IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Вежбање
  Активни теми Активни теми RSS - Јога или пилатес?
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Јога или пилатес?

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 345
Автор
Порака Обратен редослед
BiG_kIsS Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Крајно сериозна во с'e

Регистриран: 01.Ноември.2006
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 8373
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BiG_kIsS Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Септември.2007 во 00:25

Што да одберете - Јога или Пилатес?

yoga

pilates

Кога е во прашање физичкиот бенефит од вежбањето, најчесто фокусот е на трите „С“ - сила, спремност и слабеење. И обично, фитнес програмите вклучуваат кревање тегови за јакнење на мускулите, со некаков вид на аеробични вежби за зголемување на кардиоваскуларната издржливост и „горење“ на калориите. Но, во последно време почнаа да се вреднуваат и други корисности, како на пр. флексибилност, координираност, држење и ослободување од стрес.
Не дека овие други корисности претходно не биле сметани за важни, но денес се повеќе се зборува за нив благодарејќи на „помеките“ и с# попопуларни форми на фитнес – јога и пилатес.

Јогата е популарна веќе со децении и за многу луѓе таа е омилениот начин за оформување на телото и смирување на духот. Пилатесот пак, иако е понов метод за фитнес, сепак има голем број на следбеници. И најчесто оние кои сакаат за започнат со ваков вид на фитнес, се прашуваат за разликата помеѓу јога и пилатес и која од овие две дисциплини повеќе би им одговарала.
Едноставно кажано, разликата помеѓу јога и пилатес е еднаква на разликата помеѓу Исток и Запад. Двата системи се ефикасни за јакнење на мускулите и зголемување на флексибилноста, а разликата не е толку многу во нивниот физички, колку што е во нивниот филозовски аспект.

Приказна за јога, приказна за пилатес

Одиме прво со јога. Јогата е базирана на источната идеја за движење на енергијата низ телото. Колку послободно се движи енергијата, толку сте Вие поздрави и поенергични. Физичката тензија е она што го попречува движењето на енергијата и по одредено време Вашето тело станува напнато и згрчено, а Вие чувствувате болка. Целта на јогата е да ја одржува еластичноста на Вашето тело преку движења и истегнувања. Но јогата има и друга димензија. Таа е холистичка спиритуална дисциплина која потекнува од источните форми на медитација. Физичките држења, иако влијаат на телото, сепак целат кон состојбите на умот. Тие ја симболизираат целта на живеењето на Вашиот живот во состојба на рамнотежа и спокојство. По часот на јога, се чувствувате опуштени и освежени.

Пилатес, од друга страна, исклучително влијае врз телото - и ниту една друга дисциплина не му е слична. С# започнало кога креаторот на пилатесот –Јозаф Пилатес, барал брз начин на рехабилитација за повредените војници по Првата Светска Војна. Тој развил асортиман од справи со системи со пружини, кабли и тркала кои се покажале како ефикасни за истегнување и јакнење, но и единствени поради моќта да ја поттикнат координацијата помеѓу мускулите кои го стабилизираат телото.

Техниките на пилатесот брзо станале популарни кај танчерките кои во оваа дисциплина виделе ефективен начин за подобрување на држењето и движењето на телото. Пилатесот базиран на вежбање со справи е посличен со бодибилдинг отколку со јога бидејќи вклучува движења наспроти отпорот (со помош на пружини) и цели кон оптеретување на мускулите. Отприлика исто како да кревате тегови – со или без справа. Од скоро време постои и нова форма на пилатес, која наместо со справи, се практикува единствено на простирка, и која е повеќе базирана на калистеничен стил на вежби и истегнувања. Оваа форма на изглед е многу слична на јогата, но сепак резултатите повеќе се однесуваат на физичка промена, отколку на спиритуален развој како што е случај кај јогата.

Изборот е Ваш

Генерално, јогата повеќе делува на тоа како се чувствувате, а пилатесот на тоа како изгледате – какво е Вашето држење и движење. Па, доколку Ви е потребно вежбање кое ќе Ве релаксира и опушти, кое ќе ги однесе на повисоко ниво Вашето тело и ум – Ви препорачуваме јога. А, доколку сакате подинамичен систем за јакнење и оформување на мускулите или пак сакате да пробате нешто различно и ново – во тој случај пилатес е одличен избор за Вас.

Всушност, не морате строго да се определувате за ниту една од овие две. На крајот на краиштата и не постои дисциплина која сама по себе може да Ви обезбеди комплетен физички бенефит. Токму затоа, Вашиот фитнес план треба да вклучува најразлични активности – вежби на справи за јакнење на мускулите, планинарење, истегнување, пливање... Најдобрата препорака која можеме да Ви ја дадеме е да пробате с# - и да видите што најмногу Ви одговара. Исток или Запад, важно е да се истражува!



Изменето од BiG_kIsS - 04.Септември.2007 во 00:28
Never be afraid to Dream... Live... Love and Laugh. Be afraid not to!!!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 345
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,156 секунди.