Автор |
Тема Пребарувај Опции за темата
|
чаир
Сениор
Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 12.Април.2007 во 10:06 |
Спомен на монахот којшто радосно умре зашто никогаш во животот не осуди никого 12.04.2007
Овој монах беше мрзлив, негрижлив, немолитвен, но во целиот свој живот
не осуди ниеден човек. И кога умираше беше весел. Кога го прашаа
браќата како при толку гревови умира весело, одговори: „Сега видов
ангели што ми покажаа хартија со моите многубројни гревови. Јас им
реков: „Господ рече: „Не судете за да не ви се суди““. Јас никогаш
никого не осудив и се надевам на милоста Божја дека нема да ме осуди“.
И ангелите ја искинаа онаа хартија. Кога монасите слушнаа за ова, се
восхитија и се поучија.
|
Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
|
 |
чаир
Сениор
Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 12.Април.2007 во 10:06 |
Преподобен Јован Лествичник 12.04.2007
Писателот на прочуената Лествица. Однекаде дојде на Синајската Гора
како шеснаесетгодишно момче и остана овде, прво како послушник, потоа
како отшелник и на крајот како синајски игумен до осумдесеттата година
од животот, кога се упокои (околу 563 година). Неговиот животописец,
монахот Даниил, за него вели: „Со телото се вознесе на Синајската Гора,
а со духот на Гората Небесна“. Кај својот духовен отец, Мартириј, Свети
Јован помина во послушание деветнаесет години. Кога Анастасиј Синајски
еднаш го виде младиот Јован, за него прорече дека ќе биде синајски
игумен. По смртта на својот духовник Јован се повлече во една пештера,
во која во тешки подвизи проживеа дваесет години. Неговиот ученик
Мојсеј еден ден заспа под сенката на еден голем камен. Додека во тој
миг стоеше на молитва, Св. Јован виде дека ученикот му е во опасност и
почна за него да Му се моли на Бога. Подоцна кога дојде, Мојсеј падна
на колена пред својот духовен отец и му заблагодари зашто го спаси од
сигурна смрт. Му раскажа како во сон го слушнал гласот на Св. Јован кој
го викнал, па скокнал од сонот. Во тој миг оној голем камен паднал, а
ученикот се спасил неповреден. На навалување на браќата светителот
прифати да им биде игумен и со љубов и ревност се трудеше за спасението
на човечките души. Еднаш слушна прекор од некои дека е многуглаголлив.
Не се разгневи ни малку, но по ова замолча и цела година не изговори ни
збор додека браќата не го измолија да им зборува и да продолжи да ги
поучува со неговата Божествена мудрост. Еднаш во Синајскиот манастир
дојдоа шестотини поклоници. На трпезата сите видоа едно вешто момче во
еврејска облека како им служеше, а и на останатите слуги им заповедаше
и ги распоредуваше. Одеднаш момчето исчезна. И кога сите се обѕираа и
се распрашуваа, Свети Јован рече: „Не го барајте, тоа беше Пророкот
Мојсеј, кој ни послужи на своето место“. За време на своето
молчалништво во пештерата Св. Јован напиша многу духополезни книги, од
кои најславна и до ден денес многу читана е „Лествица“. Во неа се
опишува методот на вознесувањето на душата кон Бога како постапна
лествица. Пред смртта Свети Јован го одреди својот брат по тело Георгиј
за наследник во игуменството на манстирот. Но тој многу тагуваше заради
разделбата со неговиот Свет брат и игумен. Тогаш Јован му рече дека ако
се удостои со близината Божја на оној свет ќе се моли и тој, Георгиј,
да биде земен. Така и стана. По десет месеци се упокои и Георгиј и
стана небесен сограѓанин на својот свет брат Св. Јован Лествичник.
|
Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
|
 |
чаир
Сениор
Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 11.Април.2007 во 08:47 |
Преподобен Јован Пустиник 11/04/2007
Син на една христијанка Јулијана во Ерменија. Уште како момче ја остави
мајка му и побегна во пустина. Сиот пламтеше од љубов кон Господ
Христос. Во пустината најпрво се предаде на раководство на духовникот
Фармутиј, којшто толку се беше удостоил кај Бога што ангел Божји
секојдневно му носеше леб. По извесно време младиот Јован се оддалечи и
се повлече во осаменост. Се спушти во еден сув бунар и внатре помина
цели десет години во пост, молитва и бдеење. Св. Фармутиј му носеше од
ангелскиот леб и му даваше да јаде. Бидејќи ангелот Божји не сакаше
лично да му дава леб на младиот Јован, за да не се погордее, затоа леб
му се даваше преку Старецот Фармутиј. По десет години тежок подвиг во
бунарот, Свети Јован се престави кај Господ, а неговите мошти се
покажаа чудотворни. Поживеа и се прослави во 4 век.
|
Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
|
 |
чаир
Сениор
Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 11.Април.2007 во 08:45 |
Свети Марко Исповедник, епископ Аретусиски (во Сирија) 11/04/2007
За неговото страдање известуваат Св. Григориј Богослов и блажениот
Теодорит. Според тие извештаи Марко разурнал некој незнабожечки храм во
времето на царот Константин и многумина ги превел во христијанската
вера. Но кога на царскиот престол седна Јулијан Отстапник, со
отпаѓањето на овој цар од верата во Христа и некои аретујски граѓани се
одрекоа од Христа и се вратија во незнабоштвото. Сега тие се кренаа на
Марко затоа што им го разорил нивниот храм, па побараа или да им
изгради храм или да им плати некоја поголема сума пари. Бидејќи
старецот Марко се откажа да им направи како што бараа, го биеја, го
навредуваа и го влечеа по улиците. Потоа со тенок и јак конец му ги
одрежаа ушите, а потоа го разголеа и го намачкаа со мед, па го оставија
врзан за едно дрво на летната жега за да го касаат осите, комарците и
стршените. Но Христовиот маченик претрпе сѐ без збор. Беше сосем стар, а лицето му светеше како на Господов ангел. Незнабожците ја спуштаа цената за својот храм сѐ
пониско и на крајот му побараа на маченикот една сосем незначителна
сума којашто тој лесно можеше да им ја плати, но Св. Марко одби да даде
и најситна паричка за таа цел. Неговата трпеливост направи огромен
впечаток врз граѓаните и за ова почнаа да му се восхитуваат и да
сочувствуваат со него и заради ова ја спуштија цената на својот храм
речиси на нула, само за да остане жив. Најпосле го пуштија на слобода и
еден по еден повторно сите примија од него поука и се вратија во
Христовата вера. За слично дело во тоа време пострада и ѓаконот Кирил
од градот Илиопол под гората Ливан. Тој беше разбил некои идоли за
време на слободата на христијанството, а под Јулијан за ова беше луто
мачен. Незнабожците беа толку озлобени на него, што кога го убија со
заби му ја распараа утробата. Истиот ден пострадаа со него и многумина
други. Злобните незнабожци ги исекоа нивните тела на парчиња, ги
помешаа со јачмен и им ги дадоа на свињите. Но набрзо ги постигна
казна: забите им испопаѓаа, а на усните им изби неподнослива смрдеа.
|
Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
|
 |
чаир
Сениор
Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 10.Април.2007 во 20:29 |
Преподобниот маченик Евстратиј Печерски 10.04.2007
Беше многу богат, но заради љубовта Христова го раздаде сиот имот,
стапи во Печерскиот манастир и се замонаши. Кога Половците завојуваа на
Киев во 1097 година, го ограбија манастирот, многумина христијани и
монаси ги убија, а Евстратиј со уште неколкумина верни го продадоа во
ропство на некој Евреин во градот Корсун. Овој Евреин ѝ
се потсмеваше на христијанската вера и ги принудуваше христијаните да
преминат во еврејската вера. А тие, кога видоа дека нема друг излез,
решија самите себеси да се усмртат со глад, но од вистинската вера да
не се одречат. На оваа одлука ги охрабри Свети Евстратиј. И сите умреа
од глад, некои после три дена, други после четири, а некои по седум
дена. Навикнат на пост Евстратиј остана во живот сам и издржа
четиринаесет дена без храна. Евреинот разгневен што му пропаднаа парите
со коишто ги купи овие робови, му се одмазди на Св. Евстратиј со тоа
што го прикова на крст. Но на крстот Евстратиј Му заблагодари на Бога,
а на Евреинот му прорече лута и рана смрт. Бесен од лутина Евреинот го
прободе со копје. Така овој светител Му ја предаде својата душа на
Бога. Телото му го фрлија во морето, но тоа исплива и над него се
случија големи чуда. Набрзо по ова византискиот цар нареди казна за
Евреите во Корсун заради нивната злоба кон христијаните. Мачителот на
Св. Евстратиј тогаш го обесија на дрво.
Преподобен Иларион Нови 10.04.2007
Игумен на манстирот Пеликит близу Хелеспонт. Со Духот Божји блесна како
сонце. Исцелуваше болести кај луѓето и изгонуваше демони. Во времето на
Лав Ерменин настана иконоборно гонење во кое пострада и овој Божји
човек. Го испратија во ропство во прогонство близу Ефес заедно со
неговите четириесетмина монаси и во 754 година се упокои во затворот.
Преподобен Исихиј Ерусалимски
Презвитер и длабок богослов. Ученик на Св. Григориј Богослов. Особено е
препорачливо неговото славно дело „За трезвеноумието и молитвата“.
Современик и на Св. Ефтимиј Велики. Се упокои мирно околу 434 година.
Чудесниот настан со Таксиот, војник од Картагена 10.04.2007
Целиот живот го помина во тешки гревови, но најпосле се покаја, ја
остави војничката служба и живееше богоугодно. Еднаш отиде заедно со
жена му на својот имот надвор од градот, изврши прељуба со жената на
својот аргатин, па веднаш потоа го касна змија и умре. Беше мртов шест
часа, потоа стана и дури четвртиот ден прозборе. Раскажа како ги
поминал митарствата дури не дошол до митарството на блудот. Овде
западнал во мрачното дувло на демоните, но бил изведен преку
гаранцијата на еден ангел, па повторно бил вратен во телото за да се
покае за својот последен грев. Се каеше четириесет дена одејќи од црква
до црква и удирајќи си ја главата од вратите и праговите. Постојано
плачеше раскажувајќи за страшните маки во кои грешниците пребиваат на
оној свет и ги преколнуваше луѓето да не грешат и да се покајат за веќе
сторените гревови. Четириесеттиот ден со радост замина во Царството на
милостивиот Господ Бог.
|
Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
|
 |
чаир
Сениор
Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 09.Април.2007 во 10:44 |
Светата маченичка Матрона 09.04.2007
Како сиромашна девојка беше слугинка во куќата на еден Евреин во Солун. Жената на Евреинот постојано ѝ
се потсмеваше за нејзината вера во Христа и ја наговараше да се одрече
од Него, а да оди во синагогата. Но кротката Матрона ништо не ѝ
одговараше на својата госпоѓа, а тајно Му се молеше на Господ Христос.
Еднаш Еврејката дозна дека кришум од неа Матрона отишла в црква, па
сета во гнев ја запраша зошто не отишла во синагогата туку в црква.
Матрона ѝ одговори: „Затоа што во
христијанската црква живее Бог, а од еврејската синагога Он отстапи“.
Бесна заради овој мажествен одговор Еврејката ја натепа и ја затвори во
една темна одаја, а уште и ја врза. Но утредента ја најде одврзана со
Божјата сила како клечи на молитва и Го фали Бога. По ова уште на
двапати Еврејката ја затвараше и ја мореше со глад додека слугинката не
ја испушти душата. Тогаш нечестивата жена го зеде телото на Светата
девојка и од високо од нејзината куќа го фрли на земја. Христијаните го
зедоа телото и чесно го погребаа, а кога епископот Александар ги дозна
многубројните чуда на Светата маченичка, на нејзиниот гроб подигна
црква. Злобната Еврејка наскоро ја постигна праведна казна: од истото
место на куќата од коешто го фрли долу телото на Св. Матрона, таа се
лизна, падна на калдрмата и намртво се разби.
Преподобен Јован Проѕорлив 09.04.2007
До неговата дваесет и петта година беше дрводелец, а потоа гонет од
неодоллива желба за постојана молитва се оддалечи во пустина и таму
поживеа до својата смрт, т.е. до деведесеттата година. Телесен но како
бестелесен. Проѕираше во срцето на секој човек што ќе му се приближеше
и можеше да му го погоди и името и неговата желба и мисла. На царот
Теодосиј му го прорекуваше исходот на битките; им прорекуваше на
војводите, монасите и на секого којшто имаше потреба да дознае што се
крие во темнината на идните денови за него. Еден кнез го молеше да ја
прими неговата жена, која особено сакаше да го види. Светителот не
сакаше да ѝ удоволи на празната љубопитност, туку во сон ѝ се јави на кнегињата таков каков што е. Кога жената му го опиша на мажот нејзиното видение, тој ѝ
потврди дека ликот на Светителот е навистина таков. Своите посетители
ги поучуваше за смирението како за основна добродетел, секогаш
наведувајќи примери од животот како многубројни возвишени карактери
гордоста ги урнала во прав, а ги навела на тешки гревови. Самиот издржа
големи напади од демоните. Еднаш му се јави сатаната со множество
демони во вид на сјајни ангели. Тие го гонеа да му се поклони на
сатаната, мамејќи дека тоа е Христос. А светителот мудро им одговори:
„На Царот мој Исус Христос јас Му се поклонувам секој ден; да беше ова
Тој немаше од мене особено да бара токму сега да Му се поклонам“. По
овие зборови целата зла сила исчезна како чад. Св. Јован Проѕорлив се
упокои мирно коленичејќи на молитва, во неговата деведесетта година.
Преподобен Пафнутиј 09.04.2007
Ученик на Св. Антониј Велики. Со светоста на животот многумина ги
обрати на патот на покајанието. Една од нив е и Св. Таиса (под 8
октомври). Повеќе личеше на бестелесен ангел одошто на телесен човек.
Се упокои на крајот од 4 век.
|
Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
|
 |
чаир
Сениор
Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 08.Април.2007 во 10:55 |
Светиот Архангел Гавриил 08.04.2007
Тој е благовесникот на воплотувањето на Синот Божји. Еден од големите
седум ангели што претстојат пред престолот Божји. Му го јави на
Захарија раѓањето на Св. Јован Предвесник и самиот за себе рече: „Јас
сум Гавриил кој стојам пред Бога“ (Лука 1, 19). Неговото име, Гавриил,
значи маж - Бог. Зборувајќи за Благовештение Светите отци толкуваат
дека е испратен архангел со такво име што ќе означи кој и каков ќе биде
Оној што ќе се роди од Пречистата Дева. Ќе биде значи Маж - Бог,
крепок, силен Бог. Некои дознаа дека истиот тој Гавриил им го јави на
Јоаким и Ана раѓањето на Дева Марија и дека тој го поучуваше Мојсеј во
пустината како да ја напише книгата Битие. Светите отци мислат дека
Гавриил му принадлежи на првиот и највисок чин на небесните сили, на
серафимскиот, зашто серафимите стојат најблиску до Бога. Тој е значи
еден од седумте серафими најблиски до Бога. Имињата на тие седуммина
се: Михаил, Гавриил, Рафаил, Уриил, Селатиил, Јегудил, Варахиил. На
овој број некои им го додаваат и Еремиил. Секој од нив има посебна
служба, а сите тие се рамночесни. Зошто Бог не го испрати Михаил? Зашто
неговата служба е да ги крши непријателите на Божјата вера. А службата
на Гавриил е благовестење за човековото спасение.
Светиот свештеномаченик Иринеј, епископ Сремски 08.04.2007
Се мисли дека по потекло бил Словенин и дека пред епископството бил
женет и имал деца. Пострадал за Христа во времето на Максимијан. При
тешките мачења неговите роднини стоеле околу него и плачејќи го молеле
да се поштеди себеси и нив (т.е. да се одрече од Христа). Но овој
прекрасен свештеномаченик повеќе ги сакаше раните за Христа отколку
сите богатства на овој свет. Во истото време од Проб во Срем пострада и
еден градинар по име Серен, а во Регија маченикот Афр. Бидејќи Иринеј
никако не сакаше да се откаже од верата, кнезот Проб нареди и го фрлија
од еден мост на реката Сава и овој пастир го заврши својот овоземен
живот во таа река. Пострада чесно во 304 година.
Преподобен Малх 08.04.2007
Малх беше земјоделец од околината на Антиохија и од младоста со сиот
дух беше устремен кон Бога. Арапите го заробија и во ропството го
натераа да земе за жена една Црнкиња. Но тој и нејзе ја приведе кон
Христовата вера и поживеа со неа како брат со сестра. Се договорија и
побегнаа од ропството. Арапите за малку ќе ги стигнеа. Бегалците се
засолнија во една пештера во која сретнаа една лавица со малечки
лавчиња, па се исплашија. Но нив лавицата не ги повреди, а закла еден
Арапин кој сакаше да влезе во пештерата за да ги фати. Кога стигна во
својот крај, Малх ја даде жена му во еден женски манастир, а самиот
отиде во машки. Поживеа многу години во подвиг и се пресели меѓу
небесните граѓани во 4 век.
Преподобен Василиј Нови 08.04.2007
Прво живееше в шума, без покрив и огниште. Кога го фатија и го прашаа
кој е, одговори: „Еден од живите на земјата“. Се посомневаа во него
дека е шпион и многу го намачија. На крајот проживеа на слобода во
Цариград многу години. Проѕираше во човечките тајни, ја претскажуваше
иднината, вршеше големи чуда. Послушничка му беше старицата Теодора,
која кога умре му се јави на Василиевиот послушник Григориј и му ги
опиша дваесетте митарства низ коишто поминува секоја душа после смртта.
Свети Василиј мирно се упокои и се пресели во прекрасните небесни
живеалишта на 25 март 944 година. По смртта еден од жителите на
Цариград го виде во голема слава на небесата.
|
|
 |
|
|
Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
|
 |
чаир
Сениор
Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 08.Април.2007 во 10:53 |
Воскресение Христово 23/04/2007
Откако слугите на првосвештениците израилски
го фатија Исус и Го предадоа на Пилат со барање да биде распнат, а Пилат за да
им угоди конечно така и пресуди иако не Му најде вина, Господ пострада со смрт
на Крст. Висеше меѓу двајца разбојници, од кои едниот Го похули а другиот Го
прослави, спасувајќи се со ова себеси за живот вечен. Во оној страшен миг
неговите ученици се разбегаа како што Самиот им предрече; освен апостолот Јован
Заведеев и мајка Му под Крстот, малку подалеку стоеја и неколку жени коишто
последните години Му служеа со своите имоти. Покрај Него тогаш немаше други,
освен непријателите и минувачите во неверие. Евангелието подробно пишува за
смртта. Потоа Јосиф од Ариматеја, кој Му беше ученик, се осмели и го побара од
Пилат телото за да го погребе. Го положија во еден нов гроб којшто Јосиф го
имаше скроено во карпа. Го затворија влезот со камен и заминаа. За
воскресението дознаа во мугрите во неделата, кога оние верни жени појдоа со
миризливи масла на гробот за да Го помазаат телото, кое не Го најдоа. Веста ја
прими прва Марија Магдалина и побрза да им јави на апостолите и тие не ѝ поверуваа. Петар и Јован самите се
стрчнаа до гробот и го најдоа каменот одвален, а од телото лежеа оставени само
повоите. По ова, кога се собраа заедно во куќата, Исус им се јави и разбраа
дека воскреснал. Но им го отвори умот и за да ги разбираат Писмата. Им се јави
и на Лука и Клеопа додека одеа во Емаус, но не Го препознаа веднаш. Срцата им
гореа на сите.
|
Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
|
 |
чаир
Сениор
Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 06.Април.2007 во 21:54 |
Благовештение 07/04/2007
Кога Пресветата Дева наврши единаесет години пребивање и служење во
ерусалимскиот храм и четиринаест од раѓањето - значи кога стапи во
петнаесеттата година од животот - свештениците ѝ
соопштија дека според Законот повеќе не може да остане при храмот, туку
треба да пристапи кон веридба и брак. Одговорот на Пресветата Дева беше
големо изненадување за тамошните свештеници. Изјави дека Таа себеси Му
се посветила на Бога и не сака да стапува во брак со никого. По Божја
Промисла и вдахновение тогаш првосвештеникот Захарија, татко на Св.
Јован Крстител, се договори со другите свештеници, па собраа дванаесет
безжени луѓе од Давидовото племе за да пронајдат еден на кого што би му
ја довериле Дева Марија како на оној кој ќе ја чува Нејзината
девственост и ќе се грижи за Неа. Му ја доверија на стариот Јосиф од
Назарет, којшто ѝ беше роднина. Во домот
Јосифов Пресветата Дева продолжи да живее исто како во Соломоновиот
храм, минувајќи го времето во читање на Светото Писмо, во богомислие и
ракоделие. Од дома не излегуваше речиси никогаш ниту се интересираше за
светските работи и настани. Малку зборуваше со кого било и никогаш без
особена потреба. Најчесто општеше со ќерките на Јосиф. Но кога се
исполни времето означено со пророштвото на Даниил и кога Бог благоволи
да го исполни ветувањето што му го даде на прогонетиот Адам и на
Пророците, на Пресветата Дева ѝ се јави во
одајата великиот архангел Гавриил, а некои свештеници пишуваа дека во
оној миг Таа го имала пред себе отворено пророштвото на Исаија кој
вели: „Ете, девојка ќе зачне и ќе роди син!“ Гавриил ѝ се јави во архангелска светлина и ѝ рече: „Радувај се, благодатна! Господ е со Тебе!“ И сѐ
друго, како што пишува во Евангелието на Божествениот Лука. Со оваа
архангелска благовест и со слегувањето на Светиот Дух врз Пречистата
Дева, започна спасението на луѓето и обновата на созданието. А
историјата на Новиот Завет значи радост за човештвото и за сета твар.
|
Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
|
 |
чаир
Сениор
Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 06.Април.2007 во 21:53 |
Велика Сабота 07/04/2007
Од
времето на страдањето на Господ Христос на крст на Голгота, секоја
Велика сабота е исполнета со исчекување на благодатта на Неговото
Воскресение. Смртта на Господ веќе ги воскреснала упокоените праведници
во Ерусалим кои им се јавиле на мнозина, а први што трепереле пред
можноста да се објави како воскреснат биле непријателите Негови
(првосвештениците и фарисеите што побарале да биде убиен). Побарана е
стража од римски војници да Му го чува телото. Сепак, Он како оној што
невино и неправедно а Божествен претрпел понижувања, страдања и смрт на
крст, незадржливо воскреснал. Смртта и пеколот (демоните) не нашле
начин да воспостават власт над Таквиот. Воскреснатиот Господ им се
јавил на Своите ученици онака како што сведочат Неговите апостоли и
евангелисти. Долгиот богослужбен ден на Велика Сабота завршува длабоко
во ноќта со бдението пред Пасха. А на живоносниот Гроб Господов во
Ерусалим се празнува Светиот оган. Овој оган од Светиот гроб се
пренесува по Светата Земја и ги осветлува сите домови. На денот на
великата новозаветна жртва Сонцето на правдата – Христос, го разгорува
Светиот оган. Овој празник е востановен со чудото во времето на
патријархот Наркисос, кога во недостиг од масло кандилата биле налеани
со вода и запалени од оган кој чудесно слегол од небото и за време на
пасхалната служба горел како под масло. Древните христијански сведоштва
говорат дека незгасливиот оган се чува на Светиот гроб од раните
времиња на христијанството. На бдението пред Пасха (Воскресение) во
Црквите ширум Православието Епископот, бидејќи е на местото и во
образот Христов, самиот ги благословува и ги пали кандилата, а сите
други земаат светлина од неговата свеќа.
Изменето од чаир - 06.Април.2007 во 21:54
|
Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
|
 |
чаир
Сениор
Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 06.Април.2007 во 21:53 |
Свети Артемон, епископ Селевкиски
Роден и воспитан во Селевкија. Кога Св. апостол Павле дојде во тој град
го виде Артемон, уште повеќе го утврди во верата во Христа и го постави
за епископ на Селевкија. Артемон управуваше со словесното стадо
Христово со љубов и со ревност, беше лекар на човечките души и тела и
во вечноста се пресели во длабока старост.
Преподобен Јаков Исповедник
Беше монах на Студитскиот манастир. Пострада за иконите од царот Лав
Ерменин. Кога великиот Теодор Студит беше во ропство, Јаков го фрлија
во големи маки за да се одрече од иконопочитувањето. Но тој остана
истраен и верен на Православието докрај. Избиен и измачен го вратија
назад во манастирот, а тогаш злобниот цар најде зол крај на својот
живот. Преподобен Јаков умре во манастирот од тешките повреди стекнати
при страдањето.
Светиот свештеномаченик Партениј, патријарх Цариградски
Родум од островот Митилена. Подолго време беше хиоски епископ. Потоа го
избраа за патријарх. Но заради извесни лажни достави дека работи против
државата, Турците прво му нудеа да се потурчи, а кога тој одлучно ги
одби, го обесија во 1657 година.
Спомен на чудото во Печерскиот манастир
Двајца другари, Јован и Сергеј, се побратимија пред иконата на Пресвета
Богородица во овој манастир. Јован беше богат човек и имаше петгодишен
син Захарија. Јован се разболе и пред смртта својот син го предаде на
старателство кај Сергеј, на кого што му остави на чување прилично
количество злато и сребро, со тоа што да му биде врачено на Захарија
кога ќе порасне. Но кога порасна Захарија, Сергеј одрече дека примил
било што од умрениот Јован. Тогаш Захарија му побара да се заколне пред
истата онаа икона на Пресвета Богородица пред којашто влезе во братство
со неговиот покоен татко Јован, а вети дека потоа тој не би барал од
него ништо. Сергеј се согласи. Но кога се заколна, сакаше да пријде да
ја целива иконата, само што некоја сила го држеше на растојание и не му
допушташе. Тогаш почна бесомачно да вика: „Свети отци, Антониј и
Теодосиј, не пуштајте да ме погуби овој немилосрден ангел!“ По Божјо
допуштение беше нападнат од демонот. По ова Сергеј му ги покажа на
Јовановиот син сите пари што ги наследи од таткото. Кога отворија пак,
ја најдоа онаа сума удвоена, како што по Божја Промисла се имаше
удвоено сама од себе. Штом ги прими парите Захарија му ги даде на
манастирот, а самиот таму се потстрижа за монах, проживеа долго и се
удостои со големи духовни дарови. Мирно се упокои во Господ.
Преподобен Захарија
Син на Карион Мисирецот, којшто ги остави жената и децата и се
замонаши. Захарија го зеде кај себе неговиот татко, бидејќи мајка му не
можеше да го прехрани. Иако многу помлад од многумина старци во Скитот,
се здоби со многу поголеми благодатни дарови од многумина меѓу оние
старци. Од благодатта Божја чувствуваше како му гори целата
внатрешност. На прашањето на Св. Макариј кој е вистински монах,
Захарија одговори: „Оној којшто непрестајно се принудува себеси на
заповедите Божји“. А на прашањето на авва Мојсеј што значи да се биде
монах, Захарија ја симна камилавката, ја изгази со нозете, па рече:
„Ако човекот не се смири не може да биде монах!“ Беше големо светило
меѓу монасите во пустината и млад се упокои во Господ.
|
Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
|
 |
чаир
Сениор
Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 06.Април.2007 во 01:08 |
Велики Петок 06/04/2007
На
Велики Петок Црквата ги споменува смртта и погребението на Господ Исус
Христос и Неговото слегување во адот. Ова е стожерна точка во
Страдалната седмица, тогаш Богочовекот Кој невино пострада за
спасението на човечкиот род ја стекна благодатта на искупувањето од
прародителскиот грев, со што се обезвласти владеењето на смртта и на
пеколот (демоните) над природата на човекот. (Попросто кажано, оттогаш
луѓето живеејќи богоугодно, очистувајќи ги своите срца од страстите,
повторно можат да стануваат слободни личности и како такви наследници
на рајот.) За овој ден Црквата пропишува најстрог пост, денот да помине
без јадење и пиење (освен за немоќните и престарените), во знак на
таговно сеќавање на настаните од она време. На Велики Петок тајниот
Христов ученик Јосиф од Ариматеја го измоли од Пилат мртвото тело на
невино распнатиот Господ Исус, а јудејскиот кнез Никодим којшто и
самиот тајно Го следеше Христовото Божествено учење, со смеса од смирна
и алој Му го подготви телото за погребение. Погребот е извршен во петок
пред Пасха, во свеж гроб во близината на Голгота (сопственост на Јосиф
од Ариматеја). Присутствувале само неколку луѓе. Долгата традиција на
споменувањето на овој ден го исполнила со вонредни богослужбени дејства
(ги изобразуваат настаните што се случија на Велики Петок: ова
започнува со утрената, којашто како бдение се служи уште вечерта во
Четвртокот, во која се објавува евангелската историја за страдањата и
смртта на Господ Исус Христос во дванаесет евангелија). Со оглед дека
на Велики Петок Богочовекот Исус Христос Му се принесе Себеси како
благодарствена и искупителна жртва на Бога Отецот во име на севкупната
човечка природа (човечкиот род), во Црквата не се служи Светата
Евхаристија, освен можеби литургијата на претходно осветени дарови. Во
аскетската книжевност, Светите отци особено се задржуваат на карактерот
на молитвата на Господ во Гетсиманската градина произнесена на Велики
петок, и ја покажуваат како извор, вдахновение и пример на она вонредно
животворно ’сеќавање на смртта’ што е преисполнето со безостатната
предаденост на Синот кон волјата на Бога Отецот.
|
Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
|
 |
чаир
Сениор
Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 04.Април.2007 во 23:06 |
Велики Четврток 20/04/2007
Главно
за овој значаен ден од Страдалната седмица е дека Господ тогаш ги
востанови двете суштествени тајни за нашето спасение: Светата
евхаристија (на Тајната вечера: „Земете, јадете, ова е телото Мое кое
за вас се прекршува за отпуштање на гревовите! Пијте од неа сите. Ова е
крвта Моја која за вас и за мнозина се излева за отпуштање на
гревовите! Правете го ова во Мој спомен“.) и Исусовата молитва
(„...Вистина, вистина ви велам: што и да посакате од Отецот во Мое име,
ќе ви се даде“ (Јован 16, 23). „И што и да посакате од Отецот во Мое
име, ќе ви го направам за да се прослави Отецот во Синот. Ако посакате
нешто во Мое име, Јас ќе го направам...“, Јован 14, 13 - 14). Со други
зборови, на Велики Четврток почнува светотаинскиот живот на Црквата.
Денот започна со Христовите последни поуки за карактерот на љубовта што
треба да ја стекнеме ако сме Негови, Неговото смирение; се памти
миењето на нозете на апостолите што го направи Сам: „Ако Јас, Господ и
Учител ви ги измив нозете, тогаш сте должни и вие еден на друг да си ги
миете нозете“ (Јован 13; 14). А заврши со предавството на Богочовекот
Исус Христос на првосвештениците и фарисеите, извршено од Јуда
Искариот, еден од бројот на Дванаесеттемина најблиски Христови ученици.
|
Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
|
 |
чаир
Сениор
Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 03.Април.2007 во 21:43 |
Света Дросида 04/04/2007
Ќерка на царот Трајан. Заедно со пет други жени ја фатија како ги
собира телата на постраданите Христови маченици и за ова царот жестоко
ја искара. Оние пет жени беа тешко мачени и најпосле фрлени во растопен
бакар, каде што Му ги предадоа своите души на Господ. А Дросида остана
под строга царска стража. Но таа побегна од дворецот и самата себеси се
крсти во една река. По осум дена Му ја предаде својата душа на Бога.
|
Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
|
 |