IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Образование
  Активни теми Активни теми RSS - Писмени состави,семинарски...
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Писмени состави,семинарски...

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 4849505152 113>
Автор
Порака Обратен редослед
 Оцена: Оцена на тема: 3 Гласови, Просечно 3,00  Тема Пребарувај Тема Пребарувај  Опции за темата Опции за темата
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Март.2013 во 22:49


Големата вода - Живко Чинго

Големата вода - Живко Чинго

Роман прераскажан од детска преспектива. Роман за судбината на децата сирачиња, децата оставени сами по војната. Сместени во домот Светлина во кој од никаде не продираше ниту зрак светлина, приморани сами да се грижат за себе. Принудени да се одржуваат во живот само со своите соништа, патувајќи во посакуваните простори, живеејќи еден сон далеку од секој ред и дисциплина што се бара во домот.

Наспрема нив во романот се дадени и возрасните како противници на детските сонови, уништувачи на секоја трошка надеж, на секој светол стремеж за подобар живот. За нив постои само сега, овде, вака и никако поинаку. За нив постои само овој ред, само овие закони, кои тие ги поставија.

Соновите се забранети, забрането е и мечтаењето, сé што отстапува од нивните правила е забрането. Но, и покрај сè тие ќе сонуваат! Ќе сонуваат за подобар живот, за подобар дом, топло дом, чист дом.

Во светот на домот каде што секој со секого се мрази и поткажува, каде владее злобата, омразата, создавањето на карактеристиките, премногу е тешко еден сон да остане чист, недопрен од омразата, едно пријателство да опстане, да доживее остварување на сонот.

Лем својот сон ќе го спознае покрај својот пријател, Кејтеновиот син, дете кое ќе има сила и храброст да му се спротивстави на секого само да го оствари својот сон. Дете кое не знае за тага, за него само смеата е опијат кој ќе го однесе до големата вода, до она по што цело време копнееат, до Сентерлевиот рид, до неговата мајка. За нив двајцата не постојат граници, не постои ѕидот, не постои ништо што не би можеле да го поднесат само да дојдат до неа.

Но за да се стигне таму, на Сентерлевиот рид требаше да се помине целата вода, да се досонува сонот. А секој сон може да биде досонуван само со љубов, само со поддршката од пријателот покрај тебе кој ќе те дигне и тогаш кога нема да можеш самиот да станеш, кој ќе продолжи да сонува и за двајцата, кој ќе те натера повторно да поверуваш дека големата вода и Сентерлевиот рид постојат, и дека само заедно ќе ги освоите. Само заедно и со љубов. Бидејќи не постои сон кој не може да стане реалност, но треба силна верба.

Сонот за слободата на воените сирачиња ќе остане недосонуван, но тоа не значи дека нема да продолжат да сонуваат за неа, за големата вода, за слободата.

Покрај романот на Чинго од 2004 година постои и истиименуван филм во режија и сценарио на Трајков Иво и музика на Кирил Џајковски.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Март.2013 во 22:46
Poveli i drug pat Tina:)
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
tina94 Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Март.2013
Статус: Офлајн
Поени: 2
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај tina94 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Март.2013 во 22:03
Благодарам многу
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Март.2013 во 21:56
Пиреј-Ликот на Велика


Како сто троскотната трева пиреј е истрајна, неунистива и издрзлива, така е истрајна, издрзлива и неунистива македонската зена.Пирејот е троскот кој колку сакас мозес да го кубис, корнес, но немозес да го униситшс Тој цим ја допре земјата пак се фака, озивува, потерува. Нисто не ја нисти тааа трева.

Во романонот Пиреј, Петре М. Андреевски македонската зена ја споредил токму со пирејот. Оваа зена не се нисти, не се истребува. Таа после сите страданја И маки повторно озивува, потерува, рагја. Таа е мајка која како Велика истрајува пред силите сто сакаат да ја искорнат розбата сто таа ја рага, мува, се гижИ за неа, ја сака. Судбината на оваа жена е лична, семејна но И колективна.Велика, селска девојка со голема морална чистота, патријархално воспитана, сериозна И работлива, издржлива личност која не умее или несака своите емоциии да ги разоткрие, да ги покаже пред другите.Како и секоја девојка од тоа време ја крие својата заљубеност и се мажи со стројници. Се заљубува во убавиот и стоен Јон, се мажи за него и како млада родилка го испраќа на фронт. Останува со своите пет дечиња сама, без заштита. Како типична македонска мајка се грижи за нив, се справува со сите маки ипроблеми. Го носи товарот на плеки го живее македонското воено секојдневие. Ја живее стварноста на туѓата војна на македонското тло. Се мачи, страда но не офка не се жали. Можеби затоа животот ја казнува. И умираат сите пет деца. Ги закопува во со крв натопена земја. Едно сабајле, едно навечер. Болката по умрената рожба И ја кине утробата, ја исполнува со неизмерна болка, тага. Маченичките доживувања ги живее во исчекување на мажот. Се надева дека барем тој ќе се врати жив, ќе ја утешИ, ќе ја сподели болката со неа. Но од фронтот се враќа пијаница, човек кој ја тепа И понижува пред сите. Човек кој се измачува од доживувањата во туѓата војна. Човек кој се јади заради страдањата што ги видел. Бесот на немоќта го истура врз Велика. Нејзината болка се наталожува, зголемува. Умира И тој кој толку долго го чекаше да се врати.

          И на крајот на тунелот бликнува светлината на иднината. Во нејзината утроба расте посмртчето на Јон. Го раѓа своето шесто дете Роден. Јар аѓа својат а светла перспектива во сета мачна И темна трагика на животот. Оваа издржлива, неуништива жена со издржливо срце ја доживува повторната среќа. Жената со длабоки мајчински чувства, трагичн пресврти во личната и семејната среќа, како пирејот пак се фаќа, потерува, оживуваа. Станува неуништива. Смогнува сили, го совладува очајот, ја разбира смислата на опстојувањето, ја разбира иднината. Тргнува во живот, во нова иднина заедно со својот Роден,



Изменето од Valerija - 06.Март.2013 во 22:59
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Март.2013 во 21:55
Црно семе- Ликот на Доне

    Барањето на  сопствениот  идентитет и крвавата борба за национално и човечко обезличување,  е изразна тематика и филозофска мисла во многу романи од минатото. И денеска,  ние сеуште  се бориме против отуѓувањето на човекот од неговиот национален идентитет како најжесток и најбрутален атак врз човечката личност воопшто. Човекот без идентитет всушност е подложен на ментално и психолошко разорување, на национално и социјално понижување како и на најмонструозна асимилација.
    Романсиерот Ташко Георгиевски со своето целокупно раскажувачко и романсиерско дело посебно во неговиот роман "Црно семе" ни дава едно потресно сведоштво за насилството, тоа ужасно средство што го создал разулавениот човечки ум, за да  обесчести, обесчовечи и обезличи друг човек само за да му го оспори  идентитетот.  Трагичната одисеја на егејските Македонци по граѓанската војна во Грција е трагичен од до пеколот. "Егеецот" е човек искорнат од својата земја, од својот национален и културен идентитет, од својот сопствен живот и фрлен во бескрајна празнина, во безмерна пустош. Одземена му е соптвенета егзистенција и фрлен како црно семе да 'рти во бездомност, во туѓина, во јабана, во лелек, крик и плач по родното огниште.  Монархистичкиот режим одвојува една "сомнителна " група војници на грчката армија, кои ги смета за комунисти и Македонци, обидувајки се од нив да изнуди признание дека се откажуваат од комунизмот и од својот национален идентитет. Бидејки тие одбиваат ги водат на еден пуст егејски остров, на едно ужасно мачилиште да ги скршат и да ги претворат во лојални поданици на кралот на Грција.
 Неколку офицери, подофицери и војници, своевидни садисти и манијаци, служејки се со монструозни методи на измачување сакаат да ја разорат нивната душа и нивниот ум. Во средина каде се одвива агонијата на човечката деградација, Георгиевски успева да оствари едно човечко трење, неможното да го направи можно.
 Страдалниците на овој роман во вителот на човечкото страдање, во пеколот на ужасниот масакар, се креваат во отпор кон злото, покажувајки големо човечко достоинство бранејки го својот идентитет. Се издигаат неколку впечатливи ликови: Доне,Христо, Марко, Нико и многу други низ кои авторот открива дека човечкото достоинство не може да го скршат никакви насилства, страданија. Доне е војник на кралската војска кој треба да потпиеше изјава дека му е лојален на кралот. Кога тој одбива е прогласен за виновен. Тогаш почнуваат неговите маки И страданија. Подложен е нна разни страданија И  го тераат да потпиеше изјава дека не е  комунист И Македонец. Доне , овој простодушен горд македонски селанец сфаќа дека со својот непокор го продолжува својот идентитет. Знае дека ако како Марко ја потпиеше изјавата ќе биде предавник. Знае дека ништо неможе да го испере срамот на човечкото морално паѓање кога ќе се предаде својата земја, бидејки со тоа се предаваат и сите идни поколенија. За него човекот треба да остане свој, да не си ја расипе душата, да не го потпиеше признанието на предавството, на откажувањето од своето. Смета дека треба стоички да издржИ, да не го обземе чувство на страв.  Несака да размислува за стравот дека нема да се врати во родното село, дека ќе ги остави коските на овој пуст остров. Напротив  се искалува, се челичИ, националноста негова го прави да биде појак, да не ги осудува оние послабите кои попуштаат, кој потпиешуваат изјави.
    Основниот судир кај Георгиевски се крева на ниво на судир меѓу доброто и злото, насилството и отпорот, љубовта и омразата, храброста и страшливоста, подлоста и херојството, темната и светлата страна на животот. Романот "Црно семе" преставува безвременски патоказ на возвишен отпор кон силите на злото, кон силите што се стремат да го понижат човекот кој се бори да го сочува и одбрани својот изворен, национален и човечки идентитет. Овој безвремен патоказ го прави Доне лик кој треба да биде пример, кој треба да се памети И следи. 
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Март.2013 во 21:52
Ликови во Тартиф


Во ликот на Тартиф Молиер создал типичен лик на лицемер. Тој е измамник скриен зад свештеничката наметка, кој на многу перфиден начин ги искористува слабостите на другите луѓе. Својата подлост многу добро ја маскира. Тој секоја лага и злодело ги прикрива со вишите цели, односно со црквата и Господ. Кога Оргон го брка сина си од дома, тој тоа дело го смета за полезно за црквата, кога му го дава имотот - го прифаќа од страв да не падне во лоши раце. Но, за да го задржи имотот, оди и го шпионира кај власта дека Оргон има тајни документи. Од богомолец тој лесно се престорува во шпион. Сепак, најнегативните особини на Тартиф се гледаат при заведувањето на Елмира - развратен, сладострастен, ненаситен, дволичен, алчен, неверник, омаловажувач на вербата во Бога, па и на самиот Бог. Неговите страсти ги става пред се.
Преку ликот на Тартиф, Молиер насликал типичен лик на неговата епоха, кој подоцна станува синоним на лицемерство и лажна набожност.

Оргон е богат, лековерен набожник. Неговата заслепеност се граничи со глупост. Тој не е во состојба да го препознае лицемерното пријателство и потпаѓа под влијанието на Тартиф. Тој оди до таму во својата наивност што е подготвен за некој новодојденец да се откаже од сопственото семејство. Го дава имотот, го брка синот, ја дава ќерка си на Тартиф - до каде ли треба да оди неговата глупавост и наивност? Тој мора да слушне со свои уши и да види со свои очи дека е измамен, бидејќи не им верува на своите блиски, туку му верува на лажливиот туѓинец.

Госпоѓата Пернел е слична на својот син. Тие двајцата се на истата страна - го заштитуваат лицемерот толку слепо и фанатички и затоа се носители на смешното во драмата. Таа е религиозно заслепена, против земните уживања и смета дека сите што не мислат како неа - грешат. Па, дури е навредена од туѓото поинакво мислење и затоа демонстративно ја напушта куќата.

Останатите ликови се спротивни на Оргон и мајка му. Тие се позитивни ликови, кои со здрав разум успеале да се ослободат од религиозното чувство и да ги согледаат вистинските намери на Тартиф.
Елмира е добра сопруга, мајка и снаа, која сака да помогне во разобличувањето на Тартиф. Таа сака да ја одбрани својата чест и да го разубеди заслепениот сопруг, па затоа божем го заведува Тартиф.
Дамис е чесен и искрен и се обидува отворено да му каже на татка си дека е заведен.
Дорина е посебно изграден лик преку кој се претставени широките народни маси и нивните позитивни особини: доброта, умност, трезвеност, здрав разум и критички став. Таа е многу интелигентна и веднаш ги сфаќа намерите на Тартиф. Иако е слугинка, таа јасно, преку лесен хумор ги изнесува своите ставови. Целосно му е предадена на семејството и секогаш е тука за да помогне да се разрешат конфликтите. Особено ја поддржува Маријана, којa е премногу мирна и покорна, и и помага да му се спротистави на татко и и да се избори за својата љубов.


Изменето од Valerija - 06.Март.2013 во 22:59
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Март.2013 во 21:51


Тартиф


Со величенствен стил и поетска имагинација Молиер во Тартиф ја предал сликата на едно буржоаско семејство, пред се карактерот на еден општествен тип кој во тоа време имал големо политичко знаење.Дали да се биде верен слуга на нормите и правилата што општеството ни ги поставува или да си креираме свои макар тоа би значело јавно
понижување и расипаност?
Лицемерието, како една од најголемите етички маскаради на човекот е добро позната и "плодна" тема, од која се црпи инспирација и се надополнува естетската страна на човековата слабост. Еден од најеклатантните примери на ваква драматургија, која остава неизбришлив траг во историјата на сценската уметност, е бездруго Молиеровиот "Тартиф". Овој лик е интересен бидејќи постоел, постои и ќе постои се додека човековата несовршена природа е присутна во Светот. Оттаму е сценското "сликање" на Тартиф како мотив да се "ѕирне" во човечката несовршеност.
Самиот Тартиф останува нејасен до крајот. Неможеме да најдеме одговор на прашањето дали е тој вистински свештеник, језуит, лаик во калуѓерск облека, агент на тајната полиција или некој скитник- измамник. Сепак е јасно дека тој не потекнува од високите кругови на општеството па и затоа можеби се впуштил во ваков подвиг, изфрустриран од своето постоење на маргините на општеството и својата сопствена беда. Притоа тој решил да заигра на црното, единствената боја на својата епоха.
Тартиф си ја ставил набожната маска само да може на лесен начин да дојде до богатството, а во Оргон го нашол токму она лице што му овозможи да ја постигне својата цел. Тој успеал толку да го заслепи Оргон што овој не само му ја отвара ширум вратата од својата кука туку му ја дава за жена својата ќерка и му го препишува цел свој имот. Дури тогаш кога е скриен под масата самиот ја гледа моралната нискост на Тартиф, кој сака да ја заведе неговата жена.
Но Молиер ниту мислел да даде слика на лицемерството воопшто. Тој всушност сакал да го стави својот прст на општествената рана што се јавувала во тој период, а која оличена во оној тип набожник кој, имал задача да ги води луѓето во недрата на црквата. Во најголем број случаи овие раководители ги злоупотребувале своите функции за трупање пари од верниците. Токму затоа Тартиф се претставува како сатира на лажната набожност, сатира на самата религија.
Молиер ја создал реалистичната комедија која кипи од веселост и животна радост и здрав и народен хумор. Комедиите на Молиер ги носат најнапредните идеи на неговата епоха. Затоа се запишал во историјата до Корнеј, Расин и Лафонтен.



Изменето од Valerija - 06.Март.2013 во 22:53
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
tina94 Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Март.2013
Статус: Офлајн
Поени: 2
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај tina94 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Март.2013 во 21:41
Ми треба состави за "Пиреј" "Црно семе" "Големата вода" и Пустина" ако има некој нека ми прати
Кон врв
Nikollina_96 Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 06.Март.2013
Статус: Офлајн
Поени: 3
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Nikollina_96 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Март.2013 во 21:29
ми треба состав на тема:Пелигиозното лицемерство на ликот Тартиф во делото "Тартиф"
Кон врв
Nikollina_96 Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 06.Март.2013
Статус: Офлајн
Поени: 3
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Nikollina_96 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Март.2013 во 15:59
xxx


Ми треба состав на тема "Работата краси-мрзата гнаси"
Кон врв
Senny Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 06.Март.2013
Статус: Офлајн
Поени: 2
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Senny Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Март.2013 во 14:26
Dalii moze eden teskt za pismena rabotaa
"Rabotata krasi,mrzata gnasi"
i "Svetot na mladite vrz svetot na starite"???
Кон врв
bogov Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 06.Март.2013
Статус: Офлајн
Поени: 2
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bogov Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Март.2013 во 11:49
Zdravo na site mi treba edna pomos.Za dva dena pravam pismena, I god sum za temata:"Gnevot i odmazdata na Ahil-pricina za kraj na vojnata"
Кон врв
bogov Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 06.Март.2013
Статус: Офлајн
Поени: 2
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bogov Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Март.2013 во 11:47
Originally posted by computer computer напиша:


Originally posted by viktorzzz viktorzzz напиша:



najprvo zdravo na site..... mi trebat golema pomos i toa za slednite raboti



2.Rajko Zinzifov nesto kratko za nego i analizirana krvava kosula ili glas (glas e pomala)




Рајко Жинзифов (1839-1877) бил познат преродбеник и дводомен писател. Тој бил сестран деец -
публицист, преведувач и собирач на народно творештво.

Во почетокот на 1856 година се вработил во Прилеп како помошник-учител на Димитар Миладинов. Работата како учител
подоцна ја продолжил во градот Кукуш, каде заедно со Димитар Миладинов развиле голема
преродбенска дејност.

Подоцна заминал за Русија и се запишал на Историско-филозофскиот
факултет во Москва. Таму се движел во кругот на македонските
студенти и, покрај учењето, се занимавал и со писателска, преведувачка и
публицистичка дејност.


Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Март.2013 во 21:36
Ne mi e poznato nishto okolu ovoj prepis:(

Zalam,ne bi mozhela da ti pomognam:(
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 4849505152 113>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,156 секунди.