![]() |
|
ПРАВОСЛАВЕН КАЛЕНДАР:ДЕНЕС СЕ СЛАВИ |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 5051525354 68> |
Автор | |
чаир ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Регистриран: 29.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 950 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Светиот свештеномаченик Антипа Се спомнува во книгата на Откровението како „Антипа, мојот верен сведок“ (2, 13), „кој беше убиен кај вас, меѓу кои пребива сатаната,“ т.е. во градот Пергам. Жителите на овој град живееја во мракот на идолопоклонството и во крајна нечистота; им беа робови на страстите, клеветници, насилници, крвомешачи и со еден збор сатански слуги. Антипа живееше меѓу нив „како светлина сред темнината, како роза среде трње, како злато во калта“. Во Пергам за добар и праведен се сметаше оној којшто би фатил и убил еден христијанин. Целата незнабожечка вера се состоеше во гатање, во толкување на соништата, во служење на демоните и во краен разврат. Застрашени од Антипа како од оган, демоните им јавија на жреците во сон и им исповедаа дека се плашат од него и затоа мораат да побегнат и од овој град. Жреците кренаа толпа народ против Антипа и почнаа да го измачуваат и да го присилуваат да се одрече од Христа и да им се поклони на идолите. Антипа им рече: „Кога вашите т.н. богови, господари на вселената, се плашат од мене којшто сум смртен човек и мораат да бегаат од овој град, зарем не познавате по тоа дека вашата вера е заблуда?“ И им говореше светителот за Христовата вера како за единствена вистинита и спасоносна. Но тие се разјарија како ѕверови и го довлекоа старецот Антипа пред храмот на Артемида пред кој стоеше излиен вол од бронза. Го усвитија волот со оган и го фрлија внатре слугата Божји. Во внатрешноста на волот Свети Антипа Го славеше Бога со благодарност, како некогаш Јона во утробата на китот и Тројцата младенци во огнената печка. Антипа се молеше за своето стадо и за сиот свет, сѐ додека душата не го остави трошното тело и не се вознесе меѓу ангелите во Царството Христово. Пострада и стекна невенлива слава во 92 година. |
|
Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
|
|
![]() |
|
чаир ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Регистриран: 29.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 950 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Светите маченици Теренциј, Африкан, Максим, Помпиј Пострадаа за Христа и стекнаа венци на бесмртна слава во времето на царот Декиј. На заповед од царот намесникот на Африка му објави на сиот народ дека мора да им принесе жртви на идолите; во спротивно им се закануваа со страшно мачење на упорните. Кога ги слушнаа овие закани мнозина отпаднаа од верата и им се поклонија на идолите. Но овие четириесетмина маченици останаа непоколебливи, заради што беа изложени на мачење. Свети Теренциј ги храбреше своите другари со вакви зборови: „Да внимаваме, браќа, да не се откажеме од Христа, нашиот Бог, за и Тој да не се одрече од нас пред Својот Отец небесен и пред Светите ангели!“ Намесникот ги раздели во две групи: триесет и шестемина после биењето и стружењето и потурањето со сол врз отворените рани ги уби со меч. А првите четворица ги фрли во затвор со тешки окови на вратот, на рацете и на нозете. Но ангел Божји им се јави во затворот и со допир ги ослободи од оковите. Беа повторно изведени и мачени, па повторно фрлени во затворот. Намесникот им нареди на гатачите да соберат што поголем број влекачи, змии и скорпии и да ги затворат во иста одаја со мачениците. Но влекачите не сакаа ни да се допрат до Божјите угодници, туку се прибија во еден агол и така прележаа три дена. Кога третиот ден го отворија затворот, отровните животни јурнаа по гатачите и ги искасаа. Најпосле намесникот ја изрече смртната пресуда над четворицата маченици. Кога ги водеа на погубување тие радосно пееја псалми и Го фалеа Бога Којшто ги удостои со маченичка смрт. Чесно пострадаа и се удостоија со Небесното Царство во 250 година. |
|
Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
|
|
![]() |
|
чаир ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Регистриран: 29.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 950 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Преподобниот маченик Вадим 22.04.2007 За време на персискиот цар Сапор, игуменот на еден манастир, Вадим, маж исполнет со благочестие, беше фрлен во затвор заедно со седуммина свои ученици. Во затворот со нив беше и еден кнез христијанин, Нирсан. Секој ден ги изведуваа и ги тепаа. Се уплаши кнезот Нирсан и вети дека ќе ја напушти верата и ќе му се поклони на сонцето. Ова му беше угодно на Сапор и тој му вети на Нирсан дека меѓу другото ќе му го даде и сиот имот на Вадимовиот манастир, ако тој се согласи со своја рака да го убие Вадим. Нирсан се согласи и на тоа. Раката му се тресеше од страв пред достоинственото лице на Свети Вадим и тој удираше многупати по вратот на светиот игумен дури не го обезглави. Но наскоро по ова падна во очајание и самиот себеси се прободе со меч, примајќи казна од своја рака зашто уби праведник. Свети Вадим пострада во 367 година. |
|
Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
|
|
![]() |
|
чаир ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Регистриран: 29.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 950 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Светиот маченик Евпсихиј 22.04.2007 Од благороден род и добро воспитан во благочестивата вера. Во времето на царот Јулијан Отстапник, кога во Кесарија со Црквата Божја управуваше Св. Василиј Велики, Евпсихиј стапи во брак со една угледна девојка. Но не му беше дадено да поживее во брак ниту еден ден. Зашто во времето на неговата свадба се погоди незнабожечкиот празник на принесување жртви на идолот Фортуна. Евпсихиј отиде со другарите и ги искрши сите идоли во храмот, па и самиот храм го разори. Кога слушна за ова царот Јулијан многу се разгневи и нареди виновниците да се убијат, многубројни христијани да се земат за војска, да им се наложи огромен данок на христијаните, на нивна сметка повторно да се изгради храмот на Фортуна, а на градот да му се одземе почесното име Кесарија (кое му го беше дал кесарот Клавдиј) и да се нарече со поранешното име Маза. Свети Евпсихиј најпрво го врзаа за дрво и страшно го мачеа, а потоа го убија во 362 година. Малку потоа свирепиот цар Јулијан патувајќи за Персија го посети овој град, а одеше во војна. Во пресрет му излезе Св. Василиј и во знак на почест и гостопримство изнесе три јачмени лебови. Царот нареди и на светителот како дар му дадоа грст сено. „Ти нам ни се подбиваш цару. Ние ти принесуваме од лебот со којшто се храниме, а ти нам ни даваш скотска храна, којашто ти со својата власт не можеш да ја претвориш во човечка“. На ова царот му одговори: „Знај дека со тоа сено ќе те хранам кога ќе се вратам од Персија!“ Но злобниот отстапник никогаш повеќе не се врати жив од Персија, зашто загина со заслужена и неприродна смрт. |
|
Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
|
|
![]() |
|
чаир ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Регистриран: 29.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 950 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Светите апостоли Иродион, Руф, Асинкрит, Флегонт и Ермиј 21/04/2007
Сите беа од Седумдесеттемина апостоли. Св. апостол Павле ги спомнува во
своите Посланија. „Поздравете го“, им пишува Павле на Римјаните, „мојот
роднина Иродион“ (16, 11). Иродион пострада од Евреите многу како
епископ Неопатарски; го биеја со стапови по главите, со камења по
усните, го бодеа со ножови. И кога го оставија како мртов, Свети
Иродион стана и продолжи да им служи на апостолите. Во Рим му помагаше
на Св. апостол Петар. Го убија заедно со многумина други христијани
истиот ден кога беше распнат Петар.
|
|
Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
|
|
![]() |
|
чаир ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Регистриран: 29.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 950 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Светиот маченик Калиопиј Единец син, измолен од Бога, на некој сенатор од Перга Памфилиска. Неговата благочестива мајка Теоклија го научи на богопочитување и на благочестив живот уште во раната младост. Кога Калиопиј беше уште момче, настана страшно гонење на христијаните под царот Максимијан. За да го спаси од смртта мајка му го качи на кораб, му даде доволно пари и го испрати во Помпеопол. Но Божјата Промисла устрои поинаку. Кога се симна во Помпеопол Калиопиј западна сред една бурна незнабожечка свеченост. Кога на навалувањето на залудената толпа не сакаше да земе учество во незнабожечкиот празник, го истуркаа пред војводата Максим, на кого тој му исповеда дека е христијанин. Војводата нареди и го биеја со оловни стапови и го печеа на оган, па најпосле ранет го фрлија во затвор. Кога слушна за мачењето на нејзиниот син, мајка му Теоклија им го раздаде имотот на сиромашните и со малку пари побрза во затворот кај него. Најпосле војводата ја изрече конечната пресуда за Калиопиј да биде распнат на крст. Кога го поведоа син ѝ на губилиште, Теоклија им дотури на џелатите пет златници за да го распнат нејзиниот син не како Господ туку наопаку. Ова го направи од смирение пред Господ. Калиопиј беше распнат на Велики Четврток, а мајка му стоеше под крстот благодарејќи Му на Бога. Кога другиот ден мртов го симнаа од крстот, таа падна врз него и издивна и самата. Така излегоа обајцата пред престолот на Царот на славата. Чесно пострадаа во 304 година. Преподобен Данило Перејаславски Имаше посебен подвиг на грижа за мртвите. Кога и да слушнеше дека некој смрзнал или умрел на некој друг начин, веднаш брзаше за пристојно да го погреба и да Му се помоли за починатиот на Бога. Се упокои мирно во 1540 година. Неговите мошти почиваат цели. |
|
Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
|
|
![]() |
|
чаир ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Регистриран: 29.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 950 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
преподобен нил сорски 20/04/2007
Еден од големите отци на Pуската црква. основач на скитскиот монашки живот во Pусија. се упокои мирно во 1508 година. моштите му почиваат во сорскиот манастир. неговиот устав на скитскиот живот претставува првокласно духовно и практично дело. |
|
Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
|
|
![]() |
|
чаир ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Регистриран: 29.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 950 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Свети Георгиј Исповедник 20/04/2007 Заради големата добродетел што ја стекна со долготраен подвиг, Георгиј беше избран за митрополит митиленски. И светителот управуваше со словесното стадо ревносно и мудро до својата старост. Но кога настана гонењето под Лав Ерменин, којшто ги ништеше Светите икони, овој свет старец беше повикан од царот во Цариград на собор на епископи којшто требаше, според желбата на царот, да го уништи иконопочитувањето. Но Георгиј не само што не направи според желбата на злобниот цар туку со некои храбри епископи стана во заштита на Светите икони. За ова беше исмеан и од царот протеран во пределите на Херсон, каде што во телесна беда и секаква неволја го помина остатокот од својот земен живот. Се упокои и се пресели во Царството на бесмртноста околу 816 година. Заради својата голема праведност и љубов кон Господ Исус, беше чудотворец за време на животот и после смртта. |
|
Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
|
|
![]() |
|
чаир ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Регистриран: 29.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 950 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Светите Сто и дваесет маченици Кога персискиот цар Сапор ги ограби византиските земји, одведе во ропство сто и дваесет христијани. Откако залудно ги присилуваше да се одречат од Христа и да му се поклонат на огнот, ги фрли во оган и живи ги изгоре. Меѓу овие маченици имаше и девет девици посветени на Бога. Сите пострадаа чесно меѓу 344 и 347 година. |
|
Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
|
|
![]() |
|
чаир ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Регистриран: 29.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 950 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Свети Евтихиј, патријарх Цариградски 19/04/2007 Роден е во Фригија од благочестиви родители. Татко му беше офицер. Еднаш момчето Евтихиј се забавуваше со своите врсници, а нивната игра се состоеше во тоа што секој го запишуваше своето име на карпата и покрај името оној чин којшто според насетувањето ќе го добијат во животот. Кога дојде на ред Евтихиј, тој напиша: „Евтихиј патријархот“. Во неговата триесетта година стана игумен на еден амасиски манастир. А кога имаше четириесет години, амасискиот митрополит го испрати наместо себеси на Петтиот Вселенски Собор. На Соборот тој заблеска како пресветла ѕвезда меѓу отците на Црквата, како со својата ученост така и со благочестието. Кога настана препирка за тоа можат ли еретиците после смртта да бидат предадени на анатема, тој го застапуваше мислењето дека можат, повикувајќи се на 3 Книгата Царства 13, 1 - 8 и на 4 Книга Царства 23, 16. Многу му омиле на царот Јустинијан и на патријархот Мина. Царот често го прашуваше за совет, а Мина (кој во тоа време беше мошне богат) го назначи за свој наследник и го замоли царот тоа да биде спроведено и во дело. Така и беше. Свети Евтихиј мирно управуваше со Црквата дванаесет години. Но тогаш ѓаволот крена бура против него. Оваа бура го зафати и самиот цар Јустинијан. Имено, царот се опрелести и падна во монофизитската ерес на автартодокетите, која учеше дека Господ Исус и пред Воскресението имал Божествено и нераспадливо тело, без чувство за глад, жед и болка. Евтихиј одлучно стана против оваа ерес, заради што царот го протера во прогонство во неговиот прв манастир. Овде тој поживеа дванаесет години и осум месеци и се покажа голем чудотворец. Исцелуваше од разни болести со молитва и помазувајќи со елеј. Јустинијан се покаја и умре, а него го наследи Јустин, којшто го врати Евтихиј на патријаршискиот престол, на кој светителот остана до својата смрт мирно управувајќи со Црквата Божја. Во својата седумдесетта година, во 582 г. се пресели во Царството на Господ Христос, Кому верно и храбро Му служеше сиот свој живот.
|
|
Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
|
|
![]() |
|
чаир ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Регистриран: 29.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 950 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Свети Методиј и Кирил Рамноапостолни Родени браќа родум од Солун, од угледни и богати родители, Лав и Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер помина десет години меѓу Македонските Словени. Потоа се оддалечи на гората Олимп и се предаде на монашки подвиг. Овде подоцна му се придружи и Кирил (Константин). Но кога хазарскиот цар Каган побара од царот Михаил проповедници на верата во Христос, тогаш на заповед на царот беа пронајдени овие двајца браќа и беа испратени меѓу Хазарите. Откако го уверија Каган во верата Христова, тие го крстија овој цар и голем број негови доглавници и уште помногуброен народ. По извесно време се вратија во Цариград, каде што ја составија словенската азбука од триесет и осум букви и почнаа да ги преведуваат црковните книги од грчки на словенски. На повик од царот Ростислав отидоа во Моравија и таму ја распространија и ја утврдија православната вера, па ги умножија книгите и им ги дадоа на свештениците за да ја подучуваат младината. А подоцна на повик од папата заминаа за Рим, каде што Кирил се разболе и умре, на 14 февруари 869 година. Тогаш Методиј се врати во Моравија и до смртта се потруди на утврдувањето на Христовата вера меѓу Словените. По неговата смрт - а тој се упокои во Господа на 6 април 885 година - неговите ученици Петочисленици, на чело со Свети Климент како епископ, го преминаа Дунав и се спуштија на југ во Македонија, каде што од Охрид продолжија да работат меѓу Словените на истото дело што го започнаа Методиј и Кирил на север. Изменето од чаир - 18.Април.2007 во 22:18 |
|
Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
|
|
![]() |
|
чаир ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Регистриран: 29.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 950 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Преподобен Марко Трачески 18/04/2007 Се нарекува уште и Атински, според неговото родно место Атина. Кога таму ги заврши високите школи, родителите му умреа. Тој во себе помисли дека благовремено треба да се подготви за чесно заминување од овој свет. Откако им го раздаде имотот на сиромашните, седна на една штица и тргна по морето со тврда вера во Божјата помош и молејќи Го Бога да го одведе на место коешто ќе ѝ биде угодно на Неговата Света волја. Промислителот Бог го одведе во Ливија (или Етиопија), на планината наречена Траческа. На оваа планина Марко се подвизуваше полни деведесет и пет години и не виде таму ниту човек ниту ѕвер. Цели триесет години водеше страшна борба со демоните и се мачеше со глад и жед и жега и мраз. Јадеше земја и пиеше морска вода. После триесет години најжестоко страдање демоните победени побегнаа од него, а ангел Божји почна секој ден да му носи храна во вид на леб, риба и овошје. Пред смртта дојде да го посети Св. Серапион, којшто потоа и го објави житието на овој чудесен светител. Го запраша Марко Серапион: „Има ли денес христијани во светот кои кога би ѝ рекле на оваа гора: „Дигни се одовде и фрли се в море “, тоа и би се случило?“ Во тој миг накај морето се крена планината на којашто седеа самите. А Марко замавна со раката и ја запре. Таква чудотворна сила имаше овој Божји човек. Пред смртта се помоли за спасението на луѓето и Му ја предаде својата душа на Бога. Св. Серапион ги виде ангелите што ја зедоа душата на Св. Марко и раката што се пружи од небото за да ја прифати. Свети Марко поживеа сто и триесет години и се упокои во Господ околу 400 година.
|
|
Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
|
|
![]() |
|
чаир ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Регистриран: 29.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 950 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Светите маченици Агатопод и Теодул 18/04/2007 Првиот беше ѓакон, а вториот чтец на црквата во Солун; првиот преукрасен со старечка мудрост, а вториот со младешка девственост. Во времето на Диоклецијановата хајка на христијаните овие двајца беа повикани на суд. Тие се одѕваа со радост и држејќи се еден другиот за рака одеа викајќи: „Ние сме христијани!“ Сите совети на судиите да се одречат од Христа и да им се поклонат на идолите останаа залудни. После долготраен затвор и гладување ги осудија на смрт со потопување во морето. Рацете им ги врзаа наопаку и им обесија по еден тежок камен на вратот, па ги поведоа на потопување. Кога сакаа да го турнат прв Агатопод во длабочината, тој возвикна: „Еве, со второ Крштение се миеме од сите наши гревови и излегуваме чисти пред Христа Исуса!“ Нивните потопени тела морето наскоро ги исфрли на брегот, а христијаните чесно ги погребаа. Свети Теодул во сон им се јави на своите познаници како светол ангел во бела облека и им нареди сиот негов преостанат имот да им го раздадат на сиромасите. Овие прекрасни Христови војници чесно пострадаа за верата во времето на царот Диоклецијан и солунскиот кнез Фаустин во 303 година.
|
|
Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
|
|
![]() |
|
чаир ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Регистриран: 29.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 950 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Светата маченичка Фервута Во времето на персискиот цар Савориј беше погубен Светиот епископ Симеон. Неговата сестра Фервута по желба на царицата ја зедоа во дворецот. Но таа беше необично убава и затоа навалија многубројни кандидати за женидба, меѓу кои имаше и незнабожечки гатачи и жреци. Фервута ги одби сите и со ова предизвика против себеси голем гнев. Бидејќи во тоа време се разболе царицата, гатачите му објаснија на царот дека е отруена од Фервута, а на болната царица како лек ѝ го препорачаа ова: Фервута, нејзината сестра и нивната робинка како христијанки да се престругаат со бичкии, трите половини на нивните тела да се состават на една страна, а другите три половини на друга, а царицата да се протне меѓу нив. Царот се согласи со овој крволочен предлог на гатарите. Фервута, нејзината сестра и нивната робинка пострадаа за Христа во 343 година, со ваква смрт влегувајќи во бесмртното царство на Господ Христос. |
|
Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
|
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 5051525354 68> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |