IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Дом и градина
  Активни теми Активни теми RSS - Уредување на помали станбени површини
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Уредување на помали станбени површини

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 34567 8>
Автор
Порака Обратен редослед
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Август.2014 во 17:18

Мал сончев стан од 31квадратни метри кој ќе ве воодушеви со своето уредување

< name="fb_xdm__http" border="0" allowtransparency="true" scrolling="no" id="fb_xdm__http" aria-="true" title="Facebook Cross Domain Communication " ="-1" ="http://static.ak.facebook.com/connect/xd_arbiter/FX-Xf5fQjUk.js?version=41#channel=f1a858131&origin=http%3A%2F%2Fboza.mk" style="margin: 0px; padding: 0px; border-style: none; font-family: inherit; font-size: inherit; font-style: inherit; font-variant: inherit; font-weight: inherit; line-height: inherit; vertical-align: line;">< name="fb_xdm__https" border="0" allowtransparency="true" scrolling="no" id="fb_xdm__https" aria-="true" title="Facebook Cross Domain Communication " ="-1" ="https://s-static.ak.facebook.com/connect/xd_arbiter/FX-Xf5fQjUk.js?version=41#channel=f1a858131&origin=http%3A%2F%2Fboza.mk" style="margin: 0px; padding: 0px; border-style: none; font-family: inherit; font-size: inherit; font-style: inherit; font-variant: inherit; font-weight: inherit; line-height: inherit; vertical-align: line;">

stan-31-kvadrat-terasa-1

stan-31-kvadrat-terasa-2

stan-31-kvadrat-terasa-3

stan-31-kvadrat-terasa-4

stan-31-kvadrat-terasa-5

stan-31-kvadrat-terasa-6

stan-31-kvadrat-terasa-7

stan-31-kvadrat-terasa-8

stan-31-kvadrat-terasa-9

stan-31-kvadrat-terasa-10



Изменето од Valerija - 15.Август.2014 во 17:18
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јули.2014 во 14:12

Сон на секој студент: Фантастично уредени 22 квадрати

Многу пати до сега сме се увериле дека малиот простор може да овозможи многу, доколку го најдете правото решение. Погледнете го овој мал стан во Полска кој е прекрасно дизајниран и пред се практичен.

За овој стан може да се каже дека е сон на секој студент.

Палетата на бои е многу едноставна, што во главно вклучува нијанси на сива и бела. Мебелот е мултифункционален како што и се очекува во толку мал простор.

Погледнете ја фотогалеријата!

1 2 3 4 5

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јули.2014 во 14:10

Неверојатно шармантен и елегантно осмислен стан од 40 метри квадратни


Иако со мали димензии, овој стан зрачи со шарм и би можел да биде совршено привремено решение за студенти или прв дом на млад брачен пар. Она што го пшарви посебен е многу добро осмислениот ентериер.

sarmantan-stan-od-40m2-2

Со оглед на квадратурата од 40 метри квадратни, овој еднособен стан би изгледал многу мал доколку не е вака добро испланиран.

sarmantan-stan-od-40m2-3

sarmantan-stan-od-40m2-4

sarmantan-stan-od-40m2-5

Од едната страна на собата сместена е удобна софа, масичка и кревет на спрат во структура на кутија. Под креветот има многу простор за скалдирање на гардероба.

sarmantan-stan-od-40m2-6

sarmantan-stan-od-40m2-7

Кујната се наоѓа на спротивната страна на собата. Отворена е и со паметен дизајн, со ѕидни ормани и со вградени погодности.

sarmantan-stan-od-40m2-8

sarmantan-stan-od-40m2-9

Бањата е голема скоро колку и кујната. Како што можете да видите на фотографиите, станот кој во теорија е многу мал, со паметена изведба може да биде многу шармантен и удобен.

 

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јули.2014 во 14:25

Функционален стан од само 21 метар квадратен


21 метар квадратен е обично големина на една убава соба, па тешко е да се замисли како изгледа комплетен стан од 21 квадрат.

Доколку ја имате функционалноста и удобноста на своја страна, тогаш големината станува помалку важна.

Дизајнерите за овој стан користеле светли бои. Сите ѕидови се бели, но и поркрај тоа, не делуваат ладно и непривлечно.

Станот со своите 21 метар квадратен делува привлечно и не е пренатрупан како што можете да си замислите.

Погледнете ја галеријата:

1

2

3

4

5

6

7



Изменето од Valerija - 11.Јули.2014 во 14:25
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јули.2014 во 14:07

Стан од 34 квадрати со интересен распоред и интелигентно искористен простор


Иако големината е важен фактор кај становите, постојат многу начини да го избегнете недостатокот на простор. Изгледот на станот може да го реши проблемот, а тука се и бројни дизајнерски решенија кои го олеснуваат животот во мал простор.

Овој стан е идеален пример за тоа. Има површина од само 34 метри квадратни. Се поставува прашањето, како да ги уредите сите потребни простории во толку мала квадратура?

Погледнете како:

1

2

3

4

5

6

7

8

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јуни.2014 во 07:31

Совршено искористени 30 метри квадратни простор



Повеќенаменското користење на просторот стана една од централните точки за време на уредување на домовите. Во овој стан од 30 метри квадратни, архитектот совршено одговорил на барањата.

Распоредот на станот е прилагоден на потребите на сопствениците, функционира и како личен и како друштвен простор, давајќи доем дека има дупло повеќе површина.

1

2

3

4

5

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јуни.2014 во 16:41

Елегантно и дизајнерски: Мал стан претворен во мало богатство


Со голема доза на креативност, ова минијатурно станче од само 36 метри квадратни е претворено во мало богатство скриено во светло поткровје.

elegantno-i-dizajnerski-mal-stan-pretvoren-vo-malo-bogatstvo-1

Целиот ентериер е одлично распореден и организиран на тој начин што сите соби се толку поврзани меѓу себе, а сепак интересно разделени.

Малиот стан на врвот од зградата не само што нуди прекрасен простор, туку и е синоним на еден интересен дизајнерски спој и елеганција.

Иако мал, сепак овој стан е доказ дека со малку креативност може да добиете одличен уреден простор во кој ќе се чувствувате удобно.

Кујната, дневната и трпезаријата се на истиот кат, додека пак спалната е сместена на горниот кат од станот. Кујната зазема еден мал дел од ќошот од станот, a дневната е комбинација од софа и мала масичка, сместени покрај голем прозорец.

Текстурите на ѕидовите се направени да се истакнуваат, но од друга страна пак одлично се вклопуваат со целиот дом.

Целиот стан изгледа како мала просторија на таванот на прв поглед, но потоа сфаќате дека станува збор за удобно, релаксирано, современо и инспиративно место.

Тоа што е навистина интересно е спалната соба која има прозорец на плафонот и додека лежите во вашиот кревет вие всушност го гледате небото и ѕвездите, а изутрина ве будат првите сончевите зраци.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јуни.2014 во 20:58

Гламурозен, минијатурен стан инспириран од холивудските дами

Малиот стан во австралискиот Мелбурн е оаза на гламурот и стариот холивудски сјај.

glamurozen-minijaturen-stan-inspiriran-od-holivudskite-dami-01

Интересниот концепт на станот кој се наоѓа во задниот дел на една запуштена црква е замислен како неодоливо луксузно скривалиште во кое акцентот е ставен на елегантниот мебел.

Ѕидовите се исполнети со портрети на холивудските дами, кои се главната инспирација на целиот ентериер.

Освен пастелните ѕидови и декорации, гардероберот е посебна просторија дизајнирана според желбите на секоја жена.

Целокупната топла атмосфера ја надополнуваат и дизајнерските столчиња и откачените фотелји во духот на гламурозните 70-ти.

Светлиот стан со прекрасна тераса е одлична мала скривница на секоја жена.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Мај.2014 во 12:01

Инспирирајте се: Топол стан од само 45 метри квадратни


Веќе добро познато ви е колку тешко се уредуваат малите станчиња и соби, па токму затоа ќе уживате во ова решение. Малечкото станче кое се наоѓа во Москва, Русија ќе ве остави без текст.

inspirirajte-se-topol-stan-od-samo-45-metri-kvadratni-01

Станчето кое денес ви го претставуваме е малечко парче богатство кое со денови ќе го посакувате.

Освен што е одлично уреден и опремен, во него е искористен секој милиметар простор. Најдобрите работи навистина доаѓаат во мали пакувања.

Студиото од само 45 метри квадратни е вешто преграден со дрво, завеси и плута така што се состои од дневна соба, спална соба, кујна, бања и тераса.



Изменето од Valerija - 11.Февруари.2018 во 09:09
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Мај.2014 во 09:31

Големи трикови за мали станови


Малиот стан не е причина за да не посакаме нешто повисоко, посветло и поубаво. Просторот може да се зголеми на неколку начини, а трите основни го подразбираат следното:

golemi-trikovi-za-mali-stanovi-01

- да се тргнат сите прегради или бар оние кои не се неопходни

- да се користи светол мебел

- во ентериерот посебно да се истакне некое парче мебел кој ќе ми даде свежина и пространост на просторот

Вака дизајнираниот стан дава чувство дека се наоѓа надвор од градот, а освен овие основни правила постојат и бројни  дополнителни можности за да го ублажите или целосно да го неутрализирате ограничувањето на малиот стан.

Искористете некој од практичните големи трикови за во мали станови:

Комбинирајте го плакарот со софата

Одличен начин за максимално да го искористите просторот за спиење и сместување на работите е да ги комбинирате орманот и софата, која воедно се пушта и се претвора во кревет за спиење. Најдобра опција е орманот да биде во бела боја или некоја друга светла боја бидејќи на тој начин го „отвора“ просторот, а истовремено ова парче мебел нема да се истакнува премногу, па просторот ќе делува посредено и поголем отколку што е. Препорачливо е белиот орман да се дополни со спротивниот ѕид во бела боја.

golemi-trikovi-za-mali-stanovi-1


Завеси и ситни детали

Завесите и тапетите се многу важен дел од секој стан, а посебно во малите станчиња. Во нив се препорачува користење на храбри завеси од цветниот материјал,  бидејќи во станот даваат некој рустикален шарм, што ја прави атмосферата попријатна. Ако тој амбиент се дополни со некој впечатлив детаљ дополнително ќе се нагласат пастелните бои во станот и ќе остави целосен впечаток.

golemi-trikovi-za-mali-stanovi-2


Тапети во силни и „живи“ бои

Многу ефективен трик во малите простори е  употребата на тапетите со силни и „живи“ бои, како на пример зелената боја со принт на дрво. Ако просторот се збогати и со две огледала од подот до таванот, ефектите дополнително ќе бидат забележливи.

golemi-trikovi-za-mali-stanovi-3


Оригинално решение на неискористениот простор

За да го заокружите целиот простор потребни се оригинални решенија, Едно од нив може да биде широка полица на ѕидот под телевизорот која ќе го направи просторот попрактичен и интересен, а воедно столчињата и другите детали може да ги позиционирате во непосредна близина. Со тоа истиот простор што е за одмор може брзо да го пренамените во простор за собирање и дружење.

golemi-trikovi-za-mali-stanovi-4


Мала трпезарија

Делот меѓу собата и малата кујна може да се претвори во трпезариски простор, а тоа да ви заштеди неколку драгоцени квадрати бидејќи максимално ќе ви биде искористен  делот од станот кој најчесто нема никаква посебна намена и употреба.

golemi-trikovi-za-mali-stanovi-5


Разнобојни предмети во бањата

Малиот стан подразбира и мала бања, па еден од најефективните трикови во овој случај е употреба на разнобојни предмети кои ве одвраќаат од помислата дека просторот е мал и прават весела, разиграна атмосфера во просторот кој нема дневна светлина. Најдобро од сè е тоа што за ваквиот трик ви се потребни минимални финансиски средства, па користа е двојна.

golemi-trikovi-za-mali-stanovi-6

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Април.2014 во 20:36
Еве едно екстремно мало станче од 20м2, од дизајнерот Astrid Sangil

view1 Lovely Twin 20sqm Apartments with a Clever Design

view2 Lovely Twin 20sqm Apartments with a Clever Design

view7 Lovely Twin 20sqm Apartments with a Clever Design

view8 Lovely Twin 20sqm Apartments with a Clever Design

plan view Lovely Twin 20sqm Apartments with a Clever Design
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Април.2014 во 14:58

Практични промени за мали станчиња


Живеете во мал стан и имате максимално искористен простор, па не ви се допаѓа натрупаноста? Овие промени кои можете сами да ги направите се одлично средување на просторот, но и заштеда на вашите пари.

prakticni-promeni-za-mali-stancinja-01

Плус простор за облека е секогаш добредојден

Овие закачалки изгледаат како оние во филмските студија, па со сигурност ќе му дадат посебен шмек на вашиот стан. Однапред одберете си ја гардеробата за цела недела и имајте ја секогаш при дофат на рака.

prakticni-promeni-za-mali-stancinja-02


Повеќенамески мебел

Кога живеете во мал стан,гледајте мебелот што го користите да можете да го употребите за повеќе намени. Како на пример табуретките може да служат и како масичка за кафе или пак кутија за чување работи.

prakticni-promeni-za-mali-stancinja-03


Набавете инересни завеси

Со нив ќе ги поделите кујната од дневната или може да го сокриете креветот за спиење. Така вашиот простор визуелно ќе биде поголем.

prakticni-promeni-za-mali-stancinja-04


Големи перници за седење

Лесно може да ги направите сами и на тој начин може да поканите голем број на луѓе во вашата дневна соба.

prakticni-promeni-za-mali-stancinja-05


Користете рачно направени детали

Тие предмети ќе му дадат интересен поглед на вашиот мал стан. Интересно дизајнираните ламби, куферчиња кои може да послужат како масичка, закачалки кои може да послужат за накит и чанти се секогаш добредојдени во минијатурните станчиња.

prakticni-promeni-za-mali-stancinja-06

Не заборавајте! Ѕидовите во вашиот мал стан нека блеснат во живописни бои. Дарете му на станот разиграност и живост, но секогаш нека го отсликува вашиот карактер.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Февруари.2014 во 23:12

Мал стан за голем човек од Наталија Акимов

Мал стан за голем човек од Наталија Акимов

Овој елегантен стан е дизајниран од руксата уметничка и дизајнерка Наталија Акимов во симплистичен стил, со акцент на контрасти помеѓу темнината и светлината. Мали допири на дискретни шари и декоративни додатоци кои служат да додат карактер. Погледнете како изгледа тоа.

 

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Февруари.2014 во 23:05

Стан во Париз од 20 квадратни метри

Стан во Париз од 20 квадратни метри
Appartement Spectral е име дадено од архитектите на ова студио, што се наоѓа  Париз, Франција, а зафаќа површина од 20 квадратни метри.Тоа може да изгледа мал, но е сосема доволен простор за еден млад пар со презафатен распоред. Кога од проектантската компанија BETILLON / DORVAL-BORY се зафатиле  со проектот, тие разбрале  дека главниот проблем не е недостатокот на простор, туку  недостатокот на светлина.

Вака изгледало  студиото пред да се реновира.

Во процесот на обнова на студиото архитектите користеле неколку светлосни извори со различна боја. Малиот  простор содржи   кујна, спална соба и бања. Од кујната има директен пристап до спалната преку бело минималистички скалила. Под спалната соба се наоѓа бањата, а тие лесно можат да се разликуваат преку различните нијанси на осветлување.

Специјални вертикални светилки се инсталирани меѓу кујната и спалната соба / бања. Кога е потребно, овој простор може да блесне со жолти светилки, кои создаваат контраст со остатокот од куќата.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 34567 8>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,172 секунди.