IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Останати спортови
  Активни теми Активни теми RSS - Аикидо
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Аикидо

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 34567 25>
Автор
Порака Обратен редослед
DamjanC Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Ноември.2006
Статус: Офлајн
Поени: 98
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DamjanC Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Август.2009 во 13:53
@ Ikom:

Еве сега имам малку повеќе време, тогаш се спремав за пат.

Ошавков и Sisko веќе напишаа, јас само ќе додадам понешто...

Техничкиот дел на аикидото е превземен од многу школи за џу-џуцу (или на македонски: борење со голи раце), од кои се развиле и други вештини во денешната смисла на зборот, кои ги користат истите наследени техники. На пример, тоа што ние го викаме „котегаеши“ е техника во која зглобот кај дланката се завртува во спротивна насока. За да се реализира овој лост, постојат илјадници форми, а само лаици мислат дека едни форми се аикидо, други карате, трети хапкидо, четврти кој знае што... Колку форми и да има тоа е едната те иста техника.

Дали е аикидо во прашање, произлегува од принципот на неотпор во борењето... Мислам дека на тоа мислеше и Ошавков нарекувајќи го кохерентна философија на вештината, и сакајќи да биде џентлмен, ти напиша дека за тоа ти си во право.
Јас пак, не дека не сакам да бидам џентлмен, среќа ама мислам дека тоа по што ти сакаше да го издвоиш аикидото како посебна боречка вештина, барем тука во напишаново на форумов, не беше принципот, туку техниките, кои, пак ќе повторам, не се ни оддалеку единствени и оригинални.

Ако ми текне уште нешто за да станам појасен, секако ќе додадам.

Поздрав!
www.henbo.com.mk
Кон врв
DamjanC Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Ноември.2006
Статус: Офлајн
Поени: 98
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DamjanC Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Август.2009 во 13:24
Уау!

Една седмица отсутен и види што сè се случило на форумов...

Колку за забелешка, изминативе 7 дена ги поминав на Фрушка Гора (кај Нови Сад) учествувајќи на летна школа за аикидо. По три тренинга секојдневно и многу пот. среќа

А сега да се обидам да одговорам на прозивките...

@ zenmaster:

Не ми е јасно со што толку те испровоцирав. Тоа што го напишав дека го мислиш за лостовите беше само препишано од твоја претходна порака, и кога го спомнав воопшто не ни помислив дека е можно да се навредиш од тоа. Еве ја таа твоја порака:

Originally posted by zenmaster zenmaster напиша:



20.Август.2009 во 14:00 од zenmaster
...во аикидото можеш да отстанеш без рака т.е. ќе имаш рака ама само за украс ќе ти служи . ... Аикидото е вештина која се заснова на медицина и физика . Енергијата се концетрира на зглобовите на човечкото тело . Не е битно колку килограми е човекот кога ќе оствариш лост на зглоб секого го боли .


Ако си го напишал ова само онака, и не го мислиш, или пак тоа е само дел од тоа што го мислиш за аикидото, тогаш ти се извинувам!

И претходно повикував да не се навредуваме на личен план, оти не е убаво, а и нема смисла, посебно пак кога и не се познаваме. Јас не знам кој се крие позади псевдонимот zenmaster, ама ми се чини дека не се познаваме.
Така што, колку сум јас скромен или не, да ме квалификуваш вака јавно, навистина не е фер, уште повеќе затоа што јас ниеднаш не сум упатил ни слична квалификација кон тебе. (Тоа што напишав што мислиш за лостовите во аикидото, потсетувам, ти самиот го напиша, а јас само го искористив како непрацизен цитат).

А колку што можев да прегледам наназад, не ти е ни прв пат да навредуваш. На 14.Јуни.2009 во 22:53, лицемери ги нарече Ошавков и други со него (веројатно сите кои сакаат да се занимаваат со изворно аикидо).

Originally posted by zenmaster zenmaster напиша:



Ах г-дине Ошавков каква чест , поздрав до вас .
Само мала забелешка знаете трешко е да се биде среќен во друштво на лицемери .
Јас лично немам никакви проблеми со тоа кој што вежба , сите нека вежбаат дај Боже....НО комерцијлизација на боречките вештини го убива духовниот дел од тренингот .


Ошавков исто така не те навреди претходно, па морам да заклучам дека по сè изгледа дека тој што лично ги сфаќа работите кога се зборува за вештината што ја практикува си токму ти, а не ние.

Не знам зошто се случува тоа, ама кога ќе кажам дека „реално аикидо“ не ми се свиѓа, и сè останато што мислам за него, сигурно не значи и дека луѓето што избрале да се занимаваат со него нечинат, или дека се лоши, или вакви или онакви. Напротив, бидејќи сум од поодамна во овие кругови, а со „реално аикидо“ и почна мојот интерес за аикидото, меѓу тренерите и практикантите на „реално аикидо“ имам и доста пријатели. Ним не им смета мојот став, веројатно затоа што се согласуваат со тоа дека секој има право да го изрази своето мислење за било кое прашање. Не гледам зошто треба да се навредуваме во дискусии, кои номинално имаат за цел да нè доближат до повеќе сознанија.

Втората апсолутна невистина е дека јас некако ја комерцијализирам вештинава!!?!?!??
Па, ако малку знаеш како се одвиваат работите кај мене во клубот, колку и за што се плаќа, и за што сè не се плаќа, и дека јас во 4 годишното постоење на мојот клуб не сум си купил ни мастики со клубски пари, веројатно ќе ти беше срам да го напишеш тоа. Ама вака, дигиталниов медиумски простор трпи сè, па ајдеее, кому иде.

Не, не е убаво така.

Originally posted by zenmaster zenmaster напиша:

Ха...знаеш ти шо мисли зенмастер...не биди смешен !
 
Цело време пробам да те избегнам пошто ти недостасува една битна работа СКРОМНОСТА и поради тоа никогаш нема да стигнеш до МУДРОСТА , не дека јас сум мудар ама знам по кој редослед одат работите .


Јас скромно мислам дека мудроста е способност да се препознае вистината.

Поздрав!



Изменето од DamjanC - 31.Август.2009 во 13:31
Кон врв
sisko Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 13.Септември.2006
Статус: Офлајн
Поени: 21
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sisko Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Август.2009 во 13:19
Здраво, интересно е што на оваа тема сакав да поставам цела статија на мојот блог уште пред повеќе од една година бидејќи мислев дека е клучна за боречките вештини, сакајќи да таа статија биде комплетна не само со информации туку и со споредбени видеа за да бидам што е можно појасен и поконцизен за оваа осетлива тема. Меѓутоа за жал тогаш не се одлучив да ја реализирам оваа временски исцрпна статија тага

Еве го моето помалку концизно објаснување на оваа тема среќа

Факт е дека сите тренираат под исти физички закони и услови, на сите луѓе анатомијата и биомеханиката им се исти. Така да доколку би сакал некого да го повредиш, загушиш, фрлиш преку рамо или преку колк, има различни приоди во зависност на позицијата на напаѓачот и неговата реакција односно контра-реакција. И токму поради тие реакции на напаѓачот постојат варијации на сите техники, а во одредени услови некои техники се невозможни па затоа преоѓаш во друга техника што ти ја налага ситуацијата (гаеши-ваза). Што не значи дека другите боречки вештини не знаат за гаеши-ваза, само сигурно поинаку ги именуваат. И од овде заклучувам дека „творците“ на различните стилови кога ги поставувале основните техники зимале во предвид различна ситуација или контра-реакција. Творците ги ставив во наводници бидејќи исто така верувам дека не постои еден и единствен супер-ум кој што створил некоја уникатна вештина. Тоа се идело еволутивно, еден копирал од друг, од трет. Додавал свои детали, одземал детали кои според него биле небитни. И така да ден денес дојдеме до оваа лепеза на вештини за кои сум сигурен дека ќе еволуираат и понатаму. Некои ќе станат поквалитетни и поопсежни (во било кој смисла дали практична, филозофска или шарлатанска), а некои бога-ми ќе изумрат.
Еве примери за еволутивното потекло на техниките во боречките вештини кои јас сум ги запознал: „сумиотоши“ во аикидо и „сумиотоши“ во џудо не е исто, ниту пак „уде гарми“, дури во џуџицу имаат и „удегарами“ на партер (името не треба да ве залажува) „уде гарами“ во џуџицу е слично на шихонаге (за нашата методологија „шихонаге“ во теорија на „котегаеши“) во аикидото. А се разбира дека џудистите неможат да имаат толку многу варијации како што има во боречките вештини, бидејќи како спорт ставени се во рамка односно имаат правила и прописи. „Сумиотоши“ кај џудистите е исто (или слично) што и „тенчинаге“ во аикидото само што они најчесто го вежбаат од основен гард или во аикидото тој напад би се нарекол „ката тори ери“. Исто така тоа што во аикидо е „никијо“ во џуџицу се вика „никаџо“, а додека во карате се вика „коте-маваши“. Или тоа што во аикидо е „икијо“ во џуџицу се вика „уде озае“, па дури и сум го сретнал како „уде нобаши“, што повеќе личи на „гокијо“ во аикидото.
Или пак во нашата аикидо методологија (според шиханот Икеда) имаме уникатни имиња како: „генки кохјунаге“, „фурицуки кохјунаге“, „икијо во теорија на санкијо“, „котегаеши во теорија на ириминаге“ што не значи дека другите аикидоки не ги познаваат тие техники или не ги практикуваат. Не, најчесто ги викаат со други имиња или со општо име едноставно како „кохјунаге“ или „котегаеши 2“.
Исто така Аикидото, Хапкидото,  се премногу слични затоа што потекнуваат од ист стил „Даито-рју аикиџуџицу“ на Сокаку Такеда. А да не споменувам дека од тој систем се произлезени уште многу вештини кои денес не постојат или се во изумирање, кои што ни јас не ги знам.

... но понатака повеќе околу оваа тема... за и околу деталите намигнување

Поздрав,
Кристијан.

* го задржувам правото овој текст или делумно да го објавам на друг медиум или друг сајт.


Изменето од zenmaster - 25.Август.2009 во 13:31
Кон врв
sisko Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 13.Септември.2006
Статус: Офлајн
Поени: 21
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sisko Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Август.2009 во 08:35

Ова му доаѓа нешто како... имав осум рипчиња, а сега се пет. голема%20насмевка



Изменето од sisko - 25.Август.2009 во 08:35
Кон врв
osavkov Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Ноември.2006
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 62
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај osavkov Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Август.2009 во 08:00
Е, ако се бришат реплики кои се според правилата на форумов тогаш тоа не е во ред!
Иако морам да признам дека досега zenmaster, иако е условно од "спротивна" провиниенција, како модератор бил прилично коректен. среќа
Но, доколку навистина се случува да не може да одолее, е тогаш витешки би било да го напушти местото модератор на темава па рамноправно на дискусија.
Ако и тоа не помогне, тогаш како што вели Ikom: в сала! среќа
Секако, не дуел среќа, ама в сала!

Поздрав!
Љупчо
http://www.kenbukan.org.mk



Изменето од osavkov - 25.Август.2009 во 08:01
Кон врв
sisko Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 13.Септември.2006
Статус: Офлајн
Поени: 21
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sisko Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Август.2009 во 07:28
Originally posted by zenmaster zenmaster напиша:

Интересно...

Поздрав до чиракот на Дамјан :))
 
И не заборавај дека ТИ побара да ти објаснам , иначе сам не би се понудил на такво нешто .
 


Exactly my point!!!

Упорно навредуваш!!!

И упорно не објаснуваш!!! Не ми објасни, ниту како заклучи дека некој не е доволно скромен, ниту како заклучи дека некој не е мудар, или ги заборавил главните начела за незнам што, нити како заклучи дека некој не го одржува менталното здравје.
Значи ништо не си објаснил, само навредуваш и плукаш, и намерно носиш погрешни заклучоци!!!

Ајде позз.
Кон врв
zenmaster Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Interceptor

Регистриран: 05.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4262
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zenmaster Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Август.2009 во 01:31
ДДарко , на оваа тема не разговарај за реално аикидо . Некои членови тоа го сваќаат лично .
Еве линк за темата , ако те интересира секако .
[IMG]http://img148.imageshack.us/img148/4285/xxxpn7.gif">
Кон врв
DDarko Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Миротворец

Регистриран: 14.Мај.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4356
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DDarko Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Август.2009 во 23:52
Originally posted by zenmaster zenmaster напиша:

Originally posted by zenmaster zenmaster напиша:

Aikido e borecka veshtina koja poteknuva od Japonija .
Kreatorot se vika Morihei Ueshiba !
Dodeka realnoto aikido e modificirana od strana na Ljubomir Vracharevikj i se smeta za srpska veshtina .
Ako te interesiraat negativnite strani na realnoto aikido I pozitivnite strani na traddicionalnoto aikido ovaa e vistinskata tema .
 
Pocituvaniot g-din DamjanC mnogu dobro moze da go objasni toa , jas ne bi navleguval vo takvi razgovori .

Abe ajde?
I na srbite im stanaa kosi ochite...изненадување
Кон врв
zenmaster Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Interceptor

Регистриран: 05.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4262
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zenmaster Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Август.2009 во 20:38
Originally posted by zenmaster zenmaster напиша:

Aikido e borecka veshtina koja poteknuva od Japonija .
Kreatorot se vika Morihei Ueshiba !
Dodeka realnoto aikido e modificirana od strana na Ljubomir Vracharevikj i se smeta za srpska veshtina .
Ako te interesiraat negativnite strani na realnoto aikido I pozitivnite strani na traddicionalnoto aikido ovaa e vistinskata tema .
 
Pocituvaniot g-din DamjanC mnogu dobro moze da go objasni toa , jas ne bi navleguval vo takvi razgovori .


Изменето од zenmaster - 24.Август.2009 во 20:39
[IMG]http://img148.imageshack.us/img148/4285/xxxpn7.gif">
Кон врв
DDarko Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Миротворец

Регистриран: 14.Мај.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4356
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DDarko Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Август.2009 во 20:03
Shto ima veza od aikido i realno aikido?
Кон врв
osavkov Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Ноември.2006
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 62
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај osavkov Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Август.2009 во 01:58
Здраво Ико!
Па, во однос на техниките, Дамјан е веројатно делумно во право! среќа
Верувам дека сите ќе се сложиме дека О-Сенсеи Морихеи Уешиба најдолго ја изучувал Даито-рју школата и скоро комплетниот технички curiculum во еволутивна форма продолжува во аикидото, освен можеби, како што тоа го кажале и некои аикидо авторитети, техниката ирими наге, поготово нејзините ирими но ирими и ирими наге ура варијанти, кои се креација на О-Сенсеи.
Но, како што веројатно сите знаеме, добро можеби не баш сите, среќа аикидото не го прават само техниките. Во последниве 70-тина години се развиле принципи и една кохерентна философија и пракса што го прават аикидото уникатно. Е, во овој дел ти си веројатно во право. среќа
Еве неколку зборови од Дошу Кишомару што интересно го кажуваат ова истото:
"Aikido is not a martial art that was created overnight. Nor is it like a new island or a new mountain spewed forth in a single evening."

Поздрав!
Љупчо


Изменето од osavkov - 24.Август.2009 во 02:00
Кон врв
Ikom Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 28.Јануари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 20
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Ikom Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Август.2009 во 20:11
Pozdrav do site,
Za da bide forumot funkcionalen treba da se zboruva za principielni raboti.
Jas samo sakam da se vratime na temata AIKIDO, jas imav zamolnica do site Vas sto se zanimavate so aikido, ju jutsu, karate, realno aikido, da mi kazete dali e tocno tvrdenjeto na DamjanC deka vo aikido nema originalni tehniki ili ne ??? ili jas sum vo pravo koga velam deka aikido e originalna borbena vestina so originalni tehniki.
Pozdrav do Sisko i Osavkov i bas me interesira dali i vie ste na ist stav so DamjanC ???
Pozdrav i dobra misla megju site
-Iko
www.aikido.org.mk
Кон врв
osavkov Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Ноември.2006
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 62
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај osavkov Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Август.2009 во 17:15
Хммм!
Драги пријатели, се чувствува превисоко ниво на адреналин како последица на веројатно послабата тренинг активност во овој топол август. среќа
Затоа, побрзо почнувајте со тренинг! среќа

Поздрав до сите!
Кон врв
zenmaster Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Interceptor

Регистриран: 05.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4262
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zenmaster Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Август.2009 во 17:03

Интересно...

Поздрав до чиракот на Дамјан :))
 
И не заборавај дека ТИ побара да ти објаснам , иначе сам не би се понудил на такво нешто .
 
[IMG]http://img148.imageshack.us/img148/4285/xxxpn7.gif">
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 34567 25>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,281 секунди.