|
Се од тиквички |
Внеси реплика | страница <1 345 |
Автор | |
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Здрави и вкусни лазањи со тиквичкиФеноменален начин како да го замаскирате здравиот оброк кој веруваме дека вашите деца ќе го обожаваат. Три слоја тиквички, бешамел сос, моцарела, пармезан и доматен сос ќе го дадат совршениот вкус. Па зошто да не ја внесете магијата на Италија во својот дом. Состојки:
Подготовка: Исечете ги тиквичките на ленти од половина сантиметар и наредете ги во тавчето за лазањи. Попрскајте ги со маслиново масло и со малку сол и ставете ги во рерна на 200 степени 15 минути. За филот направете бешамел сос. Ставете 70 грама путер на среден оган додека да се стопи. Тргнете го од огнот, додајте му малку брашно (2 лажици) и мешајте. Внимавајте само да не ви се направат грутки и полека додадете ладно млеко и продолжете да мешате. Ставете сол и бибер. Во ново тавче, ставете малку маслиново масло и наредете ги испечените тиквички толку колку да го покриете целото дно. Потоа врз наредените тиквички со лажица нанесете малку доматен сос. Потоа наредете моцарела во тенки кругови, малку пармезан и бешамел сос (тој треба да ви биде густ како тесто за палачинки). Потоа продолжете со следниот ред тиквички и сите останати состојки, се додека имате. Кога е се готово ставете ја тавата во рерна уште 15 минути. И тоа е тоа, чекајте само смесата убаво да порумени и имајте добар апетит!
Изменето од Valerija - 29.Мај.2017 во 10:07 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Палачинки од тиквичкиСите сакаме палачинки и сите сакаме тиквички. Затоа денес ви нудиме комбинација која веруваме дека многу ќе ви се допадне. Овие палачинки од тиквички можете да ги послужите со некој сос по желба или како споредно јадење со месо. Состојки за 20 парчиња:
Подготовка: Изрендајте ги тиквичките и ставете ги во голем сад. Додадете го брашното, кромидот, лукот, магданосот, јајцата, пармезанот, посолете и ставете бибер по желба. Загрејте тава на средна големина и ставете масло. Ставајте по една лажица од смесата за да се добие облик на палачинка. Секоја палачинка печете ја по две минути од секоја страна додека не добие златна боја. Имајте добар апетит. Изменето од Valerija - 29.Мај.2017 во 10:05 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Вкусни залчиња од тиквичкиТиквичките освен како главно јадење можете да ги служите и како мезе. Веруваме дека на денешниот рецепт нема да останете рамнодушни. Состојки:
Подготовка: Загрејте ја рерната на 220 степени. На страна подгответе хартија за печење. Ставете ги компирите и тиквичките на платнена крпа или салфетки за да се исцедат, а потоа ставете ги во поголема чинија. Додадете го лукот, рузмаринот, пармезанот, презлата, белките посолете и додадете бибер. Целата смеса добро измешајте ја додека состојките не се соединат. На тавче загрејте масло на среден оган и ставете ја смесата рамномерно по тавчето. Посипете малку маслиново масло на врвот и ставете една лажица пармезан. Пржете додека ивицата на порумени. Потоа ставете ја “палачинката“ на хартија за печење и печете во рерната 20 до 25 минути додека горната страна на порумени. Исечете ја палачинката на коцкички и наредете ја на тањир за послужување. На врвот на секоја коцка ставете по малку сирење или павлака и украсете со свежи листови рузмарин.
Изменето од Valerija - 30.Април.2018 во 09:53 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Пикантни ролнички од тиквичкиТиквичките се многу едноставни за подготовка, а се пристапни и евтини, секако додека им е сезона. Затоа денес ви нудиме уште еден рецепт токму со тиквички. Овие ролнички можат да бидат предјадење, прилог или пак лесна вечера. Прекрасно зарем не? Состојки за 12 ролнички:
Подготовка: Ситно исецкајте го босилекот и лукот и додадете го во маслото, зачинете го и измешајте го. Тиквичките исецкајте ги по должина на листови дебели 3 милиметри. Посолете ги и оставете ги половина час да ја испуштат водата. Исушете ги на салфетка и премачкајте ги со маслото со зачини. Печете ги десетина минути во рерна загреана на 200 степени, повторно премачкајте ги со масло и печете ги додека да добијат златно боја. Потоа оставете ги да се изладат. Додека тиквичките се печат, исецкајте ја горгонзолата на 12 долгнавести парчиња, а сушените домати на ленти. На почетокот на тиквичката ставете парче горгонзола и 2-3 ленти сушен домат. Замотајте ја ролничката и зацврстете ја со чепкалка за да стои цврсто. Постапката повторете ја со останатите тиквички. И тоа е тоа, сервирајте и имајте добар апетит! Изменето од Valerija - 29.Мај.2017 во 10:02 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Помфрит од тиквичкиДа ги искористиме тиквичките додека ги има и да направиме интересен помфрит од тиквички печен во рерна. Состојки:
За сос:
Подготовка: Загрејте ја рерната на 200 степени и обложете ја со хартија за печење. Тиквичките излупете ги и исецкајте на покрупни парчиња за помфрит. Во сад изматете ги јајцата, а во друг ставете поголема количина презла и нарендајте пармезан, сипете малку сол, бибер и лут буковец. Секое парче тиквичка посебно прво натопете го во јајцата па во мешавината и редете го на плехот за печење. Печете додека парчињата не добијат златна боја. За сосот во тавче сипете две лажици маслиново масло и додадете го насецканиот лук. Вклучете ја ринглата на најјако па кога лукот ќе добие потемна боја сипете ги доматите, посолете и ставете бибер по желба. Сосот нека се крчка на среден оган додека да добиете густина. Пред да го послужете ставете свеж магданос. Помфритот од тиквички и сосот служете ги топли. Имајте добар апетит! Изменето од Valerija - 29.Мај.2017 во 10:01 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Брзи тиквички со кашкавалБрзо и вкусно летно јадење подготвено за половина час…звучи примамливо нели? Кашкавал кој се растегнува, сочни тиквички и сос од домати со малку босилек веруваме дека е комбинација која ќе го освои вашето срце (и желудник). Состојки:
Подготовка: Загрејте ја рерната на 200 степени. На плех ставете хартија за печење. Тиквичките исечкајте на кругови или на летни по желба со ширина околу 1 см. Посолете ги и оставете да ја испуштат течноста па избришете ги со салфетки. Во сад измешајте ги лебните трошки со ситно ренданиот кашкавал и посолете и ставете бибер. Секое парче тиквичка извалкајте го во таа мешавина и наредете ги на калап за печење. Печете додека не станат златни и крцкави. Извадете ги од рерна, и на дното на еден подлабоко тавче ставете доматен сос кој ќе го зачините со сол, бибер и босилек. На сосот наредете дел од тиквичките, посипете ги со моцарела. Повторувајте ја постапката додека да останете без состојки но на крајот погрижете се да завршите со моцарела. Печете уште 10-15 минути додека сирењето да се стопи. Послужете го додека е топло. Имајте добар апетит! Изменето од Valerija - 29.Мај.2017 во 10:01 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Крем супа од тиквичкиКрем супите се совршен оброк. Освен што се вкусни, тие толку заситуваат што нема потреба по нив да јадете нешто друго. Овој рецепт веруваме дека ќе им се допадне на сите дами кои сакаат тиквички но и кои водат сметка за својата линија. Ако не планирате да ја јадете оваа крем супа како главно јадење, тогаш најдобро би било да ги преполовите мерките кои се подолу наведени. Состојки:
Подготовка: Тиквичките измијте ги и исецкајте ги на коцки. Компирите излупете ги и исто така исецкајте ги на коцки. Кромидот исецкајте го ситно и пропржете го на масло. Додадете ги и тиквичките и компирот, па со вода покријте го зеленчукот. Посолете ја смесата и варете ја додека да омекне. Потоа се префрлете во блендер и изблендајте. Варете ја смесата и по потреба додавајте вода. Зачинете ја со бибер, вегета и исецкан лук. На кратко пред самиот крај додадете ја павлаката за готвење. И тоа е тоа. Имајте добар апетит! Изменето од Valerija - 29.Мај.2017 во 10:00 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Прженици од тиквичкиПржениците од тиквички се едноставни за подготовка и имаат малку калории. Можат да бидат одличен додаток за главното јадење но и да бидат ужина која можете да ја носите на работа. Состојки:
Подготовка: Изрендајте ги тиквичките, посолете ги и оставете ги да се исцедат едно 10-на минути. Во поголем сад измешајте ги тиквичките, брашното, пармезанот, лукот и јајцата, се посолете и ставете бибер по желба. Загрејте го маслото во голема тава на среден оган и ставајте по една лажица од смесата. Печете на една па на друга страна додека да добијат златна боја. И тоа е тоа, имајте добар апетит! Изменето од Valerija - 29.Мај.2017 во 09:59 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Внеси реплика | страница <1 345 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |