|
Дали знаете зошто ......???? |
Внеси реплика | страница <1 34567 9> |
Автор | ||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Слатките се лоши за срцето
Шеќерот покрај животинските масти е еден од главните виновници за болести на срцето. Џон Јадкин, професор по филозофија на „Queen Elisabeth College“, Универзитет во Лондон, напиша книга „Слатко и опасно“, во која објасни како благото лошо влијае врз срцето. Просечната потрошувачка на шеќерот кај луѓето со кардиоваскуларни болести била 70 килограми годишно, додека кај здравите изнесувала 40 килограми. Од тоа е заклучено дека мажите со внесување на сахароза имаат далеку поголема шанса да заболат од срцевите болести во животната доба од 45 до 65 години, отколку оние кои консумираат помалку сахароза. |
||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Вијаграта може да предизвика губење на слухот!
Научниците докажаа дека Вијаграта и други слични медикаменти кои се користат за решавање на проблемот со еректилната дисфункција предизвикуваат губење на слухот кај мажите. Консумирањето на овој лек двојно го зголемува ризикот за ослабување на слухот, кој може да има долготрајни последици. Во следниот период научниците објавија дека ќе ја откријат причината и начинот на кој овие лекови го оштетуваат слухот и дали постои начин овој проблем да се реши. |
||
bijonse1
Сениор bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Постои лечење со гладување- „тотална терапија“........
|
||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ќелавоста може да биде добра за здравјето!
Добра вест за оние со опадната коса – научниците открија дека ќелавоста е знак за добро здравје. Американските научници спроведоа истражување на две илјади мажи на возраст од 40 до 47 години, од кои половина од нив имале рак на простата. Процентот на тумор кај испитаниците кои признале дека почнале да ја губат косата пред 30-тата година бил спореден со оние кои не ја изгубиле својата коса, и притоа се утврдило дека ќелавоста го намалува ризикот од добивање на оваа болест за значајни 29 до дури 45 отсто. Научниците кои го воделе ова истражување сметаат дека тајната се крие во високото ниво на машкиот хормон тестостерон кој го имаат ќелавите мажи, а кој изгледа ги намалува ризиците од заболување од карцином. |
||
Џо
Сениор Каубоец Регистриран: 17.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 2121 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Зошто луѓето добиваат морници (‘се ежат‘) ?
|
||
sjena je od zastora kula na nebesima u našim je prsima |
||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Пронајден нов лек за холестеролот
Тим на истражувачи, меѓу кои научници од шведскиот Karolinska институт, открија дека хормонот на тироидната жлезда, кој како супстанција работи посебно на црниот дроб го намалува холестеролот во крвта без сериозни несакани ефекти. Високите нивоа на холестерол во крвта примарно се третираат со група на лекови наречени статини, но тие не секогаш се доволно ефикасни и повисоките дози често предизвикуваат негативни реакции. Истражувањето траеше три месеци, а биле вклучени 189 пациенти. Останува да се проучи дали епротиромот е подеднакво безбеден и ефикасен за поголема група на пациенти на еден подолг временски период. |
||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Дланките откриваат опасни болести
Дланките можат да откријат многу податоци околу состојбата на вашето здравје. На пример еден од типичните знаци за цироза на црниот дроб се црвените дланки. Цирозата подразбира значајно оштетување на ткивата на црниот дроб, а освен што може да биде предизвикана од прекумерно користење на алкохол, таа може да биде предизвикана и од вирус, да речеме хепатит C.
Отечените врвови на прстите укажуваат на рак на белите дробови. |
||
bijonse1
Сениор bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Зошто треба да внимаваме на начинот на туширање...
Чуството на студ, умор, исцрпеност и нервоза може да исчезне по... само едно туширање, но не било какво. ........ Кај главоболките, настинките и потешкотиите со крвотокот корисна е топла вода, а кај уморот и нервозата - ладна вода. Наизменичните туширања со топло-ладна вода се користат при ладни раце, потешкотии со спиењето и исцрпеноста. Нос, грло и плуќа: секое утро по топлото туширање пуштете ладна вода (околу 20 секунди).Тоа ќе донесе крв во носот и грлото, а со нив и клетките задолжени за имунитет со што бактериите ќе имаат помалку шанси за напад.Краткиот ладен туш им помага и на бронхите и го олеснува дишењето. Мозок: Секоја промена на температурата се пренесува од кожата до мозокот.Со ладен туш врз рацете (од прстите до рамењата) се делува на сивите ќелии зголемувајќи ја способноста за концентрација, а воедно се ослободуваме од психичката исцрпеност....... Срце: Наизменичните млазеви на топло-ладна вода се одличен тренинг за срцевата мускулатура....рименувајќи го тоа на рацете и нозете се намалува крвниот притисок...... Имунитет: Секојдневниот топло-ладен туш го активираат целиот имунитет....... расте и одбраната на телото.....Организмот нема веќе да биде подложен на настинки, а може да се ублажат и алергиите.Туширањето секогаш завршува со ладна вода...... Крвни садови: Ако рацете се ладни, ладно туширање на нозете (од стапалата до колената) ќе помогне да се забрзате циркулацијата.Водата силно делува на крвните садови, па тие се шират и собираат и со тоа ја регулираат температурата на целата кожа......Ефектот ќе биде поголем ако се прави наизменичното топло-ладно туширање........ и тооо |
||
Tiggy Vicious
Сениор Consume. Be silent. Die. Регистриран: 27.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 6238 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ме насмеа постот на Бијонсе.
„Прдежите кои содржат големи количини на метан и водород може да се запалат..........“ Деца, подалеку од запаливи материи... Посебно кога прдите. |
||
What the hell is going on?
-The cruelest dream, reality |
||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Една банана дневно за здрав и долг живот
Храната богата со калиум може да го намали ризикот од кардиоваскуларни болести, тврдат италијанските научници кои својата најнова студија ја претставија на конференцијата „American Heart Association’s Nutrition, Physical Activity and Metabolism“ која се одржа во Сан Франциско. Втората студија, исто така, претставена на конференцијата покажа дека консумирањето на свежо овошје и зеленчук го спречуваат мозочниот удар. Калиумот е неопходен минерал кој се наоѓа во бројните видови на овошје и зеленчук, меѓу кои и бананите, компирите, сојата, кајсиите, авокадото, гравот и сувите сливи.
|
||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Докажано: На патувањата често се разболуваме!
Секој може да се разболи на патување, но мажите и жените се склони кон различни болести, потврдија швајцарските научници од Универзитетот во Цирих. Истражувањето спроведено врз речиси 59.000 меѓународни патници, утврди дека жените за време на патувањето најчесто страдаат од дијареја и други гастроинтестинални проблеми, настинка, уринарни инфекции и проблематична реакција на медикаментите, како што се оние против маларија. Кај мажите постои поголем ризик од висока температура, најчесто предизвикана од инфекции преносливи со комарци, крлежи и слични организми – маларија, грозница и анаплазма. Мажите исто така се изложени на висински болести како и на сексуално преносливите болести. Швајцарскиот тим до овој заклучок околу половата различност и влијанието на болести дошол по проучувањето на 58.908 пациенти кои помеѓу 1997 и 2007 година биле примени во болница по патување.
|
||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Младите мажи што треба да знаат за ракот на тестисите
Ракот на тестисите релативно многу редко го има и процентот на излекување е 95% доколку ракот се открие навреме, рано пред да метастазира во останатите делови на телото.
Треба да се опипаат тестисите и потоа да се постави тестисот измеѓу палецот и показалецот и да се види дали постои некоја тврдина или некој израсток. Нормалниот тестис е со јајцест облик и потполно мазен. Исто така треба да се види дали постои разлика во големината помеѓу двата тестиса.
Доколку се примети некоја промена, треба да се отиде на лекар каде што ќе се утврди дали е потребно понатамошно испитување и евентуално лекување. Се препорачува еднаш месечно машките сами да извршат контрола со напипување на тестисите |
||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
За да се одржи константна внатрешна температура на телото, се користи термогенеза, која функционира на следниот начин: мозокот им наредува на капиларите, да се шират и на тој начин да ја пропуштат крвта, а со тоа да обезбеди греење или да се стегаат, со цел да го забави протокот на крвта и ладењето. Ако овој механизам не е совршен, прво тоа го чувствуваат екстремитетите, најдалеку од "греалката" на телото, срцето. Може да се надмине со правилна исхрана, со заштитни кремови и со соодветна облека. Но ако зад овие тегоби се крие здравствен проблем, неопходни се испитувања и лекувања.
Што треба да преземете: - Не јадете премногу. Обилниот оброк доведува големо количество крв во црниот дроб и во другите органи и затоа во екстремитетите доаѓа малку крв. "Стоплете" го срцето - не претерувајте со носење премногу облека или по неколку пара чорапи. Затоплете го "грејачот" на организмот. За да не се изгуби топлината додека се прелее до рацете и нозете, прво треба да го заштитите градниот кош. Правилно користете го термофорот - никогаш не ставајте го право на рацете или на нозете, бидејќи кога ќе го тргнете ќе чувствувате повеќе студ. Исто така, треба да бидете што подалеку од печката бидејќи премногу топлина има спротивно дејство, кога ќе се оддалечите од изворот на енергија, ќе чувствувате студ. Препуштете им се на купките - обидете се студените нозе да ги ставите во млака купка (30 до 36 степени) пет минути, а потоа 20 секудни во студена вода. Повторете ја постапката трипати. Ќе почувствувате моментно олеснување.
Проверете го нивото на железото во крвта Ако освен студени раце и нозе, постојано чувствувате замор, срцето побрзо ви чука и често чувствувате вртоглавица, проверете го нивото на железото во крвта - можно е да страдате од анемија. Железото е главна компонента на хемоглобинот, молекула која го пренесува кислородот во крвта и дава црвена боја. Ако нивото на железото е под нормалата, помалку е хемоглобин, па ткивата располагаат со помалку кислород за да произведат топлина. Не ги стегајте рамената Трнењето во рацете придружено со болка во рамениците, грбот и вратот може да биде поврзано со артроза, односно трошење на 'рскавицата, која ги обвиткува зглобовите. Артрозата може да се појави околу триесеттата година од животот. Исто така, ако рамењата често се во стегната позиција, отежнат е протокот на крв во рацете и нозете. Стресот причина за студенило Стресот исто така може да предизвика чувство на студ во рацете и нозете. Тој, всушност, го зголемува производството на адреналин, хормон кој се произведува во надбубрежните жлезди, кој ги затега крвните садови.
|
||
bijonse1
Сениор bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Циклусот на стареење на нашето тело... Мозок........Над 20 та година почнуваат да изумираат милијарди неврони,со што слабеат помнењето и другите функции на мозокот Бели дробови.......Капацитетот на белите дробови се намалува над 20 та година и доаѓа до застој на здив по издишувањето. Срце.........Над 40 та година крвните садови ја губат својата еластичност,протокот на крв се забавува ,особено на ризик од заболувања се мажите над 45 години и жените над 55 години. Желудник.........На околу 55 та година се појавуваат проблеми со дигестија,т.е заради забавување на метаболизамот односно на дигестивните сокови доаѓа до појава на опстипација. Коски.........Скелетот кај децата се обновува за две години, а кај возрасните процесот трае и до 10 години.Се до 20 та година густината на коските се зголемува , а по 35 та опаѓа.Поради хормонални промени ова особено ги погодува жените во менопауза кои имаат зголемен ризик од остеопороза.Со губењето на коскена маса се губи и од висината ,па така до 80 та година може да се изгубат и неколку сантиметри од висината. Кожа..........Кожата е најголем показател на нашето стареење кое почнува некаде околу 20 та година.Се намалува производството на колаген и еластин што може да се види веќе и во 30 та година. Коса....Кај мажите косата старее околу 30 та година.Фоликулите како последица на тестостеронските осцилации се стеснуваат,влакното станува се потенко или се губи.Околу 35 та година доаѓа до обелување на косата заради опаѓање на активноста на меланоцитите ,клетки одговорни за пигментација на косата. Бубрези...........Нефроните на бубрезите се намалуваат со текот на годините и околу 50 та година доаѓа до зачестено ноќно мокрење. Бубрезите на 75 годишен филтрираат половина од крвта на бубрезите на 30 годишен. Црн дроб........Црниот дроб има фантастична регенератибилна моќ што овозможува трансплатација на црн дроб од 70 год кај 20 год. Лице.Исто така црниот дроб може неколку месеци по оперативен зафат да порасне во својата големина............... Изменето од bijonse1 - 24.Февруари.2010 во 21:54 |
||
Внеси реплика | страница <1 34567 9> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |