IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - ПРАВОСЛАВЕН КАЛЕНДАР:ДЕНЕС СЕ СЛАВИ
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

ПРАВОСЛАВЕН КАЛЕНДАР:ДЕНЕС СЕ СЛАВИ

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 34567 68>
Автор
Порака Обратен редослед
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Февруари.2011 во 15:06


Светиот маченик Георгиј Кратовски    

Македонец од градот Кратово. По занает златар. Во срцето и со сета душа христијанин. Имаше осумнаесет години кога Турците сакаа да го потурчат, но остана тврд во верата како прекрасен дијамант. Тогаш Турците го мачеа со најлути маки и најпосле жив го запалија. Пострада за Христа на 11 февруари 1515 година во Софија, во времето на царот Селим и се прослави со невенлива небесна слава.




Света Теодора

Грчка царица, сопруга на злобниот иконоборен цар Теофил. По смртта на овој цар царицата Теодора се зацари со својот син Михаил III. Веднаш го воспостави иконопочитувањето на Соборот во Цариград во 842 година. Во таа прилика беше востановено и празнувањето на победата на Православието коешто оттогаш се врши во првата недела на Чесниот пост. Оваа света, за Црквата заслужна жена, Му ја предаде својата душа на Бога на 11 февруари 867 година. Во тоа време на потполно торжество на Православието над сите ереси, според прекрасната Божја Промисла меѓу Словените беа испратени Светите браќа Методиј и Кирил како христијански мисионери.




Светиот свештеномаченик Власиј    

Родум од кападокиската област. Богобојазлив и кроток уште од раното детство. Заради своите големи добродетели беше избран за епископ на градот Севастија. Во тој незнабожечки град Св. Власиј беше големо духовно светило. Во времето на тешкото гонење на христијаните Св. Власиј го храбреше своето стадо и ги посетуваше Христовите маченици по затворите, меѓу кои особено се истакнуваше славниот Евстратиј. Кога градот Севастија остана сосем без христијани - едни пострадаа, други побегнаа - тогаш старецот Власиј се повлече во планината Аргеос и таму се насели во една пештера. Дивите ѕверови го познаа светиот човек и се приклонија кон него и ги милуваше. Но гонителите го најдоа светителот и во неговото скривалиште и го поведоа да му судат. Патем Власиј исцели едно момче на кое му беше застанала коска во грлото; и на поплаката на една вдовица дека волкот ѝ го грабнал прасето направи со силата на својата молитва и волкот го врати украденото. Мрачните судии го мачеа жестоко, го биеја и го стружеа. Со својата непоколебливост во верата Свети Власиј многумина ги обрати кон Христа. Заедно со него беа затворени седум жени и две деца. Прво ги заклаа жените, а потоа и чудесниот Власиј со децата. Пострадаа и се прославија во 316 година. Народот му се моли на Св. Власиј за здравјето на добиците и за заштита од ѕверовите.
Кон врв
stigma04 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Март.2010
Статус: Офлајн
Поени: 2661
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај stigma04 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Февруари.2011 во 14:25
     
VERATA NA[A RISJANSKA

Sveti Tri Svetiteli

MED ZA VERNITE I TRN ZA ERETICITE

Pi{uva: axika @ivanka FILIPOVSKA

Jovan, mitropolit Evhaitski - eden od istaknatite crkovni pisateli vo XI vek, imal vizija vo son. Sekoj od ovie tri svetiteli mu se javile oddelno, vo golema slava, krasota, a potoa mu se javile site tri zaedno i mu rekle: "Nie sme edno vo Boga...".
Svetitelot Zlatoust niz site vekovi ja propoveda na lu|eto milosta Bo`ja: "Milost stra{na od krvavata Golgota, kade raspnatiot Gospod na svetot zlostorstvata im gi prostuva".
Vo 1084 godina, za vreme na vizantiskiot car Aleksij I Komnen, e vostanoven zaedni~ki praznik vo ~est na golemite Tri Erarsi, premudrite vselenski u~iteli na Crkvata i Svetiteli: Vasilij Veliki, Grigorij Bogoslov i Jovan Zlatoust. Pri~inata poradi koja e vostanoven ovoj praznik na Tri Erarsi e slednata: Vo Carigrad, me|u u~enite lu|e nastanal spor okolu toa koj od ovie trojca svetiteli e najgolem. Edni go vozdignuvale Vasilij zaradi negovata ~istota, hrabrost, izu~uvawe na site nauki za toa vreme. Drugi go vozdignuvale Grigorij, zaradi negovata dlabo~ina na umot vo bogoslovieto. Treti go vozdignuvale Jovan zaradi negovata krasnore~ivost pri {irewe na verata. Nastanala podelba me|u tie lu|e i edni se narekle Vasilijani, drugi Grigorijani, a treti Jovaniti. No, Bog ne dozvolil ovoj spor da ne bide re{en.

12 02 2011 tri svetiteli

Sv. Vasilij Veliki, Sv. Jovan Zlatoust, Sv. Grigorij Bogoslov

Jovan, mitropolit Evhaitski - eden od istaknatite crkovni pisateli vo XI vek, imal vizija vo son. Sekoj od ovie tri svetiteli mu se javile oddelno, vo golema slava, krasota, a potoa mu se javile site tri zaedno i mu rekle: "Nie sme edno vo Boga, kako {to gleda{ i nema ni{to vo nas protivre~no ... nitu ima me|u nas ni prv ni vtor". Go zamolile da im sostavi bogoslu`ba i da im se odredi den za nivno slavewe. Mudriot Jovan datumot 30.01./12.02. go odredi za zaedni~ki praznik na ovie Tri Svetiteli. Prepodobni Jovan im sostavil i prekrasna bogoslu`ba.
Jas sum pepel tamu kade sto bev ogan
Кон врв
чаир Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чаир Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Февруари.2011 во 16:09
Преподобните Ксенофонт и Марија
и нивните синови Јован и Аркадиј     08/02/2011

> Угледни и богати цариграѓани. Живееја богоугодно и со најголемо внимание ги воспитуваа своите синови во христијански дух. Кога синовите им пораснаа, ги пратија на студии во Вирит (Бејрут); но се случи бура го потопи коработ. По Божја Промисла Јован и Аркадиј беа некако спасени и исфрлени од брановите на брегот, но на две различни места, така што секој мислеше за другиот дека потонал. Од тага еден за друг обајцата се замонашија во два различни манастири. После две години нивните ужалени родители појдоа во Ерусалим на поклонение на светостите. Таму со помош на проѕорливоста на еден духовник се состанаа прво брат со брат, Јован и Аркадиј, а потоа и родителите со своите деца. Од благодарност кон Бога Ксенофонт и Марија и самите го раздадоа сиот свој имот на сиромасите и обајцата се замонашија. Трогателната историја на овие четири свети души јасно покажува колку прекрасно Господ раководи со судбините на оние што веруваат во Него; како допушта врз нив маки и жалости за потоа уште позасилени во верата да ги возведе во многу поголема радост. Живееја и се упокоија во Господ во 10 век.
Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
Кон врв
чаир Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чаир Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јануари.2011 во 22:04
Свети Сава, архиепископ Српски     27/01/2011

Син на српскиот жупан Стефан Немања, се роди во 1169 година. Како млад жеднееше за духовен живот, заради што побегна на Света Гора, каде што се замонаши и со ретка ревност го мина сиот подвижнички раст. Немања тргна по примерот на синот, па и самиот дојде на Света Гора, се замонаши и умре како монах Симеон. Сава издејствува кај царот и кај патријархот независност за српската Црква и стана прв архиепископ српски. Заедно со татко му го подигнаа манастирот Хилендар, а потоа и многубројни манастири, цркви и училишта по српската земја. Двапати патуваше на поклонение во Светата Земја. Ги измируваше своите браќа раскарани околу власта, ги измируваше Србите со соседните народи. Се упокои во Трново, во времето на царот Асен, откако се разболе после литургијата на Богојавление, на 12 јануари 1236 година. Кралот Владислав му го пренесе телото во Милешево, од каде што Синан паша го зеде и го запали на Врачара во Белград, на 27 април 1595 година.
Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
Кон врв
чаир Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чаир Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јануари.2011 во 22:04
Света Нина, просветителка на Грузија     27/01/2011

Роднина на Светиот великомаченик Георгиј и на ерусалимскиот патријарх Јувенал. Бидејќи мајка ѝ и татко ѝ, кападокиски благородници, се замонашија, беше воспитана под надзор на патријархот Јувенал. Уште од малечка кога слушна за грузискиот народ, Света Нина сакаше да отиде во Грузија и да ги покрсти Грузијците. Ѝ се јави Пресвета Богородица и ѝ вети дека ќе ја одведе во таа земја. Кога Господ ѝ го отвори патот, младата Нина навистина отиде во Грузија, каде што за кусо време стекна голема љубов кај народот. Успеа да го покрсти грузискиот цар Миријан, неговата сопруга Нана и нивниот син Бекар, коишто потоа ревносно ја помагаа нејзината мисионерска работа. Во текот на животот Света Нина успеа да ја изврви цела Грузија и да го преведе главно сиот народ во верата Христова, и тоа токму во времето на страшното гонење на христијаните од страна на Диоклецијан. Отпочина од своите многубројни трудови и се упокои во Господ во 335 година. Нејзиниот гроб се наоѓа во Самтаврскиот храм. Изврши многу чуда за време на животот и после смртта.
Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
Кон врв
чаир Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чаир Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јануари.2011 во 15:17
Блажениот Михаил     24/01/2011

Јуродив заради Христа. Се правеше луд за да ја скрие од светот својата добродетел и за да не биде фален. Така си приготви себеси пофалба од Бога. Се упокои во 1453 година во Клопскиот манастир, близу Новгород, каде што му почиваат и моштите.
Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
Кон врв
чаир Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чаир Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јануари.2011 во 15:16
Преподобен Теодосиј Велики     24/01/2011

Прв востановител и устроител на монашкото општежитие. Роден е во областа Кападокија, во селото Могаријаси, од благочестиви родители. Како млад го посети Св. Симеон Столпник којшто го благослови и му прорече голема духовна слава. Со кадилницата во која стави ладно ќумурче и темјан, Теодосиј бараше место за да се насели и да основа манастир и запре таму каде што ќумурчето само од себе се разгоре. Овде се насели и почна да се подвизува. Наскоро околу него се собраа монаси од странски земји. Заради тоа изгради по една црква за секој јазик на кој се зборуваше во обителта, и во слава Божја истовремено служеа и се пееја на грчки, ерменски, грузиски итн. Но во денот кога се причестуваа, сите браќа се собираа во големата црква, во која се служеше на грчки. Трпезата и имотот им беа заеднички на сите, трудот и трпењето заеднички, а неретко и гладувањето. Теодосиј им беше возвишен пример за живот на сите свети монаси, пример во трудот, во молитвата, постот, бдеењето и во сите христијански добродетели. И Бог му подари дар на чудотворство, па можеше да исцелува болни, да се јавува на далечина и да помага, да умножува леб и пченица. Молитвата му беше на усните дење и ноќе. Се упокои мирно во Господ кога имаше сто и шест години, во 529 година.
Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јануари.2011 во 19:54
Денес во Македонија се слави празникот Водници.Да са живи и здрави сите каде денес празнуваат и да им биде свето името.

Изменето од емил - 19.Јануари.2011 во 19:54
Кон врв
ADVISOR Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 1026
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ADVISOR Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јануари.2011 во 14:35
BOG SE JAVI , ZA MNOGU GODINI!


Свето Богојавление на Господ Бог и Спасител наш Исус Христос Испечати Е-пошта

 

 

 Тропар на празникот, глас 1.

Кога се крштеваше во Јордан, Господи, на светот му се откри Света Троица: зашто гласот на Родителот сведочеше за Тебе, именувајќи Те возљубен Син. И Духот, во вид на гулаб, ја потврдуваше вистинитоста на Неговите зборови. Христе Боже, Кој се јави и светот  го просветли, слава Ти.

 vozdvizenie.jpg

Свето Богојавление    

Stefan.Bozik.jpg

Кога Господ Исус наврши триесет години од телесното раѓање, го започна Својот учителски и спасителен подвиг. И самиот почеток на тоа го означи со примајќи Крштение на Јордан. Како што вели Свети Кирил Ерусалимски: „Почеток на светот е водата, почеток на Евангелието е Јордан“. Кога Исус Христос се крштеваше во водите на Јордан, на светот му се објави онаа тајна која во Стариот Завет само се навестуваше, за која во Мисир и во Индија единствено се баснословеше: тајната на Божествената Троица. Отецот му се јави на сетилото за слух, Духот на сетилото за вид, а Синот дури и на сетилото за допир. Отецот го изговори Своето сведоштво за Синот, Синот се крсти во вода, а Светиот Дух во вид на гулаб лебдеше над водата.

 И кога Свети Јован Крстител посведочи и рече за Христа: „Еве го јагнето Божјо кое на Себе ги зеде гревовите на светот“ (Јован 1, 29) и Го потопи и Го крсти во Јордан, со ова се укажа на Христовата мисија во светот и на патот на нашето спасение. Зашто Господ ги зеде врз Себе гревовите на родот човечки и под нив умре (пототпувањето) и оживе (излегувањето од водата); а и ние мораме да умреме како стар и гревовен човек, а да оживееме очистени, обновени и преродени. Тоа е Спасителот и тоа е патот на спасението.

 Stefan.Bozik.jpg

Stefan.Bozik.jpg

 Празникот Богојавление (на грчки Теофанија) се нарекува и Просветлување. Зашто настанот на Јордан нѐ просветлува, прво: покажувајќи ни Го Бога како Троица еднобитна и неразделна. И второ: бидејќи секој од крстените во вода се просветлува бивајќи восиновен од Отецот на светлината, со заслуга на Синот, со силата на Светиот Дух.

Stefan.Bozik.jpg

 Кондак, глас 4.

Господи, денес и се јави на вселената, и Твојата светлина, се покажа врз нас, кои разумно ти пееме: Ти си дошол, и си се јавил, Светлино непристапна.




Изменето од ADVISOR - 19.Јануари.2011 во 14:36
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Јануари.2011 во 02:05
Денеска го славиме споменот на Преподобната мајка Синклитикија     




По потекло од Македонија. Воспитана во Александрија. Како богата и угледна девојка многумина ја бараа за брак, но таа сите ги одби и побегна од домот на нејзините родители во манастир. Поживеа осумдесет години, во најголемо воздржание, пост, бдеење и молитва. Нејзините поуки за монахињите се секогаш сметани за вистински духовни бисери, бидејќи Света Синклитикија високата духовна мудрост ја стекна не преку книги, туку преку страдање, мака, низ деноноќно богомислие и духовно општење со Божествениот свет. Во тој возвишен свет со душата се пресели во 350 година. Меѓу другото, говореше преподобната Синклитикија: „Ако е време на пост не оставај го постот божем заради болест, зашто и оние што не постат запаѓаат во исти болести“. Уште велеше: „Како што изложеното богатство брзо го раграбуваат така и добродетелта, кога се разгласува, се помрачува и се губи“.
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
sneska_v Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Јуни.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3455
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sneska_v Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Декември.2010 во 00:58
Во Република Македонија, празникот Свети Никола се слави на 19 декември. Градот Свети Николе на овој ден го прославува својот градски прзник.
Свети Никола (грчки: Άγιος Νικόλαος) или Свети Николај Чудотворец, архиепископ Мирликиски се смета за заштитник на морињата. На христијанските бродови обично се наоѓа иконата на светителот, а спроти денот на славењето бродовите застануваат каде и да се наоѓаат, се фрла сидрото во морето, ќе се помолат и ќе прославуваат цел ден, а утредента ќе го продолжат пловењето. На ик

Свети Никола е роден е во Патара, Ликија, Мала Азија околу 270 година, како единствено дете на неговите родители Теофан и Нина. При неговото крстење го добил името Никола кое во превод значи народен победник. Како дете, со голем восхит пристапувал кон проучувањето на Светото Писмо.

Неговиот духовен живот го стекнал преку неговиот чичко кој исто така бил црковно лице, замонашувајќи се во манастирот Нови Сион. По смртта на своите родители, Никола го продал целиот свој наследен имот и парите од продажбата ги поделил помеѓу сиромасите. Додека бил свештеник во својот роден крај, се прочул со делата на својата милостиња. Христијаните веруваат дека му се јавил гласот на Господ кој му рекол: „Да не знае твојата лева рака што прави твојата десна рака“ (Матеј 6, 3). Набргу потоа бил избран за архиепископ на градот Мира, денешна Турција.

Во времето на царот Диоклецијан и Максимијан, кога христијанското население било прогонувано, мачено и затварано, истото се случило и нему. Со доаѓањето на власт на Константин I Велики, престанало и прогонувањето на христијаните кои во исто време добиле и рамноправно место во Римското Царство. Присуствувал на Првиот вселенски собор во Никеја, каде се залагал за воведувањето на светото тројство. Поради голема ревност го удрил александрискиот свештеникв Ариј. По ова, тој бил оптужен за ерес, бил прогонет од самиот собор и му било забрането понатамошно присуство на собирите. Според христијанската традиција на Свети Никола му било одобрено повторно присуство на црковните собири, поради јавувањето на Бог на избраните архиери велејќи им дека сториле голема неправда.

Уште додека бил жив, луѓето го сметале за светител и го повикувале на помош од страна на болните, несреќните и немоќните. Христијаните веруваат дека тој помагал на сите позиви и дека од неговото лице сјаело светлост. Во својата старост се разболел и починал на 6 декември 343 година.

оните Свети Никола се претставува со својата архиерејска одежда.
Кон врв
чаир Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чаир Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Декември.2010 во 13:07

Преподобниот маченик Стефан Нови

Како некогаш Ана, мајката на Самуил, и Стефановата мајка Ана Го молеше Бога да ѝ подари еден син. Молејќи се така еднаш во црквата Влахерна пред иконата на Пресвета Богородица, ја фати лесен сон, во којшто Ја виде Пресветата Дева како блескаво сонце и слушна глас од Неа: „Оди си со мир, жено. Според твоите молитви имаш син во твојата утроба“. И навистина Ана зачна и роди син, овој свет Стефан. Во шеснаесетата година Стефан прими монашки чин на Аксентиевата Гора кон Цариград, од Старецот Јован, од кого се научи на Божествената мудрост и на подвижништво. А кога Старецот Јован се упокои во Господ, Стефан остана на таа гора строго подвизувајќи се и наложувајќи си труд на труд. Неговата светост привлече многумина ученици. Кога царот Константин Копроним ги прогонуваше иконите уште полуто од својот татко Лав Исавријанин, Стефан се покажа како ревносен заштитник на почитувањето на Светите икони. Безумниот цар примаше разни гнасни клевети против Стефан, а и самиот уредуваше разни сплетки само за да го скрши и да си го тргне од патот. Стефан беше прогонет на островот Проконис, потоа доведен во Цариград, окован и фрлен во затвор, каде што го сретнаа триста четириесет и двајца монаси затвореници, доведени од разни страни и затворени заради почитување на иконите. Во затворот го вршеа црковното правило како во манастир. Свирепиот цар го осуди Стефан на смрт. Светителот четириесет дена претходно ја предвиде својата смрт и се прости со браќата. Царските слуги го извлекоа од затворот биејќи го и тргајќи го го влечеа по цариградските улици, повикувајќи ги сите што се со царот да го каменуваат овој „противник на царот“. Некој од еретиците го удри со дрво по глава светителот и тој издивна. Како што првомаченикот Стефан пострада од Евреите така и овој Стефан пострада од иконоборните еретици. Славно го заврши животот во 767 година, во педесет и третата година од својот живот, кога прими маченички венец од Господ Христос.

Светиот новомаченик Христо

Албански христијанин, населен во Цариград, градинар по занимање. При продажбата на својот зеленчук се замери со еден Турчин, којшто го наклевети пред судот и рече дека Христо ветил дека ќе се потурчи па одрекол. После мачење го оковаа и го фрлија во затвор. Во затворот некој му понуди да јаде, но тој одби говорејќи: „Подобро гладен да се јавам пред мојот Господ“. Потоа извади врзоп пари што ги имаше под појасот и му ги даде на еден затвореник, со молба да му отслужат неклолку заупокоени литургии. Убиен е од Турците во 1748 година и засекогаш прославен во Царството Христово.

Преподобна Ана

Благородна жена. По смртта на својот маж прими потстриг од Св. Стефан Нови. Царот Копроним ја наговараше да рече дека имала недозволени односи со Св. Стефан за да може да го унижи пред народот. Но оваа света жена никако не сакаше да влезе во таа царева сплетка против Светителот когошто го почитуваше како свој духовен отец. Заради ова ја биеја, а потоа ја фрлија во затвор, каде што ја предаде душата на Бога.

Светиот благоверен цар Маврикиј

Погубен е заедно со неговите пет синови од царот Фока во 602 година.

Светите Петнаесет Тиверополски свештеномаченици

Во времето на владеењето на царот Јулијан Отстапник, кога христијаните биле прогонувани, Тимотеј, Комасиј, Евсевиј и Теодор ја напуштиле Никеја и се населиле во Солун. Потоа го оставиле Солун и се преселиле во Тивериопол, денешна Струмица. Тимотеј станал епископ на тивериополската Црква. Комасиј се откажал од војничкиот чин и се замонашил проповедајќи го словото на Вистината во тивериополските села. Евсевиј исто така бил монах којшто луѓето најмногу ги привлекувал со своите добри дела. Теодор, епископ, бил еден од триста и осумнаесете богоносни Отци кои учествувале на Соборот во Никеја. Кон овие четворица притекнале и Петар, Јован, Сергиј, Теодор, Никифор кои што биле презвитери, Василиј и Тома коишто биле ѓакони, Еротеј, Даниил и Харитон коишто биле монаси и Сократ кој порано бил војник, но се откажал од сѐ и станал дел од овој добар лик на Отците. И тие, кога се собрале сите заедно, воделе вистински ангелски живот просветлувајќи ги жителите на Тивериопол со светлината на познанието. Кога за ова дознал царот Јулијан испратил луѓе во Тивериопол со заповед тамошните жители да се откажат од Христа и да им се поклонат на идолите. Најпрвин пред царските пратеници биле повикани овие петнаесет свети мажи. Но, бидејќи тие не сакале да им принесат жртва на демоните и на нивните идоли веднаш биле осудени на смрт и посечени со меч. Кога Светиите го завршиле својот благочестив живот нивните чесни тела многу денови стоеле зафрлени бесчесно за да бидат изедени од кучиња, ѕверови и птици. Но, Господ ги запазил недопрени и неповредени така што оние што ги гледале го прославувале Христа Бога. Подоцна некои христијани се собрале и ги подигнале со почести чесните тела на Мачениците, ги завиткале во чисти плаштаници и откако ги извршиле сите служби, ги положиле во Тивериопол, секого во посебен ковчег, на којшто било напишано името на секого од нив, каков живот водел и каков чин имал во Христа. И по смртта, Мачениците чинеле големи чудеса не само на месните жители туку и надвор од границите на Тивериопол, така што мнозина од Елините познавајќи ја Вистината пристапувале кон верата Христова и се крштевале. На тој начин ниту во Тивериопол, ниту во околината не останал ниту еден безбожник. А верата се беше распространила и во останатите западни краишта така што Тивериопол станал како некоја кула од секаде видлива, којашто ја раздавала и на другите градови светлината на верата и ги враќала од мракот на заблудата оние што се наоѓале во длабокото море на неверието.

Светите Петнаесет Тивериополски свшетеномаченици и денес се почитуваат како покровители и заштитници на градот Струмица.

Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
Кон врв
sneska_v Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Јуни.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3455
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sneska_v Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Август.2010 во 08:24

Преображението на Господ Исус Христос на Тавор     

Третата година од Својата проповед на земјата Господ Исус почесто им зборуваше на Неговите ученици за Неговото скорешно страдање, но и за Неговата слава после страдањето на Крстот. За да не ги раслаби Неговото страдање та да отпаднат од Него, Он, Премудроста, сакаше пред да се случат страдањата делумно да им ја покаже Својата Божествена слава. Затоа ги зеде со Себе Петар, Јаков и Јован и излезе со нив ноќе на гората Тавор и овде се преобрази пред нив. И заблеска лицето Негово како сонце, а облеката му побеле како снег. И се појавија покрај Него Мојсеј и Илија, големите старозаветни Пророци. И видоа учениците и се восхитија. И Петар рече: Господи, добро ни е да бидеме овде; ако сакаш да направиме три сеници: една за Тебе, за Мојсеј една, а една за Илија. Но додека Петар уште говореше, се оддалечија Мојсеј и Илија и сјаен облак ги опфати Господ и учениците и дојде глас од небото: „Овој е Мојот возљубен Син, Него послушајте Го.“ Откако го слушнаа овој глас учениците паднаа ничкум на земјата како мртви и останаа така лежејќи во страв додека Господ не им пријде и рече: „Станете и не бојте се“ (Матеј 17). Зошто Господ ги зеде само овие тројца ученици на Тавор, а не сите? Зашто Јуда не беше достоен да ја види Божествената слава на Учителот, Когошто тој ќе Го предаде, а Господ не сакаше него сам да го остави под гората, та да не може предавникот со тоа да го оправда своето предавство. Зошто се преобрази на гората, а не во долината? За да нѐ научи на две добродетели: на трудољубие и богомислие. Зашто искачувањето на височина бара труд, а височината ја претставува височината на нашите мисли, т.е богомислието. Зошто се преобрази ноќе? Бидејќи ноќта е попогодна за молитва и богомислие одошто денот и ноќта ја закрива со темнина целата земна убавина, а ја открива убавината на ѕвезденото небо. Зошто се јавија Мосјесј и Илија? За да ја разбијат еврејската заблуда дека Христос е некој од Пророците, Илија, Еремија или некој друг - затоа Он се јавува како Цар над пророците, и затоа Мосеј и Илија се јавуваат како слуги Негови. Дотогаш Господ многупати им ја покажуваше на учениците Својата Божествена моќ, а на Тавор им ја покажа Својата Божествена природа. Тоа видение на Неговото Божество и слушањето на небесното сведоштво за Него како за Син Божји требаше да им послужи на учениците во деновите на страдањето Господово за укрепување на непоколебливата вера во Него и во Неговата крајна победа.

 

Кон врв
sneska_v Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Јуни.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3455
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sneska_v Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Август.2010 во 16:15
Чудотворна%20икона%20на%20Св.%20Пантелејмон%20од%2018%20век%20од%20Света%20Гора

Свети Пантелејмон е роден во градот Никомидија во третиот век. По раѓањето бил наречен Пантелеон, што значи «во сѐ како лав», но подоцна тоа име било заменето со Пантелејмон, што значи «семилостив». Уште во детството бил воспитуван во христијанската вера, бидејќи мајка му била христијанка. Меѓутоа таа се упокоила кога Пантелејмон бил сеуште дете, а неговиот татко бил многубожец кој го носел сина си во идолскиот храм, и во паганско училиште. Одејќи кон училиштето, по патот Свети Пантелејмон го запознал стар христијански свештеник Ермолај, кој подцна ќе го крсти. Свети Ермолај го засакал Пантелејмон и Господ му внел во срцето желба да го просвети момчето со светлината на вистинската вера. Свети Ермолај живеел со два други свештеници, Св. Ермипиј и Св. Ермократ, и сите тројца биле преживени од масакрот на 20 000 христијани во 303 година.

Кога се враќал од кај учителот, видел мртво дете на патот каснато од змија. Првиот впечаток бил страшен бидејќи живата змија лежела до детето. Кога ги повикал зборовите на старецот за Божјата благодат, тој се обратил со молитва кон Христа за помош. Наеднаш детето се разбудило од сон а змијата умрела. Пантелејмон многу се израдувал и веднаш побарал да биде крстен од Ермолај. Тој веќе станал познат лекар, кај него се обраќале многу на помош. Еднаш донеле еден слеп, кој што никој не можел да го излекува во градот. Поучен од Божјиот дух, Пантелејмон го повикал вистинскиот Бог преку молитвата и тој човек оздравел и поверувал. Поради тоа, и тој наскоро маченички пострадал како христијанин.

Набљудувајќи ги неговите дела, лекарите дознале дека Пантелејмон ги лекува затворениците - христијани и за тоа се пожалиле кај царот. Царот кога го повикал го праша каква вера исповеда и му рекол дека треба да ја исповеда верата на многуте богови. Тој му рекол : ”Јас сум се откажал од лажните богови и го прославувам Христа.” Потоа го замолил императорот да донесат некој болен од кој лекарите одамна кренале раце - и рекол дека тој ќе се помоли на Живиот Бог и ќе го исцели, предизвикувајќи ги и незнабожеките лекари да го сторат истото. Луѓето донеле некој парализиран човек, кој сиот живот бил болен: паганските лекари се молеле на нивните идоли за исцелување на болниот, но ништо не се случило. Свети Пантелејмон се помолил на Господ Исус Христос, и болчниот бил излекуван. Императорот се разјарил, го убил излечениот, а Пантелејмон го дал на измачување.

Биле доведени и тројцата свештеници кои го вовеле во христијанската вера; тие ја исповедале својата вера пред императорот и биле обезглавени. Свети Пантелејмон бил луто озмачуван, но сепак ги преживувал маките. Разбеснет, Максимијан наредил да му ја отсечат главата. Војниците, сакајќи да му ја пресечат главата додека се молел, останале вчудоневидени кога нивните мечови се стопиле на неговиот врат. Откако завршил со молитвата, се чул глас одозгора, како го повикува. Војниците биле преплашени, но Пантелејмон ги повикал да го извршат тоа што им било наредено. Потоа неговото тело било фрлено во оган, но не изгорело.

Христијаните го извадиле од огнот и го погребале неговото тело. Тоа се случило во 305-та година а дел од неговите мошти можат да се најдат во неколку манастири и цркви во Романија, а дел од нив почиваат и во рускиот манастир на Света Гора.

Свети Пантелејмон се повикува во молитвите за водоосветување и елеоосветување, заедно со св. Ермолај у другите бесребреници и чудотворци.

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 34567 68>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,172 секунди.