција, Мирсад Јонуз. До сабота нашата млада репрезентација ќе биде комплетна. Денеска на подготовките во Струмица ќе се приклучи Иван Тричковски, а в сабота од Бугарија пристигнува и Зоран Златковски. Овие мини-подготовки во Струмица ќе траат до понеделник претпладне, а во попладневните часови експедицијата на нашиот млад табор заминува во Софија, каде што во вторник на 19 август во раните утрински часови од софискиот аеродором ќе замине во Талин. Мојсов до среда "фит" Столбот во нашата одбрана Даниел Мојсов на средбата со Работнички заработи повреда. Тој е под будното око на репрезентативниот доктор Боро Илиев и до среда неговата повреда на левата нога ќе биде санирана. "Се чувствувам добро и против Естонците ќе бидам подготвен да го дадам максимумот. Сакам да истакнам дека на овој меч н$ интересира само полн погодок", оптимист е Мојсов. Тренинзи на "Младост" и "Кукуш" Нашата млада селекција на располагање ги имаат стадионот "Младост" во Струмица и стадионот "Кукуш" во Турново. "Имаме идеални услови за работа и истите ќе ги искористиме максимално за добри подготовки за оваа квалификациска средба", истакна селекторот Јонуз. Сите активности во 18 часот Стручниот штаб донесе одлука сите тренинзи на овие подготовки да се реализираат во попладневните часови. Исклучок ќе биде само тренингот во понеделник кој ќе се одржи претпладне. За да се избегнат тропските температури, тренинзите на нашата млада селекција ќе се реализираат попладне во 18 часот. |
|
|
|
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ДЕНЕСКА ПОЧНУВА 46. ИЗДАНИЕ НА БУНДЕС-ЛИГАТА Кој најблиску до Баерн? Традиционално, со натпреварот на актуелниот шампион, во овој случај
Баерн Минхен, вечерва почнува 46. издание на германското првенство,
Бундес-лигата. Многу работи навестуваат дека ќе гледаме слична сезона
како минатата со оглед на случувањата во летниот период. Како и
најчесто во последната деценија, повторно најголем фаворит за
шампионската титула е нејзиниот актуелен бранител Баерн Минхен иако
традционалните ривали во последните сезони не се согласуваат со
мислењето на најголемиот број љубители на фудбалот во земјата. |
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ПО ОТКАЖУВАЊЕТО ПОРАДИ ПОВРЕДА ОД СТРАНА НА ЧЛЕНОТ НА БЕЛГИСКИОТ ЛОКЕРЕН Катанец без ново име место Демири Македонскиот селектор Среќко Катанец нема да повикува ново име во репрезентативниот состав за пријателската средба со Луксембург на 20 август, по официјалното откажување поради повреда од страна на фудбалерот од средниот ред на белгискиот Локерен, Ертан Демири.Демири, откако претходно иако беше во комбинација поради настап со Работнички во финалето од Купот на Македонија не настапи и на контролниот дуел со Полска, очигледно нема среќа да се појави во нашиот национален дрес. Во текот на вчерашниот ден тоа што претходно го најавивме, и официјално потврдено со дописот од страна на Локерен до Фудбалската федерација на Македонија во кој стручниот штаб на нашата репрезентација се известува дека откако Демири не го издржал последниот тренинг на клубот, во консултација со лекарскиот тим потврдено е дека сепак нема да биде подготвен за Луксембург. "Искрено посакував настап во репрезентативниот дрес, меѓутоа поради повредата низ консултации на тимот со стручниот штаб одлучено е во овој момент да не се ризикува", вели Демири, кој подолго време поради повредата на зглобот не тренираше и воопшто не настапува за Локерен на пријателските натпревари, па затоа и зачудува неинформираноста на стручниот штаб кој сега, како по обичај, за претстојната пријателска средба ќе располага со 17 фудбалери. Во составот ги нема и досега повикуваните Александар Васоски, Аце Стојков, Боби Грнчаров, Славчо Георгиевски и Стевица Ристиќ. |
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
гoстин
Сениор Регистриран: 29.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7557 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ето сега е по меракот на Гвардиола
Позната е барем блиската иднина на репрезентативецот на Камерун и голгетер на Барселона, Самуел Ето. Новиот тренер на каталонскиот гигант, Пепе Гвардиола јавно потврди дека црномурестиот напаѓач и во новата сезона ќе настапува на Ноу Камп. - Пред да ме прашате сакам да ви кажам дека Ето и во новата сезона ќе биде дел од Барселона. Знам дека на неколку пати повторив дека не е во моите планови, но тие изјави беа дадени пред стартот на подготовките. И сами знаете дека може да дојде до измена на планот пред официјалниот старт. Демонстрираше невидена желба за време на подготовките, беше голгетерски расположен и решив да го задржам. Јас имам за задача да го извадам максимумот од сите фудбалери. Од кога ќе го направам тоа одлучувам кој ќе биде во првиот, а кој во вториот тим, изјави Гвардиола. Освен дека смета на Ето, тренерот на Барса, потврди дека нема шанси да се раздели од репрезентативецот на Франција, Тиери Анри. - Имам потреба од двајцата. Исто така сум задоволен од играта што ја покажа Анри за време на подготовките. Знам дека постоеше опција да се разделиме со него, но тука јас сум тренер и јас одлучувам кој ќе остане, а кој не. Презадоволен сум од неговата форма и убеден сум дека повторно ќе ги тресе противничките мрежи, изјави Гвардиола. |
|
|
|
гoстин
Сениор Регистриран: 29.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7557 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Фенербахче го преживеа белградскиот пекол
Учесникот во четвртфиналето од ланското издание од Лигата на шампионите, Фенербахче може да биде сосема задоволен од крајниот исход на вчерашниот натпревар против Партизан од Белград. Турскиот вицешампион и голем фаворит во овој двомеч по само 14 минути игра во пеколот на стадионот на Партизан имаше негатива од 2:0 и се наоѓаше пред вистинска катастрофа против разгоропадениот домаќин, но на крајот успеа непоразен да си замине од главниот град на нашиот северен сосед. "Црно-белите" имаа старт од соништата против тимот предводен од европскиот првак Луис Арагонес, а кој во својот состав има неколку европски ѕвезди како Гуиза, Емре, Шентурк, Роберто Карлос, од првите три сериозни акции постигна два гола и најавија големо изненадување, можеби најголемо во оваа фаза од Лигата на шампионите. Прво, Богуновиќ се закани по голот на Демирел, го помина противничкиот голман и шутна кон празната мрежа, но на самата гол-линија Лугано спаси водство на домашниот тим. Само две минути подоцна фантастичен центаршут од Богдановиќ од десната страна, топката ги прелета сите дефанзивци на Фенербахче и дојде на главата на Пауновиќ кој од пет-шест метри го отвори резултатот. Гостите уште не се созедоа од шокот кога Мореира доби едно длабинско додавање, стигна само да ја подбутне топката, таа се одби од Демирел и стигна до Богдановиќ кој со колено ја испрати во празната мрежа. Фудбалерите на Фенербахче буквално не знаеја каде се наоѓаат, над 30 илјади навивачи на Партизан веќе почнаа да го слават големиот успех, но "црно-белите" место да продолжат со нападите, се повлекоа на својата половина и му дозволија на Фенер да ја заигра својата игра. Само еден кикс беше доволен пред крајот на првиот дел Алекс да изнуди пенал од Сикимиќ и потоа самиот да го реализира, а по пет минути игра во вториот дел Гуиза искористи уште една несигурна интервенција на одбраната на Партизан за да му донесе реми на својот им и огромна шанса повторно да се избори пласман во фазата по групи од ЛШ. За Партизан последните три минути ги одигра и нашиот Драган Чадиковски, но немаше можност да направи нешто повеќе. Во центарот на вниманието на европската фудбалска јавност вчера поминаа дуелите на Твенте и Арсенал, пред се поради нивните тренери МекКларен и Венгер, како и на Шалке и Атлетико, но двата меча не понудија големи возбудувања. "Топчиите" рутинирано, иако без девет фудбалери, стигнаа до убедлива победа од 2:0 со што ја потврдија фаворитската улога, додека Шалке со гол уште во првиот половина час стигна до минимален, но значаен триумф против шпанскиот прволигаш. Затоа, Ливерпул можеше многу да го чини потценувачкиот однос кон белгискиот првак Стандард Лиеж. Премиерлигашот играше без капитенот Џерард во стартниот состав, а домашниот тим особено во вториот дел пропушти неколку изгледни шанси за гол. Пласман во фазата по групи уште отсега може да се каже дека обезбедија Јувентус, Динамо Киев и Марсеј. Првите ги декласираа Петржалка и Спартак Москва, а Французите славеа минимален триумф во Норвешка. Најголеми изненадувања, пак, направија БАТЕ Борисов и Анортозис кои по вчерашните средби се многу, многу блиску до главниот дел од елитното европско натпреварување. |
|
|
|
гoстин
Сениор Регистриран: 29.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7557 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Тупан: Никогаш повеќе!!!
* "Јас не сум проститутка за да пополнувам место кога селекторот има проблеми. Чекав шанса и не ја добив па затоа додека се овие паразити на функции јас нема да играм за националниот тим", коментира фудбалерот на Славија од Софија "Немам ништо против Среќко Катанец", беше првиот коментар на фудбалерот Славчо Георгиевски по неговата реакција и најава дека повеќе нема да се јавува на повик во националниот тим. "Додека владее овој режим во ФФМ и додека 'паразитите' се дел од стручниот штаб на Катанец јас не сакам да бидам дел од националниот тим. Мислам дека заслужив шанса за настап која не ја добив. Не сакам да бидам како проститутка и секогаш да чекам некој да отпадне поради повреда или картони и тогаш да ме повикаат да пополнувам место", додава популарниот Тупан, кој летово од кинескиот клуб Женжанг Личенг се врати во Славија Софија. Фудбалерот од средниот ред е револтиран на односот на некои луѓе во стручниот штаб на Катанец. "Селекторот мислам дека има погрешни информации за случувањата со фудбалерите. Некои луѓе упорно форсираат одредени играчи кои постојано се во националниот тим. Резултатите ги нема, а нема и нови фудбалери на позициите каде со години се појавуваат слабости. Би ги прашал само за што служат тест средбите!? Истата слика се повторува со години и години и затоа од циклус во циклус сме с$ послаби и послаби. Не ни треба селектор па ни стручен штаб за 5 место од 7 селекции во друштво со Андора и Естонија. Секој може да го направи тој пласман", додава Георгиевски, кој веќе 7-8 месеци беше на поширокиот список во составот на Катанец. Причина за ваквата реакција на Георгиевски е тоа што неговото име не беше на списокот за претстојниот дуел со Луксембург. "Можеби сум еден од ретките фудбалери кои се пробиваат во својата кариера без настапи во националниот тим. Мој приоритет во иднина ќе биде настапот за Славија, а потоа се надевам на нов трансфер. Важно е тоа што јас лично сум задоволен од моите игри, а истото важи и за тренерот и луѓето во Славија. За жал, некои луѓе сето тоа упорно го занемаруваат. На тие 'стручни' лапачи нека им служи на чест. Би им порачал да се погледнат во огледало и да се видат какви биле пред 4-5 години, а на што личат сега. И самите ќе забележат дека се здебелиле затоа што се претвориле во паразити. Некогаш и од многу лапање боли глава, но се надевам дека многу брзо ќе се расчисти овој хаос во фудбалот во Македонија. На сите страни ни се смеат за тоа што се случува кај нас и лично мене ми е незгодно од таквата лоша слика која ја има во светот за нашиот фудбал. Можеби многу брзо работите ќе си дојдат на свој колосек", говори во завршниот коментар Славчо Георгиевски, фудбалерот кој никогаш не ја доби вистинската шанса во националниот состав. Не мора да биде Славчо "Не сакам да бидам погрешни разбран. Ако со години сите анализи кажуваат дека наш најголем проблем е играта во средниот ред тогаш зошто на таа позиција не се пробаат некои други фудбалери. Не мора да биде Славчо Георгиевски. Слушам дека одлично во Литванија играат Божиновски и Милошевски. Неџипи!? Еве се сетија на Демири...Сите селекции бараат решенија за болните точки а кај нас ништо не се менува", коментира популарниот Тупан. Не личиме на репрезентација "Дремеме по аеродроми, чекаме по амбасади, патуваме со редовни линии... Репрезентација ли е тоа!? Претставуваме држава а се однесуваме како аматери и како загубени патници низ европските метрополи. Срамота!!! Некои луѓе треба да се освестат и да размислат околу третманот на националниот тим и третманот кон играчите кои не го заслужуваат тоа. За жал некој друг профитира од сето тоа што му се случува на националниот тим кој веќе подолго време не знае што е тоа чартер лет а срамот се случи на последното патување за Штутгарт од каде се враќавме како распадната банда а не како фудбалери кои ги бранат боите на Македонија", вели Славчо Георгиевски. Уште еден бунт Славчо Герогиевски со овие најави сигурно влегува на црната листа во националниот тим и списокот на Среќко Катанец. А таму не е сам. Таму имаме и други фудбалери и тоа не било кој туку еден Александар Митрески од бундеслигашот Келн, па Роберт Попов од францускиот Оксер, Ндерим Неџипи од белгискиот Лирс. |
|
|
|
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ФФМ ќе треба да ги комплетира документите за монтажните рефлектори
Почетокот на мечот со Холандија сеуште неизвесен Ќе играат под рефлектори? -Пандев во дуел со Булахруз На неполн месец до квалификацискиот натпревар на македонската фудбалска репрезентација со Холандија, што на 10 септември ќе се одигра на "Градски", сеуште е неизвесен неговиот почеток. По тестирањата во Бирмингем на закупените рефлектори од страна медискиот застапник на тв-правата "Спорт-5", Светската фудбалска федерација (ФИФА) побара од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) до петок да ја комплетира и да ја испрати техничката документација за нивната монтажа. Во понеделник "куќата на светскиот фудбал" ќе треба и дефинитивно да се изјасни дали мечот ќе се одигра од 20.30 часот, или пак од 16.30. Интересно е што од вчера на нејзиниот интернет-сајт веќе е објавено дека со Холанѓаните ќе играме во вечерниот термин, од 20.30 часот. - Луѓето од ФИФА побараа до петок да им ги доставиме на увид дозволите за инсталирање на рефлекторите што треба да ги добиеме од страна градежната фирма што го врши реновирањето на северната трибина, Според мене, тоа се само обична формалности и уверен сум дека на мечот со Холандија ќе имаме одлични услови за игра, односно, ќе играме од 20.30 часот. Охрабрувачки е што предходно нивниот контролор испрати поволен извештај од тестирањето на рефлекторите во Бирмнигем - информира генералниот секретар на ФФМ Никола Костов. Бидејќи Холанѓаните на 9 септември (вторник), во вечерниот термин, треба да го имаат последниот тренинг пред средбата со Македонија, се очекува, ден порано, нашиот најголем фудбалски храм да блесне со новите монтажни рефлектори кои треба да зрачат најмалку 1200 лукса. Иако предходно беше најавено дека нивното инсталирање ќе трае речиси една недела, тие ќе бидат наместени само за еден ден. За осветлувањето на "Градски" за овој натпревар, покрај монтажните ќе се користат и двата преостанати рефлектори, како и осветлувањето што се наоѓа на покривот на Јужната трибина. За Шкотска и Холандија билетите по 500 и 1.000 денари Сите љубители на фудбалот што во живо сакаат да ги проследат претстојните квалификациски мечеви, со Шкотска, на 6 септември, и со Холандија, четири дена подоцна, ќе мораат по натпревар да издвојат, 500 денари за Западната, односно, 1.000 денари за Јужната трибина. Цената на влезниците е онаа истата од пред две години кога ја пречекавме Англија. По цена од 2.000 денари ФФМ во продажба ќе пушти и вип-влезници за јужната трибина. Поради реконструкција на Северната, таа ќе биде надвој од употреба, додека Источната е резервирана за гостинските навивачи. |
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
НЕ СТИВНУВААТ ПРОБЛЕМИТЕ ШТО ГИ ПРЕДИЗВИКА ОЛИМПИЈАДАТА Шалке го тужи ЦБФ Фудбалската федерација на Бразил (ЦБФ) е огорчена од одлуката на Шалке да го казни Рафиња затоа што тој не се појавил во понеделникот во тренинг-кампот на бундеслигашот, туку останал со својата репрезентација на Олимпијадата во Пекинг. На еден ден пред фудбалскиот турнир на Игрите, Меѓународниот спорт за арбитража донесе одлука според која клубовите имаат право да ги вратат своите фудбалери што настапуваат во Пекинг, па Шалке одлучи да го повика Рафиња за натпреварот против Атлетико Мадрид во третото квалификациско коло од Лигата на шампионите. Освен тоа, Шалке одлучи да испрати жалба до ФИФА против ЦБФ во која бара по секоја цена Рафиња да биде ослободен од обврските и вратен во Германија."Се надеваме дека со решението на ЦАС оваа дилема е решена. Всушност, Фудбалската федерација на Бразил не ни остави друг избор", изјави генералниот менаџер на Шалке, Андреас Мелер. Примерот на Шалке го следеше и Хамбургер, кој испрати официјално барање до Фудбалската федерација на Белгија да биде пуштен Винсент Компани во најкраток можен рок. |
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ЛИГА НА ШАМПИОНИ - 3. КВАЛИФИКАЦИСКО КОЛО Јувентус се враќа на евро-сцената Три сезони поминаа од последниот настап на најтрофејниот италијански
клуб во Лигата на шампионите и во европските купови воопшто. Јувентус
во меѓувреме помина вистинска голгота: му беа одземени две титули во
Серија "А", играше една сезона во Втората италијанска лига и доживеа
вистинска раководна и играчка трансформација. И покрај тоа, Јувентус
покажа дека е голем клуб, не дозволи да му се случи судбината на други
италијански клубови како Фиорентина и Наполи и за релативно кратко
време повторно е на пат да се врати во европската фудбалска елита. Прв
противник на "бјанко-нерите" на враќањето во Лигата на шампионите ќе
биде словачкиот првак Петржалка, нималку наивен тим и учесник во ова
натпреварување од пред три години. Клаудио Раниери се соочува со големи
проблеми пред денешниот дуел поради повредите на Маркиони, Занети,
Кнежевиќ, како и поради тоа што Де Кеље, Маркзио и Џовинко се со
италијанската репрезентација на Олимпијадата во Пекинг. Сепак, Јувентус
нема право на "кикс" бидејќи во овој состав ионака играат голем број
фудбалски ѕвезди од целиот свет. |
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
гoстин
Сениор Регистриран: 29.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7557 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Оди каде сакаш, само не во Реал!
Алекс Фергусон му кажал на Кристијано Роналдо дека ова лето може да замине во кој сака клуб од Европа, дури и во Барселона, само не во Реал Мадрид. Ваквата порака Португалецот ја добил минатиот месец во Лисабон кога првпат се сретнал со Фергусон по завршувањето на сезоната. Во исто време, според Марка, Барселона исто така се залагала да го добие Роналдо во своите редови, а Ферги му рекол на својот фудбалер дека може да се пресели на Ноу Камп за половина од парите што во тој период ги нудеше Реал Мадрид. Сето тоа е доволен показател колку биле влошени односите меѓу Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед во минатиот период откако англискиот и европски првак го обвини "Кралскиот клуб" дека сака да му го "украде" најдобриот играч, а дури и испрати жалба до УЕФА. Од друга страна, Роналдо категорично му кажал на својот тренер дека Реал Мадрид е единствениот клуб каде би сакал да ја продолжи кариерата и дека ако не оди таму ќе остане на Сантијаго Бернабе барем на уште една сезона. Освен тоа, Роналдо им рекол на своите пријатели во Реал дека ако идното лето не му биде дозволено регуларно да се пресели во редовите на шпанскиот првак, самиот ќе го реализира трансферот. Според други извори, Реал со Роналдо го направил истиот трик како со Луис Фиго во 2000 година кога Португалецот ја напушташе Барселона. Наводно, Фиго тогаш имал преддоговор со Реал и ако сакал да го раскине ќе морал на мадридскиот клуб да му исплати отштета во висина од тогашни 30 милиони марки или неговиот агент ќе завршел во затвор. Токму затоа сега Реал најави дека ќа бара отштета од Роналдо за нереализираниот трансфер, и тоа во висина од 17 милиони фунти. Приказната за Роналдо излезе од контрола Спортскиот директор на Реал Мадрид, Предраг Мијатовиќ, призна дека трансферот на Кристијано Роналдо никогаш не бил толку блиску до реализација како што наведуваа медиумите и од Англија и од Шпанија. "Се разбира дека бевме заинтересирани, но само медиумите го доведоа трансферот пред реализација, а реално не беше толку блиску. Таа приказна околу него доби големи димензии, па дојде до ситуација која беше тешко да се контролира. А реалноста е многу јасна: Роналдо е најдобар светски фудбалер под договор со моќниот и силен Манчестер Јунајтед и ако тие не сакаат да го продадат, од работата нема ништо", рече Мијатовиќ. |
|
|
|
гoстин
Сениор Регистриран: 29.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7557 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
abe neka ne go molat po 100 pati, ova e prodadena dusha, neka odi neka igra za hrvatska ili svedska!!! si igra tuka so nas kolku pati ne zaeba
|
|
|
|
гoстин
Сениор Регистриран: 29.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7557 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ЈОНУЗ СО СПИСОКОТ НА НАДЕЖИТЕ ЗА ДУЕЛОТ СО ЕСТОНИЈА
Трета среќа со Славковски Младиот напаѓач од италијанскиот првак Интер дал гаранција дека сигурно ќе допатува и ќе го има дебито за Македонија Третиот официјален обид Горан Славковски да го облече дресот на репрезентацијата на Македонија се чини ќе роди со успех. Големиот фудбалски талент од редовите на италијанскиот првак Интер, се наоѓа на списокот од 18 млади играчи за претстојниот натпревар со Естонија на 20 август во Талин, во рамките на 5. квалификациска група за ЕП 2009. Овој пат дебито на Славковски во црвено-жолтиот дрес е сигурна работа, зашто селекторот Мирсад Јонуз добил гаранција од него дека со сигурно ќе ја прифати поканата. Претходно Славковски во повеќе наврати најавуваше оти сака да игра за Македонија, но тоа досега не се остваруваше. Селекторот Јонуз прв пат официјално го покани за тестовите со Црна Гора и Албанија во март, но Славковски отсуството го оправда со стомачен вирус. Младиот напаѓач, кој во Интер го најавуваа како "втор Ибрахимовиќ" доби покана и од селекторот Сречко Катанец да учествува во подготовките за тимот на најдобрата репрезентација за квалификациската средба со Израел од ЕП 2008, но и тогаш Швеѓанецот со македонско потекло го оправда недоаѓањето со повреда, што тогаш беше потврдено и од клупскиот лекар на "нероазурите". Сега нема никака пречка Славковски да го оствари долгонајавуваното и очекува деби за Македонија, бидејќи е здрав, а завршени се и сите формалности околу неговите патни исправи. На списокот од Јонуз, покрај Славковски се наоѓаат уште: Кристијан Наумовски и Трајче Ников (голмани), Даниел Георгиевски, Ардијан Цуцули, Владимир Деспотовски, Даниел Мојсов, Глигор Глигоров, Душан Симовски (одбрана), Арменд Алими, Александар Ангеловски, Сашко Пандев, Севдаиљ Селмани, Арџент Гафури, Агим Ибраими (среден ред), Зоран Златковски, Самир Фазли и Иван Тричковски (напад). Собирот на репрезентатците е на 14 август во Струмица, каде ќе имаат тридневни подготовки. Поради клупски обврски задоцнување најавија Тричковски (Ц.звезда), Златковски (Славија, Софија) и Селмани (Баер, Леверкузен). - Ни остануваат уште две средби од овој квалификациски циклус. Нашата енергија ќе биде насочена што подобро да се подготвиме и да ја победиме Естонија. За тоа ќе треба добро да се подготвиме и на психолошки план, а желбите да ги преточиме во игра. Имаме обврска да освоиме што е можно повеќе бодови и да се искачиме на второто место што ќе ни донесе шанса да го задржиме во последната средба со Норвешка, вели Мирсад Јонуз за сајтот на ФФМ. Македонија моментно е 4-та на табелата со 8 бода од 6 средби, два помалку од Швајцарија и Норвешка, која има и средба помалку. Холандија е неприкосновена, прва со 15 бода (6 средби), а Естонија е последна. Македонија со евентуална победа над Естонија, над која славеше во Скопје (1:0), и над Норвешка, која би требало да киксне на гости против Швацарија или Холандија, може да се надева на 2. место што на четирите екипи со најдобар скор им носи место во баражот, покрај 10-те победници во групите. |
|
|
|
гoстин
Сениор Регистриран: 29.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7557 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ФФМ ГИ ОДРЕДИ ЦЕНИТЕ НА БИЛЕТИТЕ ЗА СЕПТЕМВРИСКИТЕ КВАЛИФИКАЦИСКИ ДУЕЛИ
Холандија ќе се гледа за 1000 денари * Цената на билетите за ВИП Ложата на Јужна и за двата натпревари ќе биде по 2.000 денари Од Фудбалската федерација на Македонија вчера и дефинитивно со одлука нашите квалификациски натпревари за пласман на СП 2010, сепак, да минат без продажба на блок билети. Конечно одлучено е за стартните дуели со Шкотска на 6 септември и со Холандија на 10 септември да бидат пуштени во продажба поединечни билети, и тоа со цена од по 500 денари за Западната трибина, 1.000 денари за Јужната трибина и 2.000 денари за ВИП Ложата на "Југ". Како што е познато, поради реконструкцијата, која ќе трае до август 2009 година, Северната трибина е надвор од употреба, додека Источната трибина ќе биде резервирана за гостинските навивачи. Цените на билетите ќе бидат исти и за двете средби. Според информациите од ФФМ, има огромен интерес и од странски агенции за следење на дуелот на нашиот национален тим со европските фудбалски велесили. Натпреварот со Шкотска ќе се игра со почеток од 15:30 часот, додека со Холандија во вечерниот термин од 20:30 часот. Претходно македонската репрезентација предводена од селекторот Среќко Катанец на 20 август ќе одигра пријателска средба со Луксембург во истоимениот град. Собирот на репрезентативците е два дена претходно во хотелот "Новотел" во Луксембург. Шкотите ја откупија Источната трибина Шкотската фудбалска асоцијација за своите навивачи го откупи целокупниот капацитет на Источната трибина од "Градски". За меѓусебната средба на 6 септември, во Скопје е најавено пристигнување на 1000 навивачи на Шкотска. До вчерашниот ден, пак, од страна на Холандската фудбалска федерација беа резервирани единствено 150 билети за нивните навивачи. |
|
|
|
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Играч на колото МИРОСЛАВ МИЛОШЕВИЌ
Тим: Работнички |
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
Внеси реплика | страница <1 5354555657 61> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |