|
Писмени состави,семинарски... |
Внеси реплика | страница <1 4950515253 113> |
Автор | |
IVVVAD
Нов член Регистриран: 05.Март.2013 Статус: Офлајн Поени: 4 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
delo od starospanska literatura, nema konkreten avtor prepis ima napraveno per abat...
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Sekoe delo si ima svoj avtor,neli?
Vaka napishan post ,mene ne me asocira na nishto konretno! |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ima li avtor taa pesna?
|
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
IVVVAD
Нов член Регистриран: 05.Март.2013 Статус: Офлајн Поени: 4 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ова е од песната за сид тема
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Od koj avtor ti e ovoj Sid?
|
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
IVVVAD
Нов член Регистриран: 05.Март.2013 Статус: Офлајн Поени: 4 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Dali moze nekoj da mi pomogne mi treba da napisam esej na tema ,,Junakot Sid herojski zastanat vo pohodot za odbrana na cesta i dostoinstvoto,, mi treba za utre ...
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
I od ovoj text iskoristi neshto:) Софокле кариерата на драмски автор ја почнал кога имал околу 27 години. Во 468 година се пријавил на натпреварот за најдобро драмско дело и го освоил првото место пред Есхил, кој тогаш бил познат и признат трагичар. Софокле во еден период од својот живот активно учествувал во политичкиот и општествениот живот на Атина. Извесно време бил стратег и учествувал во походот против Самосците. Според зборовите на царот Перикле имал малку дарба за воен стратег, па затоа по Самоската војна(441-439 година) Перикле му доверил дипломатска служба. Во дипломатката мисија бил на островите Хиос и Лезбос. Извесен период бил свештеник на богот Амин(бог на лекарите). Освен што бил пријател на Перикле, одржувал пријателски врски со многу поети и уметници во тоа време. Животот го поминал, главно, во Колон и во Атина, и му бил исполнет со семејна среќа и незначителни успеси. Умрел во 406 година и бил погребан во семејната гробница. Државникот Ликург се погрижил за неговата биста заедно со биститие на Есхил и Еврипид да биде ставена во Атинскиот театар, а драмите да му се препишат и да се чуваат во државниот архив.
Одговорот на гатанката што го кажал Едип гласел:
|
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Izvadi nekoj biten segment od sledniov post:) Софокле - „Цар Едип“Трагедијата
е вид драмско дело кое што настанало во античка Грција, а била гледана
само од благородниците, поради што била пишувана само во возвишен стил.
Во трагедијата се пишува за безгрешни јунаци, чиј живот на почетокот е
навидум среќен, имаат се што еден човек може да посака, но на крајот тој
станува трагичен, но не по вина на главниот лик, туку по вина на
судбината. По гледањето на овој вид драма, гледачот ќе треба да се соочи
со чувство на катарза. Софокле
како еден од најистакнатите трагичари на сите времиња, напишал многу
драми, меѓу кои и „Цар Едип“, која се смета за совршена трагедија,
бидејќи ги содржи сите елементи, а особено е истакнат моментот на
трагедија и е прикажан еден трагичен човечки живот. Едип,
син на кралот Лај и кралицата Јокаста; Според пророштвото, кое на Едипа
му било проречено уште пред неговото раѓање, тој го убива татка си и се
жени за мајка си. Кралот Лај од страв да не се исполни пророштвото,
кога се родило детето, наредил да го однесат на планината Китерон и да
го остават таму. Таму го пронашле овчарите на кралот Полиб и го однеле
во кралскиот дворец. Кралот Полиб, бидејќи бил бездетен, го одгледал
Едип како свое чедо. Како младич, Едип разбрал дека не е син на Полиб и
отишол во Делфи со цел да ја дознае вистината за своето потекло.
Пророчиштето наместо одговор, му соопштило дека ќе го убие татка си и
дека ќе се ожени за мајка си. За да го избегне отстварувањето на
пророштвото, Едип не се вратил повеќе во Коринт. Неговиот вистински
татко, кралот Лај, вознемируван од дамнешното пророштво дека ќе биде
убиен од синот, тргнал кон Делфи за да го праша пророчиштето што се
случило со детето оставено на Китерон. На пат кон Делфи, на едно тесно
распаќе се сретнува со Едипа кој се враќал од истото место. Помеѓу нив
избувнала кавга, и Едип го убива Лаја не знаејќи дека тоа е неговиот
татко. Тој го продолжува својот пат. Веќе подолго време, во близината на
Теба стоело крилатото чудовиште - Сфинга (Химера=козјо тело, женска
глава, змијска опашка), кое на патниците им поставувало една загатка
(кое суштество оди на четири нозе, па на две, па на три), и доколку
немала повратен одговор, сфингата ги голтала патниците. Граѓаните на
Теба, прогласиле дека на оној кој што ќе ја реши загатката ќе му ја
дадат кралицата Јокаста за жена а воедно и тронот. Едип кога дошол пред
Теба, ја одгатнал загатката на Сфингата, и и го дал одговорот (човек), а
таа од мака се фрлила од карпите. Едип се оженил за Јокаста (незнаејќи
дека таа е неговата мајка). Откако тој завладеал со Теба, таму
завладеале чума и глад. Пророчиштето кажало дека таа несреќа од Теба ќе
исчезне тогаш кога ќе се пронајде убиецот на Лај. Едип, незнаејќи дека
тоа е самиот тој, наредил да се бара, и го проколнал да биде изгнаник, и
никој да не го прима во својот дом. Не знаејќи, тој сам си ја изрекол
својата пресуда. Пророкот Тиресиас ја открил големата вистина... Јокаста
се обесила во својата соба кога разбрала за лошата вест, особено за
инцестот. А Едип ги извадил иглите од нејзината коса и си ги избодел
очите, за да не мора да ги гледа своите родители во подземниот
свет. Кога се открило дека Едип е убиецот на Лај, неговите синови
Етеокле и Полинејк, го симнале татка си од престолот и го заклучиле во
одаите на дворецот. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
janat.
Нов член Регистриран: 04.Март.2013 Статус: Офлајн Поени: 1 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
дечки ми треба состав "Белезите на старогрчката драма во трагедијата цар Едип" ве молам некој ако знае да ми даде хитно е :)
|
|
elenaaa91
Нов член Регистриран: 04.Март.2013 Статус: Офлајн Поени: 2 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Фала
А нешто општо на оваа тема може да ми помогнете зошто прво ми треба воведен дел да пишувам за темава,а кон средината мал дел да посветам на делово...позз |
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Eve ushte neshto: Пустина започнува со диск*рс кој застапува една наследна наративна „придавка“: постои една состојба на работите, од претходно дејство: Арсо и Глигор, двајцата преживеани од акцијата на солунските атентарори се наоѓаат во затвор; нив ги изведуваат на судење и паралелно со текот на судењето, во ретроспекција се дава текот на акцијата. Пресудата е првото јадро во романот: оние што се бореле за слобода се осудени на смрт со бесење. Втората глава се случува во еден малоазиски затвор. (..) Тука станува збор за наративна единица од типот на чекање (пресудата ќе се изврши или не), која ќе му послужи на нараторот да исцрта цела една галерија престапници во затворот. (..) Се трага по смислата на злосторот и од гледна точка на ликовите се обидува да се оправда тој кога е во функција на позитивна антрополошка вредност (револуцијата на Глигор и Арсо). Конечно крајот на втората глава отвара простор за ново јадро: добиено е ветување од еден човек дека ќе ги изведе Глогора и Арсо од затворот. Се отвара бинарна алтернатива: ликовите или ќе избегаат од казната што ги очекува, или ќе останат во затворот. Сижето се наоѓа пред нова критична точка“; проблемот е во тоа што новото јадро, ветувањето не е само дистрибутивна, ами и интегративна функција која упатува и на вертикално читање: јадрото станува и индиција за моралната состојба на ликот Арсо: „Може ли и каде да се избега од совеста, тој необичен тиранин?“. Од тоа јадро натаму (бегство = слобода) Арсо и Глигор имаат различни наративни цели: Глигор ја гледа слободата во животот, додека Арсо гледа конечно ослободување во смртта (прави план да се убие). Тоа го носи третото јадро во романот: бегството кое само делумно е успешно – Глигор успева да избега низ отворот на пештерата, а Арсо останува внатре. Четвртата глава („Пак заедно“) Арсо и Глигор се повторно заедно и тоа отвора можност за нова наративна програма. Арсо е во нов затвор веќе две-три години, кога, еден ден Глигор влегува во неговата ќелија: бегството на Глигор било од „времен“ карактер. Следува ретроспекција: се соопштуваат случките на Глигор со јатакот Едип, потоа љубовната епизода со Арапката Смарагда. Повторно бегство, Глигор е на излезот, Арсо веќе се има обесено пред излезот, внатре. Паралелизам со претходното дејствие, само што овој пат Арсо одлучува да си го одземе животот и да стави крај, вистински финиш на својата револуционерна приказна. Тоа повтроно бегство на Глигора на наратот само му служи да го докомплетира ликот на Глигора, да го оправда неговиот витален став кон животот, додека пак, за Арсо, неговата одлучност и поврзаност од животен карактер кон идеалот и целта што ги поставува пред себе. Пустина е во вистинска смисла на зборот роман на ликот, дури, би можело да се рече дека тој е роман со само еден лик, лик на револуционер во кој остро се јавува моралната дилема: револуција (смрт) или живот (ропство). И Арсо и Глигор сакаат да се слободни, само станува збор за различни интерпретации на еден ист наративен субјект – слободата. Во разговорот со ладнокрвниот убиец Џемаил-Ага, тој не може да ја сфати смислата на убивањето во револуцијата, па ја поистоветува неа со обичниот злостор. Арсо, за разлика од Глигор кој е активен лик, доживува грозно измачување на совеста, тој е пасивен лики. Дури и кога разговараат за љубовта Арсо (во сеќавањата за Ана) се залага за „духовна“ , а Глигор за „телесна“ љубов. Ана на Арсо е видно интелектуализирана, соучесник во револуцијата и во дебатите на смислата на животот и слободата, додека Смарагда на Глигора е егзотично еротизирана. Во најголем дел од романот гледната точка е онаа на Арсо (со исклучок на епизодата со судењето во кое на неколку странички се допушта гласот на нараторот да раскажува гледајќи со очите на Глигор, како и некои други помалку важни партии). Нараторот е многу помалку со Глигор, тој дури кога настанува физикално разделување на двата лика се решава за гледната точка на Арсо, а потем, откако Глигор е фатен и вратен, самиот лик раскажува за своите доживувања низ пустината. Значи, нараторот покажува извесна склоност кон гледната точка на Арсо; тоа е оној ефект што Ејтен Сурио, пишувајќи за драмските ситуации го нарече ефект на „симпатичен лик“. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Elena,iskoristi neshto od ova:) Ѓорѓи Абаџиев „Пустина“ (раскажана)Ѓорѓи Абаџиев (1910-1963)е роден во Дојран, но за време на Првата светска војна, неговото семејство емигрира прво во Грција, а потоа во Бугарија. Во Софија живее до 1948 година каде се школува, учи гимназија и студира право. Членува во „Македонскиот литературен кружок“ заедно со Вапцаров, Неделковски и други, каде ја започнува својата литературна дејност. 1948 доаѓа во Скопје каде живее до крајот на животот.
Неговото целокупно литературно творештво му припаѓа на
жанрот на историската белетристика. Напишал неколку збирки раскази од
кои најпознати му се: „Епопејата на ножот“ и „Последна средба“ и два
романа: „Арамиско гнездо“ и „Пустина“
Пустина
„Пустина“ е историско - психолошки роман.
Темата е земена од историјата, односно периодот пред Илинденското востание, пролетта 1903.
Опишани се солунските атентатори - гемиџиите (за нив повеќе на мојот друг блог), поточно внатрешната состојба на двајцата преживеани извршители на акциите - Арсо и Глигор.
Идеја - секој на свој начин треба да го плати долгот кон татковината.
Авторот употребува дијалог, монолог - интроспекција
(влегување во сопствената внатрешност) и ретроспекција (враќање во
минатото).
Содржина
Романот е составен од осум глави.
1. Презир
На почетокот од романот се запознаваме со двата главни лика,
Арсо и Глигор кои по атентатите се затворени, како и со филозофијата на
гемиџиите:
„На хероите ликот им е чист само кога се мртви. Живите херои
не се херои... Ние сме дојдени да не се согласуваме, ние сме создадени
да го порекнуваме она што постои“.
Овие зборови храбро изречени од Глигор, ни го претставуваат
како бунтовник, како човек кој не се помирува со својата и со судбината
на татковината. Тој стои гордо, предизвикувачки ги гледа сите со своите
живи костенливи очи, неговото тело е јадро, косата непокорна и дива.
Неговата појава ги дразни сите присутни, а неговиот ироничен говор уште
повеќе. Тој им вели:
„Се уплашивте? Вие сте многу. Ние сме останале само двајца.
Сакавме само да ве подразниме, да го вознемириме вашиот сладок спокој,
да фрлиме само камен во вашето блато, та луѓето што носат осетливи
носеви да го сетат лошиот мирис... Само тоа. Што можеме ние друго?“
За разлика од него, Арсо е тивок, мирен, молчалив и само
чека да помине целиот циркус (судењето), за конечно да дојде пресудата и
смртта која ја ветил.
Преку судскиот процес кој е во тек, се запознаваме со
акциите кои ги извршиле, за потопувањето на францускиот брод
„Викторија“, за разрушувањето на Отоманската банка и со казната што ја
добиваат - смрт со бесење.
2. Реалност
Во оваа глава е опишан затворскиот живот и правилата кои
владеат таму. Авторот воведува нови ликови : Џемаил - ага - насилник и
господар во затворот, кој од сите зема пари за заштита, а оние кои
немаат да му дадат, ги убива. Тој може да избега од затворот, но не
сака, бидејќи тука сите го почитуваат и се плашат од него за разлика од
надвор, каде е презрен. (Тој имал многу жени, но по љубовта со нив, ги
убивал и ги фрлал во море.) Патрокле е една од неговите жртви во
затворот. Тој бил имотен трговец, кој за да си го зачува животот му дава
пари на Џемаил-ага.
Арсо и Глигор се сосема спротивни ликови и физички и
психички. Во затворот, Арсо постојано седи во некој агол, не сака да
разговара со никого, се му е здодевно, размислува, се навраќа на
минатото, купува хашиш за да се самоубие и едвај чека да дојде судниот
час. Глигор, напротив, цело време е во движење, ги запознава сите во
затворот, интересни му се туѓите животни приказни, ведар е, полн со
живот и изнаоѓа начин да избегаат од затворот, но при бегството тој
успева, а Арсо - не.
Во меѓувреме султанот ги амнестира и наместо смртна казна тие добиваат доживотен затвор.
3. Распнување
Осамениот Арсо живее во минатото, опкружен со звуците од дворот
на затворот. Се сеќава на сестра си Анѓа, на родителите кои не ни
претпоставувале во што ќе се впушта, на ликовите од прочитаните книги на
кои им завидува бидејќи тие ја бараат и ја наоѓаат смислата на своето
постоење, за разлика од него.
4. Карпа
Во четвртата глава преку сеќавањата на Арсо се прикажани
подготовките на атентатите - копањето тунел од берберницата до банката.
При копањето наишле на водоводна цевка која ја совладуваат, па на карпа
која речиси не може да се совлада, но Арсо бил посилен и од неа. Тогаш
тој бил упорен, силен и истраен.
Арсо се сеќава и на својата девојка Ана, неговата платонска
љубов кон неа и нејзината женственост и страст кои тој не сакал да ги
задоволи за да не ја врзе за себе. (Според Глигор, таа е една обична
жена која сака да биде задоволена и е навредена од односот на Арсо кон
неа.)
5. Пак заедно
Фатениот Глигор е повторно со Арсо и му раскажува за
патешествието низ Сахара, за девојката Смарагда која го лекувала.
Раскажува дека во бегството му помогнал чуварот Едип кој бил многу
сиромашен и имал несреќна семејна судбина. Синот му бил осуден, а жена
му и ќерките болни. Се наоѓал во вистински безизлез, но Глигор со својот
оптимизам му помогнал и му ја вратил желбата за живот. Затоа тој го
водел низ пустината, но при невреме, во една песочна бура - исчезнал.
Арсо се разболува, паѓа во бесознание и во своето бладање и
халуцинации ги меша неговата девојка Ана и девојката на пустината
Смарагда.
6. Жрепка
Оваа глава е сеќавањето на Арсо на атентатот. Тој бил уапсен
бидејќи излегол од зградата на банката пред да експлодира, но тоа го
направил од хумани причини. Забележал семејство со дете кои не можел да
не ги спаси, ги фрлил последните бомби и не успеал да се самоубие.
7. Во детството
Болниот Арсо оди уште подалеку во своите сеќавања - во
неговото детство. Тој бил многу добар и примерен ученик, а на една
приредба се покажал и како многу надарен. Покрај тоа, му помагал на
татка си во дуќанот, но шивачкиот занает не го привлекувал, па го
праќаат во Солун да учи.
8. Излез
|
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
elenaaa91
Нов член Регистриран: 04.Март.2013 Статус: Офлајн Поени: 2 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Здраво ми треба состав на тема:"смртта е среќна,животот срамен"од делото Pustina-Gjorgi Abadziev е темата.
Прво ми треба општо на темата да се пишува и во средината малце да се опиши и за делото од писателов...позз |
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Za tvoreshtvoto na Gane Todorovski mozhete da iskoristite neshto od ova:
|
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Внеси реплика | страница <1 4950515253 113> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |