![]() |
|
Александар Валентинович Амфитеатров |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 345 |
Автор | |
ADVISOR ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 17.Февруари.2009 Статус: Офлајн Поени: 1026 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
I sto napisal da vidime
![]() |
|
![]() |
|
mungos80 ![]() Модератор ![]() ![]() АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
![]() |
|
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
|
![]() |
|
Boogie ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор ![]() ![]() Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Александар Валентинович Амфитеатров роден во Калуга 1862 год., умира во емигранство - Левант Италија 1938 год.
Александар Валентинович Амфитеатров и посетите на Македонија од 1894 до 1909 година Тој е големо литерарно и интелектуално име на Европа. Но во родната Русија заради противењето на комунистичка власт неговите дела се забранувани, па денес можат да се најдат само во некои поголеми библиотеки на Русија. - Уважен и признат на западот зашто нема поле од општествените дејности а да не оставил свој пишан белег. Со диплома од Правниот факултет на Московскиот Универзитет, тој не стапнува во судската сала, па перото му станува негова единствена смисла и оружје за живот. - Романописец со десетина значајни романи, но и со сатири за кои и страда. Во 1902 год. е прогонет во Сибир за романот “Господа Обманови”, каде го исмејува руското царско семејство и трулоста на режимот. Амфитеатров е и политички, театарски, музички и балетски критичар; публицист-летописец на своето време и земјите каде крстосува со анлитичност која ги предвидува настаните пред да се случат. - Бројните дела, различни по содржина и форма ја потврдуваат широчината на универзалната наобразба и моќ на запазување. Ителектуалната самостојност му е на прво место, не трпи недемократски режими низ кои Русија минува, еднакво е напаѓан од руските царисти но и комунисти. - нема место каде не се задржал или познато име со кое не другарува, близок со А.М.Горки, А.П.Чехов. И.Н. Бунин а кога по 1920 год. засекогаш емигрира од Русија и со бројни западни интелектуалци од тоа време. Во 1911 год. ќе се обиде да ги собере сите дотогашни дела во издание од 37 тома и ќе објави 34, а од непознати причини не се објавени 21, 32 и 34 том. - Од балканските интелектуалци и културни дејци покрај другите особено е близок со Хрватот скулптор Иван Мештрович, истовремено пак се знае и со балканските кралеви и кнезови. Од интервјуирата со нив ги објавува: “Со крал Александар“ (српскиот), “Со кнезот Фердинанд Бугарски“, “Црногорскиот орел “ (кнезот Никола). - Објавува и интервју со Борис Сарафов, всушност монолог зашто како и на кнезовите, Амфитеатров остава самите да се искажат и од тоа влечи свој заклучок. За Сарафов ќе рече “Овој човек ако треба ќе убие и око нема да му трепни“, а за неговото дело и братија судот дека “овој човек потпишува смртни пресуди и заповеди над грст убијци и уценувачи“. - Од интервјуата, Амфитеатров доаѓа до вистината за македонскиот народ. Поставувајќи им го на сите “македонското прашање”, ја согледува вистинската борба за грабање на македонските души, територии и ресурси. Кнезовите и кралевите му се митат како Русин, да ги одоброволи рускиот режим и мнение за каузите им. - Во повикувањата на “историските права”, дури и црногорскиот кнез Никола ќе му ја изложи “црногорската теорија за вистинското потекло” на македонскиот народ. И повикувајќи се на неа оти “наишла на најширок прием” среде Македонците, ќе бара Русија токму на Црна Гора да и ја додели Македонија(?!). - Кнезот Никола лукаво ќе рече дека со тоа ќе престанела српско-бугарската расправа и жртви. Дека оваа теорија во тоа време е присутна во Русија и Балканот, Амфитеатров ни потврдува со тоа дека ја ширел и рускиот амбасадор на Цетиње Јован Роганович. Сите овие “вистини”, му ја откриваат вистинската причина и вистина за што тука се работи. - Амфитеатров на Балканот доаѓа четири пати и објавува повеќе дела врзани за истите. • Првото доаѓање му е 1894 год. а последното во 1909 год. • За македонската историја му е најзначајно делото “Земја на раздорот” со поднаслов “Балкански впечатоци” објавено 1903 год. Тоа се прилози од патувањето во февруари 1901 год. објавувани истата година низ рускиот печат. • Втората книга “Од моите скитања“ излегува исто така во 1903 год. и доживува две изданија (второто во 1907 год.) • Третото патување му е истовремено со неговиот интерес и кампања за ерменското прашање во 1906/1907 год., кога и ги прави интервјуата со балканските кнезови и кралеви како и со Сарафов објавени во : “Со крал Александар“ (српскиот), “Со кнезот Фердинанд Бугарски“, “Црногорскиот орел “ (кнезот Никола) и во “Македонија” (објавена во 1912 год). • Од четвртото патување во 1909 год. ја објавува “Словенска тага” во 1913 год. За Македонија во ова дело особено му е интересен текстот “ Македонија и младотурците “ со анализа на младотурската револуција. Во оваа 1913 год. се поместени и материјали од книгата “Ехо” во заеднички наслов “Балканска бура”.Во четири прилози иако нема конкретно за Македонија, сепак се потврдува неговата длабока анлитичност, визионерски пристап кога е пред настаните зашто ги предвидува предстојните војни. Превземено од Македониум |
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 345 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |