|
Медот како дел од рецептите за колачи и торти |
Внеси реплика | страница <1 345 |
Автор | |
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Медени триаголници со семиња Состојки 400 гр мед 200 гр презла 100 гр мешани семиња со цело зрно (сусам, лен, сончоглед и семки од тиква) 10 гр ѓумбур 10 гр цимет 4 гр пимент 4 гр каранфилче прстофат шафран Користени Делимано производБи рекла едни поинакви, интересни, вкусни и здрави колачи кои експресно брзо можат да се приготват, а потсетуваат некако на оние шеќерно-медени сусамови плочки кога ќе се вкусат. Во суво тенџерче најпрво ставете ги семињата и потпечете ги за да ја испуштат својата арома. Потоа ставете го медот да зоврие, изгасете ја ринглата и тргнете го на страна. Додајте ги семињата, зачините и презлата. Убаво измешајте и вратете на топлата рингла. Мешајте додека не стани компактно тесто. Смесата ставете ја во калап обложен со најлон фолија (леплива е, не ставајте друго во замена освен ако имате некоја многу мрсна пек-хартија и мислите дека таа нема да се залепи на неа), убаво распоредете го и оставете го кратко време да се здрви (за половина час би било доволно). Потоа извадете го и исечете го на парчиња. Доколку немате калап, ставете го во помала тава и исплескајте го во висина однајмногу 1 прст, па потоа исечете го на коцки. Врз секоја коцка можи да ставите по едно цело каранфилче одозгора. Изменето од Valerija - 17.Мај.2018 во 20:05 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Медена торта - посно
Изменето од Valerija - 17.Мај.2018 во 20:06 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Внеси реплика | страница <1 345 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |