IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Супи и чорби
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Супи и чорби

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 34567 10>
Автор
Порака Обратен редослед
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Март.2012 во 09:34

Супа од леќа и моркови


Состојки:

300 г моркови, сечкани

100 г црвена леќа

750 мл врела супа од зеленчукова коцка

половина лажичка мелен коријандер

половина лажичка ким

сол и црн пипер

2 лажици павлака (по желба)

семе од коријандер (по желба)

 

Приготвување:

Ставете ги морковите во тенџере со леќата, супата од коцка, коријандерот, кимот, солта и пиперот. Оставете да зоврие, а потоа динстајте на ниска температура половина час, или додека морковите да омекнат.

Ставете ја супата во блендер и мешајте додека смесата да се изедначи.

Сервирајте со павлака и со здробено семе од коријандер, по желба



Изменето од емил - 07.Март.2012 во 09:34
Кон врв
lotus flower Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 6937
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај lotus flower Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Ноември.2011 во 20:36
Jas najmnogu sakam krem supi.

Kompir,morkov,kromid,iseceni na sitno se varat.Kolicinata na sostojkite sami ja opredeluvate,po vkus.
Koga se gotovi se pasiraat na strana.
Se vraka na ringlata i vrie uste 5 min.Se dodava vageta,sol,crn piper,magdanos.
Se servira so kiselo mleko i peceni lepcinja.
~Live the life you love, love the life you live~
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Октомври.2011 во 15:01
Мисиркина супа со ориз и моркови

Состојки:

  • 300 гр. мисиркини гради
  • 2 главици кромид
  • 2 големи моркови
  • 100 гр. Путер
  • 1 целер
  • 250 гр. Брашно
  • 100 гр. Ориз
  • 400 гр. Павлака
  • 2 лажички сол
  • Ситно фиде
  • Црн пипер

Припрема:

Ставете го мисиркиното месо во тенџере со солена вода да се вари. Кога ќе зоврие, намалете ја температурата и оставете го месото да се вари околу еден час. Откако ќе се свари месото, извадете го од тенџерето, ситно исецкајте го и вратете го назад.

Во тава со растопен путер на оган ставете да се пропржи ситно исецканите кромид, морков и целер. Откако ќе се испржат, тргнете ја тавата од оган и постепено додадете го брашното и постојано мешајте.

Потоа смесата додадете ја во водата во која се вареше мисиркиното месо. Додадете го оризот и наросете сол и црн пипер. Варете ја супата околу 15 минути, па додадете го фидето и варете уште 10 минути.

Кога супата ќе биде готова, тргнете ја од оган и додадете ја изматената павлака и мешајте постојано за да не се создадат грутки. Послужете ја супата со ситно сецкан магдонос. Добар апетит!

I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Септември.2011 во 05:20

Супа од праз

Потребно:

* 300 г праз
* 300 г компири
* 1 чешне лук
* 1 лажичка вински оцет
* 50 г путер
* 1,5 л пилешка супа
* сол
* бибер

Приготвување: излупете ги компирите, измијте ги и исечете ги на коцки. Празот добро измијте го и исечете го на тркалца, а една лажица најсветли и најмеки делови оставете за украс. Остатокот од празот пржете го во врелиот путер додека малку не пожолте, па во него ставете ги компирите и сето тоа пропржете го. Прелијте ги со врелата супа, па варете го сето тоа додека компирите и празот не омекнат. Излупениот лук истолчете го, па ставете го во празот и компирите. Супата оставете ја малку да се подизлади, па смесата измиксирајте ја во каша. Смесата ставете ја уште малку да се вари, па зачинете ја со сол, бибер и оцет. На крај украсете ја со тркалцата од праз

Кон врв
Calipso Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Primarius

Регистриран: 26.Мај.2009
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 44671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Calipso Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Септември.2011 во 20:42
Супа од Коприви

1 кгр. коприви
2 јајца
1/2 кгр. кисело млеко
брашно
кромид
масло
сол

Исчистете ги кoпривите, измијте ги и пoпарете ги сo врела вода. Откакo ќе oмекнат исечете ги ситнo. Вo пoсебен сад ставете 2 лажици маслo, дoдајте 1 лажица брашнo и малку ситнo сечкан крoмид. На крајoт вo запршката дoдајте ги кoпривите, пропржете ги малку и дoдајте млака вода. Откако ќе се свари супата, зачинете ја сo јајца измешани сo киселoтo млекo.
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Август.2011 во 06:05

Ладна супа од домати

Потребно:

* 4 поголеми домати
* 4 парчиња двопек
* вински оцет
* 1 китка босилек
* маслиново масло
* сол
* бибер

Приготвување: измијте ги доматите, излупете ги и исечете ги. Парчињата двопек искршете ги, ставете ги во тавче и потпечете ги додавајќи им малку оцет. Во миксер (блендер) ставете ги доматите, парчињата леб и една лажица масло. Миксирајте ги додека не добиете полугуст крем, па зачинете го со сол и бибер. Супата сипајте ја во разладени чинии (претходно ставете ги во фрижидер да отстојат 10-тина минути), па украсете ја со ливчињата босилек

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Август.2011 во 16:24

Тосканска супа

Потребно:

* 1 комплет зеленчук за супа
* 2 лажички оригано
* 600 г домати
* 1/2 л инстант супа (од коцка)
* 200 мл бело вино
* 100 мл слатка павлака
* 1 жолчка
* сол
* бибер

Приготвување: измијте го исчистениот комплет зеленчук за супа, па ситно исечкајте го. Ставете го во супата, додајте ги исечените домати и варете го сето тоа 20 минути. Потоа добро измешајте го сето тоа со миксер за да добиете каша. Додајте го виното во смесата, па загрејте ја супата. Измешајте поголем дел од павлаката со жолчката, па постепено додавајте ја во супата, со постојано мешање додека се загрева. Внимавајте, супата не смее да зоврие. На крај, зачинете ја супата со сол, бибер и со оригано, па одозгора сипете го остатокот од павлаката

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Август.2011 во 00:35

Домашна супа

Потребно:

* 60 г путер
* 70 г брашно
* 1 л сок од домати
* 2 гранчиња од целер
* 30 г шеќер
* 3 лажици црно вино
* 100 г ориз
* 1 китка магдонос
* сол
* бибер

Приготвување: во загреаниот путер додадете го брашното и пржете го додека не добиете светла запршка, па прелијте ја со сокот од домати. Додадете ги гранчињата целер и шеќерот. Сето тоа варете го 10-тина минути. Посебно сварете го оризот во солена вода, па додадете го во супата. Супата зачинете ја со сол и бибер. Извадете ги гранчињата целер, а додадете го виното и ситно сечканиот магдонос.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јули.2011 во 14:17

Крем-чорба од кељ

Потребно:

* 500 гр кељ
* 1 лажичка путер
* зачинал
* бибер
* сол
* 4 лажици павлака
* 1 главица кромид

Приготвување; ситно исечкајте го кромидот, а кељот на поголеми парчиња. Кромидот и кељот прелијте ги со врела вода и ставете ги да се варат на умерена температура 20-ина минути. Откако кељот и кромидот ќе бидат варени, испасирајте ги и вратете ги во течноста. На крај додадете ги зачиналот, солта, биберот и павлаката.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јули.2011 во 05:35

Крем супа од тиквички

Потребно:

* 600 г тиквички
* 300 г компири
* 80 г кромид
* 2 чешниња лук
* 100 мл павлака
* 1,5 л вода
* малку путер
* сок од лимон
* 1 лажица зачинал

Приготвување: во загреаниот путер кратко пропржете го ситно сечканиот кромид. Потоа додадете ги тиквичките исечени на парчиња, па кратко продинстајте ги. Додадете ги компирите исечени на парчиња, 1 литар вода, зачиналот и сето тоа варете го 20 минути. На крај додадете го истолчениот лук. Варениот зеленчук испасирајте го, додадете ги остатокот од водата, павлаката за готвење и сокот од лимон, па се заедно варете уште малку.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јуни.2011 во 23:18

Супа од печени домати

Потребно:

* 800 г лупени домати од конзерва
* 1 лажица зачинал
* 50 мл маслиново масло
* 2 чешниња лук
* 3 лажички шеќер
* 1 лажица балзамико оцет
* 1 лажица сечкан босилек
* кисела павлака

Приготвување: доматите од конзерва ставете ги во огноотпорен сад, па во нив додадете ги зачиналот, маслото, шеќерот, балзамико оцетот, истолчениот лук и сето тоа добро измешајте го. Вака подготвените домати печете ги 25 минути во рерна загреана на 220 степени. Печените домати малку изладете ги, а потоа испасирајте ги. Испасираните домати сипајте ги во тенџере, сипајте 150 мл топла вода, исечканиот босилек и супата варете ја 2-3 минути. Супата послужете ја со кисела павлака.

Кон врв
Феникс Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
http://www.youtube.com/watch?v=mTCmVSp46

Регистриран: 12.Март.2010
Статус: Офлајн
Поени: 8143
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Феникс Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јуни.2011 во 23:41

Neshto za mnogumina chudno no mene mi se dopaga....ne e orginalniot recept... tuku bash onaka kako jas si go spremam

              GASPACHO...ladna chorba

...3 patlidzani.....pola krastavica....pola glavica kromid.....1 zelena  i 1 crvena piperka.... malku luk...magdonos....maslinovo maslo....ocet ..sol ...biber..1 do 2 krishki leb koi se natopuvaat vo malku voda i se se stava vo blender.Odozgora kubeti moze
...Ne gledaj nazad so gnev, nitu napred so strav, gledaj naokolu so razbiranje. ...
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јуни.2011 во 05:05
Минестроне чорба
 
Потребно:
300 г компири;
300 г моркови;
300 г целер;
300 г тиквички;
1 главица кромод;
250 мл бело вино;
100 г грашок;
200 мл маслиново масло;
коцка за супа од зелечук;
1 лажичка оригано;
8 ливчиња свеж босилек;
1 лажичка лут буковец;
2 чешниња лук;
4 лажички пармезан;
сол;

Подготовка: Кромидот и босилекот ситно исечкајте ги. Морковот, компирот, целерот и тиквичките исечете ги на коцки. Сето тоа динстајте го во маслиново масло. Додадете го виното, грашакот, 1 литар вода, зеленчуковата коцка, ориганото и солта. Вака приготвените состојки оставете ги неколку минути да се варат на тивок оган. Во тавче со маслиново масло издинстајте го лукот и мелените пиперки, а потоа додадете ги во чорбата. На крај додадете го пармезанот.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јуни.2011 во 13:03

Ладна супа од домати

Потребно:

* 4 поголеми домати
* 4 парчиња двопек
* вински оцет
* 1 китка босилек
* маслиново масло
* сол
* бибер

Приготвување: измијте ги доматите, излупете ги и исечете ги. Парчињата двопек искршете ги, ставете ги во тавче и потпечете ги додавајќи им малку оцет. Во миксер (блендер) ставете ги доматите, парчињата леб и една лажица масло. Миксирајте ги додека не добиете полугуст крем, па зачинете го со сол и бибер. Супата сипајте ја во разладени чинии (претходно ставете ги во фрижидер да отстојат 10-тина минути), па украсете ја со ливчињата босилек.

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 34567 10>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,328 секунди.