|
Спорт и Вера |
Внеси реплика | страница <1 34567 12> |
Автор | |||
yuiop
Сениор Регистриран: 15.Мај.2013 Статус: Офлајн Поени: 234 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
спорт и вера не одат............
|
|||
KINGDAVID
Сениор Solomon's father Регистриран: 09.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 9420 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Брате Спиросе, не се солидаризирам со никого, не ги гледам како непријатели оние што не мислат како мене
Понекогаш се случува да имаме слични мислења и со атеисти за некои работи, нели е така? Го прочитав текстот од англиски и многу ми се допадна, и можам на тоа само да кажам амин ! Но, сепак , нема стих од Библијата кој зборува дека Бог се меша во спортските игри , дури и во текстот на англиски не го пишува тоа. БОГ е присутен во секој момент на нашиот живот, дури и во спортот, ТОЈ знае што се случува, но да се меша кој ќе победи на тенис или на фудбал, нема такви докази од Светото Писмо. Ајде, демантирај ме па ќе се сложам со тебе. Поздрав
|
|||
SOLI DEO GLORIA
|
|||
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Вчера многу касно го пишав последниот пост кој што беше реплика на твојот. Во три отидов во кревет и мислев доста на тебе, бидејќи зборот на еден брат или една сестра во Христа мие безкрајно поважен од зборовите на мајтапчиите. Околу седум часот веќе бев на работа. Сега бирото - поради просторни промени - немие повеќе помеѓу двата големи шефови (кои што буквално се викаат Петар и Паул ), туку покрај еден перспективен шеф (со кого сме врсници и имаме многу пријателски однос) а кому мајката минатиот четворток му беше погребана. Неговите родители биле евангелистички христијани, тој е атеист, жената катољкиња, додека неговата ќерка е истата вера со неговите родители. Зборувајќи баш околу овие работи, го пуштам компјутерот, го отварам струјното поштенско сандаче и гледам дека имам едно единствено струјно писмо (email). Кога го отворив и прочитав текстот, видов дека е од една христијанска верска заедница и морав повторно да мислам на тебе, на прашањата и на темава на која се наоѓаме во моментов. Повели брате, прочитај го писмото, кое можеби ќе појасни некои работи. Се надевам дека ќе се снајдеш некако (како што се снаоѓам јас и јас ) со енглескиот. Искрени поздрави до тебе и до сите учесници во форумов и темава. In All Things TODAY’S SCRIPTURE “In all your ways acknowledge Him, and He shall direct your paths.” (Proverbs 3:6, NKJV) God wants to help you in life. Not just in the big things, but in every detail. He wants to help you when you’re cooking dinner or driving in traffic. He wants to help you with your schoolwork, help you be more productive at the office, even help you find what you’re looking for when you’re at the store. The key is that God will only be involved as much as you allow Him to be. Don’t just invite Him into your day on Sunday. Don’t just ask Him about the big things. Learn to hear His voice in the little things. He is big enough to handle every single detail. Scripture says, “Acknowledge God in all of your ways.” Not some of your ways. Not just the big things — in all things. If you’ll start acknowledging God in all of your ways, He will crown your efforts with success. A Prayer for Today Father, today I open my heart and life to You in a fresh, new way. I surrender every detail, every moment of every day to You. I choose to acknowledge You in all my ways knowing that Your hand is upon me in Jesus’ name. Amen. п.с. Баш вчера ноќта (во предпоследниот пост, непосредно пред твоето солидаризирање со некои дечки кои не Му веруваат на Се’моќниот) постирав една графика која потекнува баш од таа заедница, пошто не помина ниту еден ден а јас добивам пошта од истата и тоа со кој текст! Не е ли Живиот БОГ (Отецот Небесен) совршено чудесен? Изменето од spiros - 11.Јуни.2013 во 02:22 |
|||
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
|||
KINGDAVID
Сениор Solomon's father Регистриран: 09.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 9420 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Брате Спиросе, кажи ми еден пример од Библијата каде има спомнато дека БОГ се меша во игрите на луѓето и јас ќе се сложам со тебе Еве на пример јас се собирам со Христијани и играм фудбал, некогаш правиме турнир на пинг-понг, се натпреваруваме, е сега , отприлика знаеме кој ќе победи однапред, а тоа е најдобриот. Не би рекол дека тој што е најдобар на пинг-понг дека е најдуховен од сите нас и БОГ него најмногу го сака и му дава победи , но секогаш тој победува Поздрав брате Спиросе П.С. Инаку за сликата на Кака немам никакви примедби, тој е евангелски христијанин, тој со тоа сака да укаже дека му припаѓа на Исус и секогаш ја носи таа маица под дресот, и кога победува и кога губи .
|
|||
SOLI DEO GLORIA
|
|||
viktorija123
Сениор Nishto Posebno, tuku EDNO Регистриран: 04.Февруари.2010 Статус: Офлајн Поени: 7300 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Kje se slozham so KINGDAVID i sekako eden pozdrav do nego i do ekipata...
"Bog" ne se vrzuva za svetot, nitu mu sudi, nitu go otfrla istiot Ama zatoa chekot, go pravi tokmu toa I sekako ima izbor, da uzhiva vo igrata ... ili postojano neshto da "mrchi" ps. Ateistite se mozhebi najreligiozni - tie istrazhuvaat...a toa go pravele i onie koi ja osoznale vistinskata vistina
Изменето од viktorija123 - 10.Јуни.2013 во 11:14 |
|||
There is no doer..... But if you have one, let him do self-inquiry.
|
|||
Zlatnik
Сениор Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Јасно се гледа дека овој што го гледаме се радува и се гордее со победата.
Ама нели нечини да си горд, бидејќи ... :
Дали во овој случај губитниците му се помили на бог или овој кој горделиво стои во позиција на победник? Или тоа не важи сега, оти се работи за јавно изразување верба во Ицката*! Оти сепак, бог си е бог, не е зезање! *- Ице, Ицка е нагалено од Ристе, Ристо, наш превод од Христос! Р.Ѕ. Ах Спиросе, Спиросе, куќо стара ... си напишал со ептен ситни знаци, па одвај „денеттисав“ дека не се работи за некаква линија, туку за морзеовиот код!
|
|||
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
|||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Абе и тој што изгуби на натпреварот BELONG TO JESUS, само што него никоj не го фотографира.
Зарем Бог и Исус ќе ги одбираат само оние кои победуваат ??? 45. Затоа што Тој го остава Своето сонце да грее над лошите и добрите, и праќа дожд на праведните и грешните. Mateja 5 |
|||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|||
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Секој може да верува што сака, јас (ние) верувам (е) дека се’ - што значи и спортот и рекреацијата, и победата и загубата - доаѓа од БОГА и им служи за добро на оние кои што не Го одбиваат (туку Го љубат) Евангелието на Неговата Милост (Христос)! Словото БОЖЈЕ - Тоа е БОЖЈИОТ Логос - е безкрајно поголемо од секое Свето Писмо, дури и од Најсветото, Кое прекрасно сведочи за Него! Сè стана преку Него и без Него ништо не стана, што стана. Ев. Јован 1:3+10 Зашто, сè е од Него, преку Него и за Него. Нему слава во веки и веков. Амин! Римја 11:36 Изменето од spiros - 10.Јуни.2013 во 02:23 |
|||
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
|||
KINGDAVID
Сениор Solomon's father Регистриран: 09.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 9420 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Така е zabegan, се сложувам со тебе иако јас сум верник( не знам за тебе дали си верник) . Овојпат не се сложувам со брат Спирос, туку повеќе со Златник , исто така точно е и тоа што го кажа Меси погоре во својот пост. Смешно и богохулно е да мислиме дека БОГ се меша во спортот и го определува победникот, или дека му дава победа на оној кој посилно се молел. Нема попаметна работа БОГ па ќе им се меша на луѓето во нивните играчки и рекреации? Ако такво нешто пишуваше во Библијата, тогаш ок , ке се сложев со брат Спирос. Вакви нешта може да најдеме само во измислените приказни во митологиите, но во Библијата-нема такви работи!
|
|||
SOLI DEO GLORIA
|
|||
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Господине забеган, јас вас сите потполно ве разбирам што сакате да кажете, но се плашам дека вие не Ја разбирате Совршената Вистина, Која што е Милоста БОЖЈА! Спортистот - без ралика дали теист или атеист - за да успее му треба една известна (барем минимална) доза на здравје, здрава околина, животопријатни услови, сила, мудрост, решителност, оддаденост, издржливост, упорност, талент, ... среќа! Така? Е, ако е така: што мислите вие, овие фактори и таленти, па дури и способноста тие да се развијат и умножат, од каде потекнуваат? Кој е нивниот Извор? Ние веруваме дека се’ што е добро, позитивно и вистинито потекнува од Единствениот Вистински Творец (Отец)! Поздрав Оти, кој ти дава предимство? Што имаш, што не си добил? А штом си добил, зошто се фалиш, како да не си добил? 1 Коринтј. 4:7 |
|||
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
|||
zabegan
Модератор Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
ако сметате дека верата ги определува спортовите, тогаш се лажете... може некој и калуѓер да е, а да не постигне ништо, а тотален атеист и борец против религии, може да се накити со цела хала од трофеи... се сомневам дека ќе разберете што ви збори златник
спортовите се местата каде што вештината, напорниот труд и вложеноста во работата, ве носат до врвот... а среќата може да го следи секого, без разлика на верата и на тоа колку некој се моли и пости... да не збориме па за тоа каква корупција, бизнис и политика е спортот, ако таму го барате вашиот бог (кој и да е), тогаш со среќа нека ви е... |
|||
размисли пред да напишеш глупост
|
|||
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Кога Ѓоковиќ за првпат го зазеде првото место на тениската ранглиста - ако ги следевте неговите медијски интервјуа - тој фалбаџиски изјави (заборавајќи како повеќепати очајно го молеше БОГА за помош) дека тој лично ќе ги сруши сите тениски рекорди! „Бог се противи на горделивете, а на понижните им дава милост”! Еп.Јаков 4:6 п.с. Името Рафаел има еврејско потекло и значи Се’моќниот исцелува, додека Надал има каталанско потекло и значи Божиќ! ·−· ·− ·−−· ···· ·− · ·−·· −· −−− · ·−·· |
|||
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
|||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Е сега, немој и ти со толку тешки прашања... кој ќе измислува нови песнички и рими, кој ќе бара нови сликички, нови излагања надвор од темата и ставање шупливо во празно. |
|||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|||
LiDivio
Модератор Регистриран: 19.Мај.2010 Статус: Офлајн Поени: 7265 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Како успеа католичкиот бог на Надал да го победи православниот бог на Ѓоковиќ (и тоа се прекрсти едно 50 пати).... ПС: Шпанска митологија: Надал - Бог Шљаке. |
|||
Внеси реплика | страница <1 34567 12> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |