|
Најдобра мајка на светот |
Внеси реплика | страница <1 345 |
Автор | |
lotus flower
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 08.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 6937 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
lotus flower
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 08.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 6937 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
Родителите, најважниот пример за децатаНедостатокот на основни вредности кај родителите можат да предизвикаат хаос во животот на децата, бидејќи тие се најважниот пример за малите. Најважно е како се однесуваат во конкретен случај и што зборуваат. Децата во животот потребно е да се поистоветат со авторитет, да имаат пример и да се угледаат на некого. Ако родителот ја постигне оваа цел, може да биде сигурен дека детето ќе биде послушно, односно ќе прифати она што му се кажува. Да се биде послушен не значи дека треба да се покоруваш на послабите од себе. Послушноста постои кога личноста прави нешто затоа што го уважува авторитетот кој тоа го наложува. Затоа е важно родителите да се преиспитаат себе, дали ги поседуваат вредностите за кои се залагаат. Тие треба да бидат информирани за новите трендови на вопситување на децата. Децата ги набљудуваат родителите, гледаат во нив дали се посветени и истрајни кои вредности ги имаат. Ако родителите цврсто се држат до одредени вредности во воспитувањето, децата ќе забележат и ќе ги усвојат. |
|
lotus flower
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 08.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 6937 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Зошто вашето дете каса и како да го одвикнете?Сигурно на сите ви се случило да видите мало дете како го каса своето другарче или пак можеби вие сте биле „лошото“ дете што ги касало другарчињата. Касањето е честа појава во детското однесување. Слично како и удирањето и тргањето на косата на другите, и касањето е агресивно однесување кое до одреден степен е нормално. Но, тоа не значи дека треба да биде игнорирано. Колку побрзо реагирате, толку помалку ќе треба да се соочувате со непријатни ситуации дома или во градинка. Искоренувањето на ваквата навика кај децата не е лесно. Првиот чекор е познавањето на причините кои го поттикнуваат вашето дете да каса. ЗОШТО ДЕЦАТА КАСААТ?Неможноста да се искаже правилно и желбата за независност и имање контрола над другите се само дел од причините коишто можат да поттикнат едно дете да ги изрази своите фрустрации преку касањето. Најчести причини за појавата на вакво однесување се:
КАКО ДА ГО ОДВИКНЕТЕ ВАШЕТО ДЕТЕ ОД КАСАЊЕТО?Многу важно е да дознаете и да разберете зошто вашето дете каса, но исто толку важно е да го сопрете таквото однесување. Еве неколку предлози:
ШТО ДА НЕ ПРАВИТЕ?Откако вашето дете ќе касне некого, во никој случај не го касајте вие него само за да му покажете дека боли. Не се надевајте дека тоа ќе му биде лекција за да прекине. Таквата постапка може да му укаже дека сепак касањето понекогаш е приемливо. Не барајте вашето дете да ви објасни кои се причините поради кои тоа каса. Дури и кога изгледа дека причината е некоја играчка, најверојатно вистинската причина е друга – фрустрација, неможност за правилно изразување и сл. Најважно е вие да се фокусирате на решавање на проблемот. Колку и да се трудите, касањето може да не исчезне веднаш. Потребно е да бидете трпеливи. |
|
lotus flower
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 08.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 6937 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
Зошто да ја заборавите воспитната шлаканицаПовеќето родители признаваат дека понекогаш ги удираат своите деца со цел да им укажат дека некоја постапка е грешна. Навистина, таквиот метод за воспитување може да има краткотраен ефект, но тоа не го учи детето на самодисциплина и не го упатува во правилната насока. Противниците на овој метод сметаат дека удирањето на детето е само излив на лутина од родител кој изгубил контрола врз своето најмило и не знае што друго да направи. Иако некои родители ја одобруваат воспитната шлаканица и сметаат дека е ефективен начин за воспитување на детето, таквиот начин на воспитување им предава на малите деца погрешна порака. Еве неколку причини зошто не треба да ја употребувате силата на вашата рака во воспитувањето.
Ако сакате да го казните своето дете поради лошо однесување, можете да му скратите од привилегиите (видео игри, гледање ТВ) или да го задржите некое време во соба каде нема ништо интересно за правење. Постојат многу други начини да успеете да го воспитате вашето дете, па затоа избегнувајте го ќотекот како метод за воспитување. |
|
lotus flower
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 08.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 6937 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
8 најчести грешки на родителите при воспитувањето на децатаРастењето и воспитувањето на децата е една од најубавите, но истовремено и една од најтешките задачи на светот. Неретко родителите се чувствуваат неподготвени за таа важна задача, бидејќи се плашат од грешки. Еве дел од најчестите грешки кои ги прават родителите при воспитувањето на своите деца:
Воспитувањето на децата е како игра шах – потребно е да мислите на добрите страни и ризиците што ги носи секој ваш потег и да мислите неколку потези предвреме за на крајот успешно да ја завршите играта. Многу е важно да го анализирате однесувањето на вашето дете. Кога тоа не соодветствува со она што сметате дека е правилно, тогаш е време да си го поставите прашањето: „Каде грешам?“. Грешките при воспитувањето не се знак за лош родител. Вистината е дека нема безгрешни родители. Добрите и грижливи родители се познаваат по тоа што учат од своите грешки. |
|
lotus flower
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 08.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 6937 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
Етикетата треба да стои,ситни безначајни грешки сите правиме,но не треба да се направат големи грешки.
|
|
lotus flower
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 08.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 6937 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
Мало дете не може само да се згрижи.Грижата треба да му ја даде родителот.Нашата грижа и одлуки влијаат на нив.
|
|
lotus flower
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 08.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 6937 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Има родители кои своите потреби,интереси ги ставаат пред потребите и интересите на детето.Јас не сум од тие,ниту пак го оправдувам тоа .Ништо што не се вклопува со доброто на моето дете нема простор во мојот живот.
После долговремено рамислување мислам дека родителот и детето треба да се на една иста скала каде што треба взаемно да се направат среќни.
|
|
outlook123
Сениор Maya Регистриран: 16.Октомври.2014 Статус: Офлајн Поени: 1633 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
без да навлегувам во најдоброто..
да се дава себе и има храброст, да ослободи од себе и од очекувања таква и пријателка и се останато, етикета не битна! децата само доаѓаат преку нас не ни припаѓаат нам Изменето од outlook123 - 07.Април.2015 во 10:01 |
|
едно е - не се две
|
|
lotus flower
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 08.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 6937 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Местото каде што живееме треба на детето да му даде чувство на удобност и среќа и тоа треба да ни биде цел во изборот што се однесува до местото на живеење.Да се посвети внимание што на детето му се допаѓа,да се направи амбиент полн со разбирање и взаемно почитување.Така детето ќе се чувствува добро и ке покаже соработка.
|
|
lotus flower
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 08.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 6937 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
Темата ја отварам со цел грижа за детето.Поучни колумни,коментари,дискусии,слики се со цел детето да е згрижено,здраво,среќно,воспитано,исполнето со самодоверба итн..
|
|
Внеси реплика | страница <1 345 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |