IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Љубов и Простување
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Љубов и Простување

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 345
Автор
Порака Обратен редослед
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4489
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Февруари.2010 во 23:26
Јас би продолжил во врска со Простувањето ...

Пред повеќе години (може*и 5,6,7 години), излегувам во дворот и ја гледам ќерками во комшискиот двор како плаче а “опколена“ со други девојчиња, меѓукои едното како книжнички судија се извикува нешто на неа.
Се приближив и прашав дали би можел да помогнам некако, но “оштрото“ девојче ме направи партал.   
Како две возрасни распуштени жени со долгогодишно карачко искуство, вербално ме “изрешета“.
Моето девојче беше (лажно) оптужено за некое издавање на нивни тајни, а тоа пак (сирото душиче) да ја смири работата си препиша на себеси нешто што не го сторила.

Јас во таа ситуација ја повикав дома. Со месеци и дури години мојата ќерка беше од неа матретирана и навредувана. Еден од најомилените објекти на нејзиното вреѓање, бев јас .    Нејзиниот татко (поточно втор маж на мајкаи и нејзин притатко) беше доста ситуиран човек на висока позиција во фирма која произведува (според непроверени информации) и оружје.

Арно ама, после неколку години девојчето што навистина ја издало тајната признало пред сите “другарки“ дека е таа. Но после и тоа сознание, дрската малечка карачка немаше нити на крај памет да се извини кај ќерками.
Тоа беше така се’ до едно неделно утро - кое се беше разденило со една новонаврната прилично голема покривка на снег - и во кое после нечието газење по снегот во дворот, го слушнавме куќното ѕвонче.   Јас отворив и за мое изненадување на вратата стоеше баш тоа девојче со своето кученце.
Најљубезно ме замоли за да и го простам нејзиното однесување кон ќерками и мене, што од сесрце и го сторив. Тие заедно и среќни си ојдоја да си играат со снегот.

Кога појдовме кај моите родители на неделен ручек, мајками рече: Денес е прочка!    



Случај ...?









Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Февруари.2010 во 23:06
Мислам дека малиот се распрашал во која црква идеш и немарно отишол таму за да освои поени кај тебе голема%20насмевка хаха, се шалам, не знам, коинциденција, искрено мислам дека не е никаков знак од Бог тоа што детето е родено на ист ден како тебе. Тоа е мое мислењ, субјективно нели. Мислам дека ред други фактори треба да се земат тука предвид. На ќерка ти, а и на детето им треба христијанско советување на темите љубов, врска, брак. Има убави книги на оваа тема кои и ним би им биле интересни. Распрашај се, ако сакаш и ќе ти предложам некоја.
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4489
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Февруари.2010 во 22:52
Ти благодарам за советот!

Без Милоста БОЖЈА сум потполно изгубен дури и по ова прашање, но со БОГА во ГОСПОДА Исуса Христа, верувам дека се’ ќе биде во ред и тоа во Неговиот ред!

АМИН

Но Евангелосе, што мислиш за терминското и тематското совпаѓање ?








Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Февруари.2010 во 22:43
Имаш право, уште ти е малолетна ќерката. Само немој да го мачиш малиот да ја чека 1000 години како што обеќал. Ако и после две години се сакаат (кога ќе наполни 18 твојата малечка) тоа значи дека навистина се сакаат и дека се спремни да одат на долги стази. Ја мислам во потоа да ги пуштиш да си го играат тангото на раат голема%20насмевка
А до тогаш, држи ги под надзор. Има една поговорка која вели: Љубовта е како искра. Ако е мала, ветерот ќе ја угасне, ако е голема, ќе ја разгори.
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4489
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Февруари.2010 во 22:35
Чекај Евангелосе, многу рано е!
















Изменето од spiros - 14.Февруари.2010 во 22:35
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Февруари.2010 во 22:34
spiros, штом детето е родено на ист датум со тебе, ја мислам да му ја дадеш ќерката и ич да не му ја мислиш голема%20насмевкаљубов
Love is in the air mmmmm love is in the air танцување
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4489
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Февруари.2010 во 22:25
Длабоката значење на Личноста и Крстот Христов е Љубов (вертикално) што е Неговото Свето Тело и Простување (хоризонтално) Неговата Света Крв, а според учењето на Вистинските Пророци и Апостолите, тоа е единствениот спас за сите нас!


Денес - источна Прочка и западно Валентиново воеднаш - кога за првпат (без некоја посебна намера) го отворив Писмото, тоа беше баш на страната кадешто почнува Посланието до Колосјаните, а моите очи несвесно отидоја и се “заковаја“ баш на местото кадешто стои следново: Тој ... не’ избави од власта на темнината и не воведе во царството на Својот возљубен Син, во Кого имаме откуп преку крвта Негова и опростување на гревовите, и Кој е образ на невидливиот Бог.


Јас во оваа тема би сакал да ве запрашам што вам лично - во вашиот живот - ви значи надприродната Љубов и Простување БОЖЈЕ во Христа ?
Исто така многу би ми значело вашето мислење за природата на следнава случка.

Од минатата сабота па до вчера (сабота вечер) не зборував со мојата 16 годишна ќерка. Причината за тоа беше една нејзина тајна која на крајот прерасна и во лага. Имено, таа ни кажуваше за едно момче - со кое се дружеа - дека е симпатија на нејзината другарка а минатата сабота мојата жена ја “фати“ на дело дека тоа било всушност нејзина симпатија. Одтогаш ... штама!

Неделата наутро - без свестно да знам дека набрзо е Прочка - бев во една блиска слободна Евангелиска заедница која е сместена во склоп на една дрводелска работилница. Одвреме навреме (1-5 пати годишно) човек може да ме види и во таа малечка заедница.
Таму, без тие да знаат дека во православнтата црква (значи таму кадешто сум роден по тело) е денот на простувањето, имаа баш тема простување!
Еден млад дечко објаснуваше - поткрепувајќи со Писмото - колку е важно да се прости одсесрце и што покскоро, а наведе и еден случај како некој маж и простил на својата жена дури и браколомство. Таа жена до ден денешен преку книгата во која го запишала начинот на нејзиното каење и неговото простување, сведочи за верата и љубовта на нејзиниот маж, кој повеќе никогаш во животот – дури и во конфликтни ситуации – не и го принел и прекорил нејзиното злодело или неговото простување на истото.
Теоријата звучи прекрасно, но во праксата ми се стврдна срцето дури и за една ваква “ситница“ та девојчето го игнорирав како да не постои. Де ќе ми објаснува дека ништо повеќе не е од една платонска симпатија, дека тој немал нити можност да се приближи до неа, дека ништо телесно немало помеѓу ними ... но јас и покрај сите тие уверувања – останував камен !
Девојчето почна многу да тагува зошто јас ја игнорирам, да бледнува, апетит да снемува, ... да плаче.
Тоа така беше се’ до вчера (сабота) после зајдисонце (значи Библиски гледано Недела), кога одкако и мојата жена поради мојата каменитост кон ќерками почна да плаче - а и на мојот син (кој што беше цело време ја штитеше и потврдуваше вистинитоста на сестраму) очите му беа исто така полни со солзи - јас и простив а целата породица бевме загрнати ...

Денеска дознавам од мојата жена дека детето е родено скоро на ист датум како и јас (а може*и Библиски гледано и на истиот ден) и дека скоро секоја недела оди баш во таа заедница кадешто јас (после незнам колку време) минатата недела повторно бев, дека се моли за љубовта и дека е спремен дури 1000 години да чека ...

Што мислите? Дали оваа случка - термински и тематски - е случај (?) или пак еден понатамошен израз на Љубовта БОЖЈА, за Која јас бев поприлично слеп?


Шалом до сите


Изменето од spiros - 14.Февруари.2010 во 23:03
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 345
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,172 секунди.