IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Образование
  Активни теми Активни теми RSS - Писмени состави,семинарски...
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Писмени состави,семинарски...

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 5051525354 113>
Автор
Порака Обратен редослед
 Оцена: Оцена на тема: 3 Гласови, Просечно 3,00  Тема Пребарувај Тема Пребарувај  Опции за темата Опции за темата
Arsov12 Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 03.Март.2013
Статус: Офлајн
Поени: 1
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Arsov12 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Март.2013 во 15:28
Дали ќе може некој да ми прати состави околу следниве теми:
-Зависта како негативна човечка особина
-Вредноста на трудот
-Погледите и сфаќањата на животот преку обичаите и празнувањата
Кон врв
jelena123 Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 18.Февруари.2013
Статус: Офлајн
Поени: 1
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај jelena123 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Март.2013 во 02:00
Доколку ви треба помош за семинарски и проектни задачи пишете ни на facebook http://www.facebook.com/seminarski.proektnizadaci.7?fref=ts
Кон врв
lazarovski95 Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Март.2013
Статус: Офлајн
Поени: 2
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај lazarovski95 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Март.2013 во 01:59
вој шо иде... т.е утре
Кон врв
pajser Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
kloshar

Регистриран: 04.Март.2011
Локација: Lao People's Dem. Rep.
Статус: Офлајн
Поени: 13931
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај pajser Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Март.2013 во 01:33
,,,za koj ponedelnik,,,,,,tiki kolku ponedelnici ,,,pominale,,,hm,,,тајм аут
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana
Кон врв
lazarovski95 Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Март.2013
Статус: Офлајн
Поени: 2
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај lazarovski95 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Март.2013 во 01:24
Да не има некој состав за овие .. ми треба за понеделник.

1. Мотиви и инспирации во поезијата на Гане Тодороски
2. Народното творештво како инспирација во поезијата на Блаже Конески
Кон врв
MARIC Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 02.Март.2013
Статус: Офлајн
Поени: 3
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај MARIC Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Март.2013 во 13:59
najposle se ajdov vo forumot ajde ako nekoj e dobar vo sostavi ve molam pomagajte blagodaram odnapred
Кон врв
MARIC Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 02.Март.2013
Статус: Офлајн
Поени: 3
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај MARIC Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Март.2013 во 13:58
a mi treba sostav na tema MLADITE VO SOVRMENIOT SVET sostavot treba da sodrzi od 100 do 150 zborovi i treba da ima vovedenen glaven del i zaklucok mi treba za ispit po makedonski jazik
Кон врв
MARIC Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 02.Март.2013
Статус: Офлајн
Поени: 3
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај MARIC Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Март.2013 во 13:56
luge jas neznam dali nekoj ke ja procita mojata poraka nemozam da ja najdam na forumot
Кон врв
kiki16 Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 27.Февруари.2013
Статус: Офлајн
Поени: 5
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kiki16 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Февруари.2013 во 22:21
фала
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Февруари.2013 во 21:49
Poveli Kiki:)

Структура и содржина на епот

Гилгамеш

Како литературен вид, епот е најдолгата раскажувачка структура во стих. Така, и „Епот за Гилгамеш“ е пишуван во стихови, поделени во дванаесет пеења, напишани на дванаесет плочи, кои пак, може да се поделат на два дела: првиот дел е во првите седум пеења (херојството на Гилгамеш и Енкиду); вториот дел од осмото до дванаесеттото пеење (страдањата на Гилгамеш). Епот започнува со пролог, вовед (од современ аспект), во кој се запознаваме со Гилгамеш. Во ова прво пеење, има опис на ликот на Гилгамеш (поконкретно за описот во следните точки), се зборува за раѓањето (создавањето) на неговиот ’соперник’ Енкиду, како и за влегувањето на Енкиду во Урук. Во второто пеење се зборува за запознавањето на Гилгамеш и Енкиду, меѓусебното испитување на силите, збратимувањето и подготвувањето за борба против Хумбаба.

Во третото пеење се сретнуваме со сонот како точно предвидување на она што се случува подоцна. Енкиду сонува лош сон, а Гилгамеш прави ритуал (составен дел од митолошкиот начин на живот), за да го спречи лошото пророштво на сонот. Четвртото пеење е карактеристично по тоа што се сретнуваме со јуначки подвиг на јунаците (главна карактеристика на јуначки еп). Тие го убиваат чуварот на гората на Хумбаба. Важно е да се спомене и тоа што боговите се вклучуваат во борбата помагајќи им на јунаците (подоцна ова е често во митовите на поновите цивилизации).

Петтата плоча зборува за уште еден сон на Енкиду. Гилгамеш го толкува како позитивен. Сонот се исполнува: по борбата со Хумбаба, тие излегуваат победници и се враќаат во Урук со неговата глава. Во шестата плоча Гилгамеш ја отфрла љубовта на Иштар, а таа му праќа небесен бик да го убие. Гилгамеш ја потврдува својата сила и го убива бикот, со што го навлекува гневот на божицата Иштар. Седмото пеење е сонот на Енкиду, кој предвидува смрт. Сонот се исполнува; Енкиду легнува болен и умира.

Во осмото пеење се сретнуваме со тажењето како посебен жанр во народната традиција. Гилгамеш е исполнет со тага за загубениот другар и брат и тагува над неговото тело. Деветтата плоча претставува пресврт во фабулата. Гилгамеш, соочен со смртта на Енкиду, си го поставува прашањето за сопствената смрт. Неможејќи да се помири со својата смртност, решава да бара можност за бесмртност. Десеттата плоча зборува за потрагата на Гилгамеш, напуштањето на домот, патувањата. Дознава за дрвото на животот и се упатува кон Утнапиштим.

Единаесеттата плоча е мошне значајна, затоа што зборува за митот за потопот, што е извор (во пишана форма) на идејата за крајот на светот. Оваа епизода можеме да ја сретнеме во многу религии, некаде целосно пресликана, некаде разработена, изменета. Утнапиштим е тој што ја раскажува приказната за потопот и му кажува на Гилгамеш како да стигне до билката. Кога Гилгамеш ја наоѓа, змијата е таа што му го краде ’вечниот живот’.

Во дванаесеттото пеење се сретнуваме со уште еден митолошки мотив, кој го сретнуваме и во старогрчката митологија и на други места – слегувањето во подземјето. Од оваа епизода ја гледаме идејата на Сумерите за подземниот свет; животот по смртта; контактот со мртвите; комуникацијата со нив итн.

Ликот на Гилгамеш

Во овој јуначки еп, Гилгамеш е претставен како типичен јунак, херој заштитник на градот, силен храбар, почитуван. Уште во првото пеење се сретнуваме со опис за него: „Гилгамеш, победоносниот јунак, ѕидишта околу Урук изгради...“ [1], понатаму: „По убавина и снага никаде не му беа виделе рамен. Лавот тој од лежиштето го брка ... дивиот бик го лови со брзина и сила на својот лак...“[2].

Најкарактеристично за Гилагамеш е неговата природа. Тој е една третина човек, а две третини бог, што веднаш му дава натприродни особини и го сместува во редот на силните, храбрите. Гилгамеш е типичен лик – јунак за митолошките приказни, кој со својата моќ го чува принципот на доброто од силите на злото. Таквите свои атрибути ги покажал низ многубројните битки со животни, џинови, натприродни суштества што боговите му ги праќаат. Како културен херој градител на град, кај него, освен храброста, јунаштвото, силата, како епитет ја сретнуваме и строгоста (суровоста) кон своите сограѓани кога треба да му се покорат:

За него... мораа да работат и старите и младите, и силните и слабите... Ден и ноќ тој пирува со нив. Нивните лелеци допираат до великите богови.[3]

Од психолошка гледна точка, можеме да ја издвоиме чувствителноста како негова особина (оплакувањето на својот побратим, кој како лик е изграден идентично како него, како негов пандан: „Енкиду, пријателе млад, кај сила ти остана, а гласот, каде?“[4]). Сепак, најважната особина на Гилгамеш е исклучителната несебичност - тој сака билката на животот да ја донесе во Урук, да ја сподели со своите; ја чува, не ја користи само за себе. Оваа особина, оваа постапка, потсетува на Прометеј од грчката митологија, кој сакал да им го даде огнот на луѓето.

Божествената природа на Гилгамеш пак, потсетува на Херкул, исто така од грчката митологија. Уште еден лик во овој еп, го сретнуваме и на многу други места во светските религии. Тоа е ликот на Утнапиштим, кој во нашата религија одговара на ликот на Ное.

Симболиката во „Епот за Гилгамеш“

Во космогониските митови на развиените митолошки системи дејството на боговите појасно и попотполно се поима како преобразување на хаосот... во организиран космос, што во основа ја сочинува главната внатрешна смисла на секоја митологија...“[5].

Од оваа мисла на Е.М. Мелетински можеме да заклучиме дека во основата на митологијата е обновувањето на светот, неговото повторно создавање, т.е. пресоздавање на редот, враќање кон почетокот на светот, кога сè е ново, чисто, недопрено. За создавањето на светот зборуваат космогониските митови, кои се тесно поврзани со есхатолошките митови (митови за крајот на светот), затоа што обновувањето на светот се одвива во две фази што претставуваат еден вид кружно движење, еден вид циклус: уривање на светот (со потоп, со пожар или на друг начин), и веднаш потоа негово повторно создавање, обновување. Тоа го имаме сликовито во „Епот за Гилгамеш“ - случувањата на Утнапиштим во епизодата со потопот, што е целосно преземена епизода и употребена во Библијата - митот за Ное.

Интересно е да се спомене дека за митолошкиот човек обновувањето на светот е многу значајно. Всушност, тој верува дека светот се раѓа повторно, а не се обновува (парафразирано од ’Аспекти на митот’). „Постепено... почна да се раѓа идејата дека постојат вистинити (а не само обредни) уништувања и создавања на светот, дека има „враќања на почетоците“ во вистинска смисла на тие зборови...“[6]. Најчеста симболика во „Епот за Гилгамеш“ имаат броевите. Така на пример, бројот дванаесет го сретнуваме во поделбата на епот на плочи. Бројот на месеците во годината го сретнуваме и во десеттата плоча во разговорот меѓу Ур-Шанаби и Гилгамеш, кога Ур-Шанаби вели: „...Сега дванаесетто стебло земи, Гилгамешу, забоди го“[7]. Гилгамеш користи дванаесет стебла за да ја преброди опасноста.

Бројот седум, исто така се сретнува повеќе пати во епот. Еве некои примери: „Шест дена и шест ноќи го оплакував и во гроб не го положив“[8] - закопот е седмиот ден; „Шест дена и шест ноќи во потоци дождот паѓаше. Седмиот ден потопот попушти“[9] - седум дена трае потопот. Како митски симбол го издвојуваме и гавранот, како врска меѓу два света (гавранот му докажува на Утнапиштим дека потопот поминал; а во Библијата гулабот носи маслиново гранче). Змијата, исто така, може да ја спомнеме како уништувач, измамник, злобник. Таа го лишува човекот од бесмртноста, а во Библијата ги лишува Адам и Ева од рајот.

Значењето на епот

Најголемото значење на делото се состои во тоа што е прв пишан текст со уметничка вредност. Во него се наоѓаат многу митски елементи, моменти од традицијата и религијата на еден од најстарите народи. Елементи од „Епот за Гилгамеш“ наоѓаме и во записите, остатоците на некои подоцнежни култури (дури и денешните), нивните верувања, обичаи. Во епот се отвора прашањето на смртта, на задгробниот живот, на подземјето, потребата и потрагата за вечен живот – теми што до денес останале актуелни и интересни за откривање. И денес сме сведоци на вечната потрага по еликсирот на младоста, по продолжување на животниот век. Многу научни достигнувања од областа на медицината се со цел да ги направат луѓето што помлади. Потрагата по вечен живот, уште од Гилгамеш па до денес, продолжува со можноста за клонирање, со што многу луѓе од историјата би можеле да се „родат повторно“, а некои воопшто да не престанат да постојат.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
kiki16 Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 27.Февруари.2013
Статус: Офлајн
Поени: 5
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kiki16 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Февруари.2013 во 21:39
ВЕ МОЛАМ ЗА ПОМОШ МИ ТРЕБА ЕСЕЈ ЗА ГИЛГАМЕШ СО ТЕМА "СМРТТА НА ЕНКИДУ И НЕПОМИРЛИВОСТА НА ГИЛГАМЕШ"   
Кон врв
јована583 Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 26.Февруари.2013
Статус: Офлајн
Поени: 3
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај јована583 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Февруари.2013 во 16:03
Се извинувам ако може да прашам, темата „ветрови“ во која област спаѓа: географија или во климатологија со применета метеорологија
Кон врв
јована583 Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 26.Февруари.2013
Статус: Офлајн
Поени: 3
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај јована583 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Февруари.2013 во 15:42
Да не бил некој на натпреварот за народна техника, треба да го прашам нешто :d P.S: професорот што ме спрема скапајца :(
Кон врв
јована583 Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 26.Февруари.2013
Статус: Офлајн
Поени: 3
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај јована583 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Февруари.2013 во 15:19
имам проектна за натпревар на тема ветрови, ја напишав ама незнам што би ставила како вовед, односно што ме инспирирало за таа тема, што е значењето на ветерот исл. ве молам многу е важно
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 5051525354 113>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,188 секунди.