|
Ролетни - Другото лице на прозорецот... |
Внеси реплика | страница <1 345 |
Автор | |
zamislena
Сениор Регистриран: 03.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 14566 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
laki_bu
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Лидер Регистриран: 30.Ноември.2008 Локација: Germanija Статус: Офлајн Поени: 32100 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
Без разлика колку страници прочитал учениот човек, никогаш не треба да заборави дека се уште не ни стигнал до првата страна....
|
|
zamislena
Сениор Регистриран: 03.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 14566 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ролетните не се само само дел од внатрешниот ентериер на домот..
Тие создаваат атмосфера на интимност и приватност на просториите..
..Ролетните се ...другото лице на прозорецот....
Дали ќе поставите ролетни во својот дом или не, е прашање на личен избор. Многумина сакаат да ставаат завеси затоа што така во собите влегува повеќе дневна светлина, а сончевите зраци можат непречено да продираат низ стаклото. Оние кои се одлучуваат покрај завеси на прозорците да стават и ролетни се соочуваат со разноликост на модели, бои и можности за монтирање, достапни на пазарот...
Изборот на соодветниот тип ролетни за вашиот дом треба да биде во согласност со неколку основни критериуми. На прво место се димензиите на прозорците – нивната висина и ширина. Ролетните треба задолжително да се совпаѓаат не само по ширина, туку и по должина. Во случај ролетните да се подолги од самиот прозорец, во долниот крај ќе остане непријатно купче од сегменти кое ќе ви го иритира погледот секој пат кога ќе погледнете натаму.
Треба да ја земете предвид и генералната боја на просториите и да изберете нијанса која од една страна ќе одговара на мебелот, а од друга ќе создава чувство на простор и комфор. Имајте на ум дека колку и да ви делуваат привлечно разнобојните ролетни, кога ќе се монтираат на прозорецот тие целосно ќе го сменат ликот на просторијата, можеби и спротивно на вашите очекувања. Од значење при изборот на ролетни е и материјалот од кој се изработени. Дрвени, метални или пластични, секој вид има свои предности. Најзастапени се ролетните изработени од PVC материјал или од ткаенина, соодветно надворешни или внатрешни.. Ролетните од PVC материјал се омилена алтернатива за станови на пониски нивоа, за продавници и јавни згради, бидејќи ја исполнуваат функцијата на капаци. Со едноставен механизам, тие се лесни за одржување, не дозволуваат навлегување на светлината и сонцето во просторијата (идеални за жешките летни денови), обезбедуваат добра звучна и топлинска изолација и штитат од метеоролошките влијанија.. Најпопуларниот тип ролетни кои се нудат на пазарот се т.н.. Венецијански ролетни. Тие се универзален модел на внатрешни ролетни, изработени од алуминиумска фолија или од пластика. Венецијанките се прв избор на повеќето домаќинства поради заштитата која ја пружаат од сонцето, разновидните бои и можноста да се монтираат и од надворешната страна на прозорецот, како и помеѓу стаклото. Аголот на паѓање го менувате со помош на стапче, а висината - со конец за врзување, во зависност од тоа колку светлина сакате да продре во просторијата. Овој тип на ролетни се погодни за канцеларии бидејќи создаваат официјално - деловна атмосфера, а во домот можете да ги "сокриете" зад декоративните завеси на прозорците.
Вертикалните ролетни најчесто се изработени од цврста текстилна материја, но се среќаваат и варијации од дрво, PVC и алуминиум. Предностите на овој тип внатрешни ролетни се тоа што се чистат многу полесно од другите (може и со правосмукалка), поевтини се, погодни за големи прозрци (тип француски) и се опремени со механизам (обично се движат со далечински управувач) кој ви овозможува брзо и удобно да го контролирате протокот на дневна светлина во собата. Со лизгање на сегментите долж металниот корнез можете да ги раширите како театарска завеса или да ги соберете во еден крај на прозорецот. Имајте в предвид дека вертикалните ролетни не ја изолираат целосно светлината, затоплениот или ладен воздух поминува непречено низ нив и не можат да бидат монтирани веднаш (се прават исклучиво по нарачка). Другите два типа ролетни сеуште не се толку популарни, но се исклучително оригинални и атрактивни - Јапонски ѕид и Римски ролетни. Јапонскиот ѕид е систем од лизгачки панели, погодни за авангардно опремените живеалишта со големи прозорци. Оригинални се, делуваат малку построго но се многу елегантни. Изработени од текстил, освен како ролетни за прозорци можат да се користат како ѕид во просториите бидејќи обично се високи колку и собата. Цврсто се држат на апаратот еден до друг и не дозволуваат навлегување на дневна светлина, а модерниот дизајн, со разновидност од дезени, ќе ви обезбеди дополнителен декор во домот.
Римските ролетни се во категоријата внатрешни ролетни, хоризонтални се и погодни за секаков тип прозорци. Изработени се од текстил, со движат со помош на механизам, и даваат елегантна нота на собата. Ја запираат сончевата светлина и топлина, а голема предност е што може да се користат и како завеси, заради материјалот и структурата на изработка.
|
|
Внеси реплика | страница <1 345 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |